Важно за едно "лажеш како турчин" и протести имаше и реакции од владите и партиите па дури и во весници во Турција искочи . Да кажеше морон си ко македонец, реакциите ќе беа , па добро ок... ќе идеме ли на кафе утре? Тоа е разликата помеѓу Македонец и Остала нација... edit Вечер и Шекеринска ќе гостува во Канал 5.
Јас, како и сите останати совесни граѓани, сме тотално загрижени од изјавата на господин Латас. Како ли само можеше да упати таква “навреда“ кон една етничка група чијашто матична држава е најголем инвеститор во ИВЗ за радикализација и промоција на отоманските идеали во Македонија ( на ударни национални телевизии цел ден има турски серии). На тоа ли „Лажеш како Турчин“ сакаат да собираат евтини политички поени? Бедотии.
Реприза на вчерашниот дуел на Сител сега на Канал 5. Само оваа новинарка не е ''спремна'' како Латас...
Ne go gledav na kanal 5 duelot.Po vcerasnoto fiasko na sitel,pari da mi davaat ne planiram da gledam kako se blamiraat novinarite koi treba da mu ja davaat na narodot realnata slika vo drzavata a ne da lizat g*z na vlasta.
Е ова е бришење патос со новинар... Ајде да се собереме за да прават ДУЕЛ латас и Шеќеринска п.с. латас во сите постови го пишувам со л мала, не е печатна грешка туку е намерно
Мене ме интересира вмровците што ќе викаат сега. Имаат да кажат нешто на ова? А ако имаат дуел Шеќеринска и бившиот премиер, мислам тоа ќе биде најголемиот срам што може да му се деси на еден вмровец. Нема да знае кај му е газот, а каде главата
Ок, сите знаеме дека Латас одработува за власта, дека менувал страни за свои лични интереси, но тоа што никој не може да го негира е дека е алфа машко. Во буквална смисла на зборот. Дрзок, начитан, гестикулација, спремен максимално да го понижи својот противник, богат, успешен и така натака. Маж со којашто секоја жена би сакала да го изневери својот дечко. Негирај колку сакаш, но длабоко во себе и ти тоа го знаеш. Сител е најгледана телевизија, неговите вести предизвикуваат интерес и контра реакции. Тоа доволно кажува дека е успешен на капиталистичкиот пазар. Повели и победи го. Телма, Вести24, Нова и сите други опозициони телевизии воопшто не се различни од Сител, Канал5, Алфа. Само газдите се различни и партиите се различни за коишто одработуваат. Кога си видела на Телма некој да ја пофали владата во било што?
Жити се оди скриј се под кревет и плачи... Алфа маж бил латас ќе си умрам на млади години од вакви глупости, имај милост
Латас и Богатинова незнам што ги викаат на гостување во вести Заев, Шеќеринска и други од СДСМ кога не планираат да им дадат простор да се искажат, кога ги прекинуваат. И кога мислат на друг да му ископаат гроб, сами си паѓаат во него и Латас и Богатинова, бидејќи како домаќини не се однесуваат како што доликува, само се бламираат и прават циркус за гледање. За вчера можам да кажам дека такви навреди може да каже психопат, а не нормален новинар, такво непочитување на соговорникот може да се види прво на Сител, а после и на Канал 5. Со тоа се гледа кој е во право, а кој не, се гледа колку имаме слободни медиуми во државата. Џабе е извинувањето, кога во моментот не си свесен што зборуваш, кога си брзоплет, кога сакаш да се направиш паметен, а не си, не за џабе се рекло брза кучка слепи кучиња раѓа.
Не измислуваат афери на Телма колку стана имал другарот на баба му на некој вемеровец. Џабе се обидувате да кажете дека Телма = Сител. Секоја вечер на Телма имаш дебата топ тема, на која викаа и од дуи и од сдс и од вемеро. Ај погоди кои не идат на дебата и зошто? Ова го кажаа на Сител? Блокирани сметки на граѓани 2008 година - 1,620 2015 година - 77,005 Блокирани сметки на фирми 2008 година - 14,213 2015 година - 44,542
De kazi mi eden primer na nacitan covek sto se odnesuva seljacki kako Latas. Deka e bogat toa e tocno,uspesen da i seto toa go dobi zasto lize g*z na vlasta a ne zasto e pameten. Tuka ima mnogu zeni na forumot i de edna neka kaze sto bi go izneverila svojot decko/maz so prost covek kako latas.Osven nekoja po pari sto e trgnata,sponzorusa a pametna licnost tesko deka ke posaka takov covek.
Многу женски фаци од СДСМ плукаат и по Мијалков, но истите се имаат плескано со него. Не си во тој свет, гледаш тоа што си се сервира на телевизијата. Политиката е курва, соочи се со тоа. Залудно трошите време на нешто од коешто буквално немате никаков ќар. Имаат тие коишто се во врхушките на партиите. Правдата е релативна и желбата за моќ и власт секогаш ќе ја потиснува желбата за условно кажано правдата. Законот на супериорните и инфериорните.
За грев си испран мозоку, дур си млад врати се малку во реалноста. Најгледана тв била сител? Од кого? Од испрани мозоци, и што да им речеш ќе поверуваат. Земјата е рамна. Ок, рамна е. Шеќеринска е ѓавол, не е човек. Ок, ѓавол е. Утре слетуваат марсовци. Ок, слетуваат. И јас сега да се појавам на сител и да им речам сите да се фрлат, без да размислат (нормално немаат мозок, со што ќе размислат) ќе се фрлат. Тие што гледаат сител се како растенија, без мозок.
Од кај знаеш ти со кого се плескал Мијалков? Ти му ги ги бираш или секретар си му нешто, па му закажуваш средби?
Abe Mijalkov e lepotan pa redici se cekaat i kosi se korni koja poprvo da dojdi do nego..Of mori majko