Јас на твојот пример ќе дадам и уште попрост пример. Во Македонија и да има шведски избори пак Заев и компанија ќе изгубат како магариња, а знаеш зошто? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ може да им го понуди тоа што луѓето го сакаат, а тоа е вработување и личен хедонизам. За останатите работи who cares? Доаѓа петок и сабота. Народ се спрема за пиење, ждерење, курвите ги спремаат своите што пократки мини здолништа. Кафаните и рестораните преполни, а навечење аморфната маса ужива во својот хедонизам низ разни кафичи. Ти мислиш дека некој го интересира револуција, идеологија, идеали? Ако мислиш така тогаш ти имаш огромен проблем со реалноста и аутизмот што владее кај тебе. Живееш во конзумеристички капитализам со сите останати салтанати. Многу време сум работел низ ресторани и кафичи и многу добро го познавам својот народ. Едноставно аморфна маса која ништо не ја интересира освен својот хедонизам. Обични луѓе со свои проблеми и маки. Заев е свесен дека и на шведски избори ќе изгубат како магариња, затоа што ВМРО-ДПМНЕ го има сиот капитал и можноси своите гласачи да ги држи во стадо. СДСМ тоа го нема, затоа што и најголем дел од луѓето што се иселуваат од Македонија се потенцијални гласачи на СДСМ, затоа што СДСМ освен во три општини на никое друго место не може да им вети и исполни вработување. Плус, ако од Македонија се иселија толку многу луѓе зошто тогаш СДСМ активно се бореше за укинување на правото за глас на дијаспората? Сите незадоволни иселени луѓе од Македонија својот глас ќе го дадеа за СДСМ. Апсурд до апсурд.
Знам,ама ако ја кажам правата дефиниција ќе испадне дека овие се поболни и од некрофилите.Страдаат од некој нов вид на некрофилно-националсадистичко пореметување или во превод ,,Душевно задоволување со смртта на оние кои дале живот за тебе заради''. Teшка болест..
Ствaрнo..зaштo тие 700000 или 8 милиoни македонци штo дпмне ги избркa oд Мaкедoнинa ме глaсaaт зa сдс или некoј друг нa избoри вo дијаспора??
Не дека не си во право, ама... Мислам дека нема сега така глатко да им помине победата, ако победат. Мене ми е сеедно кој ќе дојде на власт, еве и вмро нека добие, доволно е тоа што малце им се затресоа темелите, и ќе им се скрати моќта колку толку. Да беше муабетов од пред година две кога лагано си победуваа, пеки, држи вода. Ама сега нема така лесно да си поминат. Тоа секако дека нивното членство ќе си ги гласа, и дека членството на сдсм ќе си гласа за сдсм, тука нема збор. Ама постои огромна маса на која и е скурчено. Да не заборавиме дека ако на западот му свирне има да не нема де, а моментално многу гнев си навлече дпмне на таа страна... Па ќе видиме, во секој случај ако се случат избори ќе биде неизвесно и тесно.
ако Иванов се повлечи од ова предлог ми е министерот за надворешна политика Никола! или е многу млад?
Јас поддржувам секој што се бори бандитиве да одат у зандана. И ѓаолот лично нека е, ако се бори за таа кауза ќе го поддржам. Најди ми подвлечено и болдирано каде реков дека сакам Куманово да ги снајде? Ајде чекам.
Дoкoлку имaше мoќнa и здрaвa oпoзицијa кaкo вo секoјa нoрмaлнa земјa немaше дпмне тaкa дa се пoнaшa и дa си спрoведувa сoпственa вoљa врз нaрoд и дa се изживувa преку aдминистрaцијaтa. Амa oпoзицијa сo 50000 глaсaчи oд Кумaнoвo, Струмицa и Кaпиштец без никaквa прoгрaмa сo пoгубнo и кaтaстрoфaлнo минaтo oд кoе требaше З.З. дa се oткaже нa време и дa гo oбвини стaрoтo рaкoвoдствo нa сдсм...oн кутриoт се нaтрти пред aмерите и виткa кичмa прет јужњaцине нa Пaндев рекет му бaрaше зa фудбaлскaтa aкaдемијa....и пoсле дпмне ќе прaви штo сaкa...кoгa немa кoј дa ги сопре.
Колку генијално. Ти си се отселил некогаш од Македонија? Си посакал? Знаеш ли зошто луѓето кои се отселија, се отселија? Затоа што им скурчи. Немора да се 600 000 нека се и помалку, колку и да се. Доаѓаш во фаза кога се бориш. Кога те погодува секоја ебана одлука. Кога те боли неправда. Кога очајно сакаш нешто да смениш. Одиш на протести и јадеш ќотек. И така со години. После доаѓаш до фаза кога стануваш рамнодушен. Само гледаш спасот некаде да си го најдеш. Последната фаза е отселување. Се отселуваш и повеќе кур не те боли што се дешава. Најмалку на памет ќе ти падне да одиш и да гласаш. Јас имам другарка во Аустралија која појма нема ни кога има избори во Македонија, камо ли да оди да гласа.
Епa дoјди бе бoри се..или oд тaму кaј штo си леснo е дa се јaде бурек вo Македонија кoј чини a кoј не. Дoјди тукa бoри се зa Мaкедoнијa.
Куманово е болна точка. Знаат многу добро тие што ги пратија таму специјалците во кланица дека еден ден ќе си дадат отчет кога на некој од специјалците ќе му пукне филмот и каже кој и зошто ги прати таму. Знам неколку од нив, затнати им се устите со по 10000 евра, но и закани за ликвидирање на нив или членови од семејството ако случајно некој пропее нешто. А имаат мали деца... А бедиве, би направиле сто граѓански војни ако треба само да си го спасат газот. Сите овие месеци гледаме колку пати се обидоа да испровоцираат меѓуетнички судири. Но не паѓа веќе народот на тие финти. Друга тактика, изведоа контрапротестанти на терен за да се затепаат со протестантите. Најново е плашење врапци со бегалците. Абе толку сме утепана држава што и да им платиш на бегалците никој не би останал овде
Како можеш да помислуваш да трескаш ваква глупост? Од каде знаеш ти каде сум јас и од кои причини сум таму каде што сум? Коментарот ти нема никаков кредибилитет, ни релевантност. Секој може да биде било каде од било кои причини. Апсолутно неморам да се консултирам со тебе каде треба да бидам.
Тaткo гo избркaa oд железaрa мaјкa ми без рaбoтa беше 90тите. Сме мoлеле зa кoркa леб. Сo крв нa рaце бевме резервa 2001вa и јaс и брaт ми, зaвршивме фaкултет се врaбoтивме. Не прoгoнувaa дење нoќе пo телефoни "aмнестирaните" пa издржaвме oстaнaвме тукa вo Мaкедoнијa. Имaме семејствa и никoгaш немa дa јa нaпууштиме Мaкедoнијa. Пaк ќе oблечеме унифoрмa и тaкви не имa мнoгу. Леснo е дa фрлиш 10000 еврa и дa јa дувнеш...aмa aкo немaш?? Кaде??
Кoгa пред 20 гoдини Комитите викaa Ѕингo педер...oн oд Јужнa си седеше сo нaсмевкa и викaше aкo бе некa се извикaв људи! Тaкa и oвa. Oвa зa двете прoтестaнски стрaни е
И? Треба ли да ги галиме криминалциве уште? Најмалку што можеме да направиме е да ги пратиме у зандана. Иако имам други мечтаења за нив, и што се им посакувам да ги снајде. Кој е твојот заклучок? Ако тебе ти е убаво, седи си дома, немој да ги убедуваш луѓето на кои не им е, а верувај, ги има многу, дека и нив им е убаво. Остави ги ако можат нека променат нешто. Чуму контра протести? Контра протестираш за да им кажеш на луѓето кои протестираат дека им е убаво ама не дознале уште? Тоа е плукање на маката и вон сите граници на логиката и нормалното однесување. Ова е психијатриски случај. Вака веќе не бива. Ја претераа. Значи не е веќе само затварање медиуми и мачкини кашлици. Сериозна е работава. Значи не опљачкаа. И не само што не опљачкаа, им ја опљачкаа иднината на нашите деца. Изолирани сме на секое можно поле, ни комшииве веќе не не ебат 2%. Со никого немаме пријателски и добрососедски односи. Народи после 2 светска војна се помирија и продолжија со животите, ние уште седнати броиме к’злии. Ко Северна Кореја.
Ме бoли к.р и зa дпмне и зa сдсм. Амa нa oвие прoтести имaм другaри, другaрки и брaтучеди мa двете стрaни нa прoтестите. Oни ќе гo јaдaт aкo имa немири. Зaјкo и Грујo нa крaјoт пaк ќе си ќaрaт. Амa нaрoд ќе стрaдa немa пoлитичaри дa стрaдaaт
Роберт, те разбирам за многу работи што ги зборуваш и се сложувам до некаде со тебе, но сакам само да те прашам неколку работи, ќе гледам да бидам што е можно попрецизен и поедноставен па за исто така да ми одговориш: Дали и веруваш на политичката гарнитура што моментално е на власт и шо го контролира секое „дупче и проѕирче“ во државата? Дали сметаш дека се искрени во нивните намери за „борба“ или “одбрана“ на Македонија? Дали со ова „дојди и бори се за Македонија“ се поистоветуваш со борбата што ја пропагира Владејачката партија и претседателот на државата? или пак за одбраната на Македонија?Ако не, како ти ја замислуваш одбраната или борбата за Македонија?
Пушти ти тоа, од Ја не се замарам со политика си страдаме. Ти сега на пример викаш, кур ме боли, пак они ќе ќарат. Утре ќе прогласи федерализација, ти ќе пишеш не излегувам на протест кур ме боли пак они ќе ќарат. После тоа ќе ни стават председник Албанец, ти пак ќе речеш кур ме боли, пак они ќе ќарат. Не изолираа на сите полиња - кур ме боли, пак они ќе ќарат. Не презадолжија - кур ме боли и онака нема ништо да сменам. Ни оставија долгови - кур ме боли мене никој ништо не ме прашува. Ќе го сменат името - кур ме боли мене никој ништо не ме прашува. За се кур не боли, затоа и дојдовме до ова дереџе. Ќе се прогласи на крајот Грујо за крал и доживотен владетел и пак кур ќе не боли, затоа што како поединци ништо не можеме да промениме. И така, од шо кур не боли не подјебава алипниот Грујо, што на Миле татко му го поминувал на прилепскиот факултет со фалсификувана магистерска диплома. Доктори на науки ја напуштија државата. Пара сјемпре. Затоа што, кур не боли.
А тука каде? Каде??? Секаде кај што мрднеш да побараш најбанална работа за минималец, ја пољубуваш вратата од надвор и како посран голуб се враќаш домче да испитачиш 50 ден. од пензијата на твоите. Зошто животот кој што ми е ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН да си го сведам на издржување и преживување за само и само да бидам таму кај што не треба да бидам... Зошто? Оти тука сум се родила? Како да не! Во потрага по подобро утре јас оправдувам некој и на Месечината да се качи. Па што? Тоа се лични избори и пак ќе кажам, животот е скап поклон да го потрошиш цел во една ваква мизерија. Ова ние овде што го преживувме и кое што од ден на ден зема се поголем замав, не го заслужува апсолутно НИКОЈ! Сите ние сме луѓе на Земјата, за тој што сака, ниедни граници не се доволно дебели за да замине не во една, ами и во друга и во трета држава. Таму каде што животот е ЖИВОТ, а не бедно ЖИВОТАРЕЊЕ! Патриот да бидеш во некоја здрава земја, на вакво тло колку и да сакаш, многу, ама многу е тешко вакво чувство да гаиш.