Не само на УЖ, туку сите членови и активисти вработени од дотичната партија плаќаат членарина. 1000че за 3 месеци ако добро ме држи сеќавање. И тоа, ако немаш платено, координаторот на партијата, градоначалникот или кој веќе го води состанокот ТЕ ЧИТА НА ГЛАС ПРЕД СИТЕ и добиваш рок до кога да платиш. Е така оди бизМисот, плаќаш како на поп.
Уште не дошле на власт а веќе почнаа да го вандализираат и она што припаѓало на Македонските револуционери.Срамота! http://kurir.mk/makedonija/vesti/vi...a-vandaliziraa-rodnata-kuka-na-hristo-uzunov/
македонското лавче aka Џими Пејџ, клоца газови. Жал им е што некој вандализирал и "уништувал" нешто што е платено од свој џеб, а тоа што се субвенционираат вакви глупоштини, тоа нема везе. Ако Поједе ме туџа срамота, не можев да го дослушам текстот, не знам за вас.
Економисти, банкари на форумов, пишете што со економијата по оваа криза, што со кредитите, каматите, депозитите?Овој дел од кризата најмногу ќе не погоди.
Лепен,сечен и монтиран "сендвич"...аманет за наредните генерации од џеб што ќе двојат за да опстојува сендвичот во Министерството за труТ.
Да ве посетам, да се испукам и олеснам на душата, оти се запалив на Иселенички визи, па да довршам за нашата мила земја Порано бев некој вид на “фанатик“ на вмро, се радував кога ќе победеа, иако не бев ни политички активна туку така на некој начин си имав завземено страна, пошто кај нас нели секој е поделен на ваков или таков начин и од мали нозе слушаме и “учиме“ за политика.. Не им ги разбирав проблемите на домашните можеби и не сакав да ги разберам, тато носи - мама меси, што ние гајле за друго. Откако се осамостоив, почнав сама да се борам во животот, низ институции, проблеми, сватив и дома што се случува, а богами и во државава. Години наназад се среќавам со секакви влечкања низ институции, одложувања, ветувања и ред други работи, па време беше да свртам нов лист во однос на политиката ( инаку одев на трибини за одредена тема, каде што имаше преставници од министерствата и соодветните институции, сите ми оставија тел. број и со зборовите “ слободно барај не ако имаш проблем нешто, ќе се обидеме да го решиме бла бла “.. абе луѓе не креваат телефон, не одговараат на пораки, не дека се надевав многу, али ај си реков до толку зборуваа може па ќе излезе и нешто на добро, ама џабе ). И ако ме прашувате сега за кој сум - епа за никој да ви кажам. Толку сум изреволтирана, разочарана од сите, ама кога мислам на сите значи стварно сите партии. Ни треба нова сила, нови фацки во политиката и некој кој би се борел за народот ( тешко тоа дека ќе го гледа некој народот, пред својот г** ама ајде де пак да кажеме дека се надеваме, ќе поверуваме на нешто ај.. ) Не дека не ја сакам државата и те како ме боли кога ќе се спомне тема за името. И јас сакам подобра иднина тука..
Во буџетото има пари уште за плати и пензии за јуни. Што ќе биде после? Кредити нема, нашиве банки се празни? Се плашам...
во ваков дух сака да живееме Никола Груевски, дегутанто, смешно, срамотно, којзнае и колку пари се фрлени на спотов. (овој спот и песна се субвенционирани од владата)
Ако до 15ти мај не се повлече аболицијата и не се реализира договорот од Пржино, и формирање на техничка влада, повеќе нема кредити од Светска Банка и ММФ, а исто така, каматите во домашните банки ќе рипнат до небо. Кој си има кредит со повреме нека си го отплати, оти тоа е. Ги жалам овие што аплицираа за купи куќа - купи стан, 20 години нема му се мислат... ќе ги молзат банките.
Кредитите што се во тек се земени со писмени договори со кои деловната Банка гарантира некоја си каматна стапка и отплата на кредит по однапред утврдени ануитети, така да тие што земаа поволни искористија. Народна Банка ја ,,зголеми цената,, на благајничките записи и на задолжителните резерви , а со тоа започна т.е. рестриктивна монетарна политика, што значи дека (просто објаснето) ако досега банката имаше 500 000 евра на располагање за да дава кредити мораше да остави во Народна банка задолжителни 350 000 евра (за во случај ако рокне банката да има од што да се прави исплата), сега за 500 000 евра треба да остави во НБРМ на пример 480 000 евра. Тоа ги ,,рипа,, каматите на кредитите во банките (т.н. скапи пари) Ќе има кредити, ама ќе се заоштрат критериумите за давање кредит (со цел да нема лоши пласмани на кредити) а и ке се зголени каматната стапка. Се извинувам на опсежното излагање, ама оваа тема ми е специјалност
@referentka да, но со договорите за купи куќа, купи стан, државата гарантира одредена каматна стапка во првите 4 години. А тој кредит не можеш да го отплатиш предвреме.
Така е, во право си, заборавив за нив дека има такво ,,правило,, Купи куќа купи стан не е дозволено да го отплатиш пред време, така да....мисли му ја...и да настапи некоја инфлација и куќата да стане ,,безпари,, ти ќе си плаќаш поштено рата од 25-годишен кредит.
Да, јас и мм се интересиравме за таков кредит во прво време, и нели, јас со економски факултет си викам, ахааа 4 години гарантирана стапка, а кредитот пример на 25 години, а не можам предвреме да го отплатам... отидовме јабана... и се откажавме од идеајта. А вчера прочитав на Дојче Веле дека доаѓа специјален пратеник од Германија да не оправа, а чешмата кврц, нема веќе пари... се спрема нешто, не знам.
Германија има капитал во оваа држава, нема да дозволи така да и пропадне или некој да си ги наполни џебовите. Моментално Македонија во европските бизнис кругови се води како најкорумпирана држава во Европа, која предолго е оставена на милост и немилост на оваа влада. Има германски капитал во фирма чии двајца директори се аболицирани од Иванов. Такви мега скандали не смее да си дозволи. Време е некој да ги потегне за уши нашиве политичари и добро е што некој сеуште се занимава со нас. Треба да се плашиме кога на Европа веќе и стане сеедно што се случува тука, тогаш значи сите дигнале раце од ова парче земја.
@referentka Рефке, ај за лаиците како Јас едно објаснување.... ќе ми се качи висината на ратата од потрошувачкиот кредит со девизна клаузула ?