Ама што ги мешаш Америка и Русија сега? Јас никогаш не сум се ложела на Америка ниту на Русија, нити сум се молела на нив. Тоа може некој неписмен од Кондово или Земун, да закачува дома амерички и руски знамиња. Муабетот е за отпорот што го пружа народов тука, во однос на бесмислени давачки, прикривање убиства, кои немаат допирна точка со надворешните влијанија. Пример јас за хонорарна заработка требаше да платам 18000 денари на државава т.е 35 отсто, затоа што преку ноќ им текна да си донесат и таков закон. На протестот за хонорарци си излегоа само хонорарците и никој друг (жалното во муабетов) и беше благо речено смешен. Никој нема да те сфати сериозно. Доаѓаат избори, законот по само неколку месеци паѓа. И не затоа што народот пружал отпор, затоа што може да направиме генерален штрајк низ цела држава како во соседна Грција, туку зашто мачкаат очи пред избори. Кај нас народ (масовно) се собира за ВМРО и СДСМ. За ништо друго. Греота е твојата немоќ да ја препишуваш на надворешни фактори, пошто ние тука немаме само шаховски фигури. Биди пореален.
Најголемата опозициска партија СДСМ, во очај повторно подготвува насилни сценарија, пишува порталот Курир. Џељо Хоџиќ кој е дел од телата на партијата а во исто време работи и во организации на фондацијата СОРОС, разочаран од изборот на Тони Науновски во комисијата за заштита од дискриминација, на својот фејсбук профил најави дека ќе се пресметува со безбол палка. – Кога не можеме да ја решиме “демократијава” по Груевски, гасете се останато. Овде веќе освен земање правда во свои раце не помага ништо друго. Деновиве си купувам безбол палица и на мирни протести више не одам, напиша Хиџиќ. Според Курир, очигледно е дека во СДСМ подготвуваат вакво сценарио затоа што сигурно ќе се соочат со пораз на априлските избори. Ваквото делување не е нова практика кај СДСМ. Во мај минатата година нивните демонстранти повредија четриесетина полициски службеници непосредно пред кумановските настани. Тогаш протестите не ги водеше Џељо Хоџиќ туку Бошко Јосимовски викан Црвен. За насилството, Јосимовски беше осуден на 2 години и четири месеци затворска казна. Според Курир, очигледно е дека бомбите на СДСМ не го дале посакуваниот ефект, сите релевантни анкети покажаа слаб рејтинг на СДСМ – па ваквото насилно сценарио е единствен одговор на сите неуспеси на партијата.
Сега на ред е Грујо во Телма да дојде. Добро интервју, немаше испади како од нива господ дека го земал, очекувано со ниски удари и обиди го нападнаа али убаво ги смести каде што им е местото. За тие што го пропуштија интервјуто.
зошто немаме тв дуел на лидерите на партиите ?? Последно што имало беше Горге Иванов и Љубомир Фрчкоски кога се бореа за преседателско место , зошто за премиерското место немат тв-дуел?
Зошто нема нарачани прашања...Зошто нема од спротивната страна водител-платеник што се тресе од него...Зошто ќе го прашаат за криминалот и провизиите...Зошто не знае да даде изјава ако претходно не му е напишана на лист од советниците или пиар тимот...Зошто човек од негов тип, кој себеси се замислува како божество, ќе експлодира ако во одреден момент не може да се справи со одредена ситуација. Доволно е, нели....
Гледајте на канал5 Никола си дава оставка. Запамтете го датумов. Утре некој в затвор оди. Уствари на сите програми ќе има..
Јас воопшто не сум поддржувач на гарнитурава на власт,но мислам дела оставката на Премиерот нема ништо да смени....допрва не чекаат црни денови...
За греота човекот ни крив ни должен си поднесе оставка само заради наше добро и за доброто на државата. Срамота за тие што ова го сторија со нечесна игра и измами го натераа да си поднесе оставка, ама ако господ гледа и врајќа и нив ќе им пресуди. Груевски на 24 април пак ќе се врати на истата функција и пак чесно ќе ја води државата како до сега
Баш така...ако некој мислеше дека ова ќе трае до мај 2015 се зезнал... ехе години ќе врват,Грујо раат ќе ја пљачка државата а Зајко и Шеќернана само зелени ќе тресат