Абе точно е ова, ама на државата не и е гајле дали старците се одржани или не, и ако не се промени демографската слика, сигурно ќе се зголеми старосната граница, бидејќи населението старее и бројот на пензионери е се поголем, а со тоа и буџетот за пензионерите е се поголем. Иначе моментално важи овој закон. http://faktor.mk/2014/07/22/usvoeni...e-izmeni-za-starosna-granica-za-penzioniranje
Да, ама и тој конфор ќе заврши еден ден. Во блиска иднина поточно. Поголем дел од семејствата во Европа наместо да чуваат повеќе деца тие чуваат мачки и кучиња или пак живеат конфорен живот, но тој недостаток на младина во иднина ќе биде огромно оптеретување за пензиониот систем и воопшто економијата. Затоа таа дупка ја пополнуваат со имигранти од целиот свет. Немаат младина која ќе работи и ќе го полни пензиониот систем. Позитивна работа во целиот тој систем таму е што имаат долг животен век. Јапонија на пример има животен век во просек од 85 години.
Ама тој закон важи само за тие што сакаат Другите,жени 62 а мажи 64 год. со минимален стаж од 15 год.
Кжав јас претходно дека моментално е само избор, ама мислам дека ќе стане и задолжително, прашање е само кога ќе се случи тоа . А точно е дека минималната граница е 62 за жени и 64 за мажи, и треба да имаш минимален стаж од 15 години, мајка ми сега е 62 ама не ја следува пензија пошто нема 15 години стаж, и фалат неколку години.
Ако зборуваш за Америка таа е друга приказна и си во право, јас зборувам за земјите кои се во Европска Унија.
во високо развиените земји старците се одржани , толку одржани што можат самите да се одгледуваат на старост. Патем , ми иде една Холанганка и ме прашуваше нешто , и одпосле ја прашувам колку години има и она ми вика 65 години , и јас останав со уста отворена бидејки изгледаше како за 45 годишна . Факт е дека добрите услови влијаат на изгледот и здравјето!
Со платите наши и работните услови, веќе се вбројуваме во земји каде има sweatshops, односно фабрики со мизерни услови кои ги експлоатираат работниците и ги третираат како робови. Еве еден напис од Guardian каде за пример е земено производството на чевли Geox во Македонија, претпоставувам низ некоја од фабриките во Источна Македонија. Работничките земаат 131 евро месечно, на норми и до 90 пара чевли на ден, а само еден пар од тие чевли се продава по толку. Тоа е нашата "сјајна" економија. При следното фалење за нови инвестиции во Македонија, Груевски нека не заборави да спомне дека главен адут со кој привлекол нови инвеститори е ефтината работна рака односно нудењето на македонските работници како робови во нивните фабрики. https://www.theguardian.com/fashion...-made-for-a-pittance-eastern-europe-sweatshop
Првото видео ја покажува и другата страна на Шведска, за која нели ние овде мислиме дека е ''рајска'' земја за живеење, а за второто видео што да кажам , ако сите размислуваат како оваа жена која нема проблем со тоа во Шведска да бидат повеќе имигранти отколку Швеѓани, или како овој дечко кој нема проблем да се воведе шеријатското право во Шведска, тогаш им нема спас на Швеѓаните , само мислам дека овие се само едни од малкумината забегани Швеѓани, и дека поголемиот број од нив веќе почнуваат да се освестуваат, само прашање е дали е на време освестувањето . Третото видео е еден одличен говор на познатиот унгарски новинар Золт Баер.
Ударна вест. Почна во школо дете на претседател на партија. Колку убаво. Во таа чест,сите деца построени одоколу. Да знаат уште сега како е подредена пирамидата. Не ми личи ама: Пу да ви е страм.
Цитирам: ,,....Тој има долгогодишно искуство со работа во разни сфери во областа на безбедноста, а моментално е професор, и тој е предлог кој доаѓа од редот на експертската фела...,, Е...и ај сеа....
Уште црвен тепих фалеше .... Ова е за децата да знаат кој е главен !! А другите обични смртници ....Ова го немат ни во Јужна Кореја
http://www.libertas.mk/foto-obrnete-vnimanie-na-gospozhata-vo-beliot-kostum-zad-gruevski/ Кoлку е нaивен oвoј шo гo пишaл стaтусoв. Не верувaл декa гујo се јaвил кљј директoркaтa. Абе ги зaбoрaи ли снимките кaј шo викa Миле ми текнa, a дa изгрaдиме еден ѕид висoк 5-6 метрa и oни у ѕидoт дa гледaaт. Сеa се јaвувa нa директoркaвa и викa aбее ми текнa пoстрoи ги тaкa пo стрaнa јa и мoиве пoминувaме oни гледaaт и aплaудирaaт, a ти пoзaди нaс
Џабе се сите овие циркуси што се прават. Избори на 11.12 НЕМА ДА ИМА. Ќе најдат рчка ВМРО-вци, ќе видите...само незнам на кого ќе удрат. Минатиот пат за да се скрене внимание се удри на Куманово (и жртви имаше) Овојпат претпоставувам дека или пак немири ќе смислат или нешто во врска со СЈО ќе биде. За нив најпогодни се локални и парламентарни заедно да бидат...
Јас не мислам дека е точно тоа со децата што се тргнати настрана и му даваат пат на премиерот со жена му и детето. Според мене, тоа е обична процедура во секое училиште... Поголемите деца ги пречекуваат помалите. Ако и децата од сликата се првоодделенчиња - и тие би биле со своите (или со еден од своите) родители. Меѓутоа, ако грешам - не ми се допаѓа.