Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека секој има право на протест, да го искаже своето незадоволство, затоа е и протест, нели? Меѓутоа ваков вандализам, уништување на државен имот...ова е too much. Ова е нарушување на јавен ред и мир, и уште не ми е јасно како овие "нашиве" протестанти не гледаат дека со рушењето си прават лошо сами на себе, во ситуација кога ти се приклучуваат соросоиди од Грција и Србија, како и членови на беса, знаете оние "борци за човекови права" од 2001...Тие не и мислат добро на Македонија.
     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Изглеа живее во Германија затоа не слушнал:D
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ме фатија најголемите гужви, поминав низ 1000000 души, и 1000000 автобуси, 10000 испрани мозоци,...Сендвичите пристигнаа во Скопје од сите градови. Кој директно на кафе заминуваат, кој на јадење, кој на протест, кој за шетање, кој прв пат Скопје го гледа, кој колку да не седи дома тргнал...битно поддршка на Гвујо да му дадат. Цел град е дисфункционален. Да ви се плукнам на сите болни во паметот.
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    З.Б. е уапсен поради осомниченост за предметот Шпион.
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Зошто се собраа сендвичите? Може некој паметен да ми објасни? Пишувале: Сакаме избори...зошто сакаат избори? Ете нивниот цар е на власт, зошто избори?
    Ако има некој нормален меѓу сите сеа моментално што протестираат, ако знае барем еден човек зошто протестираат, ја главата ја сечам. Појдете слободно и прашајте ги зошто дојдовте, ако знае некој, има честење од мене.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Аман бе толку револт против денешниве, а овие до вчера шо кршеа шо пустеа по градов не ти сметаа? Нив ги праша зошто кршат и вандализираат?
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Денешниве се испрани мозоци и појма немаат зошто дошле, ни пак има логично објаснување. А тие досега што протесираат цела недела, излегуваат самостојно, и прават секакви работи за да привлечат внимание ЗА ДА СЕ СМЕНИ ВЛАСТА. И наместо да ги оставаат да протстираат, тој собрал од цела земја луѓе за контра протест (facepalm) Има логика? Во која држава е вака? Ако некој протестира треба да ги остават на раат да го искажат револтот, и да си протестираат, а не контра протести да прават. Ајде кај го има тоа? Диктатура права е ова. После да се запрашаат малку зошто е така, зошто протестираат и да превземат нешто, значи народот го неќе, а тој упорно со закани, со бркање од работа, уште си седи на власт.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Чек чек, кој тоа спомна дека не било вистина дека се уценувани од вмро? Сериозно? Уценувани се и тоа како, посебно тие што немаат уште решение, маста им ја вадат! Пред мои очи се случи на прва другарка директорката да и рече "нема не можеш, ќе дојдеш и крај", дури и мене ме праша "да сум и правела друштво". Значи девојчето е магистер и си работи во образование, ама ете мора да иде и да се глупира за да не ја избркаат. И други ми имаат кажувано дека им е преку глава од притисоци од партии, ама од друга страна работата му виси на конец ако се спротистави. Фамилија има за хранење. Не мора да значи ако си анти вмро да мора по дифолт да се мразиш со секој што е таму, и обратно... Не е секој со усвитена глава како корто и слични. А којзнае може и он си е нормален во живо само вака мора ради притисок.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Гледам дека си партиски определен и неможеш објективно да коментираш така да не ме цитирај повеќе.

    Пропаганда не е да уценуваш луѓе да одат на протести за работно место оти немаат друг избор. Да се докаже кој бил повеќе и кој е на власт. Додека има такви како тебе ке си играат мајтап со луѓето.
     
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека не смеат да протестираат, меѓутоа да нарушувааат јавен ред и мир...Башка, колку се самостојни, не знам...чисто сумљам, плус, како што спомнав погоре во друг пост, со здрушението беса да се здружат не знам колку се самостојни.
     
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Епа ќе нарушуваат ред и мир пошто сакаат да се смени власта. Колку побрзо се превземе нешто, тоа подобро. Значи народот одлучува кој ќе биде на власт а не грујо.
    Инаку скоро сите што ги познавам што одат на протести НЕ СЕ од сдсм, туку едноствано се ПРОТИВ ВЛАСТА, и сакаат промена. Излагаат самостојно и без притисоци. Повеќето се студенти, млади, паметни луѓе што размислуваат со своја глава, и гледаат дека тука нема никаква надеж и иднина за младите, па пробуваат да сменат нешто.
    Има и професори на протесите, мене лично што ми предаваат. На предавања, и на факултет, воопшто НИКОЈ проф. НЕ спомнал за протест, но таму (на протестот) многу колеги се сретнуваат со нив и си прават муабети. На проф. што педава на факултет може некој да му се закани? Не може, пошто си има решение и кур го боли, ама сепак се свесни дека не е ок да живееме во диктатура и фино лепо и излагаат да протестираат.
    А овие контра протестите се бог да чува. Со закани, притисоци, и 300 глупости сите се појдени на улица.
    Да бидеме реални и да не се правиме глупави, кога сите знаеме што се дешава.

    п.с. На сегашните контра протести мноооогу ретко може да се види некој млад студент, млад човек што мисли со своја глава. 98% од младите се против власта.
     
    Последна измена: 21 април 2016
    На iloveyou29, oblace1, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Досадни се више, неможеш на раат у град да искочиш.
    Сите тепачи, лошотии собрани на едно место.
    Ај нека се смират веќе еднаш.
     
  13. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Ако е некој овде партиски определен тоа сте вие. Јас кажувам како реално стојат работите. Никој таму не е уценуван, ниту вие од сдсм што протестирате, ниту оние од вмро што контрапротестираат. Таков народ сте, сакате да се газите едни со други. Вие да сте на власт, комшијата да пукне од мака. Менталитетот е таков и само преку партија можете да се снајдете. Тие што не се такви како вас ја напуштија државата.
     
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Од каде ти знаеш дали јас сум определена или не па да зборуваш вие од сдсм. Немора да си определен за да сфатиш дека народот функционира со уцени од власта во нашата држава. Али вие што сте на власт нема да го признаете тоа.
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Добро бе, знаеме дека си неутрален.
     
    На anel, elimkd, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Ти од каде знаеш дали сум јас определен што ми лаеше? Ти си поопределена од мене. Ти поддржуваш протести, јас не поддржувам никого и седам дома.
     
    На HellAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Да имаше избори навистина ќе тепаше вмро. Не треба да сум определен за да го знам тоа.
     
    На HellAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Подржувам протести против одлуката на Иванов да ги заштити сите криминалци политичари. А се гледа колку никој не подржуваш ке потепаш се на форумот за вмро
     
    На anakonda88 и anaja1 им се допаѓа ова.
  19. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Без оглед кој е на власт, народот треба да биде вечен опозиционер, а политичарите треба да се менуваат како чорапи, за да не им се дозволи да пуштат корени, како овие што направија.

    За овие кутри души што ги товарија во автобуси како компири и ги однесоа во Скопје, а ни сами не знаат зошто, така им е наредено, ми е жал.
    Сите тие користат некаква привилегија, најчесто државна работа и така ги држат за јајца.
    А жал ми е затоа што после неуспешниот договор од Пржино, и конкретнава ситуација со аболицираните, за брзо ќе секне чешмата, ќе го свртат вентилот и нема да ни даваат кредити од ММФ и Светска Банка, нема да можат да исплатат плати и пензии, ќе настане општ крах система. Ќе удрат инспекции по приватните фирми, казни по граѓаните за да се собери некое паре, а кога ни тоа нема да успее, дел од политичарите ќе си ги спакуваат куферите и ќе си одат на некоја плажа и со маргаритчиња ќе се печат на сонце, другиот дел најверојатно ќе покуша да задржи фотелја.

    Тогаш, сите овие кутри душиња ќе излезат на улица не да ја бранат Македонија од „фантомски непријател“, туку да си ја побараат и онака мизерната плата, а дотогаш се надевам дека јас ќе бидам исселена во некоја западноевропска земја, и ќе ви ја постирам „Каде сте Македончиња“.
     
  20. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Не е точно, јас смирено дискутирам. Ти ќе потепаш за сдсм се што не ти одговара.