по 2 евра годишно за компаниите.. или 1.5 милиони евра за опашката али викаат дека луд е оној кој ја повторува истата работа цело време а очекува различни резултати.. баш ме интересира какви резултати ќе донесе ова, т.е. какви и колку луѓе ќе однесе надвор од земјава
http://24vesti.mk/gruevski-od-deneska-startuva-so-nova-predizborna-programa Како украдена идеја ми изгледа ова.. Исто како и голем број закони предложени од опозиционери па одбиени на влада, за подоцна истите да бидат предложени и прифатени од власта како да изгледа дека знаат што прават.
Војна меѓу РЕМЕНСКИ И СПАСОВ трае 2 дена АБЕ АЈДЕ ЗЕМЕТЕ РЕШАВАЈТЕ ГИ ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И НЕ ГО ТУПИТЕ ДВАЈЦАТА... ЧОВЕКОН ЌЕ СКОСКНЕЛ ОД ЗГРАДА РАДИ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ, РОДИТЕЛИ СЕ ЖАЛАТ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ГРАДИНКИТЕ А ВИЕ СЕ ЗАЕ*АВАТЕ СО НАРОДОТ.
Џака е цар, многу добар пост остави на фб. Имаше и една Ода на гадоста, многу реални текстови, за жал...
ТВ Шења објави документи: Дали Бег Ризај и Арбен Реџај биле ликвидирани по апсењето?! http://www.libertas.mk/тв-шења-објави-документи-дали-бег-риза/ п.с за неупатените, Тв Шења е новата тв каде што отиде да работи Мухамед Зекири, откако ја напушти тв Алсат.
За какви бегалци станува збор периодов? Денес на вести од преносот во живо, јас не видов ниту една жена, а не пак цело семејство, постари луѓе, деца. Ама затоа видов многу на број, млади и средновечни мажи. Да држеа оружје, не би се разликувале од воената полиција...
Само една работа не ми е јасна. Секој има право да си го каже своето мислење и јас тоа го почитувам. Но кога ќе треба да се плука по власта и за најбанални работи, овдека се пишуваат романи во томови, а никој од вас не ја покрена темата за предлогот и стратегијата на опозицијата за федерализација и за воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик. Или тоа е сосема во ред, бидејќие е политика на опозицијата. Баш сега си размислувам дека оние најгласните што глумат „неопределени“ на темиве низ политика итекако се определени.
Ќе се јават и тие во текот на денот, сигурно се За федерализација. Аха и за жал овде не приметив до сега неопределени, обично се скрос определени со агресивна одбрана на сдсм притоа без да имаат право подржувачите на власта да кажат збор без да им бидат упатени милион навреди, омаловажувања и не знам уште што. Темата од таквите изгуби вредност, поарно нека останат само хејтерите и нека си живеат среќно и весело и нека си пишуваат сами. Инаку Да и јас сум за сите културно да си ги искажат мислењата и ставовите и без вреѓања на пример да доаѓаме до заеднички заклучоци што е подобро што е полошо ама за државата општо, без лични надреди и напади. Ама за жал, нема капацитет овде за нормална дискусија.
Јас сум неопределена, и плукам по сите бе, исто г**но се. А ова за албанскиов јазик, што да кажам не знам. Каква црна федерализација. Да има некоја асална партија па да се определам и да гласам, а со овие нашиве некако ко да се помирувам дека се кој од кој по забеган
Mногу гледаш вести на Сител. Тоа што Героски тропна глупост во најлош момент е негов проблем и на неговата партија. За да се случи таа конференција за рамковен договор во декември, прво треба да потпише одговорниот од секретаријат за рамковен. Откако тој ќе потпише, ај погоди од три пати кој треба да го одобри сето тоа? Зошто патриотот не го одбие тоа? Ти не сфаќаш дека ништо не зависи ни од ВМРО ни од СДСМ. Ако зависеше од ВМРО на пример, затоа што се на власт, зошто не ја одбија амнестијата на хашките злосторници во 2011? Туку како што слушнавме ги бараа по телефон своите пратеници да дојдат од одмор и да дадат мислење округло па на ќоше http://fokus.mk/zaev-gruevski-lichno-se-ispazaril-so-dui-za-hashkite-sluchai-so-amnestija/
@Priroden веста не ја пренесе само Сител, туку и сите други телевизии. Дури и Заев јавно тоа го кажа кога беше гост на една телевизија во Косово. И ќе те замолам во иднина да не ме вадиш од контекст, бидејќи муабетот ми беше сосема поинаков. Власта и да прдне, овде се редат милијарда мислења, без разлика дали информациите се точни или не, а за овој настан МОЛК. А за Геровски, ахахаха, сите знаеме чиј гласноговорник е. И јас кажав и пак ќе потенцирам, почитувам туѓо мислење и никому не го наметнувам своето. И ќе те молам не ми ја навредувај интелегенцијата дека јас ништо не сфаќам и не ми води евиденција базирана на претпоставки, која телевизија гледам. Без да ме цитираш, можеше културно да продискутираш за веста, ако имаш свое мислење.
Еве јас сум против власта, но конкретно по оваа прашање, за федерализацијата не сум коментирала бидејќи никој друг не спомна, а и тоа е став на Героси кој реално јас не го ни читам. Он ти е Латас втори дел, така да за мене воопшто и не битен. А дали сум против фердерализација или не, еве не знам, може и подобро ќе е. Факт е дека се сме поделени, западниот дел си е цел на Албанците, пола и повеќе од Македонците се со бг пасоши, колку се само иселени. За која држава зборуваме и за кој патриотизам? Комплексна тема, која не зависи ни од Вмро ни од СДСМ.
Ако работите за коишто плукаме по власта се банални за вас, тогаш државава дефинитивно заслужува федерализација по брза постапка. Ете, мое мислење! п.с Упс, кој потпишал ова?!
Koи други телевизии @Gea , Алфа, Канал 5 и МТВ? Сеа се навреди и не дискутираш со мене? Ако сфаќаш кажи ми, дали зависеше од водачот наш дали ќе потпише за конференцијава? Дали зависеше во 2011 дали ќе потпише за амннестија? Ја сум убеден дека не. Ако не потпишеше, следуваат протести, кршење низ центар на Скопје, па можеби и дестабилизација. Eве кажи ми, кој дал согласност за оваа конференција во декември? Зошто не одби, не се прашуваш? Зошто не одби амнестија на хашки злосторници? Ниту Героски, ниту СДСМ не се власт и ја немам сомнение дека и да дојдат ќе се натпреваруваат дали можат поголема глупост од сегашните да направат. И што со тоа? Скандалов со прислушувањето да остане неказнет? Ја се срамам што живеам во држава во која некој човек од власта има моќ да влезе во вреќите за гласање и да помине неказнет, лифтови да исклучува, да носи човечиња од Пустец, да носи пиштол на аеродром и да помине со имаше доблест да признае грешка, висок функционер јавно на камера да се пресметува со новинар, кој според телевизииве не бил новинар, па ако не е ако му е. Настрана сомневањата за провизии.
@Priroden очигледно не ме сфаќаш. Се ова што наброја, е дискутирано веќе во темава и има страници и страници и страници напишано. Моето прашање беше: зошто никој на форумов не ја покрена темата за федерализација? И тоа е вест. Не е важно од каде и од кој медиум е, вест е. И не ме сфаќај погрешно, зошто да не сакам да дискутирам со тебе, па имот не делиме. Во други теми можеби сме биле истомисленици, а и да не сме, јас го почитувам твоето мислење. Ниту се лутам, ниту те земам за непријател затоа што имаш поинакво мислење од мене, ниту се обидувам да ти наметнувам мои размислувања, ниту те навредувам. Ај, во некоја друга тема ќе ти стиснам лајк, за да видиш дека сум добронамерна. (се шегувам, немој сега пак поинаку да ме сфатиш)
Во сите нормални демократии се критикува власта, не опозицијата. Опозицијата почнува да се критикува на денот кога стапи на власт. По тој принцип се водам и јас. Не сум партиски определена и не сум ни гласала со години ама виновник за сегашнава ситуација не можам да барам кај опозицијата. Можеби единствено замерка што во нашава држава нема квалитетен опозициски кадар од било која партија да се спротивстави на сегашнава диктатура. Геровски изразува свое мислење и се додека не видам предлог во собрание за нешто такво, кој што сака може да збори. Дури и тогаш да е, тие работи не одат така лесно со стискање на копче кај партиските послушници. Сигурна сум дека ќе мора да се оди на референдум. Е ако и тогаш не излажат политичарите како со територијалната поделба, така и ни треба, зашто ништо подобро и не заслужуваме. Заев колку што знам нема спомнато ништо за децентрализација, ако грешам поправете ме. Неговиот одговор беше во врска со задолжителното учење на албански јазик за сите. Јас сум прва против кога некој ми наметнува нешто со сила, ама реално познавање на албански јазик стана потреба. Лично јас се чувствувам како падната од Марс кога во некоја институција од вратар до директор комуницираат на албански, а тебе ќе ти се обратат со два збора колку да те откачат. Кој е виновен за прекумерните вработувања, во некои институции претежно од албанска популација? Оној кој се согласил на се, само да остане по секоја цена на власт и да не ги опструираат неговите бизнис интереси. Нема политика, се е бизнис зделка. Ама ајде овие ги направивме милијардери, дајте други да збогатиме сега, зашто како што тргнало и феудализам ни е малку, не капитализам.
Нели Зекири требаше нов СДСМ-ов директор на МРТВ да биде. Ама и вака ќе му е ОК, нова телевизија и одма агендата на дело. Има време, пак ќе им се вкрстат патиштата со Ефтов.