Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Хитлер, Путин, Клинтон, Буш, Доналд Трамп, сите си одат некогаш. Менталитетот кога ќе исчезне, знаеш? Затоа јас не се радувам на никакви протести, знам какви и кои се најгласните надвор. Тие не можат да изградат држава што му прилега на нормален народ.
     
  2. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Како бе чудо само од моја фамилија и познаници никој не мора ништо. Мајка ми не оди да гласа, никој не ја чепка. Имам роднини членови на сдсм, работат државно, вмро не ги чепка, сдсм не ги тера да одат на протести.
     
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    За сдсм незнам и затоа неможам да кажам дали некој ги тера или не, но случаите што ги знам јас се вработени од вмро и се присилени од вмро да одат на контра протести.
     
    На iloveyou29, MiloMalo и mami blue им се допаѓа ова.
  4. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Да, да. Се си кажа сега, јасно ми е.
     
    На julie77 и elimkd им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Веќе едвај чекам се да заврши. Нека се гонат сите со ред. И Грујо, и Заев и сите што не мешаат во ова. Сакам мирно да можам да излезам на улица, мирно да прошетам, да не го мислам брат ми кога е излезен да не му се случи нешто, сакам мирно и спокојно секојдневие.
    Заради политика се испотепаа луѓето меѓусебе, а тие што го направија овој хаос, си го ладат на фотеља по цел ден. Очи нека си извадат, и едните и другите. Само тие што си заминаа од државава се спасија, а ние еве како ќе живееме.
     
    На hardcore му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Незнам што одговор очекуваше ваљда со име, презиме и институција :)
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Виенски договор - конечно еден културен, цивилизиран договор, поради Виена - центарот на истите нали.
    Поубаво звучи сепак, признајте.
    Ах, позадините се доста подлабоки. Геополитички игри се во прашање. А ние како и секогаш ќе си патиме.
     
    На anel и ninja35 им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Многу се изнервирав вчера..всушност и цело време додека траат протестиве сум напната.
    Вчера кај Нова Македонија уште не беа стигнати овие што протестираат, полицијата дојде да се спреми за тоа што ги чекаше.. И еден фраер му се сврти на полицаецот што ги координираше и му упати неколку погрдни зборови што секако не се за да ги пишам..
    Тоа секако не е исклучок, туку секојдневие ама ме изреволтира само поради тоа што пред очи ми се деси а јас сум со краток фитил..
    Дечкото не знам ни 18 години дали имаше, му се свртив и му реков после кога ќе си оди дома истите зборови да ги повтори на татко му! Ми упати само остар поглед и замина..
    Мочко!

    Не ми беше тоа муабетот туку...
    Добро бе луѓе, толку не знаеме цивилизирано да протестираме? Јас лично не протестирам, ама крајно ме револтира уништувањето низ Скопје..
    Тие споменици од НАШИ пари ги направија, од НАШИ пари ќе ги санираат штетите.. Тие споменици не се ваши да ги уништувате, туку се наши!
    Крајно ме нервира и непочитувањето што го покажавме на дело кон безбедносните сили..
    Тие луѓе се нечии татковци, синови, браќа..
    Дали таква непочит ќе покажете кон сопствените родители?! Гледав деца едвај наполниле 18 год, урлаат по улици, навредуваат..
    Епа деца, 2001 година мочавте во пелени кога Македонија даде големи жртви за овие две педи земја..
    Во Куманово кога безбедносните сили душата си ја даваа, можам да замислам колку од оние што сега протестираа беа спремни да одат и да ја бранат земјава, а колку во гаќи се помочаа од страв..

    Епа сакам да им порачам на сите тие како овој што погоре во текстов го нареков мочко..
    КОГА ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ДОЗРЕАНИ ЗА ИСТИТЕ ТИЕ ПОЗИЦИИ, ТОГАШ ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ ВАКА ЗЕЛЕНО КАКО ШТО СЕГА СЕ ОДНЕСУВАТЕ.
    А на останстите само сакам да им порачам да протестираат достоинствено..



    Тоа што ние го правиме е одраз на нашето воспитување..
     
    На kikin и Abeja им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @Dust и јас се нервирам кога некој ја навредува полицијата, зашто тоа им е работа на луѓето, и некогаш ми е жал кога ќе ги видам на спротивната страна, а знам дека многу од нив би дошле со нас. Ама! Колку меѓу полицијата има од редовите на Мијалков? На една моја познаничка мајка и мирно протестираше кога ја удрија со пендрак и жената целата отече.

    Зошто вие партиските умови гледате како деца на светот: црно и бело. Едното ви е лошо, а другото ви е добро. Измеѓу нема за вас.

    Кои бе мирни протести? Да имаа трунка срам ќе се повлечеа до сеа. Еден Никола Тодоров не трепна за Тамара и сега него со мирен протест ќе му влијаеме?

    Не сум за насилство, ама за #ШаренаРеволуција сум. Прекрасни герила акции, браво! Само кој ќе ја сфати нивната симболика... :)

    И Даст, твоето воспитување е очигледно погрешно. Ако те учеле да се покоруваш, можеш само добро да им правиш на бизнисмените и на диктатурата, нели, свената сабја глава не ја сече. Ама, на поголем план, твоето воспитување влече корени од титово време, демек државата е се во право, ние другите немаме право да се мешаме во политика. За жал, се обезвреднуваш самата како личност, затоа што се подредуваш во системот и си идеален плен на чиј грб некој би се богател...

    Штип! Разочарана сум од тебе!
    Ем тоа што протестот беше партиски, ем од овие дечиштата од Унијата на млади сили. Само забави евтини да се спремало.
    Како некои титови пинорчиња се овие од унијата, нели му така доаѓа?
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    7.473
    Пол:
    Женски
    Моментално гледам нова тв,и неможам да се изначудам на оваа Каракамишева....гнида;)
     
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ќе нема место во идризово :rofl: кај ќе ги носат?
     
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Сите знаат за такви работи бидејќи се случува постојано во државните институции. Како само ти не си запознаен ниту слушнал вакво нешто?
     
    На elimkd, JollyGirl и LollySky им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, гледам дека си се осврнала на моето мислење и да ти кажам нешто, за да разјасниме -
    Ти си политички заслепена! А јас никаде не сум се изјаснила дека сум за некоја политичка опција во државава.

    Зошто те нареков политички заслепена, можеби ќе си го разбереш тоа како навреда АМА - зборуваш за полиција од редовите на Мијалков?! Немој те молам, утре таа иста полиција од редовите на Мијалков (затоа што ретки се тие што го издржале режимов а да не се нивни) ќе те брани и истата таа војска ќе го даде животот за тебе и останстите во земјава, затоа што најголем дел од останатото население се пичиња невидени и при прва прилика ќе заминат на некоја плажа како во 2001, само за да не се вклучат во евентуален воен конфликт..
    Сите се патриоти на хартија, сите јадат трици Македонија е до Солун, сите викаат сега да избие војна мамето ќе им го ТИИИТнеме на албанците, а 99% од нив ќе бидат недостапни тогаш..
    Многу, премногу ми е мака кога така ги оцрнувате безбедносните сили и јас како несуден припадник (може ќе дојде и тој ден и јас да се вработам во МВР или др орган по струка) нема да ќутам пред таквите неранимајковци..

    После тоа ми велиш дека моето воспитување е погрешно, дека се покорувам на бизнисмени и дека моето воспитување потекнува од титово време - епа да ти кажам нешто драга моја..
    Како единствена ќерка на двајца родители од кои едниот работи во најголемата опозициона банка во МК а другиот родител поранешно медицинско лице, денес на чело на сопствена фирма, ЈАС не се покорувам на режими, бизнисмени и уценувачи!
    Моето воспитување е можеби не е како твоето, мене не ме учеа дека цивилизиран начин за искажување на незадоволство е да излезеш на улица и да изиграваш политичка марионета..
    Мене ме учеа дека правдата се бара во суд, а дека сум ја добила доказ ми се неколку добиени спорови против државни органи/институции БЕЗ адвокат... Едноставно, кога си во право ни Бог не може да го промени тоа.

    Овие гнидиве што ги аболицираа, заслужуваат мачна смртж заслужуваат да ги измачуваат се до последен здив затоа што според мене тие се најголемото зло што и се случило на земјава во последниве 10 год.
    Ама 56 ластовички, пролет не прават..
    Позади тие 56 ластовички има сигурно уште 560 што ќе наебат штитејќи ги овие...

    Еве на пример, зошто не протестирате за сите оние Апели за помош за лица што боледуваат од некоја болест, туку чекате случај како Тамара па сите на улица?!
    Така најчесто прават политичките марионети, откако нешто ќе се случи поттикнато од едната или другата политичка партија, контра марионетите се одма на улица..
    А каде беа да протестираат пред да се случи нештото?

    И пак ќе кажам, од дното на душата ги мразам и едните и другите, ама НИКОГАШ нема да бидам нечија марионета..
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Зошто го уапсиле Зоран Божиновски? Дека се си погодува човекот?
    Наместо да фатат со ред од големите да апсат, тие по некои новинари почнаа.

    Како беше поесната за Двојче? Двојче, двојче смешно бројче, БАШ ГЕНИЈАЛЕЦ СИ ТИ....сега сум Двојче и баш е лудо, утре ќе НАПРАВАМ СВЕТСКО ЧУДО....Двојче си ама УМНА ГЛАВА, ГЕНИЈАЛЕЦ СИ ТИ...
    Стварно е генијалец :lol: со обична детска песничка си ја предвидел иднината, дека ќе напрај светско чудо :wasntme: Ајде двојче бирај цимер за во идризово (може и Туфи да ти дојде :rofl: ) бирај...

    И што е работава со хеликоптерите? Пак има некое судење?Досега над глава 3000 ми поминаа
     
  15. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Туку...последнава истрага на СЈО, би требало законски да го расветли еден од попознатите случаи што се случи пред неколку години, потикнат од болната психа на неколку политичари што осетиле нагон да му се осветат на друг политичар затоа што не им бил верен односно се приклонил кон друга политичка опција....
    Нормално...Груевски иЈанакиевски (аболицираните) се првите а оштетениот е Фијат Цановски и комплексот Космос...
    Како што стојат работите, и покрај тоа што вината е префрлена до градоначалникот на Г. Баба (исто аболициран), пред законот ќе излезе дека му е направена непотребна штета на сопственикот на Космос.
    Тоа значи, дека Република Македонија, односно СИТЕ НИЕ, ќе треба да му се надополни штетата која е проценета на 68 милиони евра ... народни пари...затоа што неколку психопати решиле да си играат богови...
     
    На BoaVista, Abrakadabra, MilaP и 5 други им се допаѓа ова.
  16. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Да беше вистина таа пропаганда што ја шириш сите сдсмовци ќе останеа без работа до сега. Ама не останаа. Јас имам роднини, имам комшии, имам пријатели, имам познаници што работат државно, а зборуваат и гласаат против власта.
    Уште ова да ти го кажам. Јас сам реков дека на протести одат такви што зависат од партиите, ама многу грешиш кога ги жалиш дека се уценети.
     
    Последна измена: 21 април 2016
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Како прво не е пропаганда туку жива вистина што се случува. Распрашај поширок круг на луѓе и ке дознаеш ( ако не се условени и да зборуваат ) . А инаку немора да си политички определен за реално да ја гледаш ситуацијата во државата.
     
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Тоше е жив!?

    (facepalm)
     
  19. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Што е жива вистина и реална ситуација во државата? Сакаш да кажеш власта брка неистомисленици од работа? Зошто тогаш знам стотина сдсмовци од кои скоро сите вработени? Многу живеат подобро од стари членови на вмро, невработени што пак гласаат за вмро и не чекаат возврат. Не е се така црно и бело, не се лажете себе и другите со пропаганди.
     
    Последна измена: 21 април 2016
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    А што ке се случува со овие што доставија писмено барање до Иванов дека не сакаат да бидат аболицирани??