1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ништо од предизборниот молк очигледно....
    Ова погоре со објавени резултати од гласањето во Австралија мислам дека не смее... Ама и ова не е ок


    http://www.time.mk/read/d6da89885d/279d ... index.html


    Медиумите на Рамковски го прекршија молкот

    Медиумите на Велија Рамковски го прекршија изборниот молк. Весниците Време, Шпиц и **** е ре осамнаа со насловни страници на кои се поместени содржини поврзани со митинзи и промоција на политичка партија.



    Рекламирајќи ги весниците, и А1 го прекрши молкот и покрај тоа што од Советот за радиодифузија добиле детални инструкции како да постапуваат за да не направат уште еден од серијата прекршувања на изборниот закон и на правилникот за медиумско известување.

    Членовите на советот кои досега избегнуваа да ги казнуваат медиумите на Велија, денеска ќе треба да расправаат за прекршокот и можеби да одлучат да ги казнат. Сомнежот во одлуката доаѓа оттаму што и во последните три недели за сите други електронски медиуми имаше казна освен за А1, кој цел ден не ја уредува ниту насловната страна на нивниот сајт, најверојатно по примерот на опозициските партии кои исто така не покажаа почит кон законите што го регулираат изборниот молк.
     
    На zhap4e и baguf4e им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Еј Маја, си направиле бре пресметка дека весниците уште во 22 саат, некаде и во 20 стигаат ццц па тоа ти е значи пред 00. Ма ајде ти се молам :P
    Луди се сите, а ние народот полуди од све.
    Туку да прочитам и други што велат за тоа ццц
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.746
    Допаѓања:
    162.710
    Не,не,неее...ако грешеле,нека ги казнат.Важи за сите!Едно е ти да вршиш пропаганда,а друго е да изнесеш официјални податоци од гласање.Многу,многу,многу поразлично!Не мешајте баби и жаби!

    Наведуваш на тој начин.А што ми може мене време ако ми каже шо кажал Бранко на митинг во Кушкундалево?!Ова е сосема друго.Официјален податок од гласањето.Ние сме Македонија,не сме Австралија за ти мене да ми соопштуваш сега податоци.

    А околу преизборен молк,сметам дека е глупост.Како може цел свет да води кампања до сам крај,а кај нас...и зошо?!Што менува?!
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.732
    Допаѓања:
    122.324
    Пол:
    Женски
    Lilit друг пат предупредувај за сликата што излегува кога ќе кликнеме на сајтот. Јас не бев спремна на ваков призор :lol: :lol: :lol:
     
    На enca.69, Blanca, milky-candy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Интернет сајтот на кој се објавени резултатите не е македонски,нели? Правилото е дека првичните резултати од гласањето се објавуваат 12 часа по завршетокот на гласањето, а официјалните 24 часа по завршувањето. Според ова, во Австралија поминале 12 часа и ете ги резултатите... проблем ќе биде ако ова се објави во наш медиум, од средата е забрането анкети и листи со фаворитите да се објавуваат.

    ****
    Едит - еве и нашите медиуми објавуваат дека е завршено гласањето во Австралиј но стои само колку луѓе гласале, а не се спомнуваат резултати - значи се почитува предизборниот молк во Македонија (барем засега).

    http://www.time.mk/read/NONE/7fb415c6a8/index.html
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Како бре може да се смени официјалната навивачка песна од Тоше Проески? Јас вчера напишав за него баш во темата за Македонскиот идол дека е веќе претерано секој нов што ќе излезе да се споредува со Тоше, ама пак, ова е веќе нешто сосема друго. Газиме врз она што ни го оставил :o Кој се Сител да одлучуваат? Зошто не се организираше натпревар за бирање на нова песна кога веќе решиле да ја менуваат? Зошто наеднаш како гром од ведро небо се соопштува дека е сменета и дека вечер на натпреварот ќе биде официјална? ВТФ?
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Како што тргнале овие да кумуваат на се живо овде, да менуваат и они да се газди на се што не е нивно, нема да ме чуди ако почнат и нас да ни менуваат имиња, презимиња, адреси ... па и личен опис. |( :|
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    :rofl: Ни предизборен молк не е за нас, ехх жени не го прекинувајте и моето молчење сеа :lol:
     
  9. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Сменетаа? А која ќе биде сега?
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.746
    Допаѓања:
    162.710
    Пошто Сител се експерти за се и имаат ексклузивно право да одлучуваат,заедно со овој фосилов нереализиран.
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Па за што беше оној избор ко така. Бог да чува. Толку пари се испукаа. Цедиња да се направат еј.
    Озбилно ли ова бре.
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Луѓе, кога одите на стадион не се пее и не се пушта само песната од Тоше, има и други песни, но се знае дека химна е од Тоше. Ако Самарџиев си напраил песна, нека му ја, ама тоа дека оваа ќе ја замени сегашната , едно знам - НЕМА ШАНСИ.

    Може е нова песна, но нова НАМЕСТО сегашната НЕ е и неможе да биде...

    http://www.youtube.com/watch?v=mZm7lDRndMU
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Абе нормално е дека пуштаат и други песни, ама види на линкот што пишува!

    http://sitel.com.mk/video/makedonija/no ... makedonija

    Нова навивачка химна на Македонија.


    Македонија - Р. Ирска, спектакл на Националната Арена
    04.06.2011 - 10:40 |

    Фудбал

    Македонската фудбалска репрезентација вечер од 21:30 часот на Националната арена „Филип Втори“ во рамки на 6.коло од квалификациите за ЕП 2012 ја пречекува репрезентацијата на Република Ирска.

    Ова е натпревар од Б групата, а покрај овој дуел играат уште Русија – Ерменија (17 часот) и Словачка – Андора (20:15 часот).

    Словачка, Русија и Република Ирска имаат по 10 бодови, Ерменија 8, Македонија 4, а Андора е последна без бед.

    Натпреварот со Ирска почнува во 21.30 часот и со него всушност се отвара грандиозната Национална Арена Филип Втори Македонски која прима над 30.000 гледачи.

    Картите можат да се најдат во продажба и на билетарата на Арената по симболична цена од 200, 250 и 300 денари.

    И сега оваа ќе ја пуштаат вечер како официјална химна! :@
     
  15. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Епа изгледа немаат веќе профит од песната и ЦД-то од Тоше, па најдоа друг извор да се дочепаат до пари...Ете колку се почитува делото на Тоше :) На некои им е битно само да заработат пари на него...Имбецили... :@
     
  16. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Е значи ова беше капак на се! Стварно не се нормални! И после имаат лице да кажат Тоше беше ѕвезда, ние правиме се за да го зачуваме споменот на него! И што е со песнава значи????? Дресот наш од свила,ќе ни даде сила! Бог да чува срам да им е!
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Браво за новинарот што го пишувал текстов на сител... :@
    Насловот нема никаква врска со текстот. Никаде не се спомнува ни химна ни ништо.

    Не избрзувајте пред време, ако Самарџиев му е пријател на типот што го пишувал текстов не значи дека песнава ќе стане химна. ;) Башка ја нема на др место на нет никаде
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.391
    Срамота!
    Ја сменија химната кој ја отпеа Тоше! Срамота!
    Уф многу се изнервирав. :@ :@ :@ Посебно за вакви работи.
    Се што е добро кај нас мора да се тргне, да се плука.
    Браво бе, алал да им е на тие што се сетија да го сторат тоа. Браво за Сител и за оној Ристо, онаа искомплексирана будала која очајно сака да стане славен.
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ова веќе смешно станува. Не знам по што заклучивте дека песната на Ристо ќе ја замени таа на Тоше?
    Ако типот си напраил песна и му ја објавиле на нет, тоа ништо не значи :) Калм даун, беспотребно се замарате
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Абре вечер таа официјално ќе оди, наместо онаа од Тоше. Обично официјално оди на Тоше, а овој пат на Ристо!