Хммм, да. Гледав и на вести. Неверувам во ова.Па нема нигде ни потпис ни бутур. Имало лого...да, па што???? Колку од вас можат да направат ваков примерок? Јас, да. + и печат ќе намонтирав
Ма ја претераа веќе! се повеќе и повеќе одвратни ми стануваат, многу повеќе од што веќе ми беа, со лагите што се служаТ! Прво оној стечаецон, што многу жално делува на рекламата, ама пак затоа е многу борбен на плоштад, ко божем живееме во Америка и не се знаеме кој сме и што сме, доволно е еден да дознае и да се расчуе насекаде, уште па и без срам упорно ја даваат на Сител таа реклама!!! За срамота! Денес ова во мојот град! Пу, уште една срамота, и уште со документов мислам не само што го допреа дното туку и се закопаа, нурнаа во него!!!
Да. така е. го слушнав и на алфа мислам дека Бучко го прашуваа за ова, ама да зборам џабе ќе е пошто ништо не фатив, но да нема ни потпис ни печат документов. Ако вистина е ќе имаат такви документи ако не, мислам глупо е со вакви изјави рекла-кажала. Да престанат да се занимаваат со вакво нешто добро ќе е.
http://www.youtube.com/watch?v=w6Rh6yZcxrs Еве и демант, па ајде да видиме што ќе направат институциите на системот. Инаку, денеска кога го видов ова прво што ми текна е дека исти вакви шпекулации власта пушти во јавност кога требаше да се одржи протестниот марш. Демек опозицијата се спремала на бунт, насилно ќе влегувале во парламент и слични ствари, па ништо од тоа немаше. Сега еве истото и за избори, создаваат страв кај луѓето и ништо повеќе. Како и да е, остануваат уште 2 дена до 5ти јуни, па ќе видиме кој ја зборувал вистината
Зошто ти се одвратни само едните? Само да знаете колку е убав животот на необоените. Сето ова помалку ни е како забава . Неверувам дека некој таков се изнервира за време на кампањава... освен кога на сред филм ќе буууммне платена политичка програма....едно 45 мин.
Pa dobro be toa faktura li e pa da ima potpis i pecat...koja e taa budala sto ke stavi potpis na vakvo nesto. Od druga strana pak zatoa i ne deluva validno...znaci ni ostanuva da vidime...
Да, како денеска усреде АлиРиза. Два пати ми го прекратија и тоа долгооооо. Прво за Љубе, после за што ли беше, а да за рекламите на Грујо. Па одиш на сител уште толку ќе те дотепаат. Требаше само кабловска да се гледа, ама како пустото да изгледаш Лисјата Претераа со рекламите. Сега пак и останатите исто имаат реклами пред изборниов молк и мислам ко натпревар е ко ништо друго да нема по телевизиите. ПС, чувте ли за јахтата на Орце, која ја купил откако во Хрватска бил Грујо, а која ќе плови под знамето на Панама. Љубе тоа го изјави, на митингот од Штип, за време пак ќе речам Лисјата. едит: Шкорпионка, ниту еден меморандум не излегува без потпис и печат, дури и од организацијава кај што работам, кога е со логото на организацијата. се е со потпис и печат. Нема такво нешто да праќаме некаде без потпис на главниот на организацијата. Посебно не одлука некаква си. едит: МИЛКИ НЕ БЕШЕ ВО ВРСКА СО ТЕБЕ МОЈОТ.
Да ти кажам право, и мене ми се досадни тие реклами Особено за време на долина на волците едно 78536839207937958 пати одат А за другите не избувнал сеуште некој сочен скандал барем во оваа предизборна кампања, и тоа скандал од калибарот на оние од дпмне, редовно или кршат штабови, или се појавуваат со вакви небулози во јавност како дотичниот документ погоре, или мочаат врз постери од опозициски партии или ми редат во мојот град глупости за да му го обелат образот на оној неспособњаковичот Горан Петров! Е неможам, стварно! Уште пак врвот!!! До тие работи што (не) ги направиле дпмне и неспособниот ни градоначалник наместиле деца за да чуваат некој да не ги бутне или скине! ЗАМИСЛЕТЕ! Цел божји ден, значи цел божји ден сум излезена, од сабајле до вечерва, децата си стојат таму за да пазат Не ги можам, крајно ми се одвратни
Можете само да плукате по ВМРО,исто ви се фаќа и да сте позитивно и негативно настроени. Секако ќе победиме. Се фаќате на последната сламка,камери за да се види дали стварно се гласало за ВМРО,што се нема да се измисли.Филмаџии,бог да чува...Ненормална работа.
Епа како тогаш излегуваат на прес конференција, ударајќи се во гради дека СДСМ спрема некакво сценарио...??? Кога ќе докажат дека документот е валиден и со веродoстојни податоци, тогаш нека мафтаат со него пред камери... Baguf4e - вакви изјави се одвишни...
Во Скопје да видиш На секои десет метра има огромни билборди и на нив фацата на грујо - зумирана и тоа На која и улица да отидеш истото...Барем да имаше некоја харизма и шарм па да фрли човек поглед на него...
Сител вести ... физичка пресметка меѓу Достоинство и Љубевци. Ај наздравје и што со камериве- привезок ??? глупости.... оние што се на еден или друг список веќе пооодамна имаат наредба да го сликаат ливчето со телефон ќе им купуваат привезоци , не се луди Оффи несакаш да гледаш што прават СДСМ, не затоа што неправат , туку затоа што “другите“ тебе ти се одвратни. Мене искрено ми се лоши од рада .. а Бранко... ми беше до овие избори наааај оратор, нај фраер, нај улична школа ( дечко што газел асфалт - во позитивна конотација) ...сега се збогував со него , не затоа што Груевски така рече - туку затоа што е Жикина династија 1.2.3....18 дел и тоа репризно по 6 пат
Harizmata i sarmot ne mozis da gi vidis preku slika i da sakas...no zatoa e tuka negovata pirodna lepota, vi go lici gradot, zablagodari se
Хахаххахххаааааа....... Спојлер на таков билборд може да се стави слика и од некое средство за депилација на бркови - одлична реклама ќе биде... Али најаки се билбордите каде Бранко го ставиле позади грујо, демек малечок е...
Почнавме значи. Со тепачките.. ќе има кршења во недела. Се надевам море цел ден ќе работам само да не слушнам ништо од тоа. И на крај и од Достоинство ќе се откажам и од ЛДП. Баш наздравје... Радмила јас ја почитувам само заради работата на Секретаријатот. Кога би ја ставила на кантар со било кој од поставата на актуелна власт, немам со кого, не можам да се сетам на некој дури да издвојам. Тивки ми се, неприметливи. Ама Рада ја паметам од тоа време, ја паметам од работата нејзина во Парламент и ми се допаѓа. Проблемот е што овие избори се изгуби жената, а тоа не требаше. БЦ да не се вратеше, да не играа на таа карта, за мене ќе беше милиони пати подобро, а можеби и за многу други, кои не го бендисуваат владеењето на владава, поради невработеноста, поради спомениците (од кои зградите што се градат преку рекана ги почитувам, за тоа алал нека им е пошто ќе спасат влади-влади нанапред да не плаќаат ќирија за институциите за кои плаќаа огромни суми.) амааааа.
Шала настрана...И јас се согласувам со Жапче дека во недела ќе има инциденти на изборите, од типот на тепачки, кршење штабови и сл...Со оглед на фактот каква кампањата е, можам да замислам на денот на изборите што ќе се случува...
Сањева кај ме потсети на докторчево на Греј лелеее ќе го сањам вечерва. И јас сакам таков еден ццц за да го гласам. У убава вечер ќе е вечерва. ццц