Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Ок е блу друга беше темата, за тоа што можат македонците да направат а што не можат заради виша сила. А распределбата на државните средства е друга тема, инаку нашите институции од времето на Тито не беа чепнати нормално дека неможе наеднаш да се направат, преку ноќ ама дека се направија премногу школи, болници, градинки неможе некој да каже дека не е така.
    Инаку за орлите и крстовите еве и јас се согласувам со тебе нека има по еден. И барам и од Соборен храм да стават дваесет звучници и појачала и нека почнат и овие нашите да пеат, барем глават скрос нека ми биде натапанета. Секој ден и така слушам на цел глас нешто што не го разбирам, кад је бал нек је маскембал.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Немам ништо против, може и другите ќе се опаметат дека Бит пазар и Чаир не се исламски посед, и дека некој може мигрена да добие од тоа пеење, кое патем се слуша до кај мене (иако не живеам во тој дел).
    Не сме сите верници, не сме сите окупирани со национални обележја. Не знам како може властите да наметнуваат ваква финансиска распределба на народни пари.
    Мислам дека и на дуи ќе им дојде овојпат крајот, доста со тие фарси на албанштина, кога се обичен дворски шут на вмро.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кај сте сега да протестирате за крстот ????
    Повеќе се буневте за Латас ко рече за Турците, отколку сега.
    Зошто Македонецот секогаш лижи туѓ газ, а на својот очите би му ги ископал?

    А, треба ли оправдание за ставање крст на наша територија, на христијанска земја ??????????
     
    На Ethrnity, Rama и Lefk им се допаѓа ова.
  4. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Немате две чисти од политика...колку ви го имаат партиите испиено мозокот....
    Ве заболе сите и за крстот и за орелот...
     
    Последна измена: 29 февруари 2016
    На JuLleE, anakonda88, blueberry93 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    А ти дојде да ги просветлиш? :D:D:D Боже божеее
    Ај да не кажувам за што те заболе тебе :worried:

    Ај крстови и месечини, ама двоглави орли што бараат на наше парче земја-Македонија?

    Туку добра идеја ова со звучници и во црквите, па кога е весело нека е весело за сите. Дури и за оние што имаат две чисти од политика и три од карти-пет, така ли е нинџа, добро ли пресметав?:D
     
    На Silver.E, Rama, ninja35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    не заболе богами :mm:
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    ај бе не ме заебавај....што мајка има потреба на сред кружен тек да се става било да е крст, полумесечина, орел, лав, глушец...
    И верските симболи и симболите на некоја заедница си имаат места кај што им доликува да стојат а не на раскрсница и не за инает или провокација на другата заедница....
    Ова е класично мерење на стаповите, чив е поголем....
    Ти верувам...особено ако имаш свртен звучник од џамија како што кажуваш... Јас би земал снајперот и ќе ја гаѓам од прозор...8)
     
    На JuLleE, poenta, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Шефе шибер е! :D

    Ај кажи му го тоа на Ахмети, не се сили тука на христијанска нација. Оди кажи му-што е ова бе орел овдека у Македонија, каква врска има орелот со Македонија, а Али бе?
    Некако покажувате заби само крстови кога се прават а за орли и џамии ве нема никаде да писнете.
    Сега го начека Проливер као газда па капчето на друга страна го сврте, ама кога нема да има техничка влада, немој да си зуцнал после супер е крстот уааа орли.:D

    И чив е поголем?|(
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Не те прочитав во изминативе две недели...пред да се случи ова со крстот,додека беше поставуван постаментот за орлето и после тоа и самото орле...
    Или чекавте наредба, а ....
     
    На JuLleE, blueberry93, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Дуи и Вмро си играат бесилка
    [​IMG]

    Смешно е вмровци да коментираат за крстови и орли кога гласале за партија која е во коалиција со терористи... ви се молам.
     
    На cresa-jagoda, JuLleE, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Драго ми е што ме следиш и што знам дека имам така верен обожавател. Да знаеш, мирно спијам како јагне, абе така безгрижно, мило. И не пишувам, чекам само кога ќе ми се обратиш лично, тогаш заборавам и на партии и да јадам дури.:D
    Те видов и на настанот на осветување на крстот, џабе се криеш, знам дека будно ме следиш и без да чекаш наредба од проливер.;)
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    бев, не кријам...;)
    само бев во друго својство...:bandit:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    259.402
    Пол:
    Женски
    Твитер заедницата е ептен брза во реакцијата ама се поставува прашање, за сите ли ќе собираме. Утре ќе е друг, трет...за жал. Исто како за донациите за лекување...
    Секогаш сум да се помогне ама мислам на друго место е проблемот. Во системот, во политиката...
     
    На JuLleE, MilaP, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Ти стварно абер немаш од политика, сдсм со кој беше во коалиција во нивно време???
    Значи само да се каже нешто, муабетот ветар во магла сакаш не сакаш мора да се коалицира, МОРА кај нас.
     
  16. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    На Elissa, blueberry93 и ninja35 им се допаѓа ова.
  17. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    [​IMG]

    Ако ништо друго, барем човекот нема да двои од лебот за да плаќа казни за продавање коприви, како и за марулите на другата госпоѓа.

    :sun:

    Мора вака, 100 денари- едно кафе ништо не не' чини. Не е трајно решение, ама барем дур еднаш засекогаш се решиме од ова криминално зло што не опкружува.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Сега наредна акција за собирање на донации треба да е за Миуе Јанакиевски...
    Душиче...речиси година дена не е министер, нема ни едно тендерче лапнато...:(
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Ваквите што продаваат сваштарии на пакети насекаде по пролази, влезови, надвор од зелените пазари и заслужуваат вакви па и поголеми казни. Дивите продавачи ретко биваат казнувани за вакви работи, ама во случајов постои веројатност некој накурчен станар да викнал инспекција, бидејќи озбилно иритираат и оневозможуват нормално движење распостеланите пакети, кофи, вреќи, саксии и што веќе не.
    Работата е друга. Телма лаже суши! Во документот убаво се гледа дека човеков не продавал на пазар како што лаже новинарката, туку на платото помеѓу Бисер и Тинекс. Пензијата не му е 10.000 туку од документот се чита јасно 12.000 денари. Телма која постојано вели дека ќе обелоденува криминал сега штити сторители на незаконски дела?
    Разбирам немаштија, ама кај нема и за гревота е уште се сили чичево пак ќе продавал, демек заеби закон, инспекција, казни. Е вториот пат нека го рокнат 500 евра па да свика и прес конференција за медиуми.

    А па овие од твитер баш ме интересира што и колку ќе соберат. А ако веќе донираат, фино, културно нека му уплатат за годишно користење една тезга на човекот, нека тера бизнис и не 200 туку 2000 дневно да вади. Легално, без стрес и без да биде искористен за политички цели.

    Не ми текна пред дваесетина дена за казната за паркирање да им се јавев на Телма. А па тек на твитерашите. Па невладини. Богдановиќ оставка ќе си дадеше и казна и све ќе поцепеше. Која сторија остана нечуена и пропуштена.

    Од коа ќе завршат со чичко Мичо, еве предлог твитерџиите нека се организираат и нека му го купат оригиналот на дечково: Нарачал брендиран часовник на интернет, добил пријава за увоз на фалсификувана стока
    И му праќаат ли одвреме навреме по кило кебапи и нешто ракииче на мераклијана од Велес што до вчера не го вадеа од уста демек штета е наркоманчето да лежи 3 години за украденото мељано месо и ракија?

    @Yipman2, чисто процедурално, икс - точка е ова.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Јас ви гарантирам дека ниту една политичка партија во Македонија нема да ви најде девојка, дечко, љубов, среќа, мир и пријателство. Затоа водете љубов , а не војна, не ширете омраза оставете им го тоа на будалите и фрустрираните. Излезете на сонцево, прекрасен е денот, наполнете ги батериите и подарете насмевка на сите оние кои ќе ги видите на улица. Ќе приметите дека таа насмевка ќе биде "заразна" и веднаш ќе ви се врати со истата. Од политика и политички настани никој не нашол мир во душата.
    Поздрав
     
    На Vori и Rama им се допаѓа ова.