Најсмешно ми е кога активини вмровци етикетираат неистомисленици ко партиски војници. Баш би сакала да поживеам барем еден ден со таков мозок, да видам како е Партијата да има одговор за се’. И толку самоувереност, човече... да се чудиш.
Ми ја докажа поентата на претходното мое мислење. Би одговорила под В) искажување на сопствено мислење - замисли, без влијание на партија. Мислиш дека е илузија да се биде ослободен од такво влијание? Нешто да не не е во ред со мене?
Замислив! Не си имала време денес да тркнеш до штаб по упатства Нормално и очигледно е дека за „квалитетно“ мислење како погорното не треба ни грам партиско влијание. Далеку е тоа мислење од куп влијанија. За таква мисла дури и влијанието на гравитацијата е премногу А дали се е во ред со тебе или не, ти си знаеш. И да е и да не е, гравитација свашта трпи. Ослободување од неа, за нечија жал или среќа, нема. Е тоа, ЛивингГлам ти е илузија.
За твоиве ограничени, неповрзани и бесмислени мислења не можам квалитетни ни во наводници да напишам. Жалосно е луѓе со основна интелигенција да си го посветат животот на бранење на одредени ликови и политики што немаат врска со идеологијата на која би требало да се засновани. Многу тролови произведе ова ВМРО.
Николче и Николче ќе се расправаат по штабски собиранки, зашто ако не друго, барем злобата нив ќе ги растури. Таков егоизам, некултура, апатија на едно место не бива. Едвај чекам да почнат за се колат меѓу себе. Пошто Николче Тодоров е преспособен тип, ем на област здравство, ем образование. Што е ова бре? Ние во маало кога си игравме имавме повеќе достоинство и помалку попуштање. Ама, овој веќе да не ти бил на шеќерче. Затоа, очекувајте оставка, ама не од морални причини. Муахаха.
Значи, до наредниве избори, ќе не јаваат и Курто и Мурто, за промена. Нема потреба од сјаши-узјаши. Голема победа за македонскиов ни народ, богами. Македонија вечна!
Јас ќе се радувам ако падне МВР-ДПМНЕ, без разлила кој друг би победил. САКАМ ДА СЕ ВРАТИ СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ и ДЕМОКРАТИЈАТА!
Пукање во Клинички центар Утрово во Клиничкиот центар во Скопје имало вооружен инцидент. Забранет е влезот во болницата и забележливо е присуство на полиција и на припадници на сцецијалните сили. Има повредени медицински лица, а полицијата привела двајца, оваа информација се уште нема потврда од МВР. Од полицијата за Телма повеќе информации најави за подоцна. Неофицијално незадоволен пациент, чија мајка починала, му пукал во нога на докторот кој ја лекувал. http://www.telma.com.mk/vesti/pukanje-vo-klinichki-centar update: Се вознемирил што мајка му починала и пукал во дежурниот лекар Незадоволен што мајка му починала граѓанин пукал утрово во дежурниот лекар Љ. О. (41) на абдоменална хирургија, пренесува Плусинфо. Неговата мајка била примена синоќа со тешка дијагноза по што итно била оперирана. Таа починала утрово во шок соба. Кога нејзиниот син утрово дошол во клиниката, влегол во канцеларијата на дежурниот лекар и во него испукал 4-5 куршуми по што излегол. При тоа избуткал друг лекар кој во тој момент се нашол пред канцеларијата на дежурниот лекар и му се обратил со зборовите: „Бегај да не пукам и во тебе!“. Лекарите денеска се револтирани и размислуваат во знак на револт да прекинат со операциите. Велат дека ова е последица на десетгодишното бомбардирање на пациентите со информации против лекарите. Тие се чувствуваат небезбедни на своите работни места. Полицијата ги привела тројцата напаѓачи. Лекарот има две прострелни рани во едната нога. Инаку се работи за докторот Љубомир Огненовиќ... Страшно и жално...
Ете тоа се вика ненормални луѓе, сакаат они правдата да ја земат враце...повеќе би сакала оној душичка што остана без жена, без нов пород, остана сам сиромав и му го осакатија детето да живее без мајка...Ете Тој да пукаше во пијаните немаше да се бунам.
Не носете избрзани заклучоци. Да почекаме, да видиме зошто точно пукал човекот. Никој од забава не вади пиштол да пука, да не се лажеме. Колку што ме држи меморијава ова не е прв инцидент на абдоминална хирургија, мислам дека и претходно имам читано за незадоволни пациенти. И.... добар дел од лекариве се да фатиш пиштолот и да ги пукаш. Колку и да сум против насилство, понекогаш неизбежно е да си ја земеме правдината во сопствените раце, бидејќи тие што се задолжени да го прават тоа имаат партиски обврски и ангажмани. За жал.
Доктор Огненовиќ е многу добар доктор, ја оперираше братучетка и на мајка ми од слепо црево, по препорака на мајка ми (која е на др. оддел меѓутоа колешка на докторов). Докторот не може да направи магија ако случајот е тежок. И сите зборите за приватните клиники, ама кога они имаат потежок случај, одма го праќаат на клиника за да се оградат од вакви работи. Тоа е и поентата на власта во теков на годиниве. Да ги наполнат нивните приватни болници со што повеќе пациенти. Условите и платите што докторите ги имаат во приватните болници не можат ни приближно да се споредат со оние во државна. Плус под какви нехигиенски услови се работи, стресови постојано, глупоста со мој термин накнадно. Читам коментари на фејсбук "фала богу на некој му текна". Срамота, идете 10 години учете, спасувајте живот, ќе ви се појави некој ваков случај и некој ни две ни три ќе ве пука. Дечко ми ми' јави дека откажани се операциите кај него на оддел денес по наредба на директор. Најверојатно протест од страна на лекарите.
А сега ќе протестираат? А што не протестираа за подобри услови на работно место? Што не протестираа за глупоста со мој термин кога се воведе, што не протестираа кога работат под стресни и никакви услови, во пренатрупани болници? Што не протестираа тогаш за да не дојдеме до ова дереџе?
http://fokus.mk/uapsen-ochniot-hirurg-dejan-stavrik/ Е заради ова, прочитај го. Или си со нив, или...
Ти се читaш штo пишувaш??? Кoлку зaбaвени зaклучoци требa дa дoнесеме зa дa се oпрaвдa пукaњетo жити мaјкa?
Кој ти е тој избрзан заклучок? Што очекуваш да слушнеш и со што би оправдала вакво нешто? И самиот доктор да и пикнал куршум во глава, не треба вака да се постапува, а камоли коа си врши рутинска операција на дежурство. Алоо колку века поминаа од примитивното општество? Што ќе се случи ако секој почне да си ја превземе правдината во свои раце? Си постојат постапки, закони и чуда. И колку и да е трула државава неможеш туку така да прикриеш грешка во сред државна болница. Аманте луѓе помислете дека и тој доктор има фамилија и деца што го чекаат за ручек.