Само Јанкуловска си ќути не побара до Иванов за аболицијата. Вака највеке и одговара да не и испадне целиот криминал на виделина... Море за нашиве политичари само како во Украина. Сите лопови а народот страда за жал !!!
Една убава работа што ме усреќува деновиве е тоа што видов дека и другите скопјани го мразат тоа што му се случи на нашиот град. На страна испраните пари, естетски градот наликува на циркус, кич-галерија. Натрупани споменици и згради без никаква уметничка вредност кои можел да ги замисли вакви само некој со очајно лош вкус. Не мораше да е се толку кичерајско и натрупано на 2 км квадратни. Најубав објект ми е онаа катната гаража на Јужен Булевар, до стара Железничка, можеше и другите објекти да се направат во модерен естетски прифатлив стил. Се надевам ќе ги урнат овие глупости како Триумфална Капија и сл., таа реално ништо не му значи на градот а го блокира погледот кон Плоштад, ќе се исчисти кичон од Жена Парк, ќе ги тргнат грдосиине "галии" што го блокираат погледот кон Камениот Мост, ќе ги демонтираат оние расклатени мостови со претрупани статуи, итн. Со душа ја чекам ревизијата на Скопје 2014.
Oвие ептен го сфатија - Скопје центар на Македонија.. па го сјебаа и центарот на центарот на Македонија. Докажаа дека не им чуе ич за Македонија како и за „рамномерниот регионален развој“ Иначе кога ја завршија Катната на јужен булевар, не бев во мкд.... бев изненаден дека нешо така шо изгледа светски може да има и кај нас.. ми се бендисува ептен
Како за ништо не е триумфална кога се чекаа таму кошаркарите со освоено 4то место. Ти нели гледаш Сител?
За протестите Ако протестират, нека протестират со плакати, а не да кршат прозорци, да уништват народи канцеларии итн. Од такви ко нив, хулигани, си патиме ко народ, од тие шо немат во глата и сакат да протестират со кршење и такви работи , тие ништо не постигнуват само ја резлиат државата во светот, го покажват својот дебилизам без срам и се понашат ко да прават нешто со што треба да се гордеат, ги мават и полицајците ко тие да му згрешија нешто. После тие шо протестират ќе се први шо ќе велат " резил сме, цел град е со графити, се е уништено, вакво е такво е" а ако имаат барем 1 грам мозок ќе протестираат достоинcтвено, а не идиотски и без воспитување и дебилски. Ова е мое мислење и мислам дека сум целосно во право
За да го сфатиш тоа кршење треба да си скопјанка, да гледаш како ја снемува душата на градот, да ти стои грутка во грлото кога се сеќаваш каков беше градот а каков е сега. Не се тие скопјани хулигани да кршат било што, тие фрлаат боја и камења исклучиво на грдосиите од Скопје 2014. п.с. а графитите се урбана работа, јас многу ги сакам.
Пак фразата " народот се буди". Незнам што да речам. Многу некако долго се будиме. А може пак и будни сонуваме. Ништо чудно,ни го испраа мозокот со телевизииве. Одредени луѓе како програмирани се. Немојте да мислите дека им едо сендвичот. И врз нив делувала терапијата на лидерот,и нема назад.
Ако споменик стар две години, направен од стиропор, ја симболизира нашата историја, тогаш да ти ја ТИИИТ и историјата и иднината што ја имаме...
Па немаме ак нека каже некој дека имаме. Како деца верувавме во приказните ама не значи дека ме сме патриоти или не си ја сакаме државата ако си ја признаеме вистоната. Од секогаш сме страдале најмногу од домашните шпиуни.
За какво културно наследство зборуваат дека било сквернавено, оштетено... Портата ли е културно наследство? Знаат ли што е културно наследство?
Ne e bitno kakvi se spomenicite, znam deka gi ima premnogu ama stvarno glupo e da se krsat i demolirat
Филип Петровски повикува на тепачка... Човекот што има сменето партии колку што една курва пред МРТВ има неделно муштерии... Не знам како да му се јавам, да му кажам кај сум, да дојде...
Најновата глупост се собрале некои квази патриоти да го протерувале Сорос од Македонија бидејќи наводно работел против македонските национални интереси. Неспороно дека организациите како Сорос имаат некои свои цели, не велам не, ама зарем Сорос беше тој што ги трошеше парите на граѓаните за „чоколади наместо леб„ (споменици и бескорисни фасади наместо инфраструктура и зеленило) или зарем сорос ги сечеше дрвјата низ Скопје за да се задушуваат жителите во смог? За протестите: Го разбирам револтот на граѓаните но не го одобрувам насилството врз полицијата, палењето, кршењето и чкртањето споменици - на таков начин искажаниот револт нема да смени кон подобро туку постои опасност да биде основа за нови агресии и незадоволства.
И јас сум многу против тоа за да се тепаат полицајци, да се фрла по нив, да ги повредуваат... Ама на спомениците уббаво им прават. Посебно на портата. Повеќе жал ви е за спомениците отколку за луѓето. Па си се навикнвме на нив. Ги има на секој чекор, секој ден ги гледаш и ко твои луѓе веќе ги сметаш ако ги кршат те боли, пошто сепак од наш џеб се правени...
Mozebi zadskrienoto vlijanie ne e vidlivo ama Soros shto ima vlijanie mislam sepak ima.Na toa se gleda koga i Rusija reagira za negovoto vlijanie.Ama aj terajte si kako mislite ne vi se mesham.Podobro bezglasen opredelen otkolku glasen pa makar bil i neopredelen.
Живеам во центарот на збиднувањата, така што ми е преку глава од овие бесмислени настани. Како што реков - додека не се обединат луѓево и не почнат да ги гледаат своите, а не интересите на своите партии - протестиве немаат цел. Време е некој трет да дојде на власт. Некој што ќе знае што прави. А од протестиве сум крајно разочарана. Јас сум прва на која и' пречи Скопје 2014. Прва на која и' пречат исечените дрвја, па додека стигнам летно време до некаде - сонце ме утепало. Со архитектурава која е чист кич се враќаме во некои минати времиња на изопачен начин. Ама не ми се допаѓа што се искршени прозорци, избоени споменици, графити нашкрабани (ако може да се наречат така). Зошто? Затоа што дозволуваме туристиве да гледаат што правиме, затоа што им ја полниме душата на соседите кои ни се ситат. Затоа што нема достоинство во вулгарното изразување и ваквото упропастување на "градбите". Гласам за подостоинствено однесување, за повеќе плакати, за обединување, за поставување на барање да се елиминираат спомениците и да се сменат и фасадите. Сепак, народов како да не беше доволно активен кога требаше да се гради Скопје 2014. А протестиве какви што се, малку ми личат на помодарство. Време е нешто да се смени, ама на вистинскиот начин.