Епа тогаш нема да се жалат во какви услови работат и да се дерат на пациенти и да истураат фрустрации. Штом им е страв. Не може сите да ги уапси и не може никој да оди против сите, да се држат сите заедно ова нема да се случува. За жал здравството претрпе најголеми штети и којзнае дали некогаш ќе се оправи, или ќе испоумреме пациентите од незадоволните доктори и докторите од незадоволни пациенти.
Прoтестирaa и тoгaш јaс кaкo штo се сеќaвaм Тoчнo. А ќе речеш, здрaвствoтo бил стoлбoт нa еднa држaвa....
Врз основа на два - три реда текст веднаш се донесе заклучок дека човекот што пукал е ненормален, без притоа да се знае целата приказна. Стојам на ставот дека во нашава трула држава треба понекогаш правдината да се земе во свои раце. Ти најверојатно не си се соочила со безизлезна ситуација кадешто докторот буквално си тера сеир со тебе, или уште полошо се прави бог бидејќи му се може, или бара мито, или.... има еден куп вакви примери. Ти упорно тврдиш дека имаме постапки, закони и чуда? Можеби имаме, ама се почитуваат ли? Тешко! Кажи им го ова на родителите на девојчето што почина на инфективна, на човекот на кого му ја убија жената и еден куп други примери има. Закони, правила, постапки.... ај ме насмеа на сета мака.
Не е проблемот до лекарите, сите сме си такви. У најдобар случај, незадоволството го изразуваме со мирни протести, млак отпор и побуна, за и тоа многу брзо да згасне и после - никому ништо. У најлош случај, јавно си ќутиме, трпиме и траеме, а коментираме и се жалиме само меѓу себе и евентуално, на социјални мрежи и анонимни форуми. Е тука сме богами, најјаки и најосилени. Комбинацијата на нашиве социо-економски услови, стравот од губење на работно место и нашиот „јуначки“ ментален склоп со максими како „Ведната глава сабја не ја сече“ и „Викај ме и грнче, само немој да не скршиш“ не доведоа до ситуацијава у која се наоѓаме сеа. Така да, не можам да ги окривам само лекарите дека не успеале да се изборат против небулозните реформи, па сега нека трпат, кој им е крив. Никој за ништо не успеал да се избори у земјава, барем не со протести.
Не мешајте бе одма политика, нема врска едно со друго. Докторот бил стручен, да, ама алчноста е заебана работа. Ај да почекаме до официјално разрешување на случајот а не рекла казала. И нема никој друг умрен, погоден итн. одма филмови да се прават, демек уште сто души умреле од страв. Јас наслушнав некои други работи, кои повеќе имаат смисла, ама чекам да видам како ќе се реши. Пациентот секако дека не требало така да реагира ама изгледа и докторот не требало да направи нешто што направил. Многу е битен факт дијагнозата на пациентката и итноста за операција (односно неитноста). А пукањето ќе си се санкционира. Па во САД тоа им е секојдневие, таму секој има огнено оружје, па нели се лулка на демократијата.
Го заборавивте ли човекот со женаму родилка...Е имаше и он фамилија ама што мунаправија пијандурине...е богами за нив куршум во чело а за овој незнам што е работава и несакам да грешам душа.
Мене па ич не ми е смешно. Има повреден доктор што куј знае колку пациенти на него чекаат, мртва мајка, сопруга, баба и човек во притвор што ќе лежи минимум 10 години. И колку што знам се поведоа постапки против анестезиологот, одземена лиценца и се надевам затвор. За девојчето од инфективно искрено требаше да се интервенира одма, а не да се чека 10 месеци. Многу е потешко сега се да се дознае, но од срце им посакувам и они да ја истераат правдата. За Тамара двајца беа разрешени од функција што е премалце за мене и за све ова требаше министерот најмногу да одговара! И не планирам да бистрам политики. За мене е неразумна ваква постапка во 21ви век и крај. Баба Рада што ќе постигнеше таткото ако ги застрелаше? Ќе си го оставеше другото дете и без татко, ништо повеќе.
УУУуууууууууууф..во право си ..ама од бес и немоќ на човек му се спојуваат жичките..аман да сопрат вакви немили настани!!
Eве сега штом сабјата почна да сече се исплашија па ќе протестираат. Изгледа само голиот живот е над бедното платиче и маките што се тргаат. Жалосно. И никогаш да не се повтори!
Пука системот! Ова е почеток, ова се очекуваше. Што мислеше Тодоров, па и Грујо дека вака ќе тера 100 години? Народот почна правдата да ја зима во свои раце кога гледа дека од институциите нема фајде. Родилки умираат, деца умираат, пешаци гинат, а они споменици градат. Луѓе не здравството, целата држава е катастрофа. Ја занемарувате инфлацијата, вештачкотото одржување на денарот, масовоното иселување на луѓето, невидената сирумаштија. Се плашам дека хаосот ќе се претвори во невиден хорор. Смачено му е на народот, па доста е. На клиника ма сите за пукање. И сеа ќе протестират м? Каде беа до сега, или тогаш мили беа фотељите и парите на власта. Не ги жалам, ама ич, ги жали ли некој родителите на децата кои умираат од лекарски грешки, родителите кои немаат пари да ги лечат своите деца, го жали ли некој мажот на родилката? Кој доктор излезе да побара оставка од министерот тогаш? Никој! Сеа се исплашија и ајде ќе протестират. Значи до пиштолот било.
Итните случаеви сигурно ќе бидат оперирани, а останатите не. Пример кај мајка ми на ортопедија поретко има итни случаеви. Инаку не е точно дека лекарите не протестирале, напротив, тие што протестираа лошо поминаа. А и многу лекари се влечкаат низ судовите за организиран криминал (и се' уште јавниот обвинител не може да собере доволно докази да ги затвори). И тука секако се инволвирани први лица на власта, ама сепак вината паѓа на докторите нели. Познавам доктори кои подмитени беа фатени на дело, па потоа пуштени со условна и повторно вратени на работа. И повторно, чија е вината тука? Кој дозволува корумпирани лица да работат, кој дозволува алкохолизирани анестезиолози да даваат анестезија, кој дозволува неспособни доктори што не знаат фрактура да наместат, да останат на своето работно место? Дури и да идеме по таа аналогија (што јас лично воопшто не верувам дека е точна), дека докторот барал мито, дали тоа ни дава за право да пукаме во болница? Каде се причините за смртта? Каде е нејзината дијагноза да видиме под какви услови дошла во болница? Што доколку таткото со случајот почината сопруга, го убиеше анестезиологот? Ќе си го оставеше детенцето и без татко? Не сме животни, луѓе сме, за џабе не ни е разумот.
Уште кога прочитав за тоа што се случило, пред да видам што бил по националност тој што пукал, веќе знаев. Убаво докторите што протестираат ама пак на удар се пациентите, ни криви, ни должни го влечат подебелиот крај. А министерот подобро нека не се појавувал, пошто уште поголем револт им се јавил кај докторите кога го виделе. И сега нормално се знае, ќе ги пристиснат од партија и пола доктори ќе си работат нормално, нема да се појават на простест. Пусти страв...
Не го мешајте овој случај со случаите со родилките, бидејќи нема врска едно со друго и го користите случајот само да дрвите за политика, за Тодоров, за власта итн... И покрај самоволието на албанците во смисла излечи ја или ќе те пукам, работа си завршија и тензиите кои ги направија оние чкљ портали како плусинфо, а1он и сл. околу случаите со родилките. Сите доктори беа ставени во ист кош и беше ширен говор на омраза кон лекарите. Ми се повраќа од тие т.н медиуми како плус инфо, што цел ден само серат по порталот и шират дезинформации, си прават филмови, прават тензии, дигаат галама, мешаат власт и уште толку подгреваат омраза во луѓето, порано кон докторите а сега немаат по кого (бидејќи потенцијална жртва е доктор) па ајде кон власта, пукала власта, оставки, закони...крими роман да напише човек. Дали само 1/5 од тоа што го пишуваа плусинфо беше вистина, ама така е брза кучка слепи кучиња раѓа. Кога ќе излезете од сенката на пљусинфо, може ќе видите дека на Клиника работат многу добри доктори професионалци, покрај исклучоците кои беа романизирани преку чкљ медиумите, и дека тензијата и ширењето на омраза кон докторите кои се користат како оружје против власта, доведуваат до тоа сите доктори да бидат потенцијални жртви на такви психопати. И ај доста со просеравање за тоа дека се откажувале операции. Доста со тие тензии по т.н.медиуми и доста сеење на омраза. Ова е криминално дело и ќе се казнува (зборувам за конкретниов случај). Во САД секој ден има по некој ваков случај, па уште не им пукна владата, не падна Обама од власт. Ама тоа само кај нас, вечен дуел помеѓу две политички партии. Од тие тензии дојдовме до случаи на јавување на домашните кај оние што работат на Клиника (не е битно дали блиску или далеку од местото на настанот) за да прашаат како се и дали се безбедни. Од пумпање на настанот и измислување на приказни, народот не знае во што да верува.
Се сложувам и не гледам што тука докторот е крив. Ако е стара и болна ќе умре, докторот не е Господ да ја спаси , ама на шупакот што ќе му текне, ај што мајка му починала, место да оди да си ја погребе ќе пука и ќе крши.
Срцето на пациентката не издржало бидејќи имала многу болести Мајката на напаѓачот кој утринава пукаше во хирургот, починала во шок соба откако и откажало срцето по операцијата која и била извршена синоќа. Според информациите до кои дојде НОВА, првичната хистопатолошка анализа покажала дека пациентката имала рак предизвикан од камења во жолчното кесе. Лекарите велат дека таква состојба се создава со години и болеста веќе била во терминална фаза. Пациентката била хоспитализирана пред четири дена на Клиниката за абодоменална хирургија, по што била вратена дома за да и се смират болките, за да може да биде оперирана. Но, состојбата се влошила и синоќа околу 20 часот била повторно донесена на Клиниката. Кај неа бил откриен гнојник во жолчникот, рак предизвикан од камења во жолчката, но бил утврден и перикардит, односно воспаление на срцевиот мускул, застој во едниот бубрег, излив на белите дробови и уште неколку други заболувања. Синоќа жената била оперирана од хирургот Љубомир Огненовиќ , кој го менувал својот колега на работното место. По операцијата жената била однесена во шок соба, но по неколку часа и откажало срцето и таа починала. Во седум часот изутрина бил повикан нејзиниот син кој на клиниките дошол наоружан со пиштол. Влегол во кабинетот на хирургот Љубомир Огненовиќ кој го примил љубезно и се обидел да му објасни што се случило. По ова, напаѓачот започнал да пука, го погодил докторот три пати во ногата, а медицинската сестра успеала да се спаси. Во лекарската соба биле испукани 5-6 куршуми кои завршиле во sидовите и во мебелот. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=25421 Неофицијално човекот што пукал е Имер Никшиќ во придружба со уште две лица. Нека се засрамат сите со злобните коментари на социјалните мрежи, нула човештво. Не била одговорна власта што во здравствена установа секој може да внесе пиштол и да прави акциони филмови. Не знам само кој е, Бранко више не е, другиов да не е сега.
Ми се пoврaќa oд фaктoт кaкви ѓубрињa oд нaрoд сме. Дa ти е срaм дa кaжеш сo кoгo делиш вoздух... Зa вaквa прoстa рaјa требa дa се зaтвoрaт бoлниците бaрем еден ден и ни хитни дa не примaaт пa пoсле ќе видиме нa кoгo штo му требaлo
Д-р Огненовиќ е еден од подобрите лекари на таа клиника. Дали зел или не мито, не сакам да шпекулирам. Изминатово лето имав близок на таа клиника па скоро два месеци се шетав по тие врати. Има лекари кои и кафе како благодарност за нивната ангажираност одбиваат и такви кои не го ни погледнале пациентот ама ќе ти напишат список ( најчесто е тоа кеш) што да им однесеш како благодарност. Да не се ставаат сите во ист кош. Кој е виновен за случкава? Можеби целото наше општество, државата во која секоја битанга се чувствува слободна да носи оружје и да го впери во секого. Можеби селективното спроведување на законите и еден куп случаи каде виновниците се извлекуваат без казни па затоа си земаат за право да се однесуваат како да се на Див Запад. Мене ми е крајно нелогично за смртта на родилката и бебето во Гевгелија каде директни виновници се алкохолизирани лекари да излезат лекарите во одбрана на министерот, а во овој случај каде виновник е еден налудничав роднина на починат пациент ,истите тие да ги нападнат опозициските медиуми. BTW кој е одговорен за безбедноста на лекарите на клиниките?
Факт е дека здравството во Македонија ни е (многу) далеку од совршено ама тоа што ќе земеме да пукаме на докторите (колку и да се не/способни) нема да го направи подобро. Дедо ми почина од рак на желудник пред нецел месец (исто на клинички), докторот ги викнал тетка ми и татко ми во канцеларија и им покажал снимки и им ја објаснил процедурата што била извршена, да не случајно требаше и тие да пукаат во докторот кога на снимките убаво се гледа дека не можел да биде спасен. Јасно ми е дека на човекот му било тешко, сепак мајка му починала ама да земеш да пукаш на секој не иде. Пациентите често забораваат дека докторите се луѓе а не чудотворци. Пс. Точно е дека понекогаш докторите можат да бидат многу незаинтересирани ама не верувам дека на некој му е сеедно кога ќе му почине пациент.
@Abeja а на кои портали да веруваме, на Курир еве а? Пумпаат така, на клиники рози цветаат. Не драга, луѓе умираат како кучиња од докторите на клиника. Има исклучоци, ама тие се само исклучоци. Си била во скоро време на клиника, или ќе ми величиш доктори, министер и здравство. За родилките крив е министерот и директорот, сите до еден требаше да дадат оставка, а не да ми се перчи со реформите. Видовме. Или за тоа пумпаат порталите. Аман веќе аман, што друго ви треба за да прогледате што се случува во државата, или премногу ви се мили работните места па ќе молчиме се додека и нам не ни се деси истото.