И примеров што го даваш ја потврдува твојата матрица. И што предлагаш сега, да се удри едно етничко чистење?
Па немора баш војна.Може цивилизирано,како нашите сограѓани Албанци што направија во Косово 2004та година,со т.н Мартовскот Погром. По пат,може и никогаш да не гласаме за СДСМ додека не се смени од прв до последен цело раководство.Со такви криминогени типови,историјата само ќе биде повторување.Не го бранам ВМРО,реков и таму дека има криви.
Ајде певај, наброј ми примери за кои мислиш дека се криминогени и треба да си заминат од таа партија. Што мислиш по твое „како не пристрасен“ кој од нив највеќе изел од медот?
Ќе те корегирам овде, НАШИТЕ сограѓани Албанци не направиле ништо, можеби мислиш на некои други Албанци.
@HellAngel Јас верувам дека Груевски е способен и за многу повеќе. Човекот е тежок психијатриски случај. Кога беше способен да се пазари за хашките случаи по цена на власт, кога го чучна Талат Џафери за министер, кога со динамит разнесе станбен објект, затвори медиуми, го задолжи народот, прикрива безсрамно убиство на дете на плоштад, јас очекувам дека сотоната има повеќе душа од него. Некогаш се чудам како и е на жена му дома, сирота. И ако ти си убеден дека ете, Груевски несмеел да го уапси Бранко, што тогаш тоа нам ни го трубиш?? Јас сум да се затворат сите по ред. И Бранко, и Љубчо и Грујо, Миле Гоца, секој што правел криминал да си оди в зандана.
Веќе ги кажав. Не бе,Маршалот Тито почна да пука во Тетово во 2001ва. Во 2002ра, по улици Маршалот Тито ги тепаше децата Македонци кои се враќаа од средно и основно училиште! Маршалот Тито со нож им црташе букви на тие во Маврово,он ја затвори браната во Липково! Маршалот Тито тражеше Илирида во Тетово 2001ва на митингот. Он го вееше знамето на Саудиска Арабија во Скопје за протестите за Монструм и он викаше АЛАХУ ЕКБЕР.Устајте презрени на свету! И да,не сум јас националист,ја сум тврокорен фанатик и демократ што го сака своето! Националист е мал збор! Па и јас сум за истите да се затворат.Реков негде дека Груевски е чист?
Зошто ако критикуваш одлуки на власта одма си од СДСМ? Ако одиш на протест си соросоид? Ако има протест, одма има контра-протест. Вакви работи беа својствени за Милошевиќ и режимот негов. Поголемо лудило нема. Протестираат пред Сдс заради одлука на вмровски претседател. Да се чуди човек само. Кога Заев се сомничеше за некој трговски центар во Струмица по дифолт беше виновен и ден денес му ср префрла за аболицијата од БЦ, а Миле и другарите со по 16 помилувања се невини?! Државата не е ни на вмро ни на сдсм. Државата е на народот. Сите до еден што краделе треба да одговараат за тоа што го направиле и народот да се спаси од сите гниди! Нема правда, нема мир!
Додека солзи леете и коси корнете заради ”вандализмот” врз сосема неосновано прогласеното културно наследство ”Порта Македонија”, вистинското културно наследство ни пука и ни се распаѓа. Повеќе од 10 години црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново се распаѓа. Знаете што гниди, фрескоживописите во таа црква потекнуваат од 12 век, повторувам, 12ти век, а Министерството за Култура сè уште не презело ништо за нивната заштита. Конзервација на фрескописот во Св. Богородица Перивлепта се врши со американски пари, да, американски, тие гадовите што сакаат да ви ја продадат или купат (не знам точно што, тоа вие знаете) државата, тие ни се грижат за културното наследство додека вие воспевате скапи пластички играчки без никаква естетска амбиција и уметничка вредност... Отидете слободно да посетите конзерватори и реставратори во нивната лабораторија да видите со каква посветеност работат. Секојдневно во допир со штетни материи, во импровизирани услови, без соодветна здравствена заштита и мизерни плати. Единствениот порив што го имаат е љубов кон тоа културно наследство. Па тие луѓе кога чистат некоја икона од пред 500 години се однесуваат со неа како кон штотуку родено бебе. Знаеме дека уште денеска вашата порта ќе биде исчистена. Но, нема да викнете стручни лица да ја санираат ”штетата” каков што третман заслужува едно ”културно наследство”, туку ќе викнете средовечен чичко со канта бела боја и четка да ја префарба. Зошто? Затоа што тука завршува вашето поимање за култура и уметност.
И Груевски и Заев да престанат да се претставуваат како НАРОД! Едно - две и двајцата зборуваат во име на народот, а одамна го изгубија легитимитетот од истиот тој народ кој ги поддржуваше и двајцата (во различни наврати и во различни прилики). На овие протести против Груевски не одат исклучиво членови на СДСМ, а на протестите организирани од ГДОМ не одат луѓе кои се членови на ВМРО. Дополнително, многу од оние членови на ВМРО се принудени да одат на протести, а кутрите не се сложуваат со тоа да бидат таму. Збогтисано им е да се влечат од Делчево и Берово со автобуси. Овие другиве пак, не се крстат во Заев, бидејќи ниту на него не може да му се верува. Арно ама, не би биле ние Македонци ако не се закрвавиме помеѓу себе. Не само што сме поделени на протести, поделени сме на секоја фамилијарна прослава, роденден, мекици и секој настан кадешто можеме да се сретнеме и меѓусебно да се испокараме. Затоа да не ги кривиме Грујо и Заев, зашто тие не се паднати од Марс, туку се наши сограѓани. Во исти школи и факултети оделе како и нашите роднини, комшии, во исти дискотеки искачале како и наши пријатели, на исти улици возеле точаци како и ние. Секој од нас има ИНДИВИДУАЛНА одговорност за тоа како треба да се однесува, како да живее и како да придонесува во ова општество. Сите треба да се издигнеме над личните блудости и да бидеме од корист! До тогаш вака ќе се занимаваме со игри од типот на “сакате ли војна“.
Мислам дека... за сите бљувотини шо ги слушам од „неопределениве“ а се засноваат врз основа на - албанците вака и така ќе не делат заедно со западњациве, држ-не давај и слично(а поголеми багабонти и од нив имаме во нашиов македонски етнос) и на основа на „православна брача“ и православие ( Русијаааа и други на религиозна база куродрвици, фак ју европо и ју-ес-еј) „решението“ е следно: - распишани се избори за 5-ти јуни ( какви-такви, лгитимни, нелегитимни... какви сака нека се) - ДПМНЕ(најверојатно сами) одат секако на избори ( нели тие тоа го слават - изборите се решението за кризата) - Кворум за излезеност секако ќе имаат (нели циган по циган за уши вадат и слично) -Го добиваат минимумот 2/3 мнозинство во Парламентот (законодавното тело) за промена на сите системски закони и Устав ( за бадинтер тука е Стефче, тој веќе еднаш се стори србин, не гледам зошо не си смени националност пак, сепак за МАКЕДОНИЈА се работи, Бајрам-кола и други) Иако е ова нон-сенс, ама ете теоретски е возможно ( Крај краева, Македонија е ова, нема нешо шо не е невозможно), првата работа шо треба да ја направат тие шо ја бранат Македонија е: - да го вратат (сменат) законот за територијална организација - да ја поништат амнестијата - да ги вратат хашките случаи -да ги вратат внатрешно-раселените лица - на бранителите да им ги укинат барањата за „добиената“ оштета и соодветно да се интегрираат во системот - да се спроведе попис Иако ваквиот исход е теоретски возможен, дури и на моја среќа тоа да се случи, нашата владејачка партија нишо од ова нема да направи, нема ни со прст да мрдне туку ќе се пресмета со сите непријатели во нашиот кампус. Сиве овие работи шо ги набројав горе можеа да ги сторат и во претходниве 10 години, а колку е направено, знаете и сами - големи сте!!! Не ми дрвете национализам, албанофобија и слични жалопојки кога прво од нашите го јадовме и го јадеме стапот а после и од другите!!
Кои се тие "мои"? Што не дадеш некој критички осврт без да употребиш "сороспии"? Нема поголема сатисфакција од тоа да егзистираш (во секоја смисла на зборот) без да си ги газиш животните принципи ради било каква цел. Посебно не во поддршка на било која политичка бескрупулозна банда тука, со фингирани сценарија кои газат по сечие човеково достоинство.
Па колку што следам јас,не ја одбиле. Си ќутат. До сега Груевски,Мијалков,Црвенковски ја одбиле. Овие уште не.
Рашо Радулов пред 52 минути · На протестите пред 2 дена бев вулгарен. На скоро секој полицаец му покажав среден прст, им пцуев од мајка до шајка. Ги навредував со нај лошиот речник којшто сум го користел во животов. Но... Денес е друг ден. Денес кај секој од нив поминав и им се извинив. Им одржав говор. Им кажував дека сум направил грешка и дека се каам. Им се извинив со солзи во очите. Плачев на секој мој кажан збор се' повеќе и повеќе. Луѓе доаѓаа и плачеа со мене, ме прегрнуваа... И знаете што се случи? Кај 3-4ца од нив се покажаа солзи. Плачеа! Пробуваа да ги прикријат солзите. Дел ми намигнуваа и ми покажуваа потврдно со глава. Знаат што се случува, знаат за кого работат. Како што се извинив јас така извинете се и вие. Покажете им дека верувате во нивното срце, покажете им дека сакате да им помогнете за да се смени нивната одлука за тоа на чива страна стојат...Им кажував по некој пофален збор, им кажував цитати на интелектуалци, им кажував дека нивното дете е гордо на нив... Има реакција! На крај отидов кај секој од нив, им посакав добра ноќ и да се живи и здрави. Им кажав дека ги сакам. Сакајте ги и вие. Сакајте се зошто само така ќе победиме против секакво зло. Додека си одев си ја повторував реченицата којашто Слаѓана Милошевиќ своевремено ја испеа во една песна. "Слобода значи да бидеш слободен да одлучиш што слобода за тебе значи". Со многу љубов. Добра ноќ.
Темата е отклучена. Abeja, Yipman2 и HellAngel се банирани на една недела. Ве замолувам сите да се воздржите од навредите кон членови кои кружат во темата, навистина нема поента, доколку сакате да се изјасните сторете го тоа без испрани мозоци, сороспии, и слични навреди да бидат вклучени во постот. За истото веднаш ќе следува бан од темата, без исклучок. Патем, темава е актуелни настани, а нема ништо актуелно во истите препукувања, така што ве замолувам да се држите до насловот.