Сметките за струја стигнуваат од Евн. Цената се формира не само од ЕВН, туку во цената учествуваат и МЕПСО и ЕЛЕМ. Од вкупната цена, 55% оди кај државните фирми, а остатокот во ЕВН. Последните зголемувања на цена не се заради зголемувањето на цената на струјата од ЕВН, туку заради делот на мепсо и елем. Бидејќи наплатата ја прави евн, целиот револт оди на нивна адреса, а власта мудро им го спопикува на граѓаните користејќи го нивното незнаење.
Ретко коментирам политика, но сепак добро е што има форум каде човек може да искаже мислење без да биде прозван или испровоциран. Подолг период државава е хаос, а за тоа се заслужни сите политичари (и позиција и опозиција). Но, она што мене најмногу ме боли е што народот е толку поделен, што го гледа само интересот на партијата на која слепо и верува, а не државава која реално отиде во неповрат...Не можам да се изначудам на тоа дека еден куп луѓе се радуваат што оној идиот Ванхојте си тера мајтап со цела нација. Едно е да се мајтапи со политичариве наши недозреани, а друго е да се мајтапи со цел народ. Мене ме боли кога некој го плука мојот народ, го омаложува и го множи со нула. Бејли глуми тука балансиран, а неговата скапана држва цел свет го уништи, уби илјадници недолжни цивили, дури и мали дечиња, а неговата полиција во САД убива само Црнци, се разбира балансирано. Од Европа ни праќаат дебили да ни ја уредат државата, затоа што нашиве политичари сите до еден (без разлика на партијата), ги интересира само колку ќе украдат. Имам блиски луѓе (роднини, другарки) во двете партии и само едно ќе ви кажам - де факто сите се исти. Еве неколку примери: 1. Моја другарка работи во новинска агенција и кога известувала од Собрание била сведок на тоа како пратениците од позиција и опозиција си седат на иста маса, насмеани од уво до уво, си муабетат опуштено и си јадат во собраниското бифе за ич пари (ако ние на пример плаќаме пица 300,00 денари, тие ја плаќаат 100,00 денари, а земаат пвеќе од илјада евра плата). 2. Моја блиска другарка е долгогодишен член на СДСМ, ја вработија во училиште и после шест месеци ја избркаа (истите тие од СДСМ што ја вработија). Иако учениците ја бараа, дури и потпишуваа петиција, ништо не се смени. 3. Кај татко ми и кај мајка ми на работа, во време на ВМРО, директорите поставени од ВМРО удрија по старите членови на истата партија. Па, директорот секој месец отпушташе барем десетина луѓе, а тројно повеќе ги казнуваше со намалена плата (15% помала, шест месеци). Во најголем дел од случаите, луѓето воопшто не беа виновни, а тоа и го докажаа, бидејќи судот после кратко време ги вратил на работа, ама сепак доволни се и нервозите и стресот што го преживеале. 4. ВМРО сега нема врска со она ВМРО што беше порано. Во оваа партија се пикнаа профитери од сите можни други партии, кои си ги користат фукнциите само за лично богатење. Можам до бескрај да ви набројувам луѓе кои не само што имале ВМРО-вска идеологија туку и со години трчале за партијата и уште се надеваат на било какво вработување. И луѓе кои добиле вработување за 12.000-15.000 денари ама низ нос им го извадиле или пак со години чекаат да добијат решение, а во меѓувреме ги држат во рака како корисни идиоти. Оние фините работни местам каде платата е од 450 евра па нагоре, не ги даваат на овие истрчаните. Тие се само за преообратени опозиционери или проститутки. Сума сумарум, погрешно е мислењето на јавноста дека ти треба партиска книшка. Не ти треба тоа. Ти треба човек во партијата кој ќе те вработи макар бил најгласниот критичар на власта. Или ти требаат пари, колку пари треба за одредено работно место не успеав да дознаам. 5. Нацијата се вознемири за интервјуто со Латас и Заев, јас не го гледав. Не ми се гледаше евтина престава на двајца фолиранти, чиј главен муабет бил кој повеќе украл. Мои роднини живеат во Струмица, во истата улица каде и Заев и го познаваат неговото семејство со години. Тој и неговото семејство до пред 20 години живееле скромно, да не речам сиромашно, со еден полураспаднат автомобил застава 101. Сега не знаат колку пари имаат. Латас исто така дебело си го наплати лаењето, порано за СДСМ, сега за ВМРО. Чисто за споредба, повеќето семејства во Македонија живеат од плата и на кредит купиваат се освен храна и никогаш нема да го достигнат богаството на Заев, Латас и останатите политичари, олигарси и платени новинари. 6. Се утепа народов радувајќи се на специјалното јавно обвинистелство. Јас не сфатив зошто. Прво поради тоа што е паралелна инситуција која треба да трае краток период, а второ, поради тоа што почнаа бомбастично со глупости, па издишаа. Значи, целта беше мачкање на очи на народот. Јас ќе се радувам кога ќе има обвинителство кое ќе ги гони и сите лопови без разлика од која партија се. Па, ќе почне од Бранко Црвенковски и олигарсите од времето на транзицијата, ќе продолжи со Љубчо Георгиевски (кој без ден работен стаж стана премиер, а потоа и еден од најбогатите во државата), па Васил Тупурковски, Владо Бучковски, Петар Гошев, Хари Костов и други од периодот 2002-2006 и ќе заврши со Заев и овие од власта (во сите ешалони). И не само да окапат во затвор, туку и да го вратат сето она што го украле. Значи, правдата не смее да биде селективна. Притоа, за злосторстав против државата треба да лежат оние што доделија 150 000 државјанства на Косовари, па го потпишаа рамковниот и ја скроија територијалната поделба и со тоа ја уништија нашата држава. Патем, многу ми е жал што повеќето Македонци се исмеваат со нашите сограѓани Македонци во Пустец, им пречи што добиле лични карти, а не им пречат 150 000 државјанства и тоа што масовно со авиони доаѓаа на гласање кога требаше Кичево да добие Албанец градоначалник. 7. Моја роднина, чиј татко беше на директорска функција додека беше СДСМ на власт, вели дека не може да се изначуди од каде пари на сите тогашни и сегашни функционери за да може да имаат по неколку стана и автомобили, да шетаат по светот и децата на сите до еден да студираат во странство (бидејќи лично се познава со некои од децата на горе споменативе). 8. На крајот на краиштата разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е во тоа што СДСМ само крадеше, а ВМРО-ДПМНЕ нешто изгради, за да не испадне дека само краделе Од друга страна пак, ВМРО-ДПМНЕ има толку глупости направено (екстерно тестирање, хаос во администрација и куп неписмени кадри (плус дрски), даноци и такси на се живо и диво, извршители...) што на СДСМ немаше да му текне ни за два мандати. Патем, резултатот на конфликтот помеѓу СДСМ и ВМРО е парализираното судство, кое го отежнуива животот на обичните смртници. Стотици судии во сомнителна постапка се избрани во еден ден во време на СДСМ, и сега за инает на ВМРО го малтретираат народот (ама само народот, не политичарите). 9. Највеќе ќарија сончогледите (и такви познавам) - тие се со секоја власт, способни да се вовлечат во сечиј за*ник, за нив нема зима. Тие така ќе си менуваат партии до смрт. Во ВМРО врие од такви. Тие се првите што ќе ја напуштат партијата кога ќе почне убаво да тоне и ќе станат погоглеми СДС-овци од оние кои се 20 години во таа партија. Техничкиве министри и се ова техничко во расконструрана држава нема да го коментирам - немам сила. Сума сумарум - најтрагично е за обичниот смртник. За него и да се смени власта и да остане истава, ништо нема да биде подобро. Пак партиите заеднички ќе крадат и ќе си местат тендери, а пред нас ќе глумат крвни непријатели. Само ќе речам врана врани очи не вади. Јас неколку години по ред не гласам на избори. На овие можеби ќе излезам да го ишкртам ливчето, да не ми го злоупотребат. А, ќе гласам ако еден ден се појават некои нови лица, кои ќе успеат да ме убедат дека се чесни, кои ќе ги ценат работниците и ќе вработуваат нови поради нивниот квалитет, образование и професионалозам, а нема да вработат секакви идиоти и сончогледи и нема да бараат пари за вработување.
Ми истече времето за редактирање, па да се дополнам со нов коментар во врска со последниов мој пост горе 10. На митинзите што беа во мај лани, беа пристуни и мои братучеди (секако, под присила). Едниов работи за 12.000 во фирма на олигарх од СДСМ и не сакал да оди, ама морал и тоа заедно со сопругата и децата. Мора и да постира за СДСМ на фејсбук иако тврдам дека да не му е загрозено работното место, никогаш не би постирал и коментирал политика. Другава работи во градинка (преку ВМРО), без решение и исто така мора да постира на ФБ, да оди на сите митинзи и собиранки, повеќе трча за партијата отколку за дечињата, што е страшно. Заклучокот е - тешко на нас што немаме ниеден фукционер во фамилијата и никаква "врска", па вработување за солидна плата ни е мисловна именка и опциите ни се или да работиме во маркет или друга приватана фирма за 10.000-12.000 денари и да ни ја извадат маста (пошто фала Богу, на било која влст ич не и е гајле што се случува во приватните компании) или пат под нозе што подалеку од тука.
Ова што се случува во македонија е трагикомично, го нема ниту во најзабутаната земја во африка, го нема ниту во авганистанската политика, нашите политичари ако имаат грам совест и чеат треба да си ооднесаат трајна оставка и да се иселат од македонија.бидејќи На крај по се изгледа ќе се аболираат за сите измами и кражби и се ќе се сведе на било што било, избори ќе има ќе победи сдсм, вмро ќе остане неказнето за ништо а сдсм ќе продолжат онаму каде што застана вмро да се искраде она што остана. Хахахах, дефинитивно треба под хитно да се иселам, само пасошот да стигне. Поздрав
Не можам да го сфатам овој македонски синдром на глупавост... Сега, оние таму ставиле двоглав орел од неколку метри....епа кој ги е*е, ние ќе ставиме сега крст и тоа пет пати повисок... Ова му доаѓа како...ти си ми ја из**ал жената ама мене ми е поголем...
Ova so orelot I krstot se dogovoreni raboti I proceneti, se e vo idejata a razvivanje na nazionalizmot I mamka za galsaci koj se impulsivni I kratko vidci, odnosno: 1. So orelot se jaci albanismot; 2. So krstot makedonizmot, 3. Dvete da se custvuvaat zagrozeno I vo opasnost. 4. Albanci ke se naklonat kon DUI kako pomalo zlo kon pogolemo.samo oni mozt kontrq vmro. 5.makedonci kin Vmro, samo oni sposobni kontra albancite. 6. Se razvivaat megju etnicki sudiri. 7. Se jacat partiite na vlast. 8. Pobeduvaat na izbori. 9. Sednuvaat ddui I vmro si cestitaat kolku bile itri, pravat mir mir nikoj ne e kriv. Se dodogovaraat. 10. Oni se na vlast, bogati I srekni I na Sloboda a narodot po siromasen, omrazen I skaran.
Па и кулите Џевахир, иста философија. Они го дадоа земјиштето за градење па истите од Светски мак. конгрес донираа за крстот. (Некаде прочитав дека личи на џиновска сушара за алишта) Вчера чув дека истиов смк донира пари и за крстот во Бутел.
Абе тие СМК, излегоа милијардери... крстови, споменици, донации...а ги избркааод просториите оти не плаќаа кирија
Знам дека вмро и дуи се нервозни оти нема избори да има на 24ти и се молат да не креираат пак глупи сценарија бидејќи тоа веќе не поминува,..... ајт...
Вмро едвај чекаат да почнат немири, протести и тепачки, за да нема избори. Пошто тие сакаа април ама ете се реши подоцна, и сега за да нема избори ни тогаш ќе почнат немири. Нив баш во полза им се и крстови и орли да се градат, за да ги подбуцнуваат и едните и другите, за да има немири.
Inicijativa za sleden pretsedatel na Vrhoven sud ili Ustaven sud ili minister za pravda da bide Pocituvaniot pravnik vo penzija, ex polkovnik od ARM, podnositel na 1200 inicijativi za protivustavni zakoni so 333 prifateni Gospodinot Stamen Filipov
Место да ги осудите оние што не дозволуваа крстот да се постави, и колку цркви не се изградија ради нив, на некои луѓе уште вмро им биле криви. Е па така еден ден во држајванството нема да ви пишува Македонец, и тогаш грујо нема да ви биде крив. Еднаш за ништо не се обединивме барем како нација да се одбраниме. Никој не ви е крив што сте се родиле во Македонија.
Крстот на Водно може да се види од секоја страна на Скопје, ете и во Аеродром направија, не е доволно? Што е наредно? Ѓорче, Катланово, понатаму? Орли од Чаир до Сарај и назад ли? Сигурно и дека не може да парираме на светските градови со врвна архитектура, ама па сигурно може да се инвестира во општо добро. Во здравствени и образовни институции нема најосновни хигиенски услови. Еве да бидам посликовита, г**** залепени по плочки, афти добив кога влегов. Што е до мене би оставила една џамија и една црква, икони и клањање по дома. Не може од народни пари да се троши за нечии болни хирови и иницирање меѓуетнички и меѓуверски провокации.