и што ке се дешава сега?? Вмро сами ли ке одат на избори?? Собранието се распушти и избори треба да има , ама што ке се случи ако стварно Сдсм не учествуваат на изборите?
Ваљда Дик ги чекаат сега. Уште нема од таму официјален став. Според ситуацијава така излегува избори ќе има на 5ти без сдсм.
Заев многу нервозен и напнат изгледа на пресов, ми се чини дека амбасадориве цел ден го убедувале да се појави на избори...
Очекувано, нема сеуште прочистен избирачки список и џабе е да се иде на избори.... пак иста приказна како 21 Април... И сеа се разбира едните портали ќе пишуваат едно другите друго, едните со другите ќе се навредуваат и ние ќе губиме месеци и години од животите додека демократијава се врати во државата, може нема ни тоа да доживееме. Мислам дека многу се тупи, нека се врати на бомбите најдобро....
Не сакам да ги слушам бомбите,јас. Немам потреба од силењето на ЗЗ по прес-конференции. Сакаше да ги искористи за да седне на преговарачка маса и во влада...доби,седна и СЈО се формираше и веќе функционира. Ништо повеќе околу бомбите не ме занима од „гледиште“ на ЗЗ. Ме интересира работата на СЈО понатаму. Правна разврска, не политички препукувања за подобра позиција.
Ние мислевме амбасадорите ќе ја завршат работата за нас. Ама по се изгледа ќе мора навистина народот да се праша ама и сам да одлучи. Се дури не излеземе на улица вакви циркузи ќе ни се случуваат.
Кој ќе излезе на улица?! Народот мирно спие - такви бомби се изнаслушавме и никој не изреагира. Види ги овие во Исланд. Лом.
Отсекогаш сме биле такви... не може друг да ни го реши ова, т.е судбината на државава... ни дадоа пробен период од 25 години, видоа дека не ја бива... допрва што ќе биде, којзнае.
Тоа е тоа, затоа сме на ова дереџе. Знаат и политичарите со кого си имаат работа па затоа и вака се однесуваат со нас. Нели народот си залужува власт каква што ќе си одбере
Сите ние сме државата. сте излегле некогаш на некој протест?! Сите јаки на зборови, а кога ќе дојде време на дело да се покажеме, гужва е, да не има нереди...