Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. schmookie

    schmookie Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    136
    Не ми е целта да го промовирам авторот, ама колку е добра и вистина колумнава тоа е чудо.


    1. „Значи, многу се нервирам!“ Така ли слушнавме во телефонските разговори? Да не можеш една сообраќајка да скриеш. Односно две биле, ама незначителна била штетата. Само 150 евра.

    Продолжете вие да си играте мајтап со Диме Спасов. Продолжете со вицовите за количките, градинките, учителките, детските игри…

    Не е за мајтап. За бес е. И за страв е. Оти сообраќајките на Диме, бегањето од полиција, менувањето на исказите и како ние се занимаваме со тоа цела недела, е само одраз на 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. И освестување колку всушност нам ни се смениле животите за овие 10 години со вакви како Диме Спасов.

    Еве ја шемата:

    – На клучни места ќе стават неспособни маргиналци и приватно и професионално неизживеани типчиња, чија единствена способност била да бидат слепо верни на лидерот што ги поставил на тоа место. Единственото што го сработиле пред да се вработат е само послушноста што можела да им донесе вработување и функција.

    – Како функционери, ним им е дозволено да ги возат нашите коли. И тоа не една, туку четири наши коли. Да трошат бензин со наши пари. Да менуваат наши гуми. Ние да им плаќаме осигурување. Ние да им ги плаќаме петочните излегувања. И мобилните телефони на кои бараат помош кога бегаат од полиција ние им ги плаќаме.

    – Со наши пари ни продаваат конзервативна идеја, ни промовираат светост на бракот, ни кажуваат во кого смееме да се заљубиме, што е здраво да јадеме, нè убедуваат дека треба да имаме деца и колку треба да направиме, како да се однесуваме, како да се смееме, што е морал, а што не е, а во петок на полноќ со партиски другарки и другари ги резимираат проектите во нашите коли. И бегаат од нашата полиција.

    – Тие се морални, пожртвувани, сè би дале за Македонија и многу се храбри, ама во петок на полноќ ако направат белја, бегаат и си ги оставаат партиските другарки на немилост на лошите чичковци. Оти само нивниот живот е вреден. Оти само тие се Македонија.

    – Кога ќе ги фатат дека направиле белја, ќе се јават кај своите потчинети да ја преземат вината. Ќе ги тераат да лажат за нив. Па кога ќе ги фатат во лага уште неколку пати ќе го сменат исказот, оти баш шефот е Македонија.

    – Ќе ги уценуваат газдите на медиумите за да спречат објавување на веста. На тие што објавиле ќе им се заканат дека ќе ги тужат. Оти судиите им се запишани во тефтерчињата.

    – Ќе си нарачаат интервју на телевизија што добива тендери за градежништво. Дотераната новинарка ќе облече штикли и нема ни да се потруди да одглуми дека прашува. Партијата ќе им напише изјава, тие ќе го набубаат материјалот, за да изгледаат убедени дека веруваат во тоа што им е напишано.

    – Два дена ќе се кријат и нема да се јавуваат во полиција, за да не може да им земат крв и урина за тестирање и да ѝ дадат време на партијата тие консултантите што ги плаќаат 50 илјади евра месечно да им смислат нивна вистина.

    – Камерите работат само за нив. За убиството на Мартин Нешковски и прегазената Фросина на Партизанска камерите беа расипани. Системот „Безбеден град“ само за нив функционира. Оти Фросина и Мартин не се Македонија и не морале да бидат безбедни. Само Димевци се Македонија.

    – А прашањето како снимка од безбедносна камера се најде на телевизија е глупаво, откако дури и снимка од посебни истражни мерки од Кабинетот на премиерот се најде на Јутјуб.

    2И после сите поделби што овие 10 години ги направија на наши и ваши, еве сега уште една поделба – наша вистина и ваша вистина.

    Еве, да прифатиме дека вистината на Диме Спасов е вистинската. Останува главното прашање зошто баш Диме Спасов го бркале вооружени криминалци и мафијаши? Што знае Диме Спасов, а ние не знаеме? Не е белким дека му се љубоморни на успесите оти многу вработувал, па сакаат да му ги сопрат проектите. Или, можеби и криминалците бараат социјална помош. Оти, мафијата остана без приход. Власта им ги зеде бизнисот.

    3. Продолжете да се чудите до каде сè може да одат. И продолжете да не ве интересира политика, оти нели, сите се исти и нема за кого да се гласа. И смејте му се на детето што си игра министер. Оти смеењето е здраво. А молчењето не е. Оти, тоа дете носи одлуки за нашите животи. И за животите на нашите деца.

    Башка и не е дете. Како што не е дете ни оној од Службен весник што го ставија директор ден пред да наполни 24 години.

    Тој вечерва ќе излезе ли со нашата кола? За едни пријатели што одат на Комитска вечер прашувам.

    4. Тоа што судијката, што не го поканила Груевски како сведок на рочиштето за „Пуч“, избега од специјалната обвинителка Катица Јанева, е уште еден доказ дека судството е независно. Инаку, до сега веќе ќе му го обелеа образот на Никола Груевски. Ќе го викнеа за сведок, ќе го осудеа Заев дека сакал да направи пуч. Вака, ќе помислиме дека Груевски трескал глупости кога лани драматично прекина вести за да ни раскаже дека „нешто од тоа што ќе го чуете ќе биде лага, нешто полувистина, а нешто вистина“ и кога обвини дека странски служби прислушувале со жолто комбе.

    Може ли држава во која премиер објави дека имало обид за државен удар, повеќе од една година да не може да обезбеди двајца судии со безбедносен сертификат? Следното продолжение, кога и да биде закажано, нема да се одржи оти тогаш дактилографката нема да има безбедносен сертификат.

    5. За украдени осум тегли домашен ајвар и слатко, како и три шишиња сок, кривопаланчанец беше осуден за кривично дело „тешка кражба“ со три месеци затвор условно. Значи во наредниве три месеци не смее да украде ништо, па дури ни милион евра.

    Диме Спасов ѝ избега на полицијата. Ама затоа, пак, правдата ќе го стигне битолчанецот на кого полицијата му нашла една рачно изработена цигара од марихуана скриена во кутија со други цигари. Во цигарата имало 0,48 грама марихуана. На Диме не му измерија промили на алкохол во крвта, ама на битолчанецот до две децимали му ја измериле марихуаната.

    И после некој ќе каже дека судството не функционирало, а полицијата бркала само успешни министри.


    http://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/kriminaltsi-sotsijaltsi/
     
    На An-na и LollySky им се допаѓа ова.
  2. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Иако гласам и го поддржувам ВМРО-ДПМНЕ, постојат многу работи кои не ми се допаѓаат и секогаш го кажувам тоа, една од тие работи кои не ми се допаѓа е и името на Националната арена, па така ја поздравувам промената и мислам дека ,,Телеком Арена'' е одличен избор за ново име.
    http://faktor.mk/nacionalnata-arena-filip-ii-se-rebrendira-vo-telekom-arena
     
    На daylight и MiloMalo им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.490
    Допаѓања:
    183.868
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов тука да прашам дали е вистина за промената на името..глеам веќе објавиле. За тоа ли билдаа национализам 10 години? Не ми се верува... чие име ќе променат следно? На аеродромот? На земјава ли? (facepalm) Останав без зборови...на глупоста навистина и нема крај...тамам кога ќе помислиш го допреле дното, ќе докажат спротивно..
     
    На Rama, referentka и anaja1 им се допаѓа ова.
  4. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    7.564
    Пол:
    Женски
    А што, го продадоа стадионот?(facepalm)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.314
    Редно би било да го вратат оргиналното име Петровец.
     
    На referentka и Sashko1992 им се допаѓа ова.
  6. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.963
    Пол:
    Машки
    Телекoм Аренa
    Дa не' пoтсетувa декa прислушувaњетo е преку телекoм :D
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Морам да искоментирам за случката со Диме Спасов. Значи се убив од смеење. Дечкото млад си излегол со друга девојка иако имал жена и дете, и направил беља. И сега кога го фатиле незнае како да се извади од ситуацијата. Милион различни изјави, јас бев, па не бев, може и не се сеќава кој бил. Глупаво е што го фатиле со друга, а тоа што на некого му закачил ретровизор полесно се решава. Да си признал поштено дека си излегол со друга, си поминал убаво, си се напил малку и несакајќи направил сообраќаен прекршок ќе разберев. Младост лудост. Подобро да направи грешки сега отколку на постари години. Во секој случај срамота за тоа што лажел. Како викаат кој признава пола му се простува.
     
  8. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    7.564
    Пол:
    Женски
    А Латас одма изрежира филм(facepalm)
    СДСМ е заглавен во криминални групи:x
    Се што не им одговара,имаат одговор,во нивна корист:(
     
    На Rama и referentka им се допаѓа ова.
  9. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    А лошо е што го променија?, па промената на имињата и градењето на антички споменици е направено само заради провокација на Грција, и каква врска имаме ние современите Македонци со Филип и Aлександар па според нив да ставаме имиња на стадиони, аеродроми, автопати и што уште не.
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.490
    Допаѓања:
    183.868
    Пол:
    Женски
    Па и современите грци немаат врска со антиката. Античката историја ми е пасија и многу ми е криво што просечен Македонец знае многу малку или воопшто нема антички познавања. Како и да е, тоа е друга тема.
    Според мене беше погрешна било која промена од онаа првичната. А ова сега е играње к*рташак. Ама ако на нешто ново му се даде такво име не сметам дека е погрешно. Провокација или не, го сменија. Сега пак го менуваат. Ништо не е константно. Се што допреа уништија. И баш сега кога арената треба да биде гостин на големи настани им текна да го сменат името. Ништо не е случајно.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Во ред е што Античката историја ти е пасија, ама на сите на кои им е пасија оваа историја, нека остане само на тоа, немора на цела Македонија да покажуваат колку се импресионирани од Антиката и да градат толку многу споменици и да ставаат имиња на се и сешто според Антички ликови.

    Сите Античките Грци се родени во денешна Грција, исто како и Античките Македонци, територијата на Република Македонија нема никаква врска со Античка Македонија и Античките Македонци, освен тоа што мал период одреден дел од денешна Република Македонија била дел од Античко Македонското Кралство.

    И баш заради тоа што наредната година во Скопје ќе се игра Супер Купот на Европа е променето името, Телеком како голема и моќна компанија ќе може добро да го испромовира стадионот, а сигурно ќе вложи и одреден број на финансиски средства за тој да биде уште подобро уреден и функционален.
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.490
    Допаѓања:
    183.868
    Пол:
    Женски
    Абе дечко јас си искоментирав за мене лично. Ако антиката ми е пасија не значи дека ги поддржувам глупостите на владава. Потполно се согласувам дека проектот Скопје 2014 е најглупавото нешто што му се случило на Македонија. Светот веќе не прогласи за најкичерајска метропола. И остали кичерајски проекти на оваа луда влада ради кои константно сме ругани...што е најтажно со право.

    Територијата на Република Македонија има и те колку огромно заедничко минато со античка Македонија, жално е колку многу луѓе немаат апсолутно никаква почит према тоа. Гледам антиката не ти е јака страна, па не навлагам во тоа. Слободно верувај во теоријата за "големата миграција на Словени", која во глобални рамки, сите познати и признати историчари ја напуштија поради недостиг на докази. Само ај..да не ти кршам филм.

    А телеком е излишно да се коментира. После последните настани секој разумен човек сфати кој бил телеком и улогата негова во земјава. И ако веруваш дека тоа е причината за преименувањето, твое право.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Во ред е твојот коментар, јас само образложив малку пошироко.
    Територијата на Република Македонија има врска со Антиката ама нема врска со Античка Македонија, и со Античките Македонци, нашата територија грубо одговара со Пајонското кралство, и во Античко време овде живееле Пајонци кои најверојатно биле Тракијци или мешавина од Илири и Тракијци, потоа Илири, Тракијци, Дардани и тн., па еве мене ме интересира зошто не величиме некој лик од овие Антички народи бидејќи тие живееле на територијата на која денес ние живееме, или никој од нив не го освоил цекиот свет како Аце.
     
    Последна измена: 5 ноември 2016
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.490
    Допаѓања:
    183.868
    Пол:
    Женски
    Северо-истокот од земјава е повеќе поврзан со Пајонија, додека целиот југ и југо-запад, до и централна Македонија е со археолошки ископини за градови од Античка Македонија..каде живееле антички Македонци, логички нели. Последниот ако не се лажам беше Стибера, откриен во околината на Прилеп пред некоја година, кој грција со години очајно го бараше во нејзините граници па тоа откритие тешко им падна. Посебно делот со антички натписи, букви кои во 85% одговараат на нашата денешна азбука. А да не навлагам во гените. Факт е дека не постои такво нешто како чиста раса, и треба да си луд да веруваш во тоа, ама Швајцарците, Шпанците и последно тим од Египет потврдија дека ние имаме повисок процент антички ген од Грците, кои денеска се поблиски со Африка.

    Ако веќе збориме реално, Аце не бил ниту херој туку узурпатор и освојувач, плус не го освоил цел свет, туку по освоена територија кралството на Александар Македонски било дури 24то во споредба со други освојувачи. Ама пајонците немале ни приближни достигнувања. Цел свет ги слави големите, зошто ние да не? Додуша..Аце не бил баш посебно голем...ама и ние не сме.

    Телеком како спонзор може да промовира доволно и без да ја прекрсти арената, зошто како спонзор тоа му е работа. Ја бев против тој стадион да се прекрсти во Филип исто, ама го прекрстија, прифативме, сите го викаме така и сега не маваат со нова бљувотина. Шта чеш..
     
    На galapce, Rama, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    14.021
    Пол:
    Женски
    Тоа си е Градски Стадион, мене не ми легна ни старото, а ни новово име
     
    На referentka и anaja1 им се допаѓа ова.
  16. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Југот и југозападот од регионот Македонија бил населен со Антички Македонци, а не југот и југозападот од Република Македонија.
    Како што кажав претходно одреден дел од територијата на Република Македонија во мал период бил дел од Античко Македонското Кралство, па затоа се и тие ископини, ама тоа не значи дека Античките Македонци живееле на оваа територија, тие во најголем дел биле населени во денешна Грција, и тие биле многу сличен народ со Античките Грци, и јазикот им припаѓал на Грчката фамилија на јазици, па така лесно се разбирале со Античките Грци. Ова е Античко Македонското Кралство во 431 година п.н.е. пред освојувањата кои ги направил Филип. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/49/Macedon431bcpriortoExpansions.png

    Ова дека тие хиероглифи одговарале со нашата денешна азбука, оди кажувај му го на некој друг.
    Плус тоа е негирање на улогата на Св. Кирил и Методиј кои ја основале првата словенска азбука наречена глаголица, и на Св. Наум и Св. Климент кои се основоположници на кирилицата

    Што се однесува до гените, точно дека сме мешани и можеби имаме мал % античко македонска крв, исто како што имаме и мал % Пајонска, Илирска, Тракијска, Дарданска и тн., ама нашата крв доминантно е Словенска и тоа го имаат потвредно сите светски и локални експерти.

    Инаку предлагам во наредниот попис да постои можност луѓето да се изјаснат како Антички Македонци, бидејќи современите Македонци се Словени, и не сакам да бидам ставен во иста група со некој кој што се чувствува како Антички Македонец.
     
    Последна измена: 5 ноември 2016
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Колкав е процентот на Македонци со светла коса, плави очи, високи, оштри црти на лицето? Колку Македонки ќе видиш со изразито плава коса? Не фарбана, туку природно плава. Каква е сличноста на Македонците со Чесите, Словаците и Полјаците, па ти да се нарекуваш Словен? Земи ја просечната физиономија на еден Македонец и спореди ја со вистинските словенски народи, па ќе видиш колку си Словен. Јазикот и името не те прават Словен, туку физиономијата.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Абе што е битна бојата на косата, очите, висината или цртите на лицето, битна е крвта, а како што реков сите светски и локални експерти имаат потврдено дека во најголем дел нашата крв е Словенска.
    Македонците исто како и Чесите, Словаците, Полјаците и останатите Словени имаат доминантно Словенски гени, и затоа припаѓаме во иста фамилија на народи.

    На мене лично поблизок ми е некој Чех, Словак или Полјак отколку некој кој се чувствува како Антички Македонец, немам ништо против Античките Македонци само не сакам да бидам во иста група со нив, бидејќи современите Македонци се Словени, па затоа реков дека можеби треба на наредниот попис тие луѓе да имаат можност да се изјаснат како Антички Македонци а не како Македонци.
     
    Последна измена: 5 ноември 2016
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.490
    Допаѓања:
    183.868
    Пол:
    Женски
    За друг пат служи се со академски признат сајт уместо википедија пошто таму секој од нас може да си шкртне нешто.

    Друго, Кавадарци, Штип, Неготино, Градско, Македонски Брод па дури и Свети Николе се централна Македонија, во денешни граници. Ако тебе тоа ти е мал дел, тогаш тоа е твое индивидуално мислење.

    Трето, ние сме Словени затоа што сме прифатиле словенска култура, односно користиме словенско писмо. Кое што Кирил и Методиј не го создале туку она што веќе сме го имале го подобриле и апдејтирале на новите услови. Истото се случило и во '45 со последните измени во нашата азбука. Затоа нашите букви во голем процент се исти како оние на античките инскрипти. Сеедно, нивната работа секако била значајна. Да се биде Словен е култура, начин на живот. Исто како Хелен, што впрочем тоа е и дефиницијата, секој кој се осеќа као Хелен и наследник на хелените и ја прифаќа хеленската култура и идеали е Хелен. Буквата или како Кирил и Методиј ја нарекле слово, и оној што го користи истото е словен, толку е едноставно.

    Да, имаме мешани гени се сложувам. Ако се чувствуваш Словен, тоа не те праи помалку антички македонец.(ова не дека ние сме антички македонци, ама некој ген постои, докажано) Секој нека си се вика како се чувствува. Ја го претпочитам само терминот Македонец. И да, дечко, научни тимови ти ја имаат побиено теоријата што ја тврдиш. Провери си ги изворите. Крај краева, верувај во она што те праи среќен.
    Целиот муабет ми беше дека имаме поголем процент антички ген од грците.
     
  20. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Како што е битна бојата на косата, очите, висината или цртите на лицето? Па, со кои параметри ти се споредуваш со Словените ако не со физиономијата? Чесите, Словаците, Полјаците, Белорусите имаат доминантно словенски гени, но затоа имаат и светла коса, светли очи, светол тен. Денешните Македонци имаат словенски јазик, словенски топоними, имиња и презимиња, но јазикот и културата се асимилациски дисциплини. Што сакам да кажам. Денес во Македонија имаш Власи, Ерменци, Роми коишто мајчин јазик им е македонскиот и се попишуваат како Македонци. Дали нив тоа ги прави Словени? Никој не го негира славјанскиот дел, но никој не може да го негира и делот дека тие Словени се мешале со локалното население. Јас не верувам дека некој во Македонија се декларира како Антички Македонец или се чувствува така, туку кога може целиот свет да ги слави Античките Македонци зошто ние да не можеме кога живееме на територија која била дел од тоа кралство?