Јас Орце пола не го разбирам што збори! А срам ми беше да ве прашам да не имате линк од снимкава, вие сте ја анализирале
Неееее... тоа оне американчишчана и еврогејциве сакаат да и наштетат на македонија .. посебно да ги оцрнат сите наши патриоти шо парите си ги чуваат на сигурно а не кај нас да им направат како ТАТ и.... и за после 10 години да си имаме наплив на „странски патриотски“ инвестиции .. За Македонија да оди напред... а не.. да стоиме в место ко со приватизацијата шо направија... Срам да им е !!!
Уште знаме соросоидно ти фали да развееш,мајќе ми. И тамам си дете Место да кажеш,греота. Луѓето се изнаработале, пробале нешто да заштедат,да створат за фамилијата и види шо им прават.Јавно бербатење. Убаво ли е тоа? Тебе убаво ли ќе ти беше,м? Ама искрен биди.
Ова сакав да го доловам некој мариовец заминат во АуСРАлија пред 45 години и неговото поимање за ваквите заштеди со парите на граѓаните Знаеш ти дека се зезам... само ме провоцираш.. сакаш да извлечеш нешо екстра
Што некој од новите министри имал само 26 години? А јас пак се чудев зошто ние од 30год. неможеме да си најдеме нормална работа. Па ние за во пензија сме биле, не за вработување.
Не се чуди. Оној,министерот за надворешни на Австрија, Курц, 26-7 имаше кога стана министер... во американскиот сенат имаш и 18 годишници Некои луѓе се родени да владеат... и без дипломи и се што ти,јас останатите... демек, мораме да имаме. Тие критериуми се измислени само за нас, стадото
За жал не е прв.. дај боже последен да биде!! Претходно, заменик министер за финансии беше некое бате од Зајас со тукушто завршен факс.. тековно бил на постдипломски. До сеа ваљда има и докторирано чоекот!
Нема фантомски гласачи т.е. сите сме си фантомски гласачи. За да нема забуни, на денот на гласање, задолжително ќе биде носење на фантомка, се со цел легитимни и кредибилни избори
Избори нема да има, многу веројатно сега,така да..не се сеќирајте.Проблемот со фантомите е од ехе... на секои избори за истото се труби, за секои избори се чисти и никако да се очисти.
Овие треба да се лечат ако пак ги зезнат изборите. Не се здрави, опозиција да бојкотира до толку избори ни видено ни чуено во светот. Нека кажат Зошто го прават ова, која е нивната позадина и намера, не дека за режимот им е гајле. Тие кој режим го воспоставуваат со ова однесување недораснато. А инаку на другарката моја мајкаи и таткои се во списокот на фантомски гласачи а цел живот гласаат на исто место и ништо не промениле во животот. Очај, па и оставки си поднеле божем ги избра некој, како може да не почитуваат никаков договор тие бараа да влезат во Владата, и влегоа не за да се к..чат туку да се спроведе она што го договорија.
Што е муабетот со оставките од СДСМ? И они да не останат покусо од ДУИ. Излегуваме од Влада, па ќе дадеме нови деца да си играат?! Смајли што се крсти!
Избори тешко на 5ти Јуни дека ќе има, читам уште ќе им требало време да прочистат фантомите.. Едните едното другите другото. http://24vesti.mk/dik-soopshtuva-rezultati-od-terenska-proverka-na-izbirachkiot-spisok А за оставките образложението било... http://24vesti.mk/ministrite-i-zamenicite-na-sdsm-podnesoa-ostavki Собираат поени за пред избори ми е ситуацијава. А да и на судијката и се слошело додека Брклијана давала искази, ееее сеа гледа како ни е на нас 10 год.
На сите судии ќе им се „слошува" сега Абе, и ова со финансовата полиција. сеа им текна да се разработат ( а спиеја до сега ), па на „Мост" им нашле сомнителни сметки - ама не било од политички причини Циркузијада до недоглед, тоа е нашата политичка сцена !