Кaкo немaaт цел прoтестите? Абoлицијa нa сите сo кривични oд прислушувaњетo требa туку тaкa дa пoмине? Среќa шo сме бaнaнa држaвa, пa стрaнците ќе ти истегнaт зa уши и ќе јa пoвлечaт сигурнo, инaку лoшo ни се пишувaше сo прoтестиве. Прoтестиве се случувaaт рaди тoa шo бaндaвa нa влaст не сaкa дa се спрoведе дoгoвoрoт. И пo се штo слушнaвме нa снимките и пo сите oпрaвдувaњa и пoтези пoследнaвa гoдинa, кaкo дoстoинственo ќе се рaзбереш сo бaндaтa? Дa бидеме реaлни немa теoријa зa третa oпцијa. Измеѓу другoтo се прoтестирa зa се штo се случувaше oвие 10 гoдини, зa убиствoтo нa Мaртин, зa Тaмaрa, зa aнестезиoлoзите oд Гевгелијa и дa не нaбрoјувaм. Прaшaј ги нивните семејствa дaли прoтестите се пoмoдaрствo. Oд другa стрaнa, Зaев беше oкеј се дoдекa не се испaзaри зa снимките oд Смилкoвскo. Зaмисли дa ги гледa у oчи тие рoдители чии децa биле измaсaкрирaни и дa ги лaже. Не знaм кaкo рoдителите мирнo седaт, мислaм декa у нoрмaлнa држaвa сaмo сoмнеж дa се пoјaви зa вaквo мoнструoзнo делo ќе имa нереди сo денoви. А не oние oд млaдинaтa нa сдс 20 гoдишни зaстaнaле пoзaди Зaев и рaкoплескaaт. Пa мoжеше секoј oд нaс дa е жртвaтa и шефoт вaш дa се пaзaреше сo снимките. И кaкo штo рекoв требa третa oпцијa, aмa кoј? Кoјзнaе кoлку пaри требa зa кaмпaњa, кaкo преку нoќ некoј ќе сoбере 400 000 - 500 000 глaсa Се е тoлку нејaснo, се е трулo...
Природен, многу буквално ми го сфаќаш мислењево. Да, протестиве се бесцелни зашто народот пак е поделен на СДСМ и ВМРО и зашто се следат нечии директиви. Народот сам не излезе на улица зашто му е скурчено партииве да го влечат за нос. Пак е партиски диригирано, а народот се користи за нечии политички цели. Да, протестиве личат на помодарство. Каде беше народот своеволно да излегува на улица на секоја неповолна промена и трагична случка? Чашата одамна е прелеана. Зошто се дозволи толку далеку да догура работава? Каде беше народов да се буни за ниските плати и несоодветните работни места? Каде беше народот кога се продаваше ЕВН или што и да беше веќе? Каде беше народот кога ги измислија извршителите? Каде беше народот кога го усраа здравството и образованието? Многу важни работи се случуваа, а тие малкумина кои излегуваа на улица беа задушувани. Ама тоа е судбината на секој народ кој не е обединет... Сами меѓу себе се изедовме, ете тоа ми е поентата...
Само не ми е јасно што сакаат да постигнат со контра-протестите? Што ги принудуваат луѓето да протестираат со закани и уцени?
Како не ти е јасно, сакаат да покажат пред меѓународна заедница кој има повеќе народ зад него. Никој таму од тие што контра протестираат не оди со закани и уцени туку се плашат дека ќе бидат избркани кога ќе се смени власта. Некој оди за инает од спротивната страна.
И затоа што од наши народни пари сето тоа ќе се поправа....и ќе кошта 5х повеќе од реалното. Само им отвараат нови фронотови за крадење.
Немаат никаква цел. А мораат да одат на контрапротести бидејќи условот е ако не отидат да не доаѓаат на работа повеќе. Сведок сум на вакви случувања постојано. До кога вака ке страда народот заради криминална банда?
Како бе све само некој знае некого а јас сам никој таков што го уценуваат не сум видел и слушнал? Овие што протестираат одат затоа што сами така сакаат. Затоа што се мрзат вмро-сдсм и ќе се изедат меѓу себе ако дојде време за тоа. Ова нивното е примитивна борба за моќ и кој да има власт во општеството, кој на кого да гази.
А, таква борба и газење имаат и кон третите партии. Затоа трет не просперира. Одат во коалиции,се здружуваат, а таму.. малку го подигаат, многу го спуштаат. Намерно.
И во Америка имаш две абсолутно доминантни партии ама Американците не станаа беспросперитетна нација ради нив. Таму никој не се бави со политички активизам ако не е политичар. Овде за жал имаме проблем со менталитетот. Знаеш јас колку такви познавам што излегуваат на гласање за инает од комшијата или некој член на семејството? Пропаст сме.
Како да не се замараш за политика кога вработуваат само со партишки книшки? Во право си за америка ама таму никој не го замара народот со такви глупи работи. А овде? Прво те гледа од која партија си па ти зборува. Ако не си од вмро имај 3 дипломи сепак дома ќе си седиш. Многу притисоци, многу закани има па затоа се протестиве, да се ослободиме од хитлер.
Многу ми е интересно што Миле Ј. од смотано министерче со наивно фациче, испадна најголема битанга. Во разговорите што ги чувме, скоро во сѐ и сешто е замешан. И како си ќути со другачка му Горде, звана „ Ана 4-ри пиштоља'' за амнестијава, како .бубачиња две се ! И јас сум за трета опција, ама прво и основно треба овие од ВМРО да се симнат од власт. А како ќе се симнат, кога имаат платено гласачко тело, па освен улицата, друга опција нема. За трета некоја опција од помаливе партии, ќе мораат во коалиција со опозицијата да се здружат, инаку вака сами, ништо не прават. Насилство не поддржувам, ама власта го силуваше Скопје, па ова што шкртаат протестантиве не е ништо. Тоа со фарба се решава, а смешниве градби секако си стојат....за жал.
Осеќате како попаметните вмровци почнаа да повлекуваат? Овие поитрите од мојата околина никаде ги нема затоа што се спремни во секој момент да го фатат новиот ветер. По тоа знаеш дека се готови. Единствено останаа да се борат пиончињата и некои таму гневни домаќинки што нешто чуле или дочуле. Разговарав баш со мој другар вмровец кој е некако тивок по последно време и најискрено му кажав да почне да се спрема кон ново сонце. Зашто тој е секогаш позиција. Ние другите што секогаш ќе си останаме опозиција, без разлика кој и да дојде, нема каде да бегаме
Драги мои, јас... Мене ме израдуваа некои работи овој период. Знаете, фб ми е чист, многу ретко да се најде некој од таа страна, ама и тоа има. Денес наидов на една фб страна која има над 20.000 следбеници. И читав, читав и читав... ќе ви кажам. Џабе е се, не се сендвичи во прашање. Станува збор за 10годишно перење на мозоци преку медиумите кои станаа сопственост на оваа власт. И тие се најгледани, најраспространети и допираат до најголем број. Читам луѓето се надеваат, мислат брзо доаѓа крајот, и јас мислев така. Луѓенца, не, овие не си заминуваат така лесно, затоа што постојат луѓе, голем број на луѓе кои нема да им го дозволат тоа. Здрави да ми сте. Европскиот сон не доаѓа овде, ако лично не појдеме сами таму.
Спојлер На "авторов" пред едни добри 3-4 години на дејт му зборев како сум снимала песна од Џастин Бибер, а он беше потресен и слушаше шабанарија. Очигледно и двајцата доста сме се смениле.
Барате трета опција, а не гласате за помалите партии. Или излегувате на гласање па поништувате лист. Невладината организација Ленка беше со амбиција да прерасне во политичка партија Левица.. Незнам до каде стигнаа, си ги следам на ФБ има фан страна и како Ленка и како Левица. Млади и кадарни луѓе. Јас би им дала глас. Левица се залага за: работнички права и социјална правда, демократизација на сите сфери на живеењето, антинационализам. Левица се залага за: работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и против меѓуетничките бариери и национализмот. Нејзиното јадро ќе го прават членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, членови на Левичарското движење „Солидарност, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалисти, активисти и поединци- левичари. Шо убаво...
Не биди наивен, оделе затоа што така сакале читам и се чудам. Одат затоа што МОРААТ, оти ги вработи вмро во спротивно ќе ги избркаат од работа, знам многу такви ах ситни души, контра протести па никаде на друго место нема
Наместо ко секој нормален човек што би направил да е на негово место, да се повлече, да дадеше оставка уште од лани, тој утре што планира? Митинг? граѓанска војна? што? Абе само малку памет да имаше...ја осакати државава. На која сендвичара ќе и напраат промет за утре? Треба автобуси и автобуси да се ранат...од цела земја собрани, ќори, сакати, леви, десни, за партали фатени битно ќе протестираат...