Не ми се верува. Дај име, презиме и матичен број на тетка ти за да ти поверуваме. Вака само напразно зборуваш, колку да имаш што да напишеш во темава. Многу одамна немам пишувано во политика ама секој ден го читам истото срање и меѓусебен муабет на "форумската левица" . Сендвичи, закани, работни места... Се истите приказни се вртат, дајте нешто ново.
Па зашто Грујо знае дека на легален начин ќе ги изгуби изборите, па сега ќе прави коалиција со било кој што ќе му донесен некој глас..... Дај бе вмровчиња отворете некоја нова тема за инвеститори , нели почнавте со анкети??, еве на пример имам една нова инвестиција и ветување на Грујо. https://kriminalitenavmrodpmne.word...од-2010-до-денес-груевски-8-пати-ветил-изгра/ Ти верувам, веќе не ни кријат со заканите , ехее колку пати се постирани пораки од моб.... Него друго ме ме потцети , сите овие што си ги продадоа газовите за 200 евра во администрација беа во времето пред објавувањето на бомбите, тогаш си мислеле , ќе си земам книшка и ќе си се вработам партиски, нити ќе ме замараат, само парички и работичка, што може најлошо да се случи.... хахахах сега викање на секој собир со сила па уште и треба да се молат вмро да тепаат на следните избори.
Абеја, да не се лажеме... Матичен број, молим те.. Да не е лага случајно дека ги бараат доцна и им се закануваат ?! Стави ти твој матичен број овде, па јас ќе ставам скриншот од порака на мобилен пратена од нив, и тоа сосе време на праќање.
Многу се претпазливи,се праваат на будали На прашањето,зашто се собирате,вика незнам ,ако мислиш на верски,има задушница Не ми се верува колку се покварени
Како доаѓаат избори така притисокот ќе биде се поголем. Видете....да бидеме реални...ги испозапослија во убави институции, им дадоа убави плати Е СЕГА ги ,,зивкале,, во 11 навечер за да одат по митинзи !!!?! Е ЌЕ ОДАТ ! Да не мислеа дека раат ќе живеат ?! Г'з под кирија даден...
Нормално е тоа,од секогаш било така баш сабајле со еден колега у автобус,и он вработен од нив, вика на последниот митинг тапа било,и нему му е смучено,за се го зивкаат де вамо де тамо,ама тоа е,му дале лебче, мора да го одработи
За еден митинг, два или три годишно, не е толку тешко, ќе се прошетаат до Скопје и ко ништо да е било. Приватници има кои секој втор ден ѕвонат во непристојно време и замараат со глупости, сега нив еднаш им се јавиле во 11, големо чудо. Си ја наредија они, остај ти...
По куќи ги праќаат да одат ..со списоци.. Да е еднаш, ајде.. Ама ги викаат и на состаноци по штабови. Ако..не велам дека нетреба, напротив - ако ти дале леб, ќе одиш и ќе ќутиш. Ама работава е што не ќутат. Како ние дознавме ??..
Знам како оди, ама кај нас роднините што ни беа во сектава многу елегантно си ја вршеа работата. Ти закажуваат гости, ти им спремаш мезе, сокче, кафе, се по ред, они прво приватен муабет како сте што се, децата арни итн итн...после почнуваат одоколу, па ако не се даваш одат малку подиректно во стил -ми зависи работно место ај ќе те молам фамилија сме, и така најадени напоени си одат, гости истерале луѓето, работа мешано со задоволство Некој ќе копа на нива за тие пари, друг ќе се треси пред шефот за глупости, трет вака пред роднините малку срам. Во ненормална држава не ти даваат да си човек, тоа е.
Гледавте ли топ-тема на Телма? Слободан Богоевски мислам дека тешко ќе помине после се што кажа за фамилијава
Мене пак еднаш да ми се јавеа за на митинг да ме викнеа, ееејј најголема желба ми е онаа како што викаат “заканувачки“ да те повикаат да дојдиш на собир и тоа преку порака , и нај голем мерак имам еден сендвич да си каснам од тие вмровските, сигурно се вкусни. Ама ете никако да дојде до тоа. Џабе сум и член и подржувач, џабе... Значи тие ви се лити и глупи теории дека некој е присилен. Имам другарки што се од сдсм а живеат во други градови и на секој собир овде идат со автобуси, обавезно. И никогаш не зборам оти ги приморале оти се овци, глупи и не знам што.
Богами џабе си....ако досега не те запослија во државна администрација ни повик ти следува ни сендвич
Во време кога едвај се наоѓа работа, во приватниот сектор е хаос, ма те вработиле во државно има да трчаш. Те прават будала, да, ама свесно си влегуваш во тоа. Многу се жалат, им пука глава, страшен притисок прават. Не е нормално ова. Не е нормално и ваквото вработување. Всушност што е нормално во државата.
Абе ај не се правете будали вие запослените од мвро, еве и јас ќе потврдам дека директорката на моево училиште и тоа како ги ремети сите вработени. Вклучувајки ме и мене. Е ама за разлика од нив, не ми беше мене даден газот под кирија(имав среќа да се вработам па скоро низ иглени уши поради сплет на околности) па многу јасно дека ја откачувам. Само префригана е многу, не остава материјални докази туку целиот мобинг го врши усно. Да овчички, ова што ви го прават е мобинг. Само ве плашат by the way, немаат законска основа да ве избркаат од работа. Оти можеш да ги тужиш и да ја правиш голема, го знаат тие добро тоа. Што ќе стои во образложение за бркање, не дојде на митинг?
Немаше потреба да кажеш дека си член, видовме по писменоста. За сендвич не знам како не си добила, баш тие твоите се тепаа по комбиња за сендвич, дури и уште бараа, има на јутуб. Срамота стварно како не си земала сендвич, баба рада сите ги изеде.
Мене пред некоја година ми се јавија од штаб на дпмне да сум одела на некојси митинг или контра протес( не се секавам баш точно) и дотичната ја отерав кај што и е местото и и реков да не ме вознемирува ! После нецели 5 минути ми се јавува стрина ми ( вработена во здраство) и ми вика дрн мрн дали сакаш да одиш бла бла и и реков НЕ ! После еден другар вмровец ми кажа што било работата , дека кога ја отерав дотичната, таа одма и се јавила на стрина ми ,ЗОШТО ОНА МЕ ИМАЛА НАПИШАНО ВО НЕЈЗИНИОТ СПИСОК кои што мора да им однесе список на гласачи за возврат на добиеното работно место . Ви пропага тоа дека не ве тераат , значит све е јасно како ден нема потреба да лажите ! Ваше право за кого ке гласате , а исто и секој си има свое право за кого ке го даде својот глас!