Се клањам после говор А тебе гледам ти се допаѓа 'нашиот' речник па реши да го применуваш...ако, примаме нови членови...
Па гледам душо дека моето ниво не го разбираш,морав ко на мало дете што му се објаснува да ти доловам.Тажно.
Абе...малце логика имаш шанси да пуштиш?!Или не?!Реков ко на мало дете,а ти какво дете си,дали мало или некое поинакво или голем човек со детски одлуки еднакви на нешто...не потенцирав.
Еве го начинот на конверзација на Латас... - Не е препорачливо за лица под 18 години http://www.youtube.com/watch?v=_blxQGjcHa4
речникот на сите политичари е ист (катастрофа, навреди, понижување) не сум политички определена ама принудена сум да ги слушнам сите митинзи од сите партии. и искрено разочарана сум од тоа дека значајни луѓе од државава со каков речник се користат. од тие митинзи што ги слушнав немаше една партија да објасни што ке направи (да излаже нешто), да ја пренесе програмата, сите се вреѓаат меѓу себе..
Актуелен политички настан: Исплатени се 70 % од парите за грозјето на лозарите. Ајде критичари сега да видам,што е лошото овде?Верувам дека ќе најдете во игла во сламата.
Убаво што се исплатени, ако навистина се исплатени. Иглата во сламата е што се исплатени ден пред избори. Дали сакаат да купуваат гласови или ? И што ќе се случи догодина со лозарите кога нема да има избори? Дали и тогаш ќе им се исплатат? Се сомневам.
епа не се нормални цццц ваков огномет немаше ни за нова година епа не се нормални, на сред филм...со истрауматизирана фаца...ВОНРЕДНИ ВЕСТИ.... епа од памет се извадив
Лелеее па како може да го навредувате образованието на Латас!!! Па тој завшри новинарски факултет "дури" пред 2 години. Нормално кога Бојо Андреевски стана уште едно владино политронче,па нормално ете и Латас доби можност да се стекне со факултетска диплома од Европскиот универзитет. Ете може и магистратура да зема,ништо чудно.Гарант Груевски му е ментор,а?
Дали и на Сител рекоа - Рада ја поканивме, но недојде на дуел? ...така најавија на А1 кога почнаа....+ еве и чаша вода има, но Груевски недојде
На Сител рекоа дека веќе некое време е договорено и најавено дека Грујо вечерва кај нив ќе биде гостин, а дека А1 иако го знаеле тоа , најавиле дека вечерва кај нив треба да се појави како гостин. Ама Грујо на А1 - ми нема баш некоја логика, и сигурно премиеров не е до толку глуп да најави гостување во А1 и да не се појави
Па можеле од Сител да ја повикаат Рада. Сигурно ќе се појавела. Таа рече дека сака дуел било каде, на било која телевизија, со било кој новинар, па дури и на митинг на ВМРО. Или ај немора Рада, можеле да повикаат друг лидер на некоја опозициона партија. Ама премиерчето наше пусто е алергично и се плаши од дуели, за жал.
Се згрозив кога видов како се напаѓаа меѓусебно Љубе и Стојанче од Достоинство...Такви тешки навреди и обвинувања, не се сеќавам кога имам видено последен пат, а посебно не меѓу двајца кои во војната во 2001 рамо до рамо војуваа за Македонија...Ете политика на кое дерџе ги доведе...Тешки зборови паднаа, претешки - посебно кога го спомнаа Рамуш Харадинај (бивши косовски премиер, кој е обвинет за трговија со човечки органи...) Морам да признаам дека и не ми се баш јасни причините за конфликт од ваков тип меѓу нив двајца - како и да размислам, не ми е логично...
Милки на профилот на Достоинство веднаш демантираа. Цитат од профилот на достоинство ,,Почитувани, кујната на исплашените стаорци од ДПМНЕ е неуморна. Најново, подметнуваат во јавноста измислена „преписка“ меѓу генерал Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски. КРАЈНО БЕЗОБРАЗНО И НИСКО СМИСЛЕНА ЛАГА. ЈАСНО КАЖУВААТ ДЕКА ИМ Е СТРАВ ОД ДОСТОИНСТВО! И ТРЕБА ДА ИМ Е СТРАВ! ПАЃААТ НА 5ТИ ЈУНИ! ДОСТОИНСТВО ЗА МАКЕДОНИЈА!,, http://www.facebook.com/pages/%D0%94%D0 ... 1419998890 И како по обичај и овие писма немаат ни потпис ни печат, ништо!
Па сите си кажуваат како им одговара. Еве и на сител кажуваат за што се лажат А1 и СДСМ...Заклучок - сите лажат