Не ми тежи мене ништо, живеам поштен живот и пред сé не оправдувам злосторства врз мојата родна земја, предизвикана од шака човечиња кои си играат држава.
Вечерва беше помирно, имаше некои протестанти што сакаат да провоцираат ама ги "искараа" прописно. Него од коментари што читам, толку што запнале по тоа украинско сценарио и дека Заев го сакал. Заев ако сакаше украинско сценарио тоа ќе го направеше уште минатата година. Кога беа камповите пред влада, албанците му дојдоа на Заев и му кажаа јасно и гласно, пушти бомба смилково и уште вечер ја рушиме владата. Ама тоа значи дека ќе има жртви на двете страни. Епа заради тие работи, Заев иде на преговори, иде на договори од пржино, мировни протести и бојкотирања, еве и обвинителки и све, значи се бараат начини каде што ќе се симне диктаторот без да има жртви. АМА, диктаторчето не се симнува така лесно. Ниеден диктатор во овој свет не бил симнат со мировни протести и избори, ама ете се обидуваат и опозиција и другите партии што не се вмро и сите луѓе кој не сакаат крв да има на улиците, а како благодарност што добиваат, помилувања, тепања, закани, власта не дава оставки и ги боли уво за луѓето и така тоа трае веќе година и кусур... И сега прашањето останува што понатаму, избори без прочистен список подобро и да не ги одржуваме , џабе се со фантоми и починати и пустец, и што опции останувааат?!?! Која е таа опција што ќе остане да ја користат луѓето во борба против власта ? Вчера тие палења и тепачки пола беа од тие провокатори вмровски што ги праќаат , ама и другата половина беше гневот, луѓето трпат, ама тој гнев неможат сите да го контролираат, пробуваат сите мирно и љубезно ама за возврат добиваат среден прст и плукање.... и на крај уште ти лепат етикета , или си со вмро или со сорос трениран од ЦИА и пратен да прави нереди тука, жити све. И цел народ да излезе овие пак нема да си идат , ќе седат таму и ќе си лапаат провизии од секој споменик и пат што ќе го прават и ќе си ја збогатат цела фамилија до 5то колено. Така да опциите се намалуваат, мирољубиво нема да падне власта.... и ќе видиме ова до кога ќе трае и до кога ќе трпат и кога всушност ќе пукне сето ова.
А зарем не е очигледно дека сдс пробува преку разни протести и немири да дојде на власт во другите држави повеќе преку немирни протести се пробаја од организациите сорос. Како и да е недоволни се луѓе за тоа да се постигни а ќе имаше луѓе ако има подржувачи на сдс. Затоа кај нас е неизводливо и не можат ни да дојдат на власт а може сега малку рејтингот да му се крени заради неопределените ако тие гласаат. Факт е сдсм не можат да победат. ќе избегнат избори на 5ти пак а тие беа иницијатори. Прашањето е кој датум ќе го прифатат власта не може да му го отстапи ако народот не ги прифати. Не чуда да се случат не се сакани од народот. Друга надеж е друга партија од помаливе да се издигни за да можат и тие шо останаја со социјалистите да се преиспитаат зошто пак за нив да се гласа кога се невозможен случај и ја тупат вместо. Кога тогаш избори ќе има јас и време ќе му даев се да преиспитаат од списоци до се абе се од куќа вкуќа да одат и да проверат ама на крај кога ќе се добијат резултатите и сите да се преуверат да не се плачи пак . не инсистирај ако не можиш да постигниш не ја тупи. Прифати дека партијата не чини и тргни се од политика
Од истата причина поради која сега овие што се на власт не протестираат против самите себе. Со таа разлика што овие направија чекор понатаму протестираат пред седиштето на другиот за одлуки кои ги донеле они, што е уште по перверзно. Затоа постои позиција и опозиција да си бидат коректив една на друга, само што ние лугето од различни причини преемотивно ги доживуваме работите и подлегнуваме на нивните емотивни говори дека ете овие протестираат затоа што ние сме краделе, како не им е срам они се предавници.
До кога ќе се делат луѓево и така сме само малку останати. Оставете не да си живееме нормално, да работиме, да се среќаваме со нашите пријатели (ако има уште некој останат во државава), да бидеме сигурни дека децата се во школо безбедни и безбедно ќе стигнат дома. Да не се секираме дека ако отидеме некаде дома ќе не ограбат и никој нема да одгова за тоа. Абе сакам нормална држава. Многу ли е тоа?
Па не било баш мирно на протестите вчера Спојлер Демонстрантите се судрија со полицијата пред полициската станица БЕКО 14.04.2016 | 23:22 Македонија Прочитано: 7314 Специјалните единици употребија шок бомби против демонстрантите, како одговор на нивните чадни бомби, во моментот кога тие се упатија кон полициската станица Беко со барање за ослободување на приведените 12 демонстранти од синоќешните протести. Откако полицијата ги спречи да се приближат до полициската станица, тие се упатија кон Владата, каде и го завршија својот протест со барањата за оставка на Претседателот Иванов, формирање на експертска влада и одложување на предвремените избори. За сега нема информации дали има повредени или приведени демонстранти во судирите. Протестот организиран од 82 граѓански здруженија започна во 18 часот пред Собранието, а официјално заврши половина час подоцна, по што најголемиот дел од демонстрантите се упатија кон полициската станица. Организаторите во своите обраќања повикаа на мирен протест, но се оградија од одговорност за постапките на поединци. Повеќе од четири часа траше протестот, а демонстраните поради полициските блокади, неколку пати ја сменија агендата за марширање за на крај да пристигнат пред Владата каде и го завршија протестот пред два часа.
Знаеш... нема во први редови на овие наркомани кои се тепаат со Македонската полиција да ја видиш ќерката на Заев која ја лади патката во Швајцарија.. синот на БЦ... само Македонските деца се тепаат,децата заведени од оние кои се неспособни за власт.. Не знам дали пратиш безбедносни проценки ама ова што се случуваа беше предвидувано со месеци и тоа од страснки експери... Иванов им даде алиби на сдсМ,ама чим сега им го дава,сигурно има разузнавачки податоци кои укамуваат на нешто покрваво што се спрема на Македонија... Не знам дали со приметила ама сдсМ кога била на власт тие изгубивме знаме,име,устав,300.000 невработени,стотици илјади диво влезени албанци..... ова да го направеше ВМРО,сдсМ веројатно со пламено фрлачи ќе ги палеше мк полицајци... НЕ БРАНИМ ВМРО,АМА РЕКЛЕ ОД ДВЕ ЗЛА ИЗБЕРИ ГО ПОМАЛОТО А ТОА НЕ Е сдсМ
Се во ред тоа, ама... Ако веќе ова е подготвувано сценарио од опозицијата, шо не почека иванов да се распишат избори па да аболицира и да помилува? Па тогаш да видиме „ко меѓу нама није наш“? Ебате младоста ебате!!!
Па и јас тоа реков.сдсМ ќе ги изгуби изборите не у Јуни,не у Септември.. да бидат и Јануари др година пак ќе биде истото. Според моето мислење,он им даде алиби на сдсМ АМА,он им го разголи лицето на Заев и сорос дека они не сакаат "правда","слобода" и слични работи туку етапен распад на Македонија.Промената на името,знамето,уставот,транзицијата,менувањето на демографијата.. се тоа е поврзано... ЈАС СУМ НЕОПРЕДЕЛЕН,АМА НЕМОЖЕМ ДА ПРИФАТАМ ОВА,НЕМОЖАМ ДА ПРИФАТАМ КАМЕНУВАЊЕ И ПАЛЕЊЕ НА МК ПОЛИЦИЈА.. ОКЕЈ Е ДА СЕ ПРОТЕСТИРА,АМА ВАНДАЛИЗАМ НЕ...
А да препрочиташ уште еднаш „што сака да каже авторот“ и вака како „неопределен“ да се определиш што е можно побрзо во најблискиот штаб на дПМне?
Не не извини,неможе мене како неопределен да ми залепиш етикета.За мене ова што се прави,тепање со мк полиција е неприфатливо и ВМРО да го прави... т.е кога нивни членови би трпале и палеле... Неможеш да ми залепиш етикета зошто за мене и тие и тие се криви само едниве се многу повеќе.
Ако веќе сите со ваков став како твојот (неопределен) се искрени, да прашам само.. зошто не се организираа за контра-протест односно да ја бранат полицијата и институциите од нападите на рајата хулигани што протестираше за Монструм???? пред суд, пред влада??? Каде беа да ја штитат државата и да и даваат поддршка на полицијата??? А тоа со верските протести ???
МОНСТРУМ Е МЕЃУ НАЦИОНАЛЕН И МЕЃУ ВЕРСКИ ПРОБЛЕМ А НЕ МЕЃУ ПАРТИСКИ!... ако веќе треба да се прават протести за поддршка на мк полиција тогаш и за тоа,ТОГАШ ТРЕБА ДА БИДАТ ОРГАНОЗИРАНИ ОД СИТЕ МК ПАРТИИ,и од ВМРО и сдсМ. Уствари ти си во право бее!!!... требаше да организира ВМРО такво протести тогаш.. затоа што сдсМ НИКОГАШ не ни протестирале за ништо Македонско. Во право си.Само ВМРО е партија на Македонците.
Едните протестираат пред институција која помилува секаков криминал (помилува и од сдсм, и од врмо и по некој албанец) а другиве конра-протестираат и викаат дека ја бранат македонија, а ти ми објаснуваш дека монструм бил меѓу-национален и меѓу-верски???? Јас колку што знам, сендвич-протестите се за одбрана на македонија (за одбрана од се и сите, не само од ЗЗ и сдсм) !?!?!?! Ти дечко, со ова шо го пишуваш и искажуваш како став, а се тоа под плаштот на некаков патриотизам и жалопојки од 90-тите, концептот и целите на поимот ПРОТЕСТ воопшто не ги поимаш така што ако евентуално излезеш некаде да протестираш распрашај се убаво на која страна си, да не ти е залудно викањето! Крај краева, вака како „неопределен“ граѓанин, ако не добиеш сендвич на протестот ќе знаеш дека си ја заебал работата!!!
Чекај бе човече,ти збориш и за монструм и за ова.Ти имаш малце правно познавање на поимите организирано убиство од верско-национални побудувања и општа аболиција за криминал од две страни!? ИМАШ ПОЈМА ШТО Е ТЕРОРИЗАМ А ШТО Е ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ? За тебе све исто е тоа а? За тебе исто е масакар и кражба ? Ако тебе ти е протест ,,Да ви се деси Куманово" тогаш ти или не си Македонец или си од овие белосветски платеници кои работаат за плата т.е да уништивање на се Македонско. Јас сум Македонец и сум на страната на НАРОДОТ кој 10 години гласа така како што гласа,на страната на правдата и вистината.Ете тоа е мојата страна.
Па ради тие причини бе дечко!!! Што не ја бранеа македонија и полицијата тие истите (и нивните поддржувачи) што денес се помилувани за секакви криминали вклучително и тоа шо дозволиле такви масакри и срања да се случат?????