Абе они си се расправаат, а ние страдаме. Страда добар народ, страдаат цивили, а Америка и Русија си играат топло-ладно. Се е ова поради нив. Јас би го нарекол и Студена Војна, ама не од тој размер што била порано. Дури и Трета Светска Војна е почната, но без војска. (ете се случува во Франција) Грујо се мисли на која страна да се сврти, овие Сорос и компанија го рушат за да го стават Заев и да се насочени кон нив. Да ја дадеме пола држава на Албанија, за после Американците да си прават маневри и Исламски Држави и после ние во Нато ќе влеземе. Ова Протестирам и Шарена Револуција е во превод Сорос Фондацијата. Сорос ќе земе големи пари. А се мислам да се пријавам во Mars One way. Зошто овој свет веќе ќе отиде.
Зошто ура? За кој да се радувам кога не знам ни кој е аболициран, а кој не е. Сакаш верувај ми сакаш не, ама стварно не се замарам толку многу со домашната политика. А странската повеќе ја следам.
Јас се кладам дека Џорџ Сорос на мапа да му дадеш нема да знае да ја најде Македонија. А да знае само човекот колку е популарен овдека би се чудел. Вие не сте свесни колку сме политички, географски и било како незначајни во светот, го заболе на Џорџ Сорос за Македонија. Јас ти кажувам факти и вистини, Русија нема на Балканот никакво влијание, го немаше ни во изминативе децении, го нема ни сега. Целиот Балкан е Проевропски ориентиран. Две земји со кои граничиме се членки на Еу, Албанија е членка на нато, Србија е претендент за ЕУ, Косово е Амерички протекторат, БиХ е проевропски ориентирана, Хрватска е во ЕУ, Словенија е во ЕУ, Романија е во ЕУ, Маџарска е во ЕУ, Црна Гора е пред влез во Нато и е европски ориентирана и покрај рускиот капитал им удрија санкции на Русите, итн да не набројувам. Никој не е проруски ориентиран, ни вмро дпмне не е проруски ориентирана, да беше немаше да коленичи пред европските амбасадори, немаме никакви руски инвестиции во Македонија, ниедна единствена руска инвестиција нема која би била од суштинско значење за Македонија. Додека од друга страна дигаме кредити од европски фондови за да исплатиме плати и пензии и да градиме пур пена, гипс картон, ламарина и стиропор, проекти кои на долгорочен план крвта ќе ни ја испијат, почнаа уште сега недозавршени да пукаат и да се ронат од сите страни, да не зборувам што ќе биде за деценија две. Не смее Грујо да помисли да биде проруски ориентиран, затоа што за Русија ние сме потполно без значајни, и кога би се свртеле накај неа, ќе видиш каков општ хаос ќе настане кога ќе секнат европските чешми кои ни даваат кредити. Многу ми е жал ако ти ги срушив соништата, вистината е таа, и доказите така зборуваат, не се ова митови ни легенди.
Ова е уште еден доказ дека Русија нема никакво значење во Македонија и како што реков дпмне коленичи пред европските амбасадори. Почнаа да пукаат бетонирани избори, арматури, аболиции, државници Кога Еу ќе свирне, Грујо е на колена, доволно го оставија да си прави овде пашалак. Ај ќе видиме што ќе биде наредно.
алилујаааа , во ред е , ги исполнуваме сите работи што ни ги кажува ЕУ , е сега се прашувам кога ке влезиме во Еу????
@Offspring Ти не на Сорос, туку и на Обама и Путин да им дадеш на мапа нема да знаат кај е Македонија. Русија има огромен интерест од Балканот. А за кредитите можеме и уште 200 да подигнеме. Грците што направија, земаа кредити, што е невозможно да се отплатат. Се свртија на страната на Русите, а се членка на ЕУ. Груевски треба да биде проруски ориентиран зошто само со нив ни е спасот од оваа криза. Точно е дека немаат инвестиции, и Србија нема. Па ете влезе во Евроазијската Унија и сега ќе стане Балканска Сила. Ти како бараш Руски инвестиции кога никаква соработка немаме со Русите до сега, освен за сирење и јаболки. А еден лет кон Москва може се да смени. Груевски требаше уште од дамна да мисли на ова. Сега може и е касно. А за понатаму можеби ќе треба и Руска интервенција зошто состојбава ќе стане многу полоша.
Нема никакво значење, но треба да почне да има. Американизацијата во Европа и Македонија мора да престане. Еве ја сега и Меркел почна да се врти кон Русија. Русија може само со еден потег да ја симне на колена Европа. Разберете дека спасот од оваа ситуација е сојуз со Русија и Евроазијската Унија. Србите не се како нас. 100 пати попаметен народ испаднаа. А Американците нека си ги земат назад инвестициите, ич не ни требаат. Ќе губиме ние, а ќе губат и они.
Никогаш. И на глава да се застане нема влез зш наскоро и ЕУ ќе се распадне. И не ни вреди ЕУ за да ни каже некој од ај, да не кажам од каде што треба да правам дома,а истото тоа кај него не важи.
Јас не верувам дека Македонија било кога ќе биде проруски ориентирана. Од една многу логична причина-Албанците во Македонија. Доколку било кој македонски политичар се сврти кон Русија и тука има руско влијание,опстанокот на Албанците во Македонија и на Балканот ќе биде ставен под прашалник. Не се будали да коалицираат со таков политичар и да не се побунат. Кога ќе бидат лошо третирани/прогонувани ако има проруско влијание тука. И ете ти борби и немири меѓу нас граѓаните на земјава. Освен тоа САД имаат веќе база тука,интереси што си ги чуваат и гаат многу долго време. И Груевски е будала ако мисли дека може да прави што сака тука и да тера национализам. Се сврти малце кон Русија и му ги извадија сите прљави работи на виделина. Со можностите што ги имаат за следење на комуникациите и прислушкувања,одамна веќе не рушат влади со тепања по улици,туку вака суптилно,да не знаат што ги снашло.
Вртењето кон Русија, заедно со нејзиното wow величање, националистичката албанофобска параноја, "сите не мразат зашто сме најубави и најпаметни" и слично му се само за ова штабскиве мајмуни да има на што да се палат. Инаку Грујо знае многу добро на чија музика треба да игра ако сака да си го спаси газето. И игра, игра... се што вети-повлече, се што плукна-излижа.
Па што тогаш го потите за Сорос толку? Јас ти ја кажувам суровата вистина, безначајни сме на било кое поле да гледаш. Мали, малубројни и ништожни. Остај ја ти Грција, грција има море, има пристаништа, транспорт и чуда,нормално е за неа да има интерес кој и да е, ама реалноста е една, дека Грција е во ЕУ и Нато. Остај го ти Ципрас што му намигнува на Путин, Ципрас може да биде уште два дена па да летне како што е и обичај во Грција. Србија е проевропски ориентирана, цел и е влегување во ЕУ, со Русија одржува пријателски односи. Инаку ако Русија има влијание и кај нив, кажи ми зошто не им го спаси Косово? Груевски, а и било кој следен не смее да биде проруски ориентиран затоа што тоа значи крах за нас. Русија нема апсолутно ништо да ни понуди, ниту ќе им станеме ние сојузници, може само да им бидеме пиуни, или да не тапшаат како што ги тапшаа Србите кога ги бомбардираа во 1999 година. Тебе мора да ти биде јасно дека Русија е сила за себе и можеби за земјите околу себе, јас ти кажав со факти и докази колку нема влијание тука. И уште една работа да ти биде јасна. Македонија дише на шкрги, вештачки се одржува затоа што живее на кредити кои ги добива од европски фондови и банки. Ако за нас секнат тие фондови ќе пропаднеме со брзина на светлината. Грција има кој да ја спасува, затоа што многу земји имаат интерес кај неа, кај нас нема, затоа што ние не нудиме ништо. Не добива Македонија од Русија ни еден денар единствен.
Доколку излезе Велика Британија постои шанса да се распадне , бидејки 45% во буџетот на ЕУ е од В.Британија , но доколку изгласаат на референдумот дека ке останат во ЕУ , немат шанси да се распадни , остај ти гатачката Јас сум за влез во Унијата
Каква гатачка ? Ќе се распадне душо од внатрешна корупција, пребарај за нивните изваштаи што сами за себе пишуваат ... како и да е, верувај ние таму не влегуваме како Македонија. Е, сега ако наскоро настане прекројување на граници не само на Балакнов туку во светски рамки ... кој да знае ама ќе да е сте ќе бегаат од ГМО и сл. Здрави живи па, видели ... прочитај го Марик многу нешта држат место.
Ако е проевропски ориентирана зошто се гради воена база во Србија? Русија до сега немала влијание на Балканот, но еве од Србија, почнува да има. А за корист, има корист и од Македонија, и од Србија па и од Грција. Кој рекол дека Русија не може да инвестира во Македонија. Ќе се договорат, Македонија и другите држави ќе и дадат на Русија да постави ракетни штитови и воени бази, а за возврат Русија ќе инвестира или ќе увезува. Ете гледај ја Грција. Викаш Македонија дише на шкрги, ама Грција е најзадолжената земја во светот. Кога ќе ги врати Грција тие пари? -Никад. Грција кај и да е, ќе и сврти грб на ЕУ, па после тие нека се снаоѓаат. Пари нема да видат назад од Грција. Чим ти го викаш Путин, има нешто. ЕУ сега е исплашена од ваквиот потег на Грција. ЕУ сега е во мат позиција. Грција си игра со нви како сака. Ако ја избркаат од ЕУ или го прекинат шенгенскиот режим, Грција никад нема да им ги врати кредитите. "Од кај и да се свртиш, газот ти е од позади". Ние треба да земеме пример од Грците. Аутфизен на ЕУ и есаде и ајт патот кон Мајка Русија.
Актуелното ( моментално ) случување со професорите од Економски факултет, незнам зошто ама ич не ме изненади, баш изреагирав како на временска прогноза ( онака лабаво, очекувано и ништо шокантно ). Може редно беше да се обелодени со јавноста и со оние кои не се запознаени со ’функцијата‘ на нашето високо образование ( има исклучоци, но ретки, сепак секоја чест за тие кои си ја знаат и ценат работата, а воедно помагаат на студентите да се здобијат со потребното знаење и искуство за понатаму ). Бев студент таму и реално, нема студент кој не ја знае цената на ‘одредени‘ професори за 6ка, може и за повисока оценка, секако ако си спремен да платиш не е никаков проблем.. А и останатите кои потпомагале, браво паметно сте се снашле за добра заработка, секоја чест, ај тие работеле на друга функција ( како што беше напоменато од угостителите таму или можеби и некои други вработени од факултет ) имале пониска, да не речам ниска плата, па паднале во искушение, им светнале очите.. А професорите малку ли земаат ? Не ли им е доста, ненаситни суштества, се изиграваат со студентите, каква совест имаат ? Намерно, за инает да не им дозволиш на студенти кои се труделе барем малку, да си добијат заслужена оценка.
Што е право, право е, за нив се знае уште од пред 20 години како оди шемата за плаќање и која е тарифата за да положиш. И мило ми е. Ама ненаситни бре, уште пред десетина години имаа куп станови, викендици во Грчка, по 2-3 коли, и пак немаа усул. Ако им е.