Може ли линк од кажаното? Зошто јас вчера го следев митингот на СДСМ во Куманово на нет имаше онлајн пренос, па не слушнав такво нешто.
Ај не туку брботи за економија со знаење за истата извадено од газ...И не продавај страв и трепет таму кај што го нема...Вработени во администрација уште од времето на сдсм, со нивни членски книшки наравно, слободно се декларираат како сдсм-овци и нудат пенкалца од истата па никому ништо, а ти ќе ме убедуваш дека не можам во кафиќ да седам или Бог да чува се неможело разговор на тел. да се води затоа што се прислушкува??? Собери ги дечките од маало и нив пропагирај им вака, не да се бламираш тука...
Значи викаше не било пишано тоа да се случи (да победи вмро), го даваа на вестите ударни на А1 додека траеа Лисјата имаше вклучување, прво таму, па после на митинг кај Љубе. Не знам дали има видео запис од тоа некаде, ако има ќе го пастирам.
Оу мај гад,знаете ли уште што слушнав? Им се заканувале на некои вработени во администрација и членови на вмро демек знаеме како ќе гласате,зошто во кабините и на пенкалата ќе имало камери Ц,ц,ц И баге не е припремање на терен ако кажеп дека местени ќе биле изборите,припремање на терен ти е ако кажуваш дека Сдсм ќе кажат дека местени биле изборите.Вмро цела предизборна кампања труби дека Сдсм ќе кажеле дека биле местени изборите,е ај зошто? За да биде после Па ви кажавме ние дека Сдсм така ќе збори,не местевме ние ништо,врска нема . Мхм да...Па може и ќе ви веруваат оние кои што да гледаат какви циркузи правите и пак за вас ко слеп за стап се фатиле.
Скорпионка и ти да не имаш магистрирано на Европски?! Ти се читаш и ме читаш или имаш проблем?!Ти живееш у некоја паралелна реалност во која сите сте напушени и под седативи. Во времето на сдсм од кои сите стари членови веќе не се активни освен Бранко кој го нема на избирачки список?! До душа што ти враќам и онака те сметам оддамна за ирелевантна и невоспитана,ама интересна си у концептот луд јебе збуњеног. За тебе сум душо,доктор на науки уште недипломирана,нема ти мене шо да ми расправаш бајките што вам ви ги кажуваат.
Еве најдов линк, доле пушува дека е во живо на А1 Нема кажано такво нешто Лукс, погледни го клипот. http://www.youtube.com/watch?v=yeBu4gAedHI Еве цитат од тоа што ти си го напишале дека го кажал Бранко
Хахахаха абе само вие од кај бц ли слушате вакви работи хахахахахаха, на вељо не му дале да гласа хахаха хихихихи може ќе се обеси сега или ќе се удави во кофа од нервоза. Он пошто е "актуелна" фаца утре гарант ќе дадат снимка како гласал. До утре којзнае какви се политички прикаски ќе се изначитаме овде. Добро е за релаксација. Ај да не бидам подоле , ја слушнав дека бц утре ќе дели виски за секој глас за неговата партија, знам од сигурни извори, вчера на бугарска граница го виделе комшии (со 3 тамчиња полни виски, оригинално ), многу е доверливо не смеам да откривам имиња
Внимание!!! Ова е за сите оние кои го критикуваат Ск.14 и кои мислат дека со својата критика ќе придонесат за подобро Скопје-метропола а со тоа и Македонија. Ни случајно да не сте се обиделе заради нивната јавна искажана критичност да сте се осмелиле да ги користите. 1. Никако поминување под ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА 2. Ако ве фати зорт за ИГРАЊЕ ТЕНИС никако во новоотворените владини игралишта 3. Ако сте пред пораѓај никако во новоотворената ТОТАЛНО ОПРЕМЕНА ГИНЕКОЛОГИЈА 4. Ако сега ви прижешти никако разладување покрај ВАРДАРСКО ЕЗЕРО И ПАЛМИТЕ Има уште но се тоа ќе се регулира со закон ако пак победат ВМРО-ДПМНЕ
Од строго доверливи извори за кои имињата не смеам да им ги кажам (хахахахаххаа) за една недела,иако може ќе биде и касно,ќе ви пишам за помочаната идеологија од градот симбол направен од народни пари што лежи ооо вие божји чеда и патриоти! Аман од идолатрии!Аман! Секое копито до партија се докопа.Без принцип,без услови у партија се влегувало,затоа секој копач стигна државата да ни ја води,да работи у неа и плата да зима.Утре оној цајканон у комшии само ако пука,има да му ја спукам куќата со јајца и тоалетна хартија.Копитар не виден бе!Пијаничиште!
Не мислев конкретно за болницата, спортските центри, да не се сфаќаме погрешно, јас целосните програми им ги немам прочитано целосно на ниедна партија, штом ти од ВМРО ја знаеш напамет, не им веруваш целосно на БЦ и компанија така? Па нема потреба од внимание, ако тебе ти смета еден ден да се пораѓаш во чиста и опремена болница твоја работа, оди во Бугарија на пораѓај (можда и дрско е ова, ама небитно), ако ти смета да играш тенис, не играј, ако ти смета еден ден децата да ти учат од опремени цедиња на македонски јазик по сите предмети и да учат со тотално опремени училишта ТВОЕ ПРАВО. Кога беше сдсм, зошто нашколо немавме компјутери ? Бранко ветувал некогаш атлетски патеки, стипендии, спортски пензии, филмски центар, лаборатории ? Трагично е и да ветувал никогаш не исполнил.
Кое бре црно здравство ? Колку родилки испоумреа во Велес? Во Прилеп? Во Битола чинам со светло од мобилен една се пораѓаше. Немојте ве молам, дај реални да бидеме.
Mкшкорпионка, ака Mклавица е џоа џоќер у покер ќе се јави кога не треба, ќе истресе по некоја ниско буџетна реченица и ќе си отиде E ајде де, пробрботи ми ти на мене што е економија лавот и Aце македонски?.. 9 милиони за реклами на Bмро!?. да да, ама економија....
Не ,ама баш ни беше потребен хокеј-терен и компјутери во школоите. Пошто нели имаме многу хокеари во државава и а плус на децата досадно им беше во школо,сега можат тетрис да играат или да висат на фб,за што и служат компјутерите во школите. Ти да стигнеш такви глупости да правиш,треба прво да го нахраниш народот ало! А не во земја со 70%-на сиромаштија,неврабоетни еден куп и уште толку што гладуваат,ти инетрнет да им ставаш! Епа нормално бе брате дека полесно ќе испереш пари на хокеј терени и статуи на плоштад ,него ли ако ја оправиш економијата.Што мора да се признае ,мора...
6-57 - 7-09 еве на дело по 2ар го слуша ова, Боа зарем не го слушна ова или тогаш ги затна ушите ? НЕ Е НАША СУДБИНА ПА ДА СЕ ПОМИРИМЕ СО ТОА, НЕ Е ПИШАНО ОД ГОСПОД ДА СЕ ПОМИРИМЕ И ДА КРЕНЕМЕ РАЦЕ, СЕ МОЖЕ И МОРА ДА БИДЕ ПОИНАКУ Па МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ОДДАМНА, АМА ЗА ЖАЛ тие како тебе што сакаат да бидат диктатори не ја направија Македонија подобра .
Па во ова време на модерна технологија уште и компјутери да немаше. Треба да направите разлика од тоа што било потребно да се направи сега и е од општо значење кое веќе го обиколило светот како компјутерите, асвалтираните патишта, модерните училишта, и она што е од голема важност на цела држава како интеграција во ЕУ и НАТО или со правилна дипломатија до привлекување странски инвестиции и намалување на сиромаштијата. Ако е се така ок ај тогаш кажи зошто има ПРЕДВРЕМЕНИ избори?
хокеј терени!!!! и до таму стигнавме, само до плати и работни места уште ќе лазиме, абе просечна плата во мк е 120 евра, а соседните ни земји не шијат една Црна Гора не претекна, а тие голфски теерени, а за кои богаташи ги градат ме интересира, за нив самите?
Лукс те цитирам што напиша ти дека рекол Бранко. . Така да, не врти си ги сама сега зборовите. Во она што го напиша ти и она што го кажал Б.Ц има огромна разлика. И ја те молам кажи на која секунда од клипот Б.Ц се колне дека сака да биде премиер, и вика дека НЕ БИЛО ПИШАНО?!?
А што правите на компјутерите може да прашам?! Учите?! И што ако ги стаи?!Кои се придобивките?!Има конкретна стратегија за образованието?!Како тие компјутери ќе се упоребуваат или супер ви беше кога беше одобрен учебник по македонски јазик со песнички за деца од прво одд.а тоа за прва година учебник?! Диктатори...па једини диктатор е Грујо.Ви велам...страв ми е нормално да се движам...зошто нема фактичка безбедност,а друго,да си кажам ко чоек нешто јасно и гласно,а да не бидам оштетена... Друго кое црно минато...тоа минато...и не беше толку црно,ако продолжеше поинаку да се одвива,ама потоа други дошле на власт...ама тоа е веќе друга приказна која се учи од книга и е верујте многу досадна.А сега...па сега луѓе,на избирачки список...нема ниту еден од старите никаде...и?! Нема веќе каде,нема и ним им е јасно.Реков сите се опаметија,само овие црвениве одат со глава у ѕид со глупости и лаги.
Така е МАРКЕТИНГ ДИРЕКТОРОТ ја направи подобра, но за жал во тоа веруваат само оние кои се заслепени од самобендисаноста и самопромоцијата на долгометражните реклами со милионска вредност, платени од Државен буџет кој е НОРМАЛНО да се троши за доброто на СИТЕ граѓани.