Порив Темни сили мрачни магми Се ближат,се ближат, невидливи маглини дални. Се мрешка, се крева, се превртува, нежниот вир на спокојот. Молкот од волкот навеван боли Вселената на работ од бездната своја стои. Има ли пат за човекот од мракот од темните сили свои?! Очајот на осамата расте Но тој напнува,напнува... Матеја Матевски
Епа на нас останува да процениме на кого да веруваме. Јас повеќе и верувам на А1 од една и единствена причина што Сител нон стоп прикажува инвестиции, зголемувања на примања, ко мед и млеко да тече овде, ко да сме Швајцарија, а за жал во реалноста е поинаку и многу многу полошо.
Јас пак со сите глупости што ги прават А1 стварно не ми оставаат простор да им верувам. Не дека сител се нешто подобри, оној Латас е многу досаден, ко он да се кандидира за премиер ... Ама па А1 очајни ми се многу, дури и смешни И со овие монтаживе на лажни прилози што ги прават... крајно непрофесионално...
Главниот играч што ги држи сите конци и владее со Македонија во сенка и притоа е гаден и опасен играч и голем криминалец е Сашко Мијалков - првиот братучед на Груевски - директор на ДБК...Баш ме чуди што ова никој не го спомна до сега...
^Баш така.Ние имаме т.н. Влада во сенка,Никола е само пиунче во целава работа. Мене ми е смешен Љубе Бошковски како им го спушта и на двајцата.Лууд е,жими мајка да
Ве замислувам како стари баби, со марами на главите, како седите на сред село и правите муабет: Така е мор Стојне ми кажа Мара на Јанковци, чула од другоно село кажуеле...ииииии стварно велиш така е???
Уф, извини што кога за нешто не сме информирани, културно прашуваме, а не тресеме глупости какви што само ти можеш неинформирана да истресеш.
Хммм... тој заедно со Ивона имаа некаква си диплома од европски кој на времето (пред околу 3 години) нешто не го признаваа или не знам што така што ни факултетот не им го признаваа во завод колку имам слушнато, не знам после што направиле, изгледа експресно си го упишал факултетот и магистрирал, могуќе, во денешно време се е можно, плати па клати. Без да мешам политика мислам дека Латас се снаоѓа колку толку во новинарство, ма да ми скурчи со тие негови колумни се едно исто веќе, а оваа Ивона е неподносливо самобендисано суштество што врска нема, џабе се фали у Америка учела којзнае што, како греши додека зборува се губи некако. А новинариве од а1 се чиста смешка со исклучок на две жени новинари кои ми биле секогаш на место и жалосно е што си набиваат негативен углед кај велија. Циркуси беа вечерва, грујо и удри корпа на рада се смува со ивчето (но со голема жртва-неиспиена чаша вода), но затоа Рада вечерва може да запее=празна чаша на мом столу (ако је чаша испијена нек буде чаша разбијенаа) Ај нека помине недела више, да си гледаме тв на раат.
3ти јуни е затоа[/quја јас работам кај адвокат и секој ден по тројца доаѓаат да тужат за неисплатено грозје, оваа година е година со најмногу тужби и тоа тужат за 2008 година и не верувај багуфце во се што ќе слушнеш за 2008 не е исплатено не па за 2009 а камо ли за 2010 и многу од нив не земаа субвенции партиски книшки барат прво на тие со книшки му даваат. Инаку владата ужива да се фали ама јас гледам како е. Прашај ги лозарите ќе видеш што ќе ти кажат не слушај од медиуми
Леле те молам само немој со глупости...Грозјето е исплатено за 2008 и 2009 а сега за 2010 исплатија јас знам 40% не знам за 70%, а субвенции НИКОГАШ не се исплаќале со членска книшка, кога се пуштаат, се пуштаат на сите. Тоа може да ти го каже секој кој се занимава со лозарство. Тужби за неисплатено грозје можеби има единствено нон Џумајлија која нема исплатено и која слушнав дека ќе оди под стечај...
Па Багуфче заборавила (или намерно изоставила) да потенцира дека тие со партиски книшки само добиле дел од субвенциите.
http://www.youtube.com/watch?v=Z3EQpgCg ... ture=share Pада! Aјде Pадо, нека се свестат луѓето! Tака е, кажи им и животните се дел од нашето општество
Јас не верувам на тоа што сум чула,туку на тоа што сум го видела со свои очи,т.е на факти.Фамилијата на дечко ми имаше пари за грозје неисплатени и му исплатија 70 посто.Истото го имаше и на вести. Фамилијата на дечко ми нема членска книшка Џули.
Багуфче убаво ти рекле,дека било трети,а на петти се гласа.Ко платите за буџетарите (кои патем НЕ се префрлени,лажги со опашки) кои секој месец стигаа помеѓу 11 и 15 и пензиите кои стигаа од 5 до 10 во месецот.Па и лозарите да не ги скокнат...туку само кај нас НОРМАЛНИ работи се прават ЕКСКЛУЗИВНИ,ај да опростиш што е без компас и стратегија.Со горнион на помош шо вика баба ми. Ете затоа.Проста логика и тро разум. Туку шо слушам сега,дечко ми узбуѓен и увреѓен,се спрема на фудбал вечер да оди,ми се јавува разочаран,ексклузивно,уредникот на забавната емисија на Сител телевизија измислил нова навивачка песна за Македонија и да не заборавам ОФИЦИЈАЛНА! И ми пушта по телефон,слушај,слушај,му велам човече дај линк,да уживам во тоа чудо... Ех Тоше,Тоше... Уживајте... http://sitel.com.mk/video/makedonija/no ... makedonija Леле текстов...леле текстов...овој момент ме исполни... Дресот наш од сила,ќе ни даде сила!
Леле леле и синоќа дебатата на Груевски и таа од Сител била нешто феноменално Онака армосверата била тивка, во пригушено светло, водителката била нетипично облечена и нашминкана ко за нејзин стил прилично романтична, овие си правеле муабет у стил вие се што правите е најдобро повелете почнете да се фалите и докажувате А на екран било испишано ЕКСКЛУЗИВНО Која е таа ексклузива да си се појавиш на твојата телевизија каде ти и твоите министри секоја вечер во ударен термин (вестите) си беа почесни гости А и ЕКСКЛУЗИВАТА траела повеќе часа изгледа
Дали е ова предизборен молк или ние у Австралија живееме?! http://www.informator.ws/avstralija/242 ... 09-31.html