Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    По се ова можам само да заклучам дека ништо не поминува без политика вмешана во истото. Ах бре Ристо, ти се смачи од пеење гледајќи ги Каролина, Влатче и останати младички на митинг како си собираат пари па се каеш и гледајќи ги Гоце и Сузана си викаш: Никад није касно. И си сними песна, се спогоди и песната ќе фуче вечер :rofl:

    Едит: Зашто баш ти ,Ристо ? Барем друг да беше, или повеќе души повеќе гласови поинтересно ќе беше.
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    :o а кој кажа така? Дај да прочитам? Во текстот на Сител не пишува
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Знаете што ми кажаа комшииве? :D Дека се зборело по градов - кој утре нема да излезел на гласање, ќе му дошле дома и ќе го тепале... :D :D :D Ххаххахахаахххххаааааааааа........
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    2.474
    не верував дека партииве прават притисок се до овој момент.. кога на еден роднина му се заканиле вмро со работно место ако немаат гласови само заради тоа што се вработил кога они биле на власт.. :x Дечкото е паметен, со факултет висок просек, со милион пофалници и дипломи и сега му вршат притисок.. не ми се верува уште.. :x :x :x
     
  5. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Од доверливо лице, кое работи во УЈП, се дозна дека вмро имаат спремено ливчиња, претходно заокружени и утре кој нема да излезе да гласа, такво ливче ќе се пушти...Затоа најдобро е сите да излеземе на гласање, а кој не сака за никој да гласа нека го прешкрта ливчето и нека го стави во кутијата, затоа што се спрема тежок фалсификат на изборите...Ова се знае во јавност...
     
  6. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    10.426
    Пол:
    Женски
    Финтата е што не знаете како да ја прифатите победата што ќе ја извои вмро утре и викате дека ќе биде наместено.Ептен сте провидни.Зошто на моите бе никој не им се заканува,само вие слушате вакви глупости од типот на спремани ливчиња...
    Абе ајде... |(
    Милки,ако се знае во јавност зашто тогаш јас не сум го чула ова?Или од а1 го чу?Тоа е јавноста?
     
    На maja8, MacaLove, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    2.474

    багуф4е прв братучед ми е, нема да ме лаже :fubar: .. плаче човекот, од гласањето утре му зависи работното место :x :x
     
  8. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Каква е таа финта да не знае народот да ја прифати победата на ВМРО што ќе ја извои УТРЕ? Кој може да биде толку сигурен и да знае кој ќе победи на изборите?
     
  9. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Какво А1 Багуф4е...Не можам да откривам кој ми кажал, не е фер...Дознав пред 10-тина минути...И сега ми стана јасно зошто се јавувале од вмро по дома кај граѓаните и им викале утре до 10 часот најкасно, да излезат и да гласаа, при тоа не давајќи никакво образложение..Јас имам и доказ - во фиксниот телефон дома е снимен бројот од којшто е вртено(општински комитет на вмро) - на информации ми кажаа... |( Ако на тебе ова не ти изгледа како местенка, тогаш воопшто не си објективна...И ме чуди како сите вие од вмро сте сигурни дека утре ќе победите...???
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    10.426
    Пол:
    Женски
    А ти па зошто си толку сигурна дека СДСМ ќе победат?
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Јас не тврдам со сигурност дека Радмила ќе биде идниот премиер...Не сум кажала такво нешто...
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    10.426
    Пол:
    Женски
    Јас веќе не сакам да се расправам.Свесна сум дека ако утре вмро извојува победа ќе фрчат коментари од сдсмовките на форумот од типот "наместено беше"..
    Тоа ти е исто ко на идол,сфаќаш?Тинејџерките кога излегоа Кико и Виктор викаа дека било наместено вака-така...
    Тој што губи има право да се лути,зарем не? :lol:
    Веќе не коментирам на темава,се до утре...Се читкаме утревечер.
    Поздрав.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Багуф4е ако добро се сеќавам, ти си симпатизер на дпмне само поради работното место на мајка ти. Тогаш зошто овде изведуваш бесни глисти? Сепак значи не е само поради работното место. А и како што се декларираш патриот, тешко нас со патриоти како тебе, ти не си патриот ама воопшто, ти си потенцијална вмро дпмнеовка и ништо друго. А тоа што ве лажат таму по штабовите дека ако си вмровец си автоматски и патриот незнам како да ви помогнам. Ако беше патриот немаше да скокаш овде и да одбрануваш таму каде што не е за бранење и да демантираш се? Зошто не коментираш за документот од Викиликс? Ако беше патриот ќе застанеше на страната на народот и против владеењето на Груевски затоа што тоа е владеење со страв и притисоци и на сите ни е јасно. За да си патриот, треба да си го сакаш СОПСТВЕНИОТ народ, а ти сакаш само дпмне да останат на власт поради работата на мајка ти. Тогаш, каков патриот си ти кажи ми? Вистинските патриоти се снаоѓаат и без партиска книшка, вистинските патриоти не се продаваат на партија. Затоа ќе те молам, лиши не од коментарите кадешто кажуваш дека си симпатизер на дпмне само поради работата на мајка ти. И извини ако те вознемирив, ама некое време те пратам и неможам да дотрајам да не ти пишам. Јас сум поголем патриот од тебе, што всушност се декларирам како непатриот, па сега ти замисли.
     
    На SunFlower94 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    10.426
    Пол:
    Женски
    Ти не ги познаваш моите патриотски чувства и немаш право да коментираш дали јас ја сакам државава или не.Најнормално дека ќе бидам за партијата која ми обезбедува егзистенција и нема да зборувам против неа на форумот,сфаќаш?
    Мојата фамилија ја сакам најмногу на светот,а државата исто така ја сакам многу,сигурно многу повеќе од тебе бидејќи како што добро се сеќавам не ти пречеше тебе ни промена на името ни ништо слично што би можело да ја уништи државата.
    Се декларирам себеси како патриот и никој не може да ми го докаже спротивното.Тоа што сум политички определена според тебе е лицемерство и несакање на државава?
    Тогаш дефинитивно си грешка.
    Моето партиско определување нема никаква врска со моите патриотски чувства,само колку да знаеш.
    Не мора да ми се извинуваш за ништо,затоа што воопшто и не сум вознемирена.Јас си кажав,не сум којзнае каков симпатизер на вмро и доколку не сум засегната нема ни да се замарам за политика,ама егзистенцијата ми е таму и морам да бидам на таа страна.
    А мајка ми има факултет и јас лично не би ја пуштила да оди да работи било која работа и да се мачи со факултетска диплома на некое работно место што не и доликува само за да не биде во партија и да се храни од чесност.
    Се би дала државава да функционира поинаку,ама таков е принципот кај нас и тоа е тоа.
     
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    2.474
    багуф4е еве и ти си самата доказ дека ВМРО врши притисок, да не вршеше притисок ти немаше да знаеш дека мајка ти е вработена со партиска книшка и дека од нив ви зависи егзистенцијата.
    на кратко вмро губат = мајка ти ја бркаат од работа..
    така фукнционира ВМРО за жал..
    јас нема да гласам, не сум во Велес, ама да бев таму можеби ке гласав за нив, само поради солзите на братучед ми и што знам каков притисок и терор му вршат.. а нивни симпатизер никогаш нема да бидам.. т.е никогаш нема ни да бидам партиски определена
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Не си патриот, зашто ти ги пратам коментарите, а и во темата за бугарскиот пасош. Делиш на предавници и патриоти без никаква реална и цврста причина. Тоа не е патриот. Патриот не е да си живееш удобно и да ти е сеедно дали останатиот народ нема корка леб. Патриот е да сакаш на сите да им е убаво како што ти е тебе. Ти живееш удобно и гајле си немаш за останатиот народ, и јас неморам да те знам тебе лично за да ги познавам твоите патриотски побуди, затоа што доволно е што на форумот читам.
    Ако не си којзнае каков симпатизер на вмро тогаш седи си по страна и не ми продавај финти. Оди прочитај за документот од Викиликс, зошто не го нападна таму Груевски? Или не ти одговара таму да коментираш па молчиш? Убаво ли е тоа? Патриотски ли е тоа? Каков патриот си ти? Да, јас сум за промена на името, затоа што можеби и така ќе имаме подобра иднина, што е добро за целиот народ! Така ќе сме безбедни, затоа што ќе влеземе во Нато, така ќе имаме инвестиции во државава! Ете, тоа е добро за целиот народ, тоа е патриотизам, кога гледаш за доброто на сите, а не за мочаното име кое веќе и е сменето, ама вас таму ве лажат!
     
    На SunFlower94, ludoto19 и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    10.426
    Пол:
    Женски
    Не велешанка,не функционира така вмро туку така функционира секоја партија што ќе е на власт во Република Македонија.
    Кај нас сдсмовци знаеш што збореа?Ова од сигурни извори...Кога ќе дошле на власт ќе бркале се` што е вмровско од директор до чистач и на нивно место ќе поставеле нивни функционери.Во Неготино,во поголемите институции ги знам дури и имињата на луѓето што евентуално ќе се постават на местото на вмровските функционери.
    Вистина е дека на членовите на штабот на вмро им побараат список на блиски луѓе кои ќе гласаат,но истото им го побараа и на членовите на сдсм.Ова ми го кажа школска моја,брат и претседател на младите на сдсм.
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    И тоа? Патриотски ли е? Демократски ли е? Да се прават списоци? Да се притиска народот да гласа за некој против можеби своја воља? Каде тогаш се слуша гласот на народот? Нели демократија е владеење на народот, на гласот на народот? Тогаш ние сме далеку од демократија, која и да е партија на власт!
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    10.426
    Пол:
    Женски
    Ниту е патриотски ниту е демократски.А во ниеден пост Офи не реков дека тоа што го прават партиите во Македонија е убаво.Во ниеден!
    Јас се би дала таа ситуација да се смени и се би дала мајка ми да е вработена без книшка и се би дала тоа да се случеше пред 17 години кога фамилијата моја немаше пари за млеко да ми купи.
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    никој незнае кој ќе победи, но сите претпоставуваат дека СДСМ, бидејќи на народот му е скурчено вака да ми простиш од овие градби на Грујо каде се трошат невидени милиони, а повеќе од пола население во Македонија е невработено поточно 33% што е највисока стапка на невработеност, а друго овие милоиони кои се трошат се позајмени од Светската банка бидејќи нашите одамно ојдооаа Јабана, и се прашувам како ќе се вратат тие пари кажи ми? од каде? Македонија сите знаеме каква крш економија има, едно е сигурно робија не ни бега, ние сме Втора Грчка, па да остана и името да го продаваме (ако не е досега продадено), па националноста, па црквата на крај и државата цела, а ние = робови или ќе се отселиме половина.

    немој да ме сватиш погрешно не сум симпатизер на ниедна партија, искрено пред 5 години јас гласав за ВМРО односно за промена, а не сум воодушевена ни од останатите, сите исти се, но ова што го направија ВМРО со градбиве и нивните милиони, ја премина границата, ма неможам да го сварам.
     
    На SunFlower94 и enca.69 им се допаѓа ова.