Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Тоа е со балканците колектвно глупи, индивидуално паметни и сега го јадеме е, па, тоа е. Времето ќе каже ова низ цел свет хммм на многу ќе им дојде преку глава, ќе видиме, ние уште се бориме да ја задржиме државата што ја имаме.
     
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    НУЛА никој не се труди да уништи, а камо ли па, скоро 2,5 децении да работи на терен за распад.
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Сум прашувала, и затоа знам дека стандардот, свеста и условите на живеење во Југославија, споредено со западниот свет, биле нула. Европејците, Американците, ги гледале Југословените како граѓани на другоразредно општество уште од време.
     
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Едно можам да кажам, ти мене можеш да ме гледаш како бог и батина, а да сум ништо и обратно. Да се разбере тие што така гледаат знаеме какви се општествата таму. Америка е добро место за живот ? Пари да ми даваш не би живеела таму, секој ден на секој ќош бејрут, а ние за една сообраќајка у несвест паѓаме, за убиства и д ане зборувам. Балканот е стално под опсада од војни и тоа што сме назад не е чисто наша заслуга. Овие земји од крв само не можат да се опорават.
     
    На anaja1 и Sashko1992 им се допаѓа ова.
  5. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Е тоа да, такви народи сме овде, а ти спомна дека за Македонија не била најдобра опција Југославија.
    Јас не се согласувам, бидејќи Македонија во тоа време доста напредувала во секој поглед, а можеби можело да биде и подобро, не знам пошто не сум живеел во тоа време.
    Ама мислиш дека сега е подобро од тогаш?? Со 24% невработеност и 360 евра просечна плата и милион други проблеми. Јас инаку сум против комунизмот и еднопартискиот систем а Тито го почитувам само како личност кој има направено многу за овој народ, и мислам дека доколку Југославија се трансформирала од социјалистичка во капиталистичка држава со повеќепартиски систем без да се распадне, денеска би била голема сила.
     
    Последна измена: 24 јули 2016
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Млад си колку што се сеќавам, прочитај, Југославија не е баш чисто комунистичка т.е социјалистичка, во Југославија цветаат малите занаетчии и сл. А за Македонија, Македонија има големи ресурси и капацитети ама глава не можеме да кренеме. За Тито немам зборови, кој и да бил, способен бил, нема збор. Сите жртви од тоа време се жртви на бескрупулозните амбиции на одредени луѓе, системот на Тито е џелатот со чисти раце, крвта е на рацете на кодошите. Страшна работа, море малку е јавно што ги експонираа.
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Точно, Југославија била најмалку комунистичка од сите комунистички држави во тоа време.
    Имала специфична идеологија и затоа бил употребуван терминот Титоизам.
    https://mk.wikipedia.org/wiki/Титоизам
    И имало најмалку жртви во Југославија, на пример во СССР системот бил многу построг и имало многу повеќе луѓе кои настрадале.
    Можеш да го погледнеш овој документарец во врска со Јогославија, доста е интересен.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Благодарам, ќе го погледнам ако имам време, гледав некогаш, читав многу сега животот ми е поинаку насочен.
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Значи не ме вади од контекст. Еве нека не биде битно што западњаците мислат. Ти пишав дека сум разговарала со постари и мене јасно ми е дека условите тогаш им биле попријатни од овие денес, но не биле доволно добри. Размисли зошто имало толку гастарбајтери и иселеници у Австралија, Америка, Западна Германија ако бил исто солиден животот во Југославија... Побогу, збориш за земја која опстојувала на кредити, и за народ(и) воспитуван(и) во духот на лежи лебу да те јадам. Денешниов систем не стана ваков корумпиран и неуспешен преку ноќ после осамостојувањето, се тоа влече корени од некаде. И коа нешто не ти оди, проблемот прво треба да го бараш кај себе.

    А нема во Европа и Америка Бејрут на секој ќош, има изолирани акти на тероризам и насилство и тоа се актуализираше сега скоро, но тие земји се се уште доволно кадарни да стават крај ако покажат волја.
    А тука да им текне на исламистите да прават панаѓур, не знам кој може да ги запре.
     
    Последна измена: 24 јули 2016
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Не те вадам од контекст, пишав како што те разбрав. Многу луѓе си заминале прво поради тие кодошкања и режимот, второ иселувањето од овие простори за време на Југославија не е масовно. Не можеме да генерализираме поради одредени случаеви. Од 80тите год. почнува нагло да се влошува ситуацијата. Зборуваме за земја која живеела од кредити така, а денес како се живее, еве земи ја Америка ако е за тоа ? Го знаеш долгот на Америка ? Кинезите со се партали можат да ги купат.
    Народот не е воспитуван на лежи лебу ќе те јадам, туку свеста, човечката свест не е спремна за социјализам, не знае човекот да земе толку колку што му треба, не повеќе. А тоа лежи лебу да те јадам настанало се со цел да нема отпуштања од работа.
    За какви исмалмисти зборуваш сега ? Па, животот во Америка е таков и пред појавата на исламистите кои патем се нивна творба, не се моја и твоја, и сега доаѓаат и во Европа за да се изремети демографијата и да се наруши мирот и спокојот на и на тие луѓе и м успеа тоа и тек ќе биде.
    А ако зборуваш за корупција, баш сакам да знам во која Утопија ја нема ?
    Многу работи си влечат кај нас, многу фактори играат улога пред се од надвор и не само кај нас, ние сме ситна рипка што е важен крстопат.
     
    На Sashko1992 и anaja1 им се допаѓа ова.
  11. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Златна Југославија:hai:
     
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Да бе, појака од Америка. На времето.
     
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Не се работи за јачина туку како се произведува таа јачина внатре во државата и надвор и како се користи таа сила. За жал се смени перцепцјата за Америка во светски рамки не само кај нас.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    @Outlook, немој сега „кои исламисти“, кога ти прва спомна Бејрут. Кинезите ако можат да ја купат Америка, нека ја купат, јас во мојот пост направив мала споредба меѓу Југославија и поразвиениот свет некогаш. А луѓето тука пред да го оплакуваат Западот кој уште јако се држи, треба да се сконцентрираат на тоа во каква депонија одамна е претворен нивниот сопствен двор.
     
  15. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли што се случувало во Бејрут и зошто се случувал тоа, Бејрут е поим за немање мир и безбедност, а не за исламисти, барем за мене е така. Во право си за држењето до нашата депонија и решавање на нашиот двор ама ти ја започна темава во овој контекст.
    Твојата споредба е со таа цел, а за тоа ти кажав ако било така како што зборуваш не би пуштиле кој знае колку оперативци на ЦИА во Југославија уште од 70те, прочитај ова ти го пишувам од изваштаи на ЦИА кои излегоа во јавност после 30 години. Јас не обожавам на памет да зборувам и ако не сум сигурна си го кажувам тоа. А мојата споредба беше за долговите на Америка, не знам што ти е спорно во тоа кога е вистина.
    Западот се држи и ќе се држи и понатаму, не сме ние поголеми играчи од нив ама тоа не значи дека себе си треба да се омаловажуваме и да величаме нешто што и не знаеме што е некогаш.
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Западот уште се држи ама и самите тие не знаат кога на некој исламист ќе му текне да се разнесе, така џабе им се парите кога живеат во страв. Еве пример на еден човек кој е по татко Франзузин а по мајка Унгарец, роден и израснат во Франција, ама на 22 години решил да се пресели во Унгарија, и вели дека животот е послободен и поубав во Унгарија која е многу посиромашна за разлика од Франција.
    Поентата е дека не е се во парите.
     
    На daylight и Outlook им се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Исламистите се новото зло во светот. Кога беше бегалската криза и тоа во Куманово, на форумов дискутравме со некого што се претстави како експерт и за жал испадна јас бев во право, Македонија е мала алка во шемата. Европа е целта и стравот во коски да има се влее. Несигурност, паника, безизлезни ситуации банални. По ова треба да следи спасот, што е и целтта на сево ова. Не знам што е спасот ама не ме бендисува,исламизација, чипови ли ќе се, што ќе е не знам.
     
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Знаев дека вака ќе одговориш.
    А ти белки знаеш дека база на конфликтите во Бејрут се верските разлики.


    Не баш. Ама кажав погоре, да не повторувам.

    Како бе не знаеме, што е тоа што не знаеш?
     
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Не ги знам твоите одговори на моите прашања, мудро си молчиш ;)
    Исламските напади се поради верски разлики ? Ма, дај има некој во таа бајка што верува ??? Тоа би значело и Троја падна поради Елена хаххаха
     
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    И не знаеш дека луѓето се иселувале од Југославија поради финансиски проблеми, се убедуваш себе дека сите бегале од кодошења, па и тоа ти го премолчев, видиш. Некако не ми се пишува нашироко.