Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Во вакви ситуации најмногу мразам активисти и луѓе кои се сликаат за на социјални мрежи со кренати раце во вис и желба да бидат дел од револуција.
    Па и да живееме во најидеалната држава они би биле вечни протестирачи.

    Исто така мразам луѓе чија агресија кулминира на улиците. Луѓето си имаат друг проблем, не им е до толку дојдено. Мажот оди према полицаец, го удира, овој му одвраќа грубо и застанува мирно, па јакиов му вика - пичко ќе те најдам утре, ќе те пребијам. И ај сега?!?!?!

    Мразам и драматични луѓе во паника кои активно и агресивно ретвитаат, испраќаат драматични пораки кои алудираат на смиреност (а тоа го прават панично, што не предизвикува смиреност, ами уште поголема вознемиреност), па како имаат информации од полицијата дека им наредиле ова или она, па предупредуваат... Живеат во драмата човече, како се битни. Врвот на идиотизмот е како пренесуваат дека нивнот брат/татко/вујко/братучед им кажува што му наредиле, а ја извршува должноста со која не се согласува... Ало... кој прв ќе го тргне шлемот, кој прв ќе го тргне панцирот и ќе го тргне пендрекот?! Дали сте свесни која иронија ја кажувате? Јас просто се сомневам дека е точно, ама во хаосот и вашата еуфорија да сте битни, сешто ќе измислите. Да му кажете на тој ваш штоидавие да не ви пренесува многу, многу, туку да ја симне опремата ако е маж и да ги мотивира своите колеги, а не да се крие под плаштот МОРАМ ШТО ДА ПРАВАМ, до тогаш... ништо. Чуму предупредувањето?

    Мразам луѓе кои евидентно ги возбудуваат вакви работи. Језиви се.

    Трагично е ова да се гледа.

    Трагичен е башибозукот на Грујо, изгубеноста на Ѓорѓе. Одвратно е нивното богатење, егоцентризам, особено на Грујо. Човек со прецизна дијагноза. Па луѓе бре, после ова да му се одземе се што има и да го пикнат во затвор, тој има потенцијал да изврши самоубиство. Вака ви делува за стабилен, ама тоа е човек за под посматрање. Човек психопат со биполарно растројство.
    Трагични се идиотите кои мислат дека сериозно се дел од некаква организација, дека ВМРО е организација. Имаме дома конзервирана кама од прадедо ми, па ми оди да им отидам па со камата та по глава па по грб, зошто се превртува во гроб од нив.
    Која патологија сте вие бе ало? Во што верувате?

    Ма многу трагични работи има...

    Кога излегувате на протест, оставете си го мочаното его дома. Ок?
    И прекрасната новинарка Јоци со нејзините егоцентрични и нарцисоидни испади кај е и што прави по протестите. Да де известува, новинарката со непотврдениот потенцијал.

    Каква држава сме ние. Каков народ сме ние. Грст самозаљубени идиоти.
    И да се смени оваа власт, се додека искачате заедно со егцето на протест, нема да не биде, зошто поаѓате од позиција ЈАС, а не НИЕ.

    И знаете што ми е најтрагикомично?
    Што една од најфотографираните девојки на протестиве е дете на директор од една огромна македонска компанија која ја покрадоа во времето на Бранко, ја сотреа во времето на Љупчо, а ја допарчија во времето на Грујо од страна Мијалков. Татко и беше еден од крадачите и нивиот двор е полн со мермер од наши пари. На вакво дете да верувам дека е воспитано во морал? Мајка и со партиска книшка на СДСМ, а верувам дека и она не е поарна.

    Опаметете се и до кого стоите на протестите, не сите се бориме за истото. Некои се тепаат пак татковците да им крадат, а мајките да им се докопаат до пратенички места, па и они нема да бидат поарни.

    Нема потреба да се мавате во гради колку сте, како сте, каде сте, што сте кажале, кој потег сте го направиле (леле дечкото што отиде да му се потпише на полицаецот со црвен кармин...дали да умре човек од смеа или да плаче од жал, атеншн хорс). Не се работи за вас и вашето присуство и што интересно ќе направите и колку ќе покажете дека сте гневни, се работи за сите нас.

    И до кога ќе ве држи? До првата понуда за Неа пори за 50 евра?

    П.С. Јас имам модрица во слабината од вечерва и скината блуза, дали треба да се сликам за на фб?
    Дали треба да пишам статус?
    Дали треба да направам драма?
    Дали треба да зборувам за неговиот крик по телефон- пичка ли му матер, ти реков да не одиш, ме дискредитираш и мене. Или кога заминав кај моите и мајка ми почна да лелека, а татко ми вика ем ми е жал, ем не ми е, жал ми е што те боли, не ми е зошто си била, не е голема жртва.
    Ме удрија зошто тој што стоеше до мене мавна со камен, тргнаа по него, а он ме фати за ракав и ме бутна мене. И ? Ова се луѓето со кои треба да се борам за нешто? Маж, дечко... бутка девојка за да го спаси својот гз?

    Тука ќе ви пишам, чисто да не мислите дека јадам трици уз кока кола по дома. Зборувам за она што го видов, по фб да пишувам и слични ми ти, не е мој стил, а и не се работи само за мене. Јас сум тровче и небитна. Ама опаметете се што правите и зошто го правите? Ме заболе тасе за вашата битност и колку сте вие јаки борци и револуционери.

    П.С.С. Сега некој ќе рече, ако и е штом излегла.
    Не излегов за драма, не излегов за партија, излегов затоа што верувам во нешто.
    Ама од утре, не.
    Фала, ама не фала. Тој еден не ги дефинира сите, ама мнозинството секако го одразува. На едните им е криво што нема да крадат више ако ги тргнат, на другите им е криво што не се они во позиција да крадат.
    Ова денес ми беше уште еден доказ во тоа дека ние сме нација нарциси и психопати, нешто кое што одамна го утврдев, ама не сакав да верувам.
    А вие утре што ќе излезете, запрашајте се за што излегувате и со кое верување одите?
    И се што е со слика од себе на протест на фб ќе го избришам. Бљувотини низаедни.
     
    Последна измена: 14 април 2016
    На kjukli, mimiiiii, SilviaM и 23 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Епа кој е глуп? Сдсм и неопределените убаво излегоа на протест, и наместо вмро да се придружат, да се сплотат, да се направи најголем протест,тие што направија? КОНТРА ПРОТЕСТ... Ми иде да земам и да се обесам клколку глупи се вмро. Демек и тие се против одлуката а тие така сакаа да рече, уште будали не прават, и контра одат. И лани ова време вака се случуваше, протести, немири и на крај Куманово. Сеа пк грујо ќе смисли нешто.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Машки
    Излезе на протест зашто како индивидуа веруваш во нешто бар така прочитав,па при крај кажуваш дека нема повеќе да излезеш зашто си разочарана од нарциси и психопати.
    По се изгледа не ти бил јак револтот коа после првата пречка се откажа заради некои позери кои секаде ги има где год да идеш,дал во театар,кино,џез фестивал,спортски натпревари etc.
    И дури на крај ја вметна целата нација од некое твое изолирано искуство као некој те бутнал да се заштити.Мислам дека измеша и баби и жаби
     
    На LollySky и Jason123 им се допаѓа ова.
  4. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Во 13,30 ч.најавена прес на СЈО
     
    На Jean-Baptiste му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Сега има состанок меѓу Хорхе со Бејли и Орав.
    Ај да видиме што ќе зуцне Хорхе :wasntme: по овој состанок.
    А во 13.30 СЈО има прес. Ееех, се надевам дека нема да се откажат по никоја цена и ќе бидат уште поупорни во истрагата за криминалнава банда која ја аболиција Хорхе.
     
    На ph.orhideja, galapce и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Машки
    Вршат некаде пренос?
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    И јас чувствувам невидена антипатија кон позериве по протестите.
    Уште лани онаа што се црвеше демек, и пуфлата пред мирен кордон со став во облик на буквата Ф.
    Одвратни сте. И досадни.
    А Хорхе треба ќотек да јаде, треба толпата да го дигне на клоци.
    Затоа што они се во состојба да ја направат Македонија да личи на Сирија по цена на власт, и тука повеќе нема компромис.
     
    На ЈеленаЏиш му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сендвич за тебе.
    И за тебе.
     
    На kjukli, Mishela, ЈеленаЏиш и 2 други им се допаѓа ова.
  10. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    905
    На Jean-Baptiste му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    По улица слушам двајца стари луѓе коментираат: Еј гледа ли што се случува? Сакаат насила власта да ја земат... :x:hai::x не можам готово... Како ги лажат стариве леле еј не можам да поверувам штоа се дешава. Појма немаат што се случува битно З. З. е крив... :o да им се покака грујо на улица, ќе фатат ќе лижат сите пошто ќе ги убеди дека тоа не е гомно туку мед
     
    На kjukli, softy1, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    Ова ти е многу опасна теза ако мислиш дека народот требаше да го ,,брани" крстот и да се тепа за работа која е толку очигледно дека е однапред договорена за да се стави министерот во небрано ни ваму, ни таму.
    Ако и оние што го поставија крстот беа искрени во своите намери зошто не отидоа да протестираат пред општина Чаир? Што не се собраа на пример 30 000 40 000 ,,патриоти" и да појдеа да го бранат крстот туку се одеше со мала контролиеана група колку да се покаже еве ние сакаме ама СДСМ се предавници и не даваат да ае гради крстот а со тоа се пренасочува вниманието од споменикот на ОНА кој нели требаше да го рушат оти е нелегален? Па што не донесе градот решение за рушење ако се искрени во своите намери.
    Така да тезата ти е многу опасна, навредуваш цел народ заборавајки дека си и ти дел од тој народ.
     
    На LollySky, azelea и Jean-Baptiste им се допаѓа ова.
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Narod Sam trebase da iskoci bez razliku dali e sdsm ili vmo kako sga sto iskacav. Da iskocese cel makedonski narod ne ke se zavsese rabota ss krs ovakoj. Ali aj svi mislite mesteno e sve pa I rabota u kumanovo a siptari polka polka ni gu zimav drzavu vi jos si mislite mesteno e sve...
    Sto ne se pobinila nekoj za spomenik od ONA sga nego neli toj e zabraveno vise pa VMRO I SDSM vi nareduev ajde kd pravimo protesti po Skopje. Ja za toj ne Sam ni za vmro ni sdsm. A ne vikam deka ne e takoj VMRO gi stiti siptari mnogo gi dozvolisva
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Дали ти разликуваш националност и религија?
    Прво и основно, црквата е одвоена од државата. Дали јас, нерелигиозна Македонка, сум помалку македонка од некоја православна Македонка? И зошто јас како нереллигиозна да излегувам и да бранам поставување на крст, кога со истиот не се идентификувам?
    Друго 13 е тоа што го сметам за сулудо поставувањето и мерењето курови по цели денови на релација ДУИ-дпмне.
     
    На LollySky и MilaP им се допаѓа ова.
  15. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    На страницата на 24 вести
     
    На Jean-Baptiste му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    А што очекуваш кога повозрасните луге имаат пристап само до провладините медиуми каде се пласираат такви небулози што е страшно, јас признавам дека не можм да издржам повеќе од 5 минути да гледам вести на Сител кога е Латас уредник, но проблемот е во тоа што јас имам пристап до повеке извори на информации и можам да форира свое мислење но постарите неаат избр и нормално е да им го сперат мозокот кога нон стоп сушаат едно те исто . Протестираат пред седиштето на СДСМ затоа што Иванов го помилувал Заев? Ај најди сега НЗС? Вероатно следно е да протестират пред СДСМ лугето кои се алергични на Амброзија затоа што ќе ги окриват дека они го садат ова растение кои предизвикува алергија на дишните патишта. Сега се засилени и со дронови и со такви работ со кои може да се манипулира со бројките на присутни на едните и другите и да се шири поуверливо нивната пропаганда..... Искрено ако им е кога за сиве овие години не успејаа да направат една телевизија во која ќе можат да ги пласираат своите ставови. Да, потребна е јака независна телевизија а не партиски гласил, но дали може кај нас да има независни медиуми? Јас мислам дека не, барем не од некој на кој бизнисот му е туа и зависи од оние кои се на власт.

    За да иронијата биде поголема тоа е скрнавење на верски симболи на кои не им е место на раскрсници туку на верски објект. Но во недостиг на мок да држаата си ги реши работите по закон се оди на тоа, вие поставувате споменици ние крстови па нардот неа се тепа.
     
    Последна измена: 14 април 2016
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Излегов како поединец, но од позиција НИЕ, а не ЈАС. Верував во тоа НИЕ.
    Убаво пишува на кого мислам, ако убаво читаш ќе забележиш.
    Пречка? Прва пречка?
    И ти си од оние слободари со глупи пароли кои вулгарно ќе ме стимулираат да протестирам небаре они се столбот и иницијаторите?
    Секогаш кога имало протести сум излегувала со желба за уште, до крај, ама ви се приодуваше на одмор и ја губевте силата и се пукаше како воден меур.

    Прва пречка? Во оваа држава мене ова не ми е прва пречка. Додека ти мирно си имал детство моето умре во страв и во целост ме промени. А потоа следеа многу други работи. За мене ова не е прва пречка, ами таа што ја прели чашата.
    И не, немој да ми кажуваш кој стои во толпата. На сите протести сум била и сликата упорно се пресликува. Мала е групата на луѓе која навистина сака промена, мнозинството се мазохисти кои уживаат во болката и вниманието, уметнички дури.
    Колку што видов не ми се случи само мене ова вчера, а сум гледала друг пат од страна како на други им се случува. Крвта што ја гледате не е само од полициски ќотек, туку во буткањето луѓето се удираат сами со себе и имаше доста раскрварени носеви од тоа.
    Оваа прва пречка како што викаш ти, е хематом со дијаметар од 20 сантими на слабина.

    Јас сум за промена и ја поддржувам секоја иницијатива, ама ке поддржувам парадирање, провикации, лаги како сте битни, не поддржувам да јадеме ќотек едни од други.

    Да, за да се заштити. И за тебе тоа е исправно? Ако тоа е принципот по кој ќе продолжиме да тераме, онда не очекувајте никакви промени во доследна иднина.

    Да, тука кревам раце од поддршка, утврдувам дека проблемот ни е колективен. А толпа угушува поединци, а на нив чест како исклучој.
     
    На kjukli, ЈеленаЏиш, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Нека се појави некој вонземјанин да не оправи,зашто вака како што гледам,ништо не правиме.
    И секогаш кога иде пролет мене ми се тресе душата зашто се плашам дека нешто ќе биде.А ние проклетници само за еден против друг сме ,против ближниот свој.И сакам да има протести и помасовни и тоа во цела МК,па не е МК само Скопје.Не живее народ само таму.Протестирајте,демонстрирајте што сакате правете само немојте да кршите .Не е силата секогаш вистински избор.
    Верувам дека се млади и адреналинот работи,ама зарем изговарање на зборот п.... е целта на протестиве?
    Ви се молам,зарем треба да креваме нешто во воздух за да ни се чуе гласот.
    Нека си оди Хорхе и Никола,нека си оди и Заев зашто преку глава ми е од него.Сите нека си одат.
    Си го повторуваме сценариото од лани.
    Гледам нема саглам водач,говори држат полуписмени луѓе од двата табора.Не оди ова вака.Кај ни се учените млади луѓе,елитата интелектуална ...или и таа наведнала глава над работното место во некоја институција и споделува мудри мисли на фб и твитер и по некој форум.
    Ма се нека се сруши,...и така македончето секогаш страдал самиот од себе.Одиме кон самоуништување.Само напред тоа ни е сигурно,само најголемите лапачи на богатство во Мк нема да останат со прстот во уста.
    Посакувам да се повтори 68-ма ,иако е различно време,да се знае кој ја дава власта во една држава и треба да сноси одговорност за своите дела.Дали е ВРМО или СДСМ ,сеедно ми е.Направил грешка затоа постои суд ,да си плати она за што уживал.
    Многу закаснив можеби сега и мене Хорхе ќе ме аболицираше,нели да се стопам во масата.
     
    На LivingGlam и azelea им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    На телма ке има директен пренос од СЈО ...