А да прочитавте што пишува над видеото од изјавата на Чавков, кој не е меродавен во случајов да пресудува, зошто тоа е работа на обвинителството. Ова само покажува колку е непрофесионален заменик министерот и се истрча да дава изјава за случај кој е во истражна фаза. Тоа за мене, е баш очајно ! Телма напишала убаво, ама кој како чита: „Скопското јавно обвинителство го истражува случајот со фалсификуваните лични карти. Набавена е потребната документација и податоци и во тек е спроведување истражни дејствија, за кои во моментов од обвинителството велат дека не можат да споделуваат детали и дека сите информации од истрагите кои ги водат и обвинителството и полицијата се тајна. Но, заменик министерот Чавков денеска изнесе токму детали од истрагата на МВР. "
Чекај сеа, што не ви се свиѓа, тоа што Чавков дал изјава или тоа што е откриена манипулацијата со фалсификувани лични карти? Факт е дека се фалсификувани а сега нека докажуваат, како, што, од каде, кој нарачал, правел итн... во предистражни и истражни постапки, нека го пронајдат сторителот на кривичното дело-фалсификување. Кривичното дело е направено и откриено, сега ќе се пронаоѓа сторителот. Ако беше толкава "тајна", ќе мислеа уште пред да се опечат со "информацијата", па сепак личната карта е јавна исправа регулирана со посебен закон и треба прво да се испита па да се пласира на јавноста некоја таква несигурна вест. Тука има и пропратни кривични дела, покрај фалсификување. Очајни се обидите да се сврти вниманието од кривичното дело директно на изјавите на Чавков, како сламка за излез.
Видов вест каде што вика бесплатен превоз за сите студенти од таму први Јануари , ех сеа им текна на власта дека треба да се грижат за студентите , кога видоа колку голем фактор се , ама џабе , 9 години , толку протести, ништо не направија, сега пред избори све има да биде бесплатно и супер, барем што гледам на коментариве од другите форуми и фб се опаметија луѓено , се опаметија колку толку да не паѓаат на вакви лаги веќе. И да , кога веќе сме со наслови пишување "Мартин Протуѓер избегна соочување во Анкетна комисија, јавноста нема да слушне кого сакал да фрли во ендек " http://a1on.mk/wordpress/archives/559649
Јипман, не знам за кои протести со години зборуваш искрено? Факт е дека во државава има мал број на критички настроена маса. Голем број (нормално не сите) од оние што беа на протестите, беа поради сопствен (партиски) интерес (читај СДСМ). Пример на протестот за Нешкоски во позадина имаше толпа што извикуваше СДСМ. Си ги извикаа партиските пароли и си се повлекоа. Затоа во Грција се случува народ. Немири во Атина на протестот за Григоропулос http://telma.com.mk/vesti/trojca-policajci-povredeni-35-privedeni-vo-sudirite-vo-atina A ние реално си заслужуваме се' што ни се случува. Партија > живот, убиле дечко #ешусеа
Остај другите форуми, иди поседи малку и на Твитер. Таму ти е да помислиш дека и Доналд Трамп ќе го тепате на избори Ах бе ЈипманДвојка! Сериозно, не се глупирајте. Галамете за друго што ве мачи, бафтајте се таму со тие пленумите ваши, ама барем за оваа мерка ќутете. Бесплатни карти во ЈСП за семејство со еден или двајца студенти не е ич лошо за домашен буџет без разлика за која партија би гласале во семејството.
Не е лошо , ама тоа требаше пред многу години кога се бараше , а не само на пензионерите , и не на 100 дена пред избори да се прави .... али очекувано е дека сега пред избори све ќе биде бесплатно ..... само што таа финта нема да успее... Друго ! Утрово во 2 часот и 30 минути се исекоа 47 дрвја од паркот на Универзитетскиот кампус во Скопје. Еее сега Грујо да искочи да каже како сонот му се остварил што исекол дрва, сигурно е за прослава на ден на дрвото или пак да го подобри загадувањето во Скопје
Лудаци. лопови, психопати, понављачи, бездушници, манијаци, клептомани, скотови…се во едно сте Ни го уништивте животот. Ни го сотревте градот. Ни ги истеравте децата од дома. Ни го земавте и воздухот што го дишеме. Што уште ќе ни земете? Душата? http://www.libertas.mk/лудаци-лопови-психопати-понављачи-бе/
Се замолува Грујо да се појави пред анкетната комисија пред сите медиуми а не да бара зад затворени врати без медиуми , срамота е да се крие така .... он и другите вмровци што ги бирал народот а не се појавуваат пред него ....
Итно покачување од 35 насто на платите на обвинителите и судиите. Груевски ги части?! http://www.libertas.mk/итно-покачување-од-35-насто-на-платите-н/ Малце е, 100 посто нека им ја качи. Држава арамиска.
Да одеше во градинка ќе ги частеше учителките....сега му се потребни судиите и обвинителите да му го вадат газот од криминалот во кој е заглавен до гуша...затоа ги части нив
Што мислење имате за новиов тријазичен универзитет? Од мене има црн бумбар. Јас не ја гледам потребата од негово отварање.
Не. Ради тријазичноста. Нека биде еднојазичен, сеедно каде. Или еве прифаќам компромис, двојазичен - на македонски и англиски.
Така и му треба, да го свиркаат сите, да си знае дека не смее на улица да излезе, одма ќе го утепаат.
Ова е веќе пресериозно и преопасно за државава. Осуетени се буквално терористички и најрадикални методи СДСМ да дојде на власт и со намера тие методи да се насамарат на грбот на позицијата. Многу пострашно од најразлични пленуми, шатори пред влада, глупи протести, кои како замајувачи на јавноста требаше да бидат параван за тоа што се прави длабоко во СДСМ. Лажни лични карти, банкарски сметки, монтирање на случаи, панцири и полициска опрема, а еве и материјали од прислушувањата како основа за уцена на политичари и граѓани. Зар навистина во СДСМ мислеа дека Мијалков туку-така ќе си замине? МЕГА СКАНДАЛ: Голем дел од незаконски прислушуваните материјали на Заев пронајдени во „Фабриката за афери“ @Yipman2 до кај е Фокус со личните карти? Плусинфо? Сороспии? Молк од секаде А не, ете некаде свиркање имало. За едни пророштво за победа, за други предвесник на утепување
Добро е што се појавуваш од време на време, почна да ми недостигаш.... Ах Курир пишал , сигурно е точно , али еве нема везе тоа , ќе издвојам само еден пасус што е пишан на фб. "За осомничените да и помогнат на ВМРО да ја објасни истрагата пред јавноста, инкриминирачкиот фолдер со илјадници прислушкувани материјали го именувале како "СДСМ - Заев". Ма немој да ме јебеш!" Толку за темава, Ај сеа вратете се во штабовите и смислете нешто друго , можеби некоја нова чешма или прозор што сте направиле.... и гледај си што ќе правиш после 24ти Април , оти твоиве ќе си избегаат во Белизе и Чешка