А чекај,како неопределен немам право тоа да го спомнам? Па јас ја трпам нивната штета како неопределен.. Да,не беше ЗЗ ама беше БЦ.Ова у ствари требаше да им се случува на СДСМ периодот 2002-2006 ама не беше ДПМНЕ изгледа толку јако тогаш..
Овие речиси десетилетие како владеат ве-ме-ре-о, сакаш да ми кажеш, не се оправи работата? Последиците сé уште ти траат?
И едните и другите се исто срање друго пакување....Све тоа би запалила одвратни се. Газат преку све живо за да стигнат до таа мочана фотелја. Срање ни ја направија и државава.
Па траат.СДСМ вика бегаат младите.. па бегаат зошто скоро секој втор или трет родител од тие што бегаат млади останал без денар во џеб и ти што сакаш,груевски да ја направи Норвешка македонија одеднаш нели? Без разлика дали е он или некој друг... ти укради 10 милијарди евра ЧИСТ КАПИТАЛ,затвори 200 фабрики од кои пола се огромни,огромни комплекси каде што работеле по 13.000 луѓе и после нема последици... Ова се што се случува,почетокот и коренот го има почнато токму СДСМ.. само што у ВМРО имаше ка јанкуловска такви... исти како од СДСМ па ситуацијава денеска изгледа вака како што е.
Ти сигурно у тоа време уживаше додека цела Македонија гладуваше.Те разбирам.. секако дека се бламирам..
Читај погоре фала му на Господ и тогаш и сеа уживам ама ја сум реална. Све е тоа за во логор и да ги нема. ПС немој толку да си неопределен.
Секако дека уживаш... Неопределен сум зошто и тие и тие имаат луѓе кои се криминалци и тоа тешки.Само што овие плавиве се права сицилијанска мафија...
Па, тоа ти зборувам де. Вмро имаше доволно време и доволно власт и слобода за да направат многу. Да средат многу работи Не може вечно да се вади на тоа, „ама сдс..транзицијата“. А,почне човек да зборува за нивната корупција, нивниот непотизам, за уништените фамилии од нивните луѓе.. одма иста песна: ама сдс направија... СДС направи, затоа и изгуби власт, затоа е опозиција Затоа имаат нов лидер, кој демек се труди нешто... Имаше вмро и фини работи, фини проекти, ама... не се работи со подеднакво покварени апаши кои преку ноќ од голтари без дипломи станаа богаташи. За обична чистачка да се вработи, мора да е нивна, мора да се мољака и да оди на баци рака и да оди на секој протест. И не,не очекувам дека сдс ќе бидат поинакви. Ама доста веќе со таа иста вмро-вска песна, сдсм затворија сите фабрики дрндрндрн.
Аман бе луѓе, СДС, транзиција тра лалала Да не се повторувам, и неколку членки пред мене истото го потенцираа, ДПМНЕ е на власт во последниве 10 години. Цунами ја удри Јапонија, па нуклеарна хаварија, па за 5 месеци немаше ништо. Ние 10 години еден автопат не можиме да конструираме. Во '45 две атомски бомби им шибнаа, а сепак стана велесила. Немој да се убедуваме дека за 10 години ништо не можеше да се поправи, а пари имаше. И немојте да ги мешате Албанците, тие се луѓе како и сите нас, и имаше еден чичко сними видео пред неколку месеци кога беше исцениран некаков си напад кога кажа дека соседите и луѓето меѓусебе супер си живеат, сето ова е масло на политиката. Спинови на секој чекор, еве и денес, уочи еден од најголемите протести во Битола, еден од оние протести што ги мотивира Битолчани да станат од маса со недопиено кафе, некоја будала ја запали боровата шума над Лавци, а пожарникарите се во Скопје на контрапротест. Огнот се качи до Неолица. Политичарите не уништија тотално во секоја смисла, а вие уште за партии се расправате и во партии се колните, небаре Свети Петар и апостолите се.
Ти познаваш економија малце? Знаеш дека Јапонија и ТРЕТА СВЕТСКА СУПЕР СИЛА? Знаеш што е буџет од 2 милијарди со буџер од ТРИЛИОНИ долари??? Знаеш дека Токио има 25 милиона жители? Вие бидите уште ЛИБЕРАЛНИ,дарежливи кон сите па ќе се оправи можеби некогаш Македонија... Правиш споредба на Македонија која не е светска сила од времето на Александар,со Јапонија која е светска сила 200 годинини.
Ти имаш слушнато за „метафорично значење“ ? Интересно, Македонија има јавен долг од 4 милијарди евра, а во Белизе има 5 милијарди од македонски државјани. И да ти одговорам, јас сум либерална и отворена личност, не сум ксенофоб, хомофоб, не сум националист, јас ги сакам луѓето и сакам да живеам со сите. Освен можеби со партиски полтрони, продадени за сендвич и бесплатна карта до Скопје.
Аха... е јака метафора ти е! Немој да бидеш националист,и можеби некогаш,по 20 милијарди години ќе почне некоја држава да не почитува и нема да има ова што се случува денеска.Уствари немој ни Македонка да бидеш.Да не ти е тешко викам.. товар е..
Бев и се вратив. Ги прашав и полицајците знаат ли кого штитат.Не ми одговорија. А да,си купив и свирче од книжара. И утре пак ќе одам. За себе и моите деца.
Таков сум,закоравен родољубив националист... шта чеш... Се приметува дека си пола уживај.. реков да не ти тежи и таа пловина,затоа не биди националист.