Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    10.426
    Пол:
    Женски
    Како може човек да го цените како индивидуа или па како политичар по тоа како изгледа?Не ми е јасно ова само...Јас моментално имам недепилиран брк и тоа што значи?Дека сум глупа,не ме бива за ништо,не заслужувам внимание или што?
    Глупости,мешате и баби и жаби.Ако коментирате,коментирајте ја нивната политичка дејност,а не изгледот.
     
    На MacaLove и oceangirl им се допаѓа ова.
  2. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Леле не ми ја спомнувај, на секој чекор тоа бркот и го гледам хахахахахахах :D Не, шала на страна стварно ја има на сегде, што е многу, многу е, а Груевски хахаххаха најсмешна ми е монтажата со Бранко да и не -.- ајде нека напраат една реклама без Бранко бе! Страшни се ова Вмровциве хахаахх :D
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Багуфче овие црвениве, жолтиве ,зелениве само пред избори очи си вадат, а кога се на коктелчиња не е битно кој каква боја носи, ем си се пијуцкаат ем дружби си прават..
    СДК сега сме на форумџиски коктел, малку релах после денешнава седница :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Баге,на некои личности им е само да се вмешаат со некој,да искоментираат, а за што коментираат не е битно нели?
    Чисто да привлечат внимание,пошто до сега не успеале. |(
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Баге епа најискрено да ти кажам срамота е во 21 век да си министерка, секој ден пред камери, а да си одиш со недепилиран брк и неисчупани веѓи. Ај разбирам еднаш, двапати, неколку пати да се појавиш така запуштен, ама константно пред камери да се појавуваш таков е смешно. Па човече, толку ли бре не и укаже некој?
    И друго, Баге, не сфаќај се толку сериозно, па не се Грујо и неговите министри светци па да неможеме да кажеме што ни се свиѓа а што не. За пејачите, глумците и другите познати личности кога се коментира, не смета нели, ама за Грујо или Гоца срце те боли, изгледа.
    Ај ако не со посебен закон заштитете ги функционерите од владата да не смее за нив лош збор да се каже. Да не се разбирало шала бре.
     
    На enca.69 и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    ^^^
    Baguf4e

    Секако дека не е во ред да се коментира за физичкиот изглед на луѓето( да се исмејуваат), ама еден политичар мора да внимава на својот имиџ и стил, бидејќи и тоа иде рака под рака со неговата дејност во политиката..Впрочен за сите јавни личности важи тоа...Не е само Јанкуловска - има и други...
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    A koga da se izdepilira koga raboti 24 casa? :lol:
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Абе знаете што, со едно се согласувам со Грујо.
    Вистината си е како шило, си боде си боде си боде и на крај си испливува на површина.

    Па еве ја вистината кај е тропка на порти...
    само некој да не сака да и додаде повеќе боја, па да забега, тоа ме плаши.
    На страна коктеливе.
    Пети ќе е интересен ден за многумина, само мене некако.. што знам до мене ли е или што е работата ама ич не ме погодува. Повеќе ме гаѓа фактот што ми го уништуваат денот. Што се мања владата и ми закочија работа поради тоа.
    А вистинава ќе боде ќе боде... само нек не избоде некого, аман!

    едит да не останам несфатена... нек се мења... ама мене, т.е работава ми трпеше овој период. Да не испадне сакам да си стои :)

    http://www.youtube.com/watch?v=6TE_05p2 ... re=related
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ееееее тоа е, тука лежи зајакот. :rofl:
    Многу работи жената, па нема време да се издепилира ;)
     
  10. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Жениве како по обичај се фаќаат само за изгледот...абе не бирате партнер за врска...
    да бидеме реални,некои политичари само поради тоа што им се допаѓаат на одредена група луѓе физички и добиваат гласови...бил шармантен,бил елегантен,го личело да биде...
    го личи модел да биде,ако е за така,не политичар...
    едноставно нон сенс,тие критериуми за избор ги има само во мкд...погрешни критериуми во погрешни ситуации
    а после од кога ќе ги изгласаат овие што им се допаѓаат физички,исто како во бракот, ќе бидат од оние фрустрирани жени кои обожаваат да страдаат само да имаат убав маж до себе,поднесувајќи ги сите негови каприци...епа сте барале...ќе трпите...кој ви е крив...

    Инаку никаде не видов дискусија за иднината,проекти за развој на општеството и споредби на политички идеји...
    Или можеби тоа го нема зошто и нема што да се споредува па сега мора да се дебатираме за изглед... :^)
     
  11. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Не ми се верува дека се лутите за шалите за НЕИЗДЕПИЛИРАНИОТ БРК, добро ај да не се навредувате не и го спомнуваме више светиот брк-.-
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Sunflower

    Ноќна мора им е - опсесија...Не сум видела до сега еден политичар, а посебно премиер толку да се оптеретува психички со друг политичар...Хаххаххааа...
    Читајте извадок од интервјуто на Бранко -


    Интервју на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски за Утрински весник

    Билјана Јовановска

    Утрински: Изјавувате дека не сте заинтересирани за државни функции, но Вашите опоненти се убедени дека, сепак, од сенка ќе владеете со Македонија. Имаат ли основа ваквите сомневања?

    Црвенковски: Очигледно, Груевски е многу позагрижен за тоа што се случува во СДСМ отколку што се случува во државата. Но, тоа покажува само едно - Груевски се плаши од СДСМ затоа што само СДСМ може да и' стави печат на неговата политичка кариера и да го разоткрие пред целата македонска јавност. Перманентната негативна кампања што ја води ДПМНЕ кон мене, а сега пред избори уште позасилено, само го потврдува фактот дека во одлуките што ги носи тој се раководи од своите лични фрустрации и комплекси. Прво викаше дека Бранко не треба да се кандидира за премиер, па сега вика зошто Бранко го нема на листите, за потоа да тврди дека Бранко во сенка ги носи одлуките. Но, тоа е веќе прочитано сценарио. На тој начин сака да создаде алиби за критика на одлуките на новата влада бидејќи ќе нема што да критикува, па најлесното објаснување ќе му биде - еве и сега Бранко е крив. Ваков обид за замајување на јавноста се користи или кога нема што ново да кажете или кога сакате да го одвлечете вниманието од проблемите што ги создавате. Замислете тој и кога е на власт и кога е во опозиција, од уста не ме вади. Очигледно, не може мирно да спие затоа што Бранко Црвенковски го буди од убавите сништа и го враќа во лошата реалност што ја создаде тој.

    Утрински: Невнимателната изјава за стечаецот беше резултат на Ваш лош ден или навистина го мислевте тоа? Претпоставувавте ли какви реакции може да предизвикате?

    Црвенковски: Високите претставници на ДПМНЕ не ги штедат најниските зборови што ги упатуваат кон мене. Што ли не се изнаслушавме во изминатиот период. Се запраша ли некој како се чувствуваат моите деца кога ги слушаат погрдните зборови на Груевски и на неговите приврзаници?! А во таа нивна, би рекол, примитивна и валкана кампања, не само што не беа поштедени моите деца туку беа и спомнувани.

    Спотовите што ги прикажуваат со т.н. „стечајци“ само го допреа дното. Особено што актери се добро згрижени луѓе во јавни претпријатија, кои беа едни од главните учесници што тепаа студенти на плоштадот во Скопје. На овој начин ги навредуваат и ги исмејуваат сите оние што навистина поминале тежок период во животот. Жал ми е ако некој од нив се пронајде во мојата реакција, но таа не се однесуваше на нив. Тие се само злоупотребени од страна на ДПМНЕ, која наместо да им ги реши проблемите, ги користи само како материјал за пред избори. Тоа зборува од една страна за лагите на Груевски, а од друга, за безмилосниот однос кон сопствениот народ.
    ЦРВЕНКОВСКИ: ЈАС ГО БУДАМ ГРУЕВСКИ ОД УБАВИТЕ СОНИШТА

    Ххахаххаа - најдобар е...
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Колку моќно се чувствувате вака што вреѓате а?
    Ах бее... :lol:

    И Сан Флауер, сфативме дека збориш за бркот де, не мора да нагласуеш толку,не сме слепи.
    Глеј си го ти твојот брк. :rofl:

    Уствари Милки, џабе и го копираш интервјуто,кога она дошла за бркот да збори,не и расипувај. :lol:
     
  14. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Маца, тоа со зголемени букви е за да потенцирам колку некои луѓе сериозно го сваќаат бркот, а не за потенцирам дека жената има брк, прочитај убаво :)
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Да бе, најмоќно. Јас сега се чувствувам ко Супермен. Не, не грешка сум, се чувствувам ко Чак Норис!
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Па го сфаќаме,и што сега?
    :D

    И јас мислам дека Шеќерка е мрсна...ама не потенцирав нигде.
    Упс,потенцирав сега. :D

    Нема веза,не навлагам веќе во вакви т.н дискусии.
    Не би да спаѓам на ниво да навредувам некој што е каде каде на повисоко ниво од мене.

    И така.Ајт позравЌе. :*
     
  17. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Ќе те молам повеќе да не ме цитираш, очигледно бараш непотребна причина за оффтопици.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Нека и е Господ напомош на Македонија, со ваква младина што толку се оптоварува со политика, иако две чисти нема. Не сум многу постара, ама на 16-17 години да се заморуваш со политика, мислам дека е ту мач, особено кога во ниеден сегмент во животот не те допира.
     
    На BoaVista, lolyta777 и n.a.t.t.y им се допаѓа ова.
  19. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    ВМРО-ДПМНЕ ќе тепаат и на вие избори, тоа е повеќе од очигледно. Мене лично ме интересира сите тие што ќе гласаат за СДСМ што очекуваат од нивен мандат наредните 4 години.Што замислувате дека ќе направат ако еве, сум грешка и тие победат. Проектот Скопје 2014 ќе го пресечат на пола , и еве скопјани нема да имаат убав и среден град, инвестицијата ќе оди џабе и се во загуба. Велија ќе излезе на слобода и комотно нема да плаќа никогаш данок во животот- ДЕМОКРАТИЈА. Името ни отиде курбан, со тоа се мени и устав- отворено прашање за уште поделба на македонија....Можам до утре ама подолгите постови не се привлечни. Сумирано - Што е тоа што ја прави моменталната СДСМ подобра од ВМРО?
     
    На sanjaeva, baguf4e, al-vik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Ај вака по ред...

    Проектот Скопје 2014 нема да се руши или пресече на пола. Јас слушав на Тв изјава само не се сеќавам од кого беше, дека ќе се консултираат со народот што да прават со проектот.

    Ако е Велија сега во затвор, тогаш, каде е Ѕинго? Дали ви е вам воопшто жал за тие луѓе што Ѕинго ги тероризира? Дали може да се мери Велија со Ѕинго? Јас не оправдувам криминал, кој сторил нека си одговара, ама просто се накострешувам кога е правдата селективна. Зошто да е Велија во затвор, а Ѕинго да не е? Иако се откри како го запоседна Кратово?

    Името ЌЕ СЕ СМЕНИ и да останат вмро на власт. Грциве ако сакаат има да не снема, а не пак за името. Плус ако стегне и ЕУ, Америка...

    Така да, исто ти се фаќа...
     
    На julie77, happynessss, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.