Амa зaшo мешaте теми? Тoa вo гевгелијa е другa рaбoтa, oвa е другa рaбoтa. Oвa е прoблем нa безбеднoст и немa врскa сo здрaвствoтo кaкo систем. Oвде имaме премнoгу сaмoдoзвoлувaње oд стрaнa нa некoи хулигaни и oд другa стрaнa, неписмени прoстaци кoи гo пoддржувaaт нaсилствoтo. Нa пoвршинa искaчaaт трули бескичмењaци и плукaaт пo тoa штo не требa, a се нaјглaсни и се aктивни. Вo нaрoдoт недoделкaн, a oчигледнo и вo рaмкoвниoт ни е прoблемoт. А aкo спoмнувaме министри, тoгaш не е тoј зa здрaвствo туку тoј зa внaтрешни.
Проблемот има многу корени. Луѓето веќе се страшно огорчени. Патем, не го бранам воопшто чинот, за секоја осуда е, а верувам и луѓето ќе си го добијат заслуженото. Ама и докторите не се за апсолутна одбрана. Да реагирале на време во болницата, докторите што се осеќаат сега загрозено, да ги пријавеле анестезиолозите немало да се загуби нечиј живот. Зошто тогаш молчеа? Зошто го бранеа минстерот? А сега на нив кога им се случи нешто одма се кренаа на нозе. А за пациентите мање-више. И да, политика не може да не се меша кога има министер што по толку случувања не сака да даде оставка и не се чувствува одговорен за ништо. Треба грам совест да немаш, да не си човек. И изгледа не е.
Двоен аршин дечки. Имам познаници медицински лица и кога почина родилката ниеден од нив не зуцна еден збор осуда за нивните колеги, напротив, ќутеа како знаете што а сега цел фб ми е полн со постови како докторите се жртви и како се чувствуваат загрозени. Како што сега бараат правда (која никој не им ја ни оспорува), каде беа кога народот бараше правда за Тамара и останатите кои починаа? Зошто тогаш никој не излезе на телевизија во знак на поддршка на семејствата? Или тогаш министерот арен им беше?
Од каде го изведе овој заклучок жити се? Те молам објасни ми како министерот за внатрешни е одговорен за случајов на клиника, а за здравство не е? Чија одговорност е обезбедувањето во болницата? Или.. дека сега министеров не е од ВМРО, па одговорен е? Да беше Гоца Делчев уште министер немаше вака да зборите. Јас не знам што луѓе ќе бевте бре. Разбирам и партија, и работни места и се... ама при очи слепи се правите. И после некој како тебе ќе ми збори за некултура, простотилук и слично.
А, ббе Папата е крив ... кај нас така е, некој друг е крив, само ние не. Кива е свеста на тој што пукал. Човек умира на неполни 26 год. во болница како да кажам докторите се криви ТОЛКУ МУ БЕШЕ ВЕКОТ ЈБГ. Е, тогаш требаше и јас да тргнам по се живо и диво од бес. Малку почит кон самите себе овде треба, кон порфесси и како кон луѓе,а не се ние не чиниме, како надвор тие луѓе чинат не ми е јасно.
Душо, колку за информација министерот Чавков е од ВМРО. Ама небитно е тоа, јас спомнав дека не е партиски проблемов и дека не е до министерите. Не мислев на човекот конкретно, туку министерот како институција. Поентата ми беше да посочам дека шиптарите си играат индијанци тука и делумно ова беше исход на тоа и тоа треба да се реши пред се, а тоа што Тодоров не знае да го води здравството (пак ќе речам) е друга работа. Ако не беше докторот, ќе беше аптекар или ќе беше таксист или било кој што наводно е „крив“ што мајката на дотичниот е болна. Тоа што некој дотичен сака да се чатали да пуца наоколу и да дели правда (и по некоја си случајност исто така пратен од редовите на Алах) е многу поголем проблем на ниво на цела држава. Понекогаш не е лошо да се гледа и поголемата слика на ситуацијата.
Само да ги поздравам авторите на спинуваното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ,кои тврдат дека наводната негативна кампања против здравството од медиумите,можело да доведе до вакв инцидент ВАКА СЕА ДА ВИ КАЖАМ НЕШТО... МЕНЕ НЕ МИ ТРЕБА МЕДИУМИ ЗА ДА ЗНАМ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗДРАВСТВОТО. ХАОСОТ ВО ДРЖАВНОТО ЗДРАВСТВО ГО ИСКУСУВАМ НА СВОЈА КОЖА.
Конечно започнаа реформите во здравството. Браво. http://www.time.mk/c/53405bace7/ke-ve-ubieme-site-vo-bolnicava.html Кај бевте говеда за родилката што почина, за Тамара и останатите? А кретенов мува не го лазе. http://faktor.mk/2015/11/09/lekarite-nema-da-operiraat-dodeka-todorov-ne-podnese-ostavka/ Само вакви реформи ке ни го спасат здравството, а баш пред некој ден пишував за вакви сцени и дека на народот веќе му прекипа.
Овој дел не ми е јасен. Зошто би пуштиле пациент дома за да се припреми за операција и очекувате здрав прав да се оперира? Се знае дека пациент штом е во таква состоба ке се задржи во болница и ке биде под постојан надзор, а не да играме појди ми-дојди ми. Не ми е гајле кој е докторот ни кој колку го фали, ама ич не ми е гајле. Пукна веке тиквата и ова ке го гледаме се почесто. Сите вие што ги правдате докториве, посетете ја темата за породилни приказни и ке видите со какви доктори и сестри имаме работа. Родилките се третираат ко крави и полошо. Баба ми на времето имаше 2 крави Шарка и Сивка, па кога се отелуваа седеше со нив со саати, а кај нас родилкиве се оставени сами на себе и после умирале, па бабиња умирале, па инфекции чуда врагови. Пред 7 год една вечер се сопнав на голем камен и ме здоболе силно ногата. Беше околу 12 часот по полнок а јас со братучедка ми во патики на шетња. Сабајлето кај 8 часот ме разбудија силни болки. Стаувам ногата цела оток и црвена- коската напукната. За 10 мин бев во болница со мајка ми и татко ми. Ајде прво на матичен упат, па таа ме прати во некое одделение веке како во магла ми е се, па тие ме пратија на реднген за да видат што е проблемот, за да знаат што да ми прават. Верувајте од што имав болки сами солзи ми течеа а глас немав да испуштам. Во 8 и 30 бев тамо и пред мене еден инвалид во -количка, еден со штаки и уште двајца други пациенти. Тој што снима исфлеканиот гробар, виде дека солзи ми течат, дека се виткам од болки, не можев да одам и татко ми во раце ме носеше, си го пиеше утринското кафе. Ме седнаа во чекална и го пратија татко ми по уште некој упат ( ко да беше најбитно тоа). Во меѓувреме човекот си прими еден пациент и си се размуабети на нивни мајчин јазик ( муабет од типот какво е времето). Дојдоа и други пациенти а јас уште во ужасни болки. Како си стигаа пациентиве така преку ред си влагаа. Де некој предходно имал скршена рака па дошол да ја сними после 6-7 месеци, де некој колк оперисал пред 3 години, ама ниеден не беше хитен случај. Ме влечкаа така до 11 часот, се додека инвалидот во количка не почна да тропа по стаклото на шалтер и да се дере да ме примат. Сирот старец гаѓаше со весникот по тој тикварот што ги прави снимките и му рече дека ке му ја скрши главата. Сирот тој инвалид старец од 70 год. Добро ме прими и ме седна на таа масата и почна да ме прашува кај ме боли. Алоооооооо нормален си. Гзов ме боли ебате глупиот. Гледа дека патика немам на десна нога, гледа дека ми е ногата црвена, гледа дека не можам да одам и да зборам и уште на крај ми вика, па имаме ние и други пациенти што мора да ги снимиме. Е тогаш и пукна филмот на мајка ми и почна да се дере, да урла, да се заканува. Искрено и јас да имав пиштол со мене во тој момент ич немаше да жалам. На сета болка и мака, тој да се изживува и кафенца да пие и муабети за времето да си тера, па згора и будала да те прави, е стварно не само што не заслужува да работи, туку заслужува иста таква болка. Ете за една лонгета што се човек мора да истрпи. Да не почнувам да ви раскажувам случка за забно и ушно, што за еден умник кај нас човек може и глув да остане, а што станало за посериозни зафати. Пред 1-2 год имаше случај на ургентен каде пријател на брат ми претепа двајца медицински брата баш поради што си играа мајтап со неговите болки. И тоа ги тепаше со палка и убаво им направи.
Секој ден сум на Клиника, кажи што те интересира, ако сакаш некоја врска за преку ред да бркаме, а? Има разлика од тоа да знаеш и од тоа да му веруваш на плусинфо. Мене, за разлика од тебе, не ми треба чкљ опозициски медиум за да видам што се случува, јас знам што се случува. Јас не величев никого, не ми измислувај муабети исто како твојот медиум плусинфо, или и тоа ви е дел од создавање паника кај народот како оружје пред избори. Туку, со инфлацијата и девалвацијата шо праиме, а?
^ Ја знаеш онаа -памтим те пушко ко си пиштол била? Така и јас тебе, ми се чини долго те читав како се жалеше од државата, плачки заради немање работа, неправедност, непотизам, што ли уште не. И сега оп Абеја ја вработија и одеднаш се курчи, се потсмева, се е розево, се е ок. Поздрав.
@okcenzi, прво да си кажам дека не одобрувам насилство (без разлика колку е морално оправдано) ама за жал таков народ сме со што понекогаш само со ќотек се разбираме. Џабе ти е културата кога од старт си имаш работа со некултурни. Пред да ни отворат Адриа лаб во населба, анализите ги правевме во блиската поликлиника. Ќе отидеш во 7, ќе оставиш книшка а ќе те викнат дури после 11. Причина? Докторите и сестрите си внесуваа свои луѓе преку ред, а притоа не зборам за два или тројца „врскаџии“ туку за над 20, 30. Ужас! Кај не ти е добро, кај има едвај две клупи за седење каде нормално дека ќе им одстапиш место на постарите, кај не си јаден од 8 претходниот ден, уште стоиш со саати и чекаш како будала. Неколку пати сум била сведок како пациентите припаѓале. Луѓето нормално протестираа зошто толку луѓе се пуштаат преку ред а сестрата на шалтер им се дереше на пациентите, ги вреѓаше со најпогрди зборови, им се закануваше дека ќе им ги фрли книшките и ќе ги избрка. Премотај некое време подоцна, имам што да видам - огромна табла на која пишува дека пријателите на вработените ќе бидат примани после 10 часот, односно откако ќе поминат сите регуларни пациенти. Се прашуваш како дошло до ова подобрување? Дотичната сестра која ги пцуеше пациентите добила столче во глава од револтиран „чекач“. Значи, илјадници пациенти секојдневно, со години реагираа дека не е во ред тоа пуштање преку ред, дека не е човечки болни луѓе да чекаат со саати во мала, страшно загушлива чекална ама сите тие вербални забелешки никој не ги рецкаше, еднаш заигра ќотекот и оп, веднаш промена на подобро. И ајде сега?
Абеја више не знае кај тера. Власта со години врши хајка врз докторите, а за тоа опозицијата сеа наводно е крива. Иако самата инсинуираше дека докторот најверојатно примил мито (исто како и квази новинарите Јанко и остали). Си ги врти работите како сака и ич не и чуе. Секој ден била у клиника, по партиска наредба да не им праиш кафе @Abeja, посебно на Никола Николовски (патем директор на ОРЛ) што не лечи комуњари? Абе не сте вечни, знаеш. Свему доџе крај.
@Abeja на мене не ми треба плус инфо за да знам каква е состојбата во здравството. За жал морам и јас да висам по клиники, за жал знам како е и како те третираат. Затоа и реков пиштол на сите па да почнат да работат како што треба. Состојбата во здравството не ја погреваат само медиумите, таа оддамна е таква, а случајот денес беше производ на таквата политика која очигледно донесе само мртви пациенти и застрелани доктори. А ти барем еднаш да кажеше и барем еднаш да не се согласеше со нечија работа од министрите и на премиерот ќе беше добро. Немам наредба да создавам паника јас од никого, неможеш да прифатиш дека некој може слободно да си коментира без да му прават притисок и да му бројат шернувања и лајкови.Работното место мора да се наплати, знам јас. А за инфлацијата прашај си кај тебе у штаб, шо ќе се прави, еве незнам, вие знаете, па нели сме најдобри во Европа. Или не, нема инфлација, плус инфо ствара паника.
А јас па тебе те памтам и знам како вечен мрчатор и критикувач на сите на форумов. За какви плачки збориш кога јас коментирав за вчерашниот настан. Ама така ви одговара, упорно си вртите таму кај што ви е целта, сите кои не критикуваат мора да се од кај власта и ај сега ќе ги заебеме сите ќе им се увртиме со нашите плусинфо коментари и измишљотини, нека се секираат, го папаа, им го туривме и сл, бљувотини. Мојата работа не ја спомнав јас никаде, вие од уста не ја извадивте, толку ли завист бе. А тоа курчење потсмевање, тоа е твоја карактерна особина. И она стандардното- кога немате како да му се спротивставите на некој што не мисли како вас, одма ааа ти работното место слатко ти е аааа убаво ти е. Е убаво ми е бе, зашто да не ми е убаво, си работам и убаво ми е. А вие можете само да му се фатите на моето работно место. Ама ако, продолжете со сеење омраза и паника, има време до април, можеби ќе предизвикате уште некој ама поголем скандал (во здравството а и пошироко), само се сомневам дека ќе има некој ефект, освен вака по некој инцидент. @JuLleE еј стварно не почнувај, не знам што ќе се прави, синојќа до единасет ипол заседававме, у пм, страшно, денарот падна под доларот, никад видено, ама ќе се вратиме у нормала.
Стопати подобро е да бидеш вечен мрчатор, отколку бескичмењак како тебе на пример Ова скандаливе во здравствово се исценирани сакаш да кажеш? Вчера човеков пукал по наредба на Зајко или Бранко? Не дека докторот земал мито на пример? Тие пијаниците во Гевгелија всушност не биле пијани, туку повторно по наредба на Зајко или Бранко ја убија кутрата женичка Сакаш уште примери, или да застанам тука? Абре... пак ќе кажам, разбирам и работно место и се, ама од време на време симнете се на земјава, видете како вистиниски стојат работите. Употребете го за промена сопствениот мозок!
@Abeja покрај тоа, фала богу откривте кој е крив за пукањето на клинички. Каков министер, абе плус инфо се криви, бидејќи Бранко не е у мода веќе. А за работното место никој не ти завидува, ич не му ја мисли, може тие од кај тебе да, другиве не, ама ти повторуваат бидејќи мораш да си го наплатиш со пишување по форуми, шернување и лајкови. И на крај ќе видеш, јас и Абеја едно 5-6 години едно исто дебатираме и се расправаме. А онака приватно и по други теми многу се сакаме . Абеја еве престанувам, неможам веќе, признавам сама на себе сум си досадна да се расправам со тебе. Па години се во прашење бре, многу време се рчкаме на темава. Се надевам само дека ти се исплаќа сето ова и дека си доби многу. Те сфаќам тогаш. И не сум саркастична, туку го мислам ова најискрено.
Абе и ја не знам што ми требаше пак да пишувам во теми за политика, кога го знаев текот на муабетот предвреме. Доброто е што јас не си ги земам при срце муабетиве и баш како и во други теми, си терам и по малку саркастично, провоцирачки и сл. Ете ти пак за моето работно место, бреиииј од тастатура не го извади, па шернувања, па лајкнувања (а вие упорно си се лајкнувате меѓу себе), па наплата на работно место. Јас ако дојдов до моето работно место на тој начин, одамна ќе бев вработена а вие вашите работни места уште ги отплаќате а никако да ги добиете, па после друг ви е крив што имал работа Туку, муабетот го почнавме од пукањето во Клинички, колку да се потсетиме а кај ја дотеравме. Знам како е очи да си извадиш со некој во политичка тема (сме се пцуеле и вреѓале со најпогрдни зборови за да на крај се помириме со тоа дека претеруваме и дека местово е за дружење и дека никогаш нема да имаме исти став за нешто, ама тоа не е причина за да му посакаш на комшијата да му умре козата а не па нешто потрагично), па затоа не ве зимам толку при срце со муабетиве, ама вие многу се вжештувате а јас па таква сум, обожавам сарказам и провокација и барем не копам по туѓи мислења што кога и кој рекол, мене ме интересира моменталната состојба, човек се менува, може вчера сакал чоколадо а сега ванила. p.s. се знаеме и приватно?
Да не пишувам пак мене колку ми се стемни вчера, разочарана сум од НАС како народ, ова со докториве и ред работи за кои луѓето се јадат меѓусебе, и зошто во секоја пора од општеството е навлезена политиката? па, затоа што ние си дозволуваме, секој е меродавен за се ... не оди вака ... ние сме една целина не, само парчиња од искршено стакло што едвај се држат едно до друго, лажен витраж. На пр. докторот бил еден од најдобрите на клиника што се размаваа по него ??? значи како да бараме самонешто лошо да се случи и ете ова вака она така. Со омраза за работни места, ма, за што се ќе се најде. @Abeja добро што постовите ги избришаа вчера "завојувавме" за тоа,а има ли основа тоа? Премолчувам и овде и надвор, некогаш човек не може на зајадливост да не одговори ... не ни е убаво ова ... се замерија фамилии и пријатели за нешто во чија суштина веќе и јас не знам што лежи.
Јас решив со @Abeja и @Cka да не разговарам веќе на вакви теми. Сериозно, претходниот пат ми беше многу криво после 'дискусијата' и сфатив дека нема начин нормално да разговараме. Ви ги сфаќам причините, не ви го сфаќам настапот. А на други теми баш сте ми океј и сакам да ве гледам во тоа светло. Жалосно е што секој случај се поврзува со политика, ВМРО, СДС, соросоиди и овци. Ми е мака да гледам како се расправаме и се навредуваме на лична основа поради тоа што политиката е навлезена толку длабоко во ова наше кутро општество. Ако не си со овие, со оние си, ако не си со оние тогаш си со овие. Глупости!