Многу се 65 за жени.... Неможе човек пензијата да си ја искористи.... Еве гледам колку мене...62 им се многу...сакаат дома, си имаат внуци за гледање...плус неможат да се во тек со нова техника и технологија...,,кочат,,
Тоа би било "убиство" за нив! Не можиме ние да се спорадиме со другите Европски земји , бидејки сме мн далеку од нив . Доколку го направат тоа одам да прптестирам !!!
Далеку сме од Европа Ние сме земјоделска држава, каде што луѓето освен на работа секој си има лозјенце, френки, тутун, фолии... Нашиот народ е работлив а со тоа и намачен, па затоа и изгледаме на старост така како што изгледаме.
Во странство старците одат во пензија и шетаат низ светот...си ја трошат пензијата на себе, на шетки, на уживање. Кај нас во пензија одат за да гледаат внуци, за да работат по лозја и тутуни...продолжуваат две години до 64 од што мораат, имаат кредит за отплата... А каде ова се слушна со пензијава за жени 65 ?
Многумина продолжуваат да одат на работа, оти платите им се реално повисоки од пензиите што би ги земале. А продолжуваат, затоа што на свој грб имаа деца (невработени млади) за гледање. Кога би се вработиле младите што се невработени, нема да има потреба од продолжување на старосната граница за одење во пензија. Ама ете, тоа е...
Имам неколку примери во мое опкружение,луѓе кој отишле во пензија,и после година две за жал се разболуваат и тука им е крајот Значи кај нас нема време да се ужива во пензионерски денови
Прво да кажам дека со што би уживале во пензионерските денови, големите пензии па затоа се туткаат по автобусине само кога им е бесплатно..нешто добредојде им дојде ова со гратис бањите ама ништо, беден е стандардот за пензионерите исто како и за вработените..мизерија сме. Инаку од искуство и секојдневно што ги гледам на работа, сите викаат што побрзо да одат во пензија а кога ке им дојде редот, тогаш не сакаат да заминат, си продолжуваат или пак ке отидат во пензија ама после тоа работат приватно, нарочито зборам за докторската професија и за медицинските сестри. Приватно имаат сила до 100 год. да работат. Греота е за рударите, шивачките. за сите професии каде треба физичка работа, е на тие да им се дадат бенефиции треба.
На жалост јас се повеке и повеке гледам што некои воопшто не ни дочекаја ни првата пензија! Овде лугето поминале низ многу кризи и сиромаштија уште ова да им се направи исто како да им се изврши убиство! Да дојдат старци од странство овде одма се забележува дека имаат добар живот , а луге овде од по 60 години изгледаат како 80 годишнаците во странство . Значи немат споредба овде и странство! @referentka низ порталите кружи оваа вест и никој не ја демантира!
Да има и такви што не дочекуваат пензии Имам јас братучедка која почина пред 1 година на 56 год.со 35-6 години стаж Имаше некој што се запраша што со тие пари,неповратни а немаат право никој да ги земе
е тоа пу пу не важит ништо за нив . Ако стварно нема пари за нови пензионери зошто им зголемуваат пензии на сегашните пензионери?? Зошто им се дава бесплатен превоз на сегашните пензионери?? На жалост од оваа држава никогаш немат да ја бидит !
Δ Најдобро да не им се дава ништо на сегашните пензионери, да се чува за да има за младите кога ние дојдеме на ред да сме пензионери. Е тоа тогаш може, оти за нас ќе станува збор, па и малку ќе е било кое покачување, секако.
МнОоооогу себично е ова од тебе, многу!! Зоште да не им дадат на пензионерите покачување(јакото покачување од 15о ден- 5оо ден..па имаат ли они деца на кои помагат, па имат ли внучиња, па имаат ли потреба за задравств. услуги?? Еее, затоа не не бива како народ
Што мислите дека во земјите на Европска Унија е подобро? Не, полошо е.Телевизорот и компјутерот ве лажат дека е подобро. Ние не се преселивме тука од убаво што ни било во Полска, и таму луѓето крај за крај едвај спојуваат како и тука.
Подобро е од тука сигурно , во спротивното не може никој да ме убеди .Бидејки БЕВ и ВИДОВ и се разочарав во каква држава живеам!
Ако ништо друго барем сеуште тука јадеме далеку подобра храна... Таму храната што се произвенува (зеленчук,овошје) како пластика е.
ахам , можит заради храната старците се како 40 годишнаци , и подмладени или имаат пари и си купуваат квалитетна храна