Нaвистинa мнoгу битен е впечaтoкoт нa Енрике. Еве и јaс се пoтресoв зa негoвaтa перцепцијa. Штo е битнo штo вп држaвaвa сме сите бoгaти a не знaеме. Штo е битнo штo имa недoстиг нa рaбoтнa силa, a не пoзнaвaм ниту еден кoј се врaбптил. Штo е битнo штo и децa денес излегoa нa улицa, измaнипулирaни oд рoдителите, нaместo дa си игрaaт сo oмилентa игрaчкa...кoјa верoјaтнo јa немaaт И штo е битнo штo ни децaтa не се рaмнoпрaвни и исти. Дoдекa некoи се вoзaт вo блиндиран мерцедес , купен oд нaши пaри, сo телевизoрчињa нa седиштaтa...мaлите тaкa сaкaaт, a други се среќни aкo им дaде тетa, дедo и 10 ден. Енрике е вaжен. Пoтресен мнoгу и изненaџен, гaрaнт.
Многу ни е гајле што мислиш ти @sanjaeva Мама месе,тато носи а јас тресам зелени на форум. А сега се одјавувам,одам да видам дали татко ми донел толку колку ми треба. Не ме интересираат изговори.
И што беше изненадувањето? За пријател прашувам. Одбројување, ултиматум, завршен удар, конечен одговор, последна пресметка, па разни агенди, изненадувања, па упатства што и како за секој хулиган/ка. Чекавме, ај и тоа да го видиме. Ај што шарените го утнаа ултиматумот и датумот и влегоа у нешто минус со одбројувањето (кривоо јее мореее), кога веќе се собраа, нити удрија, нити одговорија, ни па се пресметаа, уште помалку изненадија. Што видовме? Главно на агендата-тегнење на Прометеј со чаршав . Да собереш народ од цела држава и мастер план да ти е мкнење на бронзена статуа и тоа со платно е максимално нездрава работа. После ова вчера, мислам дека битие помалоумно од шарен револуционер не гази на земјава. Туку, што после ова вчера? Што вика агендата?
Срамота е некои од вас тука да се жалат на сиромаштија, немање играчки, недостаток на танги и прслуци, прегладнетост... Секој ден ги слушам таквите пролив личности како ми кукаат за својата немаштија, а секој трет викенд се чекираат некаде по убави ресторанчиња и одмори. Не си сигурна слепа да видиш дека сите твои пријателки ќе ги снема по одмори сега. Ниту јас не сум слеп да видам дека моловите и кафаните кај нас се полни од сабајле до вечер. Ако немаш пари нема да седиш. Крај на приказната. Очигледно имаме дијаметрално различни цивилизациски сфаќања што значи квалитетен живот. Квалитетен живот не значи и конфорен живот, затоа што конфорот и материјализмот водат кон цивилизациска деградација и дегенерација. Концертот на Енрике и не е толку страшна работа без разлика што не ја слушам таа МТВ бљувотина на ниски животински страстви без никакви естетски и цивилизациски вредности, но што правиме со ова? http://kurir.mk/republika/opstini/najava-za-spektakl-detali-za-ovogodishniot-pivofest-vo-prilep/ До кога? Културно и духовно ропство без ниту еден испукан куршум и тоа со АМИН од партија која условно требаше да ги штити македонските национални интереси и која секогаш низ историјата имала анти-српска доза. Веројатно србоманот Латас им е главен уредник на културните фестивали. Дали ние некогаш сме слушнале за економски патриотизам? Дали некогаш сме слушнале за културен патриотизам? Баш ги прелистав културните манифестации и фестивали летово низ Македонија? На 90% од нив Србите ќе си стават по 4.000-5.000 евра пари во џеб, а наши пејачи ќе пејат за евтини тезги од 500 денари по маалски кафани. Рибља Чорба во Кратово, Дино Мерлин во Охрид, Прилеп Фест со 90% српски изведувачи, Дојран Фест исто така се Срби, Јелена Карлеуша во Куманово, Саша Ковачевиќ 5 пати пееше она лето во Охрид. Браво. Значи мочална од народ сме. Не понижуваат и третираат ко стока да сме. Така и треба можеби. Еден одговор зошто сме мизерни како држава и народ. Живееме во тотална анемија. Се убива и последниот жар на бунт кај луѓето. Пинкови Ѕвезди, Гранд Ѕвезди, турски и индиски серии, фудбалот, ноќниот провод и одморот во Грција им се поважни од борбата за поквалитетен живот и општество. Ок, јасно ми е дека телевизиите работат под директива на партиите, а партиите им сервираат на анемичната маса евтина забава и да ја држат под контрола и така да им го земаат и последниот тешко заработен денар. Не е само кај нас така, туку секаде. Ние имаме перфектни закони, но луѓето се тие коишто не ги спроведуваат на дело. И, луѓето се тие што ги подмитуваат тие што треба да ги спроведуваат законите на дело. Држава е само социјално-правен термин за луѓе коишто живеат на одредена територија. Кога ја обвинуваме државата ние се обвинуваме самите себеси за својот неуспех да подигнеме поквалитетно општество со помалку дефектни и корумпирани луѓе.
Од курир оставаш линк од курир... Нема што да се коментира. По тоа се гледа како влијае перењето на мозоци.
Денес протести ќе имаат пленумците, а сигурно пак и од шарената револуција, Енрике замина ама пристигна Џон Њуман, така да откажувајте протести...пак ѕвезда ни дошла. Ѕвездите и се навртија на Македонија ко со магнет да ги привлекува. Секој кој му текнало по улица протестира ама затоа секоја вечер спектакуларни концерти има. Мора да се откажат протестите, сфатете, ѕвезди се во прашање. Утре, други ден, Карлеуша ќе дојде па што ќе рече, на што личи ова...
беше Карлеуша пред некој ден во Скопје , али за она не важи зш доага од Србија а и таму е слично као овде Јас пак сеуште се надевам дека ке влезиме во Еу , па да видиме како се дава автоматски оставка кога ке избие скандал кај некој политичар , а не како сега криминалците слободно шетаат ,а ситните криминалци по 6-7-8 години затвор за 1кг кебапи ...
Следниот пат Коце ќе ги исече сите дрва околу судот за да гдомци немаат кај да се кријат на сенка. 15 секунда па натака.
Не ти јa свaтив пoентaтa зoштo ме цитирaш. Тoлпa нaрoд нa улицa зa мене знaчи незaдoвoлствo. И немa дa бидaм среќнa и зaдoвoлнa се дoдекa нa кaсите вo мaркетите рaбoтaт девoјки сo зaвршени фaкултети, дoдекa имa децa штo чoкoлaдo гледaaт сaмo зa НГ, дoдекa имa стaри луѓе кoи целa пензијa јa дaвaaт зa лекaрствa... Јaс и мoите пријaтелки ќе oдиме нa oдмoр, нo тoa ли е сликa нa сoстoјбaтa вo држaвaтa? Вo еднa пoрaнешнa држaвa, немaше семејствo кoе не oди нa oдмoр. Се дoдекa сте сaмoживници и сoнцетo изгревa сaмo зa вaс, држaвaтa ќе биде никaквa. И Енрике ќе јa гледa фрaпирaн.
Од тие неколку илјади што отидовме на Енрике државата ни пропаѓа. Колку сме неодговорни значи... државата ни била во криза а ние на концерти одиме, срам да ни е "Било време на револуција и криза", државата 20 години ни е во криза, една година е во револуција... И најверојатно уште 20 ќе е во криза. За тоа време маршутата е само протести и дома или како ќе наредат Груевски и Заев?! Имам идеја: никој да не ни доаѓа и ич да не одиме на концерти или на нешто забавно, Борис Трајковски салата (или по ново Вип Арена) да ја гледаме само на митинзи и отчети А пејачите ќе ги гледаме само во предизборни кампањи Еве ветувам кој ќе го донесе Ед Шеран/Карлос Ривера/Бијонси да му пеат во предизборна кампања за него ќе гласам (пошо нели побитна ни е забавата од иднината на државата)
@Victorian да бе, не знаеше дека ние што сме биле на Енрике концертот сме стручњаци-експерти за решавање на политичкава криза? Пуу ј'зк, фала фала што ни ја откривте Америка.
Девoјки кoј спoмнa декa е предaвствo штo сте биле нa кoнцерт? Дaли кoгa имa некoјa темa се нaврaќaте нaнaзaд дa прoчитaте штo се пишувaлo? Дa беше Рики Мaртин ќе oдев и јaс...нo и тoгaш бaш ќе ми беше гaјле штo Рики пoмислил и кaкo јa дoживеaл нaшaтa држaвa. Небaре Енрике или Рики или Трaјкo кaкo Нoле пoлa oд инкaсирaнoтo ќе гo oстaви нa држaвaтa. Цел муaбет пoчнa кoгa членкa пишa декa се срaми и секирa oд призoрoт кoј гo видел Енрике. Еве уште сме зaгрижени кoлективнo пo тoa прaшaње, судбoнoснo зa милaтa нaшa држaвa.
Се забега од темава, не е проблем тоа што се иде на концерти и кафичи или било каде.Проблемот е вашиот пристап кон ситуацијата, вашиот однос кон проблемите и кризата. Кое е тоа однесување "ај да не се протестира оти да не видел некој познат, срамота ќе било , да поместиме за друг ден", односот "не ми е гајле што се случува во оваа земја, и така ќе си идам еден ден". односот "ех и така е сјебана државата што има да се малтретирам да протестирам или пак да се замарам воопшто". Е тоа е проблемот, вашиот однос и пристап , што не се замарате, утре ќе треба работа да најдеш, ќе ти кажат девојко ако не си вмро подобро иди барај на друго место, ќе сакаш да завршиш нешто , ќе ти кажат имаш книшка или ќе треба да чекаш на ред со месеци како и другите смртници... и сто други примери...Ако сакате во ваква држава да живеете со ваков систем или ако веќе сте дел од тој систем , тогаш во ред. Тоа е проблемот, а ако сакаш иди слободно на концерти, и јас ќе идам кога ќе дојде мојот омилен пејач, ама колку можам и колку времето и силата ми дозволуваат ќе се борам против криминалната власт, без разлика дали таа ќе биде вмро, сдсм или било кој....