Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Се надевам дека нема да пречи дека видеово е на албански,неможев да најдам нешто слично на македонски а и многу е добра пораката што ја носи.
    За тие што ги продаваат гласовите, а не сфаќаат дека подоцна ќе им ги земаат и тие пари што им ги дале а и се друго.
    Значи : Не продавај го гласот затоа што ти ќе го платиш најскапо!

    https://www.facebook.com/ilypresheva/videos/1839679312931289/?pnref=story
     
    На JonyBravo, anakonda88 и sanjaeva им се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    I sega shto ispadna koi se tuka na forumov poveke za sds ili za vmro ?
     
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Колку сакав да реплицирам овде , али си викам БАТАЛИ .... !
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    За гром
     
    На Bozica1980 и elimkd им се допаѓа ова.
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Lazesh Grom po sie anketi e slab :)
     
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Овде по дифолт мора да си сдсм, ако не си во согласнот со нивните ставови и мислења тешко тебе, иди фрли се некаде поарно отколку да си го кажеш своето мислење. |(
     
    На presiosaP, Abeja и Outlook им се допаѓа ова.
  7. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Ајде, ајде нес е даваме, а да знаеш колку си ќутат само :) не е толку лошо НИЕ СЕПАК СМЕ ЕДНО, КОМУ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ Е ЖАЛ :)
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Ако имаш ставови и мислења кои што се во спротивност со политиките и пропагандата на моменталната власт, не значи дека си сдсм. Едноставно не се слогасуваш заради Х причини и тоа е тоа. Господ ти дал мозок, се едуцираш на овој или на оној начин и можеш и имаш право сам да расудуваш. Тоа што за некој работи се делат исти мислења како и сдсм е една работа, ама дека комплетно се сложуваат и ги поддржуваат во нивните политики е сосем друга работа и притоа веќе еднаш кажав, ретко кој член на форумот што има различни мислења од тие на власта се поистоветува со сдсм како опозициона партија.
     
    На galapce, SuperGirl24, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Едно е да имаш свое мислење и да си го кажиш овде, а друго е половина и повеќе членови овде кои врска немаат од политика да рипнат и да те направат будала (ненормален, слеп, овца и слично), само затоа што не им се допаѓа оти така размислуваш. Е тоа е суштината на муабетот. ако се почитуваме да си ги кажеме ставовите ако не нека си пишуваат само истомислениците “најпаметни“ и темата ќе биде совршено катче за “непартиски мислења и ставови“.
    И јас да си кажам ми се згади веќе од тие боите, сите граници ги преминаа. Ако некој се сели од државата оти не му се допаѓала власта јас ќе се иселам од овие ваквите варвари недоквакани што мислат оти сите се како нив. Кловнови
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Мене лично не ми се свиѓа некој да биде навредуван заради неговото мислење, особено не да биде именуван со зборови шо ни на улица не се слушаат. Исто така не ми се свиѓа т.е. не оправдувам и не го сметам за искрено и нормално тоа што некој се поистоветува со ставовите на политичка партија на власт како и ја игра истата игра на манипулации и спинови а притоа да себеси да се кажува како неопределен и дека е тоа негово лично мислење. Тука треба пред се да дебатираме за актуелните политички настани а не да браниме една или друга политичка партија. Сфатете го ова како бранење на Ваш личен став по однос на некое прашање а не бранење на агенда на политичките опции!
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    @Elissa полека, тоа е и целта на сите овие случувања да се караме и закрвуваме, немој ! Овде има и возрасни ама и мн деца што поим немаат всушност за што пишуваат или едноставно млади се и не знаат ама ете сакаат да се ИН :) а сега ИН на дел од мрежите е правење овци и тн. а што очекуваш др да ти каже некој што нема што др да направи освен да омаловажува. А сигурно има дел и на нетов пуштени за пропаганда како и на др мрежи, а па, дека викаат овци еве ние вистина сме овци или ќе станеме овци :) Некое време веќе битката не е за ВМРО или СДСМ туку за нашава држава што има нешто многу вредно за кое не сака да плати поштено туку така да си стави вазал. И користи раздели па, владеј.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Не, сите сме едно, доколку живееме, работиме и придонесуваме во иста држава. Различни ставови во однос на тоа како некој води држава е многу неоправдана причина за разнебитување. А за жал, тие ставови не ретко влијаат врз приватниот живот и меѓучовечките односи. :( И тоа не отсега. Со време и време и време, откако знам за себе и во вакво и во такво владеење. Значи, до нас е, се додека се делиме на патриоти, предавници, хулигани, варвари и некои видови добиток, нема да ја биде.
     
  13. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Ne ve pratam mnogu ama ako stvarno e taka togash eve namerno ke kazam, sosema sum daleku od stavovite na sdsm.Site dosega lideri vo sdsm nikogash ne diskutirale za ekonomija.Sekogash begale od nea.Posebno Brane mnogu go pamtam po toa negovo beganje od ekonomija.
     
  14. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    Претпоставвам дека Ивона, кога би можела да избрише еден ден од нејзиниот живот тогаш тоа би бил вчерашниот. Таков дебакл на мегународна сцена пред толку новинари од цела ех ју плус најголемите светски медиуми ретко на кој му се сучило.
    Замисли ти му се увлекуваш му ласкаш а тој и на двете прашања те прекинува во пола реченица и брутално те понижува.
    Добро се гледа деа Вучич е информиран кој е кој и знае каков е ставт на мегународната заедница и затоа е толку брутален.
    Еве што и кажа Вучич
     
    На Tanjamm, elimkd, kolovoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Ивона мораше да се захвали во име на Латас.Нели он кога беше во емисијата јади бурек го навести баш ова,Вучиќ да го испрати Божиновски.
    Незнам зашто Ивона не ја искористи приликата да му порача на Вучиќ да го предаде Далаверата во Македонија.
    Ако е бал,нека е маскенбал:D
     
    На JonyBravo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Од вакви си пати државичката, за жал.
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Nishto ne bi izbrishala priuchenava novinarka zatoa shto nema oset. Ovaa e od onie koi mislat deka vrne koga gi plukaat.
     
    На LivingGlam, Bozica1980 и Priroden им се допаѓа ова.
  18. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    Веројано, ма да јас мислам дека сите тие имаат совест и знаат дека е далеку од вистината тоа што го зборуваат но пуста пара врти бургија кај што не може.
    Во овој перид можевме да се уверме дека лугето вистината ја гледаат сразмерно нивната корист. До вчера за неои беше диктатор, а сега се во првите борбени редови дури и по сурови од оној што го нарекуваа диктатор во борбата против довчерашните соборци.
    Што мислиш да секнат парите од владата дека сегашните провладини медиуми ќе бидат исто толку жестоки?
    Се е драга моја интерес само обичниот народ го јаде стапот како и да го свртиш.
     
  19. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Ако сте против користење на обичниот македонски народ, на необразованите, на неинтелектуалците, на оние изолирани од аспект на достапност на средства за информирање, на оние кои пателе во минатото во војни (особено манипулирање со нивната етничка идентификација и идеали како и поигрување со националните чувства базирано на трауми - лични или блиски - од минатото), народ испран со пропаганда и националистички (дури на моменти и фашизоидни) идеали, манипулација преку користење на верска припадоност и свест, како браник за одбрана (и кукавично криење) на избрана група на луѓе кои ја споиле државата со партијата и креирале квази-мафија за да го истиснат и она малку што остана во Македонија, користење на крајно корумпирани и партизирани државни институции за исполнување на личните агенди на таа одбрана група - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако сте против одлуката за аболицирање на корумирани политичари и луѓе од политичко-мафијашки структури кои не донесоа до моменталната ситуација а притоа се апсат интелектуалци, новинари, демонстранти, политички и граѓански активисти, луѓе за незначителни прекршоци и луѓе на кои им се подметнуваат дела со цел политички и уште почесто личен реваншизам - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако веќе сфативте дека основата на проблемот во нашата земја е во принципите и законите на кои таа е поставена и ако сметате дека е потребна длабока, коренита реформа во речиси сите области - редефинирање или промена на разни закони па дури и Устав, целосно реструктурирање и реорганизација на власта (и на извршната, и на судската и на законодавната власт), промена на изборен законик, закони за партии и нивно финансирање, закон за медиуми, реорганизација на разузнавачки служби и подобро регулирање на нивните задолженија, стратегии за образование, наука, здравство итн. - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако вас не ве интересира политика и политичките случувања во земјава ви се преку глава: во овој момент молк и конформизам не е ништо друго туку поддршка на моменталниот режим. Во нормално, функционално општество, повеќето луѓе и нема потреба да се занимаваат со политика - Македонија во моментов ниту е нормално, ниту функционално општество, ниту пак се почитуваат закони а ниту Устав - Македонија во моментов е приватна сопственост на група која сака да се претставува пред народот како демократска и народна, сака да мисли за себе дека може да се порамнува со мафија - а реалноста е дека не е ништо од тоа - станува збор за една група на необразовани, неинтелигентни луѓе кои со помош на странски консултанти има направено стратегија (би рекол, прилично успешна, до пред некоја година) за приближување до народот што се користи како параван додека се занимава со мафијашки активности (би рекол, неуспешно, зошто се ќе биде откриено); група која сака кон неа да се гледа како божество и спасител, која сака народот да има стравопочит и целосно да биде покорен, која сака да мислиме дека е недостижна, а гледаме (или слушавме) како всушност тие се плашат од народот, како немаат никаква хиерархија туку сакаат неколку луѓе да вршат контрола и организација на целиот процес, како всушност се обвиени со параноја и страв од се околу нив. Ако не сакате да дозволите една ваква група да контролира цел народ - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако гледате дека не се "сите исти", ако сте свесни дека порано имавме влади и политички гарнитури кои крадеа а сега имаме мафијашка структура која сака комплетно да владее, која сака целосно покорување на народот и која краде бескурпулозно - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако се чудите како може на некој да му смета боењето на споменици низ Скопје кое би се санирало за неколку илјади евра (иако јас би ги оставил вака - особено триумфална) а не му смета тоа што некој украл милијарди од оваа држава, тоа што некој сакал да го "продаде" нивното име, тоа што некој ги нарекува "човечиња", тоа што умираат деца за 30,000 евра народни пари, тоа што се потрошени милиони за некој да си го храни егото на нешто што се нарекува уметност а нема ни у од уметност, на објекти во квази-барокно-класична-старо грчко/римска архитектура (иако ниту ги исполнуваат основните начела на било кој од овие стилови, ниту пак некогаш ги имало на нашите простори - особено барокот) направени од стриопор и ефтини материјали а платени како да се од злато - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако ви смета тоа што државата гради "капитални објекти" како споменици, мегаломански фонтани, панорамски тркала, водени паркови, игралишта итн. а нема пари за да исплати плати и пензии - па се задолжува во странство и за едните и за другите - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако ви се кубат коси од тоа кога некој ќе ви спомне "битно се гради" без притоа да е свесен колку тоа ние ќе си го платиме, колку тоа ние "немаме за леб а јадеме чоколадо", колку воопшто има потреба од тоа што се "гради" (како да е од највисок приоритет) и на кој начин се "гради" (за што сме криви и самите бидејќи претходно се "градело" помалку па еве сега тоа е интересно за некој и луѓе паѓаат на тие трикови)- време е да им објасните поубаво на овие луѓе (посликовито) и излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле! Пример што го користам јас: Баба ти ти дава ред чоколадо, а дедо ти ти дава 10 чоколади ама ти вика ќе треба кога ќе се вработиш да си ги отплатиш со кредит од 1 милион евра. Кој повеќе ќе го сакаш, баба ти или дедо ти? И баба ти можела да ти даде повеќе од еден ред, ама дедо ти ова што го направил е криминал (literally).

    Ако ви се смешни тврдењата на некои партии дека имаат програма, кога таа програма не би можела да се квалификува како ништо друго освен како некоја луда идеја/план на некој ексцентричен градоначалник (бар во 50-60%), и ако ви е трагичен фактот што народот наседнува на таа програма - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако сметате дека во највисоките државни органи не треба да има психички пореметени особи со крајно изразени комплекси на ниска вредност кои се обидуваат да ги покријат со нешто што мислат дека се мегаломански "проекти" и "дела" кои ќе ги внесат во историјата, со социопатски одлики особено кога станува збор за пресметка со неистомисленици, со хистерично смеење на маката на народот, без елементарен речник и фонд на зборови, со капацитет да мораат да читаат дури и кратки говори, со пореметувања до тоа ниво да мислат дека се во филм каде играат главна улога а всушност се надвор од секаков допир со реалноста - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако сметате дека не смее некој да биде избран на избори без претходно да има 5-10-20 дебати за различни медиуми без потреба од отчет (особено кога пола од работите во тој отчет се однесуваат на други позиции а пола се однесуваат на тековни задачи/обврски/проекти кои стандардно се исполнуваат или реализираат) и без квази-интервјуа со квази-новинари и претходно договорени прашања (за кои одговорите се читаат) - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако ве нервираат спонтаните контра-протести за поддршка на режим, корумпирана институција или квази-мафијашка организација (партија) каде присутните и не знаат за што се дојдени и неретко се мета на потсмев особено на социјалните мрежи, каде контра-демонстраните се дојдени поради разни закани, каде се запишува кој бил а кој не под уцена дека може да се загуби работно место, каде главна мотивација покрај уцените се еден мочан сендвич кој за некој е и многу поради економската ситуација (особено во помалите места), каде се мобилизира народ под ветување за некои измислени или не национални идеали и стремежи - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако се чудите на квази-новинари и квази-експерти кои шират траги-комични пропаганди за одбрана на авторитарен режим без да се свесни дека последиците од тој режим ќе го почувствуваат и тие лично, опиени од некоја ситна (или покрупна) пара и помалку или повеќе свесни дека работат против самите себеси и уште повеќе ако овие квази-фаци немаат апсолутно никаква допирна точка или искуство во областа во која се "експерти" (а има и онакви кои се дури и професори - не знам дали регуларно или не, ама таквите се сеуште енигма за мене) - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако не знаете дали да се смеете или да плачете кога новинари/политичари и високи функционери тврдат дека сите сакаат да ја уништат Македонија, почнувајќи од СОРОС (кој има инвестирано доста пари во нашето образование), преку Америка, Европска Унија, петоколонаши, илуминати, масони, ЦИА, МИ6, Рокефелер, Ротшилд (фалат уште гуштерите од другите планети кои го контролираат светот или кралските фамилии кои го контролираат светот - зависи на која теорија сте приврзаник), ако ви се смешни поврзувањата со Украински сценарија (држава на стратешка позиција во однос на Црното море и Русија, во време кога полека почнува нова студена војна меѓу истокот и западот), Египет, Сирија, Ирак, Иран, Авганистан (држави со авторитарен режим кој не идеално ама некако фунционирал и многу побитно држави богати со нафта итн.) од истите оние кои ја искористија портокаловата боја од украинската револуција кога токму приврзаниците на западот дојдоа на власт во таа држава и ако ви е парадоксално и за неверување што многу луѓе всушност и паѓаат на таа пропаганда - не заборавајте дека тие луѓе со години се задојувани со националистички идеали и партиска пропаганда, па затоа време е да излезете на протести и за нив, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако ви е малку чудно што сите мрачни сили во цел универзум се свртеа против Македонија баш во моментот кога се открија големи криминали на власта, ни ден претходно - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!
     
    На BoaVista, ЈеленаЏиш и anaja1 им се допаѓа ова.
  20. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Ако сакате да ставите крај на поделба на народот на предавници и патриоти, добри и лоши, на наши и ваши, поделба по полова, етничка, верска, сексуална или друга определба - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако ви смета тоа што имаме новинари како Латас и Миленко, професори како Каракамишева и Иванов, експерти како Пандов, дворски шутови како Тони Михајловски, политички камелеони како Јакимовски и здруженија за одбрана на Македонија (од кого? и кај беа во 2001 на пример) - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако сте свесни за тоа дека меѓународни спорови (па дури и кога не се наши туку се на други земји со нас) најдобро се добиваат со лобирање, дипломатска борба и преговори во релевантни меѓународни институции, со билатерална соработка со земји и објаснување на самиот проблем, а не со демагогии пред обичниот народ во оваа земја, и ако гледате дека во моментов никој не сака да ги реши меѓународните спорови (иако е можно) туку само демонстрира (лажна) подготвеност за тоа и ги користи истите како техники за исполнување лични агенди - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако ви е доста од реформи со целосно копирање на закони од други земји, доста од контролни механизми во образованието без притоа да се дискутираат пропустите во образованието и како да се подобри целовкупниот образовен процес, ако ви е доста од катастрофални преводи на светски книги и користење на истите како учебници или основна литература - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!

    Ако мислите дека нема правна држава, нема уставен поредок и почитување на закони, нема еднаквост на сите граѓани, нема функционална влада, собрание, судство и генерално држани институции кои не се корумпирани и контролирани од мала група на луѓе има невидена досега партизираност во државните институции и целосно преклопување на државата и партијата дотолку што функционерите не се ни обидуваат да ја сокријат таа поклопеност и ако воочувате дека во моментов имаме држава само на хартија - време е да излезете на протести, ако тоа веќе не сте го сториле!!

    Да бидам појасен - овие работи нема да ги снема само ако вие излезете да протестирате - за тоа треба да се избориме сите ние граѓаните, не само да чекаме помош од меѓународна заедница или политички субјекти. Ова е момент кога треба да покажеме дали ние заслужуваме држава. Во моментов, морам да бидам искрен и иако ми е тешко да кажам тоа е реалноста - ние не заслужуваме држава: немаме општествена и колективна свест, немаме солидарност, немаме речиси никакви вредности - сите тие беа изгубени во текот на овој долг транзиционен период. Се додека не се разбудиме од нашиот сон и не се солидаризираме со народот кој има проблеми, се додека гледаме само за себе и воопшто не ни е битно што се случува со другите, се додека се плашиме да го искажеме својот став и мислење, се додека се водиме по паролата "ќути си,трај си", се додека не воочиме дека ние како народ ја имаме моќта над политичарите а не тие над нас - ние или ќе имаме ваква држава, или уште полоша или ќе ја немаме воопшто. Додека некој ви продава недостижни националистички идеали - ќе го загубиме и она што го имаме. Додека некој сака да ве убеди дека живеете во филм што подолго - ќе се разбудите во уште посурова реалност. Се додека некој ви продава демократски филм каде се со предзнак социјалистичко и комунистичко е крајно зло (а всушност посоцијалистички мерки како субвенции итн., иако злоупотребени, сме немале од СФРЈ) - прави простор да ве контролира со тие мерки. Се додека не сфатиме дека заедно сме посилни и дека тоа е нивниот најголем хорор па користат разни тактики за поделба - ќе бидеме слаби и нема да може да се спротиставиме на еден режим.

    ВО крајна линија, ние сме криви за се. Не се политичарите криви, крив е народот - ако ние имавме некоја општествена свест немаше да можат да крадат, немаше да можат да ги поклопат сите институции ако таму имаше луѓе со интегритет итн. Сега е крајниот момент да се разбудиме од нашиот долгогодишен розев сон, да се искупиме за грешките во минатото, да ги вратиме етичките и моралните вредности и да ја поставиме државата на добра основа за идните генерации - кога нема да може да се користат вакви западни техники за контрола на народ, кога нема да може да се користат националистички алатки за исполнување лични цели, кога ќе имаме солидна законска регулатива и добро поставени институции за да не ни се повторат грешките од минатото.

    Нешто вакво да се случи во било која нормална држава - ситуацијата ќе се реши за 2 дена. Оставки од морални причини. Ако тоа не се случи ќе се крене 80% од народот и насилно ќе ја симне власта и ќе си ја поврати државата. Кај нас, иако народот почна да се буди, далеку е таа бројка од тоа што би било во некоја нормална држава. Но, повторно ќе напоменам, не се разочарувајте, имајте во предвид дека голем процент од народот е необразован (не значи ако имаш диплома дека си образован), изолиран (селани итн.), задоен од долгогодишна пропаганда по телевизии и други медиуми, со целосно испрани мозоци дека некои луѓе се пратени од Бога да ја спасат Македонија - луѓе од народот и со народот, луѓе кои живеат во странство (и немаат апсолутно поим што вистински се случува тука), прости луѓе (под прости пред се мислам на луѓе со ниска општествена свест, кои се плашат од оние кои мислат дека се богови, или се толку задоени со пропаганда што ги гледаат како богови) и да не ги заборавиме луѓе со кои лесно може да се манипулира на национална или верска основа (многу често луѓе кои поминале низ трауми и имаат доем дека некој сака да ја исправи неправдата врз нив). Во крајна линија, ситуацијата немаше да биде ни приближно слична ако сиромаштијата и невработеноста не беа голем проблем. Многу е полесно да се контролираат и уценуваат сиромашни - кај нас нажалост таа цена спадна и на еден сендвич - но ова е трагична реалност. Лесно е да се лутиме, но треба да сфатиме дека ние ја имаме обврската да се избориме за нашата држава и за нас, но и за нив.

    Не е битно дали си партиски обоен (било која партија) или неопределен. Ова веќе ја надмина границата на партиска поделеност. На протести не има секакви, со различни политички убедувања, од различни вери и етникуми, од различен општествен слој и со различно ниво на образование, од сите возрасни групи - и тоа е најбитно. Сакаа обоена револуција - еве им шарена револуција, со диверзитет на луѓе по сите можни основи.

    Протестот е право за искажување на нездоволство, но во овој момент, протестот е морална должност на секој граѓанин кој е доволно интелигентен да сфати дека се движиме од хибриден кон диктаторски режим. За волја на вистината, таков режим нема да опстои долго во Македонија - немаме ниту нафта, нути дијаманти ниту гас и слично за да го држи народот задоволен. Но да не оставаме да помине уште некоја година кога може да се избориме сега - одговорноста за иднината на нашата земја е на сите граѓани, колку повеќе сме неми кон повиците за слобода, толку потешко ќе биде да опстоиме како држава..

    Затоа - КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА ИЗЛЕЗЕТЕ НА ПРОТЕСТИ, ако тоа веќе не сте го сториле!!

    Секој ден во 6 пред СЈО.

    ‪#‎Протестирам‬
    ‪#‎Protestoj‬
    ‪#‎ШаренаРеволуција‬
    ‪#‎СекојДенВо6‬
    ‪#‎НемаПравдаНемаМир‬
     
    На BoaVista, christinnn, Offspring и 2 други им се допаѓа ова.