А бе крадеше и БЦ, никој не го оспорува тоа, ама со усул, ај така да речам (во недостиг на поточна фраза). Овие во очи не гледаат и ни ги собраа парите очекувано дека нема 300 000 и повеќе да останат без работа, ама сега па што отвора фабрики кај што едно чудо народ работи за минималец, експлоатиран до максимум, не знае за делник и празник. Услови поставува за вработување, па и ги напика сите во државна администрација, која сите ние ја плаќаме, за што? За да си ги дрват на работа? Ама има и такви што и дома си ги дрват и плата земаат. Ова чудо го нема никаде, само во нашата чудесна Македонија. Испаѓа дека СДСМ биле жедни за крв, а всушност овие контрапротестантиве се тие што сакаат крв и војна. Затоа што се заслепени од човечиња што ќе направат се, само да си го спасат газот. Колку пати досега пробаа да предизвикаат граѓанска војна? Мислиш дека им е гајле за народот?
Јас колку што ги познавам овдешните членови,на форумов,,а доволно долго сум да знам кој е кој,ниту еден не работи за невладини организации. И како не сфаќаш дека овде се протестира да си оди сегашнава гарнитура од власт и да го вратат она што му припаѓа на народот.Да се врати вербата во институциите,правдата да почне да функционира за сите подеднакво и да имаме нормален и достоинствен живот Такви луѓе имаше вчера на протестот.Кои го бараат она што им следува.Се надевам дека и денес ќе ги видам во поголем број.
Да,во право си ама има една разлика.Да работиш за минималец не е исто како да гладуваш безпари дома.Со минималецот леб е доволно леб да купуваш сув и да јадеш а без пари ни тоа задоволство го немаш. ОВА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ЈАС ОПРАВДУВАМ МИНИМАЛЦИ,дека треба да бидеме задоволни со сиромаштија.Напротив,на овие испрани партиски мозоци сакам да им укажам дека ни тие тогаш ни овие сега се РАЗЛИЧНИ.А тоа крадење со усул извини ама јас ни вмро ни сдсм сум и јас трпам последици од крадењето со усул и затоа неможем да го прифатам тоа.. какови да е крадење и од било кого..
Ако тоа беше крадење со „усул“ не можам да замислам шо би било да крадиш без усул. Еве не знам...Стварно. Смешно ми е кога некој ќе каже дека БЦ и компанија краделе со усул
Не,се ислеија зошто невработеноста пред 2006та беше толку голема што сите беа вработени па за овие што немаше место отидоја у странство.
Имаше 10 години време државава да мрдне од мртва точка, ако веќе БЦ ја упропасти, овој сега да ја опраи... знам дека не одат работите преку ноќ, ама кога треба да се среди државата, сигурно приоритет не се спомениците. Патишта саглам нема, да не зборам за болници, училишта, градинки, камоли за функционален правен систем. А Грујо почна споменици да гради @kikin не дека не крадеше, ама не беше толку очигледно како сега што е. @HellAngel зошто да работи за минималец 12 часа дневно? ПА човек е, нели заслужува пристоен живот? Со сув леб да го помине животот, тоа личи на нешто? Срамота!
Ангелу, златен, оди дрмни едно кафе да те свежни малку, стварно ја претера. Апсурд е за Бранко да труеш, кога Св. Никола е на власт 10 години, ок? АПСУРД Е. Било кој да дојдеше на власт пред 15 години ќе ги приватизираа и затвореа фабриките - тежнеевме кон капитализам и сами си изгласавме да се делиме. А сеа имаш 450 000 вработени во администрација и под државна капа, еден куп легачи се тепаат за столче, оти нема место кај да седат, а работата си стои. Барем да работат да не ти е мака (со секоја чест на исклучоци). Лично сум спиздена затоа што со данокот што го платив лани, изранив еден сендвичољубец колку за цела година. Се рушив саати и саати пред компјутер и јас и мажот ми за да му платиме на некоја овца да се шепури како државен службеник. И нас ништо не ни остана на крај. Шо ги матам, ќе си отворам сметка во Панама.
Секоја чест на оние кои доброволно и без присила излагаат на протест. Секоја чест на оние кои размислуваат со своја глава. Не битно од која страна и на кој паркинг се чекаат...само ако се доброволно излезени. Оние што оро играат и песни пеат кога државата плаче, баш и не им верувам дека се излезени по своја желба и убедување. Полоши од првите и вторите се третите, кои седнати од дома мудруваат на нет. Два дена бев во таа маса. Се срамам поради тоа, а се оправдувам со обврските кои ги имам. И сега ќе мудрувам и ќе се докажувам... За жал, такви не има многу. Излезете луѓе и имајте свое мислење. Се гледаме вечер....достоинствено и со крената глава.
Да,ти избркај 300.000 па грујо е крив... треба 700.000 да вработи.. Прво,нема да ти дозволам ти која не си Православна да ме навредуваш мене кој сум Православен со тоа што сакаш го исмејуваш Православието преку правење некого "свет''.Tоа у твојата вера Мухамед прави го свет,не побарав мојата вера да ја омаловажуваш. Имаш видови на транзиција.БЦ ја одбра најкриминалната... такви криминални транзиции направија и во Бугарија,Србија и скоро цела екс-Ју па и скоро цел екс-СССР. Ти што сакаш,избркај 300.000 од работа и за 10 години вработи 700.000 нели? Па ти што мислиш,ова е Кина? Америка? со трилиони буџет?????? Тоа не грујо,не заев.. да биде Рокфелер неможе да го направи... Знаеш што е проблемот.Ти како напатена и обесправена Македонка,не се буниш тоа што има албанци кои според рамковниот договор земаат по 2,3000 евра плата дека се водат у влада а влада не виделе како изгледа,ама ти сметаат како што викаш ти,сендвичољубиви. Немој мене тоа,квази-загриженост да ми кажуваш...
Ја би им рекол да купи земјиште како лидерот БЦ на Корчула.Ама ако кажам тоа ќе испаднем дека сум од СДСМ Никако не си.. ни со левиве ни со десниве..
За 10 години можеше државава да оди мн понапред , да беа попаметни Ке бевме во ЕУ , ке бевме во Нато , ние бевме во 2006 на ниво со Хрватска и заедно требаше да влезимее во Еу!!! Ејјјј 10 години поминаааа и ништо не направија ( само ги вработија неписмените со основно во администрацијата ) , и сега на тема наместо да биде влегувањето во Еу или Нато , темата е што праел Б.Ц пред 10 години со цел да се покрие криминалот на Н.Г. и М.Ј, и Г.Ј , и им се јавува на простата раја вработена во администрацијата да прави контра протест , само заради кејф! Од овие контриве само Мајмуни прават од нив !!!! Треба да гледаме напред , треба државава да оди напред , а не да се расправа што се случувало пред 25 години !
Неизбежна беше таа транзиција, каква и да била. И татко ми остана без работа кога ги затворија фабриките, а претходно колку време не земаше плата, да не ти кажувам. Ама се вработи после тоа, не зашто имаше врски или партиска книшка, туку затоа што имаше потребно искуство. Сега нема вработување ако немаш вујко владика. Затоа се иселија младите. Не може 700000 да се вработат за десет години, ама тие што се вработени барем да имаат пристојна плата за нормален живот, а не да се тресат дали ќе имаат да ги платат сметките и дали ќе јадат денеска леб. Да, леб, а дали останува за нешто повеќе... Кој не се буни за оние што земаат плата, а седат дома - колку сакаш има такви, небитно од која националност. Криво ми е што некој ужива на мој грб, од даноците што ги плаќаме, криво ми е што моите деца ќе ги отплаќаат долговите што секој месец растат само за да се исплатат сите буџетари, криво ми е што плаќам здравствено, а добивам никаква услуга. Криво ми е што голем дел пријатели и роднини се иселија за подобар живот, криво ми е што Македонија пропаѓа и е жртва на алчноста на некојси таму неписмени мочковци. Затоа протестирам, затоа еден куп луѓе го изразуваат својот револт на улиците. А овие контрапротестантите, срам и арам да им е, ако дигнат рака на својот народ, а тоа и очекувам од такви тепачишта како Тони Михајловски и останатите без грам мозок.
Не сум ни муслиманка, грешка си. Ти директно ме навреди вчера, или имаш меморија како риба со Алцхајмер? Да не требаше петиција на Change.org да направам? Небитен си како X во eXspresso. Чао и не ме цитирај и не ми одговарај повеќе.
Oкеј која и да си религија бидејќи сигурно не си Православна.Да беше,ќе покажеше почит. Да бе,забраев таков сум.. чисто онака од кејф немам што да правам и навредувам...