бубче тоа сега во Франција за ЕП имаше протести , проблеми со губрето , не пак овде , на Енрике не му е галје за состојбата овде , битен му е концертот , и онака никогаш не би дошол како обичен турист на одмор
Јас незнам дали вие сте чуле некогаш за поимот срам? Мислам, ни доошла светска ѕвезда и одма гајле му е ова она? Абе вие тоа сериозно, го прашавте? Брзате со заклучоците ептен. Ете мене ми е срам, да не гледа и да не збори. Не е толку бесчувствителен како вие што си замислувате.
Значи кои ѓубриња се овие од шарената револуција, денес нашле да протестираат а чувствителниот Енрике ни е дојден. Што ќе помисли човекот? Што ако му ги повредивме чувствата? Што ако не му текне никогаш веќе да дојде? Ајде да се собереме сите и да му се извиниме пред хотел кај што е сместен.
бубче ма , ти го кажав примерот со Франција , таму има голем број на светски фудбалери , Вип личности во публика , политичари/премиери на држави и тоа голем број туристи од цела Европа , плус протестите имаше големо губре низ градот бидејки и тие чистачите штрајковале ... Ова ти иде како кучињата си лаат , караванот си врвит .
Мене не ме интересира Франција. Ние не сме Франција и не мора да бидеме исти со други држави. Очигледно сте симпатизери на Шарените па рипате. Полека, кажав не се натегам. Ние за себе како мала земја наместо да се покажеме во подобро светло, се покажуваме во мизерно светло. Тепајте се меѓу себе. Мене искрено и ја сум од тие што не ме занима ништо.
Според мои пресметки, не 100.000 е. туку драгиот Енрике утре ќе ја напушти земјава наша, потежок за околу 500.000 евра.
Аааа не знаел, ти така мислиш. Утре ќе не кодоши по цел свет какви некултурни сме, неандерталци. А имаше желба човекот да лобира за нас насекаде...
КОга ќе појде дома нема да знае на карта да им покаже каде бил Нема да може да не најде, битно ќе рече по улици тенкови имаше, војни се водеа ама пола од населението ми дојде на концерт.
Јас пак мислев којзнае каков актуелен настан политички имало. Оно.. Сме се посрамотиле пред Енрике. И она.. За срамота било што отишле на концерт неголи да се бореле за својата иднина. Толку многу ни Гоце,ни Крале Марко не се бореле. Единствено Александар не сме го надминале. Само што овие имале цел и противници,а ние се бориме меѓу себе. Да не речам против себе,За Себе. Па неможам посоодветно да формулирам.
Абе, се кажа сега. Ептен искрено одговараат лугето кога им звониш на домашен телефон, koj се води на нивно име и презиме, со адреса, со се.
Како се прават овие анкети ??? Од каде црпат вакви информации?? Мене до сега никој не ми се јавил да ме праша за кого сум :/
Се прават. Се јавува дотична особа од партијата во телевизија и им се кажува што да објават. Зарем има некој во државава што мислу дека аеродромот ни е најдобар во светот. Ова пак ако го прочиташе Енрике?
Kaj мене стално се jaвуваат, вероjатно зошто работам во училиште. Да го чуеш татко ми само како им одговара, зависно koj прави анкета, и за вмро е, и за сдсм, и за Заев, и за Груевски... Неjke никого да навреди човекот.
А што ако Енрике почне да учи македонски јазик , па не чита овде Искрено за никаде е цела држава! Некој милјарди , некој 10100 денари плата !