1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    ЈАДНИ, ЖАЛОСНИ И КРАЈНО ПАТЕТИЧНИ ОБИДИ НА ВЛАСТА ДА ГО ЗАДРЖИ РЕЈТИНГОТ :puke: :puke: :puke:Како бе не им е срам? Па што мислат овие од власта ние овци сме па ќе не стрижат? Што мислат дека ќе поверуваме во вакви ефтини сценарија? Не потценуваат во секој поглед. Небаре ние не сме од овде, па незнаеме како стојат работите во државата.
    Според мене ова што се случува во последните месец дена е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ. Затоа и овие очајнички обиди, се фаќаат за Бранко ко давеник за сламка. Бранко ова, Бранко она! Па што ме интересира мене више за Бранко? Бранко нит е на власт, нит е пратеник :?:. Ама очигледно им е пуста опсесија на овие од власта, единствен начин да си ги исперат брљотините кој ги прават. Сега Бранко им е крив и за тутунот. Е што да не треба Бранко да земе и да го откупи тутунот, а притоа сите да му аплаудираме на Груевски? Тоа го бараат овие од власта изгледа.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Бранко ја користи ситуацијата на тутунарите ,цели кон зголемување на својата политичка моќ што е невозможно.(голема утка има од времето кога беше на власт)
    А колку бил платен тутунот и колку е платен сега си знаеме најдобро ние што садиме,нема потреба да ни соли памет некој што се буди од спиење кога ние го донижуваме тутунот, се враќа дома кога ние стануваме за на берење.
    Кога беше на власт ги затвори сите можни фабрики такашто сите членови од моето семејство останавме ''на улица'' . Каков филинг е тоа во 4 одделение да станиш во 4 наутро и да одиш на берење тутун.
    Возејќи се кон нивата со ногата ја покриваш дупката на фиќото за да не те прска вода .
    Бериш 4 саати ,одиш дома,нижиш и кај 4 наодручек пак одиш бериш и вечерта пак нижиш.
    Живот од соништата!!!
    Ти го плаќаат тутунот 64 денари ако викаат демек 80 бил |( и плус нула денари субвенција .

    Не е во право ни Никола Груевски па ниту Бранко Црвенковски.
    Важно тие си имаат сметки во сите можни банки ,обезбеден капитал и за внуци и правнуци.
    Не поделија нас тутунарите божем нас важно ни е која партија била на власт .
    И со едните и со другите исто е затоа сме се одлучиле да не чекаме вработување и сами да си го вадиме парчето леб без ничија поддршка .
    Кај да одиме сега ние што сме партиски неопределени???
    Ние си седиме дома и го гледаме циркузот од парламент кој трае неколку часа.
    Цело време се реплицираат глупости
    Значи целта на денешниот собир беше да се најде решение за откупот на тутун а тие цело време се напаѓаат едни со други -а исти се .

    Ни останува само да се молиме ,ионака ние не одлучуваме
    и немаме никакво право при предавањето на тутунот кој сами сме го сработиле |(
     
    На TennisBabe и De-lovely им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Абе Бранко може колку сака да искористува ситуација и да ви кажам право - му се може бе! Да не правеа ВМРО вака како што прават, немаше да користи ситуација. Ама мене не ми е јасно за што протестираат оние пред СДСМ? Кој фактор е Бранко во последниве 4 години? Ако тогаш не чинело на времето - што не протестирале тогаш, а не сега, само се прават мезе пред народот, и уште толку на ВМРО им паѓа рејтингот со глупавиве потези. На овие сега не им чини - си протестираат! Ако не им чинело тогаш - можеле тогаш да протестираат!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Многу логично е опозицијата да ги искористува грешките на власта. Тоа е редовна појава во секоја држава. Тоа е и логична појава, опозицијата да застане на страната на народот. Тоа го правеле претходно и СДСМ и ВМРО. Но она што е абнормално и невидено во нормалните држави е да власта ја праќа администрацијата да протестира против опозицијата. Додека некој плачат за работни места, додека тутунарите се молат да им се исплати тутунот, додека стечајците се на работ на егзистенцијата, лица вработени во министерства и во администрација штрајкуваат пред опозицијата? За што? За малите плати што ги земаат? Смешно и жалосно истовремено.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Тој не треба да има лице да се појави па не да искористува ситуација.
    Не е се како што се кажува на вестите ,медиумите се ненормално исполитизирани-сите до еден.
    Позицијата стварно треба да даде повеќе од 170 денари за кг тутун -нека си се договори со купците.
    Ама опозицијата не треба да ги искористува своите откупни пунктови каде го ценат тутунот на многу ниска цена помала од 100 денари за килограм.
    И што се случува луѓето не го предаваат тутунот по таа ниска цена -откупот се оддолговлекува и на штрајкот одат луѓе партиски војници на СДСМ кои или не садат тутун или им е предаден тутунот со цена од 170 денари.
    Владата си го исполни ветувањето за 170 денари од килограм како што се договорија со тутунарите на минатиот состанок, ама на откупните пунктови на СДСМ не се плаќаше добро.
    Ептен јако смислено сценарио |( важно тие на власт да си дојдат за тутунот нема врска како и да е они секако не садат.
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Извинете што ја кликнав темата ништо не прочитав жими се' .
    Не ми одговорија во сдп. затоа тука ќе прашам, зашто ми е важно.
    Ќе има ли протести утре? :?:
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Ќе има и утре и другиден се додека не им се смачи на позицијата и опозицијата да си играат.
     
  8. dijanalove

    dijanalove Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Ma site se isti,dali ke dojde VMRO ili SDSM se ke si ostane isto.Loso e za ovoj narod sto nema izbor mora da glasa za nekogo,nemame izbor na politicari istite politicari 20god.Mislad i da dojdat novi politicari site ke bidat isti.SAMO SAKAM DA VE PRASAM STO MISLITE KOJ E POGOLEM LAZGO GRUJO ILI BRANCE?
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски

    Па ако сега опозиционите партии не застанат зад народот кога? Не ми се јасни вашите размислувања најискрено. Ако сега опозицијата не создаде притисок над власта кога? Кога зборувам за опозиција, не мислам само на СДСМ, зборувам и за ЛДП, ДПА, Обединети за Македонија, партијата на Селмани и др. Бранко не требал да има лице да застане пред тутунарите? Па само Бранко ли е опозиција?
    И што треба да се случи според вас? Власта да си прави што си сака, народот сам да се снаоѓа и да се мачи, а опозицијата да си молчи?
    Што ќе се случеше ако опозицијата не застанеше зад тутунарите да ги подржи? Пак Бранко ќе беше крив, сега пак зошто не ги подржал. И ако не ги подржеше опозицијата, кој ќе ги подржеше тутунарите денес? И министерот за земјоделство и премиерот имаа врема да ги подржат, ама за жал не го направија тоа.
    Затоа овие мислења ми се некако безвеза.

    И да, на протестот јас не видов само луѓе од СДСМ, видов луѓе кои јавно ги покажаа вмровските книшки пред камера. Или можда и тоа е организирано од Бранко? Да, тоа ќе да е, Бранко сигурно отворил печатница и на штампа вмровски книшки.

    И за крај ќе цитирам изјава на еден тутунар: ,, Тутунарите од Прилепско - сдсмовци, лозарите од тиквешијата - сдсмовци, оризарите од кочанско - сдсмовци, градинарите од струмичко - сдсмовци, стечајците - сдсмовци, тутунарите од радовишко - сдсмовци... Епа кои се вмровци тогаш?!?,,

    Едно да ни биде јасно на сите, не можат сите кои се незадоволни во оваа држава да бидат сдсмовци! А ако е така, ако стварно сите тие луѓе се сдсмовци, за СДСМ нема зима, сигурно ги добива изборите.
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Не ти е јасно бидејќи не садиш тутун .
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски

    Да, јас не садам тутун, ама сите тие што денеска излегле на протест садат. И излегле да протестираат. Од мерак сигурно не. Од мака излегле. Што не протестираа лани кога имаа добри цени за тутунот? Зошто тогаш Бранко не ги организирал?

    Поентата во претходните постови ми беше дека тутунарите си имаат мака и треба да им се помогне. Да се тргнат настрана барем еднаш препукувањата кој од која партија е и да им се излезе во пресрет на тие луѓе. Мене не ме интересира дали опозицијата ги подржала или не, нити ме интересира дали се вмровци или сдсмовци. Ме интересира како ќе им се реши проблемот на тие луѓе. А решението е во рацето на оние кои се на власт. Да беа сдсм на власт, истото ќе важеше и за нив.
     
  12. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Значи првите денови кога почна откупот многу ниски цени и класи се даваа- штрајкувавме сите.
    Министерот за земјоделство дојде на состанок и се реши да биде 170 денари за килограм плус 60 денари премија .
    Се согласивме сите и откупот пак почна.
    Даваа сите регуларни цени освен Битолскиот пункт кој е распространет во повеќе градови на чело со такозваниот Винко кој соработува со СДСМ и е гз и гаќи со БЦ.
    Што се случува потоа- Партиските војници на СДСМ кои садат тутун си го предадоа тутунот во СДСМ-овскиот откупен пункт и сега им се земени парите од тутунот и потрошени ама како благодарност за тоа штрајкуваат , а штрајкуваат и тие кои не садат тутун.
    Даваат убави цени на другите откупни пунктови ама треба да имаш договор од пред една година .
    Кој страда сега ? Ние партиски неопределените!
    СДСМ-овскиот пункт не работи
    ако оди некој да предава таму тутун му кажуваат цена 50 денари (колку за литар масло нема) и фино лепо си заминуваат луѓето дома не го предаваат тутунот ,многу јасно. :!:

    Значи СДСМ го одолговлекува откупот.
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека на тие што штрајкуваа им е веќе продаден тутунот, а штрајкуваат од благодарност? Штознам некако не ми оди во глава. Кажав и претходно, не ми е верно дека сите што протестираат се сдсмовски партиски војници.
    Едно е јасно, политиката замешала прсти насекаде! За жал и на штета на народот.
     
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Не се сите кои штрајкуваат партиски војници на СДСМ ,ама тие кои се штрајкуваат од благодарност .
    Ете ми ги во комшии зедоа пари од тутун ехее досега и потрошени им се.
    Тие кои не се од СДСМ штрајкуваат поради безобразноста на СДСМ бидејќи на нивниот откупен пункт се даваат многу ниски класи и цени.
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Аха и сега по твоето испаѓа дека за проблемите со тутунарите крива е опозицијата, а власта ја амнестираш или?

    И да, тие што не биле СДСМ, а штрајкувале, ако е вака како што пишуваш, ќе одеа да штрајкуваат против Бранко, немаше да урлаат пред собрание и да бараат власта да им го реши проблемот. Немаше јавно пред камери да ја обвинуваат власта, ќе ја обвинеа опозицијата. Па нели и тие се тутунари. Сигурно и тие знаат за ова што ти го пишуваш.
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Во право си политиката замешала прсти насекаде! За жал и на штета на народот.
    Не ни го решаваат проблемот а се напаѓаат едни со други цел божји ден .
    Па таму беа денес тие што не се од СДСМ.
    Пред зградата на СДСМ.
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека тие скапо дотераните, оние девојките со штикли, ташни и маникир, оние што биле вработени во министерство за труд и социјала и претседатели на месни одбори на ВМРО се тутунари? :?:
    Хммммм, занимлива ситуација, али малку веројатна ;)
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Како и да е СДСМ го кочи процесот за откупот на тутун .
    Тие ја направија целата збрка претходно имам објаснато на кој начин.
    И не коменирам повеќе на темава ,
    медиумите (кои исто така се исполитизирани A1 од СДСМ ,Сител од ВМРО)
    знаат само да ги збунат луѓето ...Толку!
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Протест најавуваат и докторите. Протест поради како што велат катастрофалната состојба на клиниката.

    Сигурно и овие СДСМ ги организирале. ;)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да бе сите се СДСМ, што дури се чудам како е можно да не победија на изборите :lol: :lol: :lol:
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.