Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Епа Баге тогаш кога знаеш дека не е во ред не скокај овде во одбрана на нешто што не е одбранливо, подобро молчи си кога е таква ситуацијата.
     
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    ^^^

    Baguf4e нека не ве лажат за името таму по локалните штабови...Чичко ти Мијалков се пазари за името уште одамна и доколку победат твоиве "патриоти" иднината на Македонија ќе биде во негови раце..Остај го ти глујо - тој е само пион...Овој другиов е опасниот играч што владее во сенка и прави тежок криминал... :)
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Псссссссссссст .
    Вака, ете не сум коментирала до сега во политика, ама БАШ ме занима што има врска спортската химна СО ПОЛИТИЧКИ НАСТАН ?
    И не може да се испочитува молкот ни во виртуелен свет, ако ништо друго од почит кон фер избори.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.355
    Не бе,Викиликс муабетите беа афери,а овие рекла казала муабети Багуфче што ги слушнала од братот на мушката тетка детето,се релевантни и неприкосновени!Точка!

    Луѓе што ви е?!Ало,што ви е?!Абе ја гледате вие стратегијата,насоката,воопшто целата слика или ви е битно да се закрпите вие по дома?!Имате амбиција за нешто?!Онака основна,бизнис да отворите,да се вработите еден ден во добра фирма,да зимате добра плата?!Знаете дека оваа убавина ви е само моментална?!Утре кога мајка ти,татко ти ќе се пензионира,ти кога лебот ќе треба за твоето дете да го вадиш,партија нема да те крпи,ама веќе касно ќе биде зошто економијава е на раб од колапс и воопшто цел систем?!Го разбирате вие тоа или треба да ви се нацрта?!Убаво ви е во село да си живеете,дур Скопје се гради и се претвара во град симбол?!Што се направило во вашите градови?!Мислите долгорочно малку?! Ова е полошо и од комунизам! Овој народ е дојден до тоа дереџе да му е гајле утре и Бугарија да не земе под нивна власт!Ма каква Бугарија бе,Албанија,ете толку што му е прекурчено,прекардашено и сеедно веќе!Ете го патриотизмот!Патриотизам чувствуваш кога образованието е префектно,кога здравството е префектно,кога патиштата се перфектни,кога економијата цвета,кога народов се смее кога оди да пазари и сметки да плаќа.Дали е така?! Дали сте вие при здрав разум?! Сите се опаметија,ама сите,отворете ги и програмите и ќе видите,сите освен,вмро! Не е здрава оваа атмосфера дали сте свесни?! Да ти е страв во кафич да седиш и да кажеш став!Да ти е страв да се јавиш кај другар ти и да си муабетиш по телефон зошто некој те прислушкува!Ова е нездрава околина,ова е целосно забегана држава бе луѓе! Ми е гајле мене за вработувањата у администрација! Ако ти си способен ќе се снајдеш,а не да молиш и лелекаш од партија да чекаш да те вработат и да зимаш плата од буџет! Ќе бидам груба и ќе речам и тој леб од таму што го вадите во најмала рака е нечесен и е земен леб од некои сиротници без покрив над глава,зошто крца од вишок вработен,а тие пари можат да бидат пренасочени во попродуктивни цели,за вие и вашите родители утре,имате шанса да се вработите во приватен сектор и да заработувате дупло повеќе!

    Ама нека ви стои!
     
    На mims-89, SunFlower94, enca.69 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674

    епа на постов му нема рамен алал да ти е! сите сме свесни да, но Вмровците не се, се прашувам каде гледа овој народ бе, каде!!!!???

    пола младина се отсели, а допрва? од каде ќе враќаме милијарди евера кои се потрошени во непрофитабилни објекти. Жив страв ме фаќа!
     
  6. monique23

    monique23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Морам да цитирам една изјава од Латас на вчерашните вести на сител "Како Моцарт што го имал Салиери, мојот Салиери е Никола Младенов(главниот уредник на Фокус)" хахахахахаха Латас не си ласкај Моцарт во гроб се превртува
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Има врска, затоа што Сител е мегафон на Вмро Дпмне, а Ристо Самарџиев тамошен пиун и уредник на таму некоја си емисија во Сител. Плус, Сител ја објавуваат веста и бираат нова химна без никаква консултација со никој друг, ами на своја рака.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.355
    Песничето е врх!Дрес од свила,што ни дава сила!
    Комплекси.Вечер Чили вили ќе онанира дур сите во еден глас на стадион ќе му ја пеат стихотворбичката!
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мене никој не може да ме убеди во ништо за некое што јас го сметам за исправно, па најмалку за политика иако не викам дека убедувате овде.
    Значи, секој си има своја причина на која партија ќе биде симпатизер и во тоа никој не може ни да му се меша ни да му суди !
    Друга работа, не сакам да кажувам јавно кон која партија сум повеќе наклонета од причина што не сум политички активна, за 6 месеци ќе бидам.
    Најмногу од се ме нервираат партиските поттрчковци, ако сум за таа и таа партија ќе гласам за неа и готово, ако треба ќе трчам во корист на партијата, ќе одам по митинзи, ама никогаш нема НИКОГО ДА УБЕДУВАМ ДА ГЛАСА ЗА НЕШТО ЗА КОЕ НЕ МИСЛИ .
    Сите треба да мислиме на нашата иднина, не само ние младите и ако се гради, па нели мора од некаде да се почне?
    Вмро во мојов град има изградено спортска сала и тоа е нешто така?
    Башка во програмата (која му е достапна на секој човек) има уште многу работи кои се во план за градење, и сега јас кога гледам колку работи треба да се направат и некој ги прерачунал тие, ги предвидел со определен рок и време, само да почнам да вреѓам и да се оправдувам со комунизмот, само дека сум слеп послушник на Бранко и го мразам Гујо, така?
    Друга работа, патриотизам не е само кога патишата се средени, патриотизам е многу повеќе и од тоа, порано улици и немало, туку КАЛДРМИ, па пак си ја сакале земјата и биле македонци така?
    БЦ имаше време да го поправи сето тоа што го смета Лилит за патриотизам па не го поправи, беше и претседател, па мислам дека редно време му е да се повлече.
    Вчера го следев на митингот во живо, почна да плука по Никола како да му е смртен непријател, навердуваше, тоа е патриотизам кога самите не можеме да се почитуваме, барем како луѓе?
    Тоа го проповедаше вчера тој на митингот, омраза и злоба! А богами тоа не ни треба, ни требаат многу повеќе од злоба и од ПАРТИСКИ УБЕДУВАЊА.
    Ни молк се почитува ни ништо, па зошто и јас да почитувам?
    Сакам само добра иднина за мене и за моето семејство, ама ако јас не се потрудам да ја обезбедам ни ГРУЈО НИ БРАНКО ќе ми помогнат.
    И утре е битен ден, затоа внимателно со гласот.
     
    На MacaLove и baguf4e им се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ако сител е магафон на Вмро тогаш и А1 се мегафонци на СДСМ , ама сметам дека ова сега што се објавува по интернети со химниве и триста чуда, се само дел од плановите на сдсм да се оцрни сликата додека има уше малку време до утре до поразот.
    Не ми е јасно само, кога е сигурен дека ќе изгуби ете Бранко вчера на митингот што го дадоа во ударен термин кога беа лисјата, се колнеше дека сака да биде премиер, и викаше дека НЕ БИЛО ПИШАНО!
    значи го јаде јанза дека нема да победи?
    Епа несигурен политичар не ни треба, плус поминат му е рокот нему, трето кај им е програмата да видиме што планираат тие после седнување во фотелја ?
    Или само важно им е да победат, да седнат и со прст да не мрднат?
    А, да можда ќе вработат лажно по некој партиски поттрчко што му ветувале многу подобро работно место и некој негов познаник со знак прашалник и после некое време ќе му се даде одказ дека местото му го зел некој поблизок на Бранко или некој поблизок на некој што веќе долго време работи на истото место од таа партија.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    2.724
    Пол:
    Женски
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Абе Лукс, не ја ставија А1 на својата официјална страна новата химна, туку на страната на Сител. Дали ти мислиш дека е коректно? И зошто сега А1 ги спомнуваш, кога си немаат никаква врска со химнава?
    Во однос на Бранко. Па тој не е ниту носител на листа, ниту кандидат за пратеник, уште помалку за премиер. Дали тој ќе владее од сенка, останува да видиме, битно е дека не е кандидиран за ништо. И навистина не ми е јасно зошто се Бранкува Бранко упорно |( За патиштата имам пишано во друга тема колку километри автопат имаат изградено сдсм во нивното време, не ми текнува во која тема беше, можеш слободно да прогуглаш и да најдеш.
     
  13. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Од ова твоето може да се забележи дека немаш 18 год. а веќе ти е испран мозокот и пропагираш (за 6 месеци ќе се ангажираш) :!:
    Немора да кажеш како си определена - апла се гледа.
    Прво велиш дека секој си има право на свое мислење, а на крајот велиш внимателно со гласот, звучи како да налагаш нешто.
    Второ, Бранко нема да биде ништо, ако некој бидува тоа ќе биде Радмила. А Бранко оди на митинзите според мене затоа што постојано го повикуваат и навредуваат. Се гледа кој каква кампања води.
    Трето, не си чула добро, тоа што е со црвено :x такво нешто нема кажано
    И четврто, зарем се задоволуваш со една спортска сала???!!!
    СТРАШНООО
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Епа Лукс вака, не можеш да тврдиш дека НЕМА ПРОГРАМА, само затоа што не си се потрудила да ја најдеш ;)
    Еве ти линк, па разгледај ја :)
    http://www.zatvojataidnina.mk/MK/programa.aspx
     
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    всушност тој кажа цитрам: не се борам за ниедна функција но желбата за победа на овие избори ми е над се! односно да го победи Груевски и нема да има тој никаква функција освен претседател на СДСМ.


    инаку незнам дали слушнавте наводно е изготвен нов закон кој се чува во тајност, но ете некој кодош тоа го објавил, а станува збор за Здравственото осигурување, имено истото се укинува за сите оние чии фамилии имаат примања севкупно над 11.000 денари, само не за оние кои се социјални случаи и оние кои имаат под наведената сума.

    што значи јас како невработена ми се укинува здравственото осигурување преку завод што го добивам и ќе плаќам од лекови до услуги сума невидана јас и моите, бидејќи мојата фамилија ја надминува наведената сума. Која глупост!
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    :rofl: Да не беше толку смешна ќе беше трагична...Како тоа околу тебе нон стоп информации од прва рака, де директорот ти кажал, де прв братучед...стварно мислиш ако кажеш 'од доверливо лице', или 'од сигурни извори' ќе ти држи вода приказнава?
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Уште сега се сигурни дека ќе било наместено, дека ќе има заокружени ливчиња, дека се набавени привезоци со камери (фак ју холивуд, расипа ги децава, ова на претходните избори не им текнуваше ама ебана технологија), дека им се закануваат со отпуштања, не знам што мислат дека ќе постигнат со тоа, дека некој ќе им поверува? А тие срцепарајучи животни приказни со лихварски карактер тешко дека ќе предизвикаат жалење кај некој. И за време на предизборен молк кукате, се жалите, к`лнете, си обезбедувате алиби во случај симпатизерот да не ви победи :lol: Овие предизборни кампањи не треба ни да постојат, зошто постигнувањето се гледа за време на владеењето на една партија, ветувањата остануваат само во програмата во хартиена форма. Народот знае КОЈ И КОЛКУ сторил за оваа држава и народ и утре ќе си го покаже тоа. Џабе ширење дезинформации од типот му се јавиле на тој му се заканиле, го тепале оној, заокружиле ливчиња, се заканувале. Колку и да се кубат коси на овој а и по другите форуми, утре народот ќе си го даде својот глас и вие може само да славите или да се вадите преку фалсификат. Само ми е жал што ако би победиле сдсм (помалку веројатно) ќе ги отпуштат сите волонтери и на договори кои со години работеле без плата или на пола плата само зашто не се иста партија. А ако победи вмро постојат шанси за истите да се вработат, од лично искуство го кажувам ова. Партиските вработувања нема да ги избегнете со било која партија на власт, џабе толку силење од една и од друга страна.
    Утре може да се случи да гласам и пред 10 :lol: , зашто ќе гледам да си го искористам се надевам убавото време и да заминам некаде на релаксација.
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Бланка, немам 18 сеуште, мање битно, кога со политика по фејсбук се замараат и 15 годишни.
    Нека се гледа апла, и да бев политички ативна, кај знаеш ти за кого ќе гласав ?
    Па правото на глас луѓе е бре тајно, знам што се се прави за да се вработи, со сликање на заокруежонот итн.
    Друга работа МОЗОКОТ НЕ МИ Е ИСПРАН, ниту некој се потрудил да ми го испере, за твоја штета, затоа што апла се гледа дека застана во одбрана на сдсм.
    И нема потреба јас да бидам задоволена само со една сала, не е само за мене салата, кога тука можат да играат сите жители идни генерации, па дури и тие од страна што идат на натпревари, а тек што ќе се гради, не знам само ко ќе се изгради, како ќе ги гледате тие објекти (а трагично и користите) кога не сте придонеле со ништо за нивна градба, туку само со плуакње на комунизот и не знам ти каков изглед на Македонија.
    Има кажано, со свои уши го слушнав вчера во ова време, во дирет пренос на А1, дали беше Куманово или Кавадарци завршниот митинг не знам точно.
    И видете овде http://www.vmro-dpmne.org.mk/ како се почитува законот?
    Предизборен молк и страницата не е достапна, додека оваа на Шеќеринска упорно се рекламира и вика твојот глас одлучува.
    Епа да , гласовите на луѓето одлучуваат, а не на послушниците кои само климаат.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Aбе нели денес гласаат затворениците, дијаспората, болните и притворени. Јас слушнав оти на дел од притворените за Пајажина не им било дадено да гласаат :x Како така бе :^) Шо било тоа :?:
    А и на Бајруш Сејдиу не му дале да гласа :|
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    како тоа ние ништо не сме придонеле за градење на објектите јас како што знам за пола од објективе наши пари се веќе истрошени, а сега се трошат позајмени пари од Светска банка и како тие пари ќе се вратат кој ќе ги врати? ако не ние.

    се што се прави во државата се придонесува граѓанинот, преку даноци и такси и триста чуда само кај нас тие пари се торшат, па се задолжуваме а кое пак ние ќе го надокнадиме, врти сучи се граѓанинот допринесува како и доаѓањето на некоја партија на власт, демократија или владеење на народот.