Извини те молам не сакам на овие теми да се препирам и сл. ама искрено не ми е јасно на кого ќе фаќаш сеир, на што ??? Не припаѓај на ниедна партија, кој те тера ? ама ова да бркам сеир за нешто што ќе го одреди мојот живот и живот на тие што ги сакам некако ми нема логика ... Ние како народ сме сите за бркање сеир ама сите, штом дојде ред струмиџанец да поголем албанец од албаниците де,и тоа само и само за фотељче, бонбони бизниси и тн. не да сме за сеир, за греота сме. Постои ли друга држава каде вакво нешто се толерира и не се гледа интересот на државата. кој год да е на власт. или во опозиција Не верувам дека др. држава постои и плус одозгора луѓево се сителе, ма на што ???? е, да ми је знати.
Сеир на пример на Диме што еднаш фати швалерка и веднаш го фатија, пусти баксуз пред избори. Сеир на Латас, Ивона, Цаци и Сарма. Сеир на Бонева со патарините без усул. Сеир на глувците (Ставрески, Протуѓер, Котевски... ) кои избегаа по странство од бродот вмровски кој тоне. Сеир на вмровците кои по секоја цена бранат криминал што апла очигледно се случува околу нас. Сеир на луѓето без морал кои прават попис на роднини и комшии кој за кого партиски е определен. Сеир на луѓе кои место да седат дома да одморат после работа мораат да дремат по штабови, и кај и да е, да одат по митинзи. И така натаму.
Не мораше така пред сите па и ти Јако е ова цело време сдсм-аши и одеднаш, оп, неутрални. Како се повеќе Заев прави глупости се повеќе ќе ве има. Сеирџија-нов збор за пропали сдсмовец?
Знам дека таа ви е матрицата, не ви е сфатливо некој да функционира надвор од партија. А јас, ако веќе мене ме цитираш, никаде немам спомнато партиска определеност. Тоа што сум против вмро не значи автоматски дека сум за сдсм, ти текнува?
Смешен ти е списоков, мн сеир бре имаш ли време за нешто друго ??? Јас на пр. нит за швалерки знам, колку што знам човекот не е ни женет како може да има швалерка ??? Или да се најде рачка за сеир? хаххахах Знаеш ли колку од СДСМ се надвор од државата, дел се вратија и работеа за ВМРО ??? Не знаеш изгледа, нема време од сеири Ова што го пишуваш не држи место за сериозна дискусија, за зезање да, ама за др. не. По штабови се дреме и во СДСМ, не им бркам сеир, заглавиле луѓето со Заев што се може, оние што беа попаметни си заминаа. За криминал не можам ништо да кажам зш со СЈО денес го има утре го нема криминалот хаххаха на тој воз не се возам тоа е воз само и само трачеви да се шират и еве не кои сме, земаме 5000 евра плата ама не ве крадеме ние тоа, ма јок хаххахах отварај врата у полиција не знаеш ли кој стои овде хаххаха Ја не би бркала сеир и не бркам туку да поминат овие избори и народот ако е паметен Македонски ќе бара секој политичар да потпише со целосна морална и кривична одговорност доколку во било какви цели ги загрози интересите на ДРЖАВАТА: Па, после нек се бави со политика.
Те разбирам целосно. И јас да сум на твое место, а и многу други во последно време не би признале јавно дека се симпатизери или членови на СДС. Едно од внатрепартиската брука и патувачкиот циркуз на Заев и друго од срамот од катастрофата на 11 декември.
Ќе биде после ова со Заев, треба да биде, ваково нешто веќе не смее да се дозволи ама Македонците треба еднаш за секогаш да се освестат, партии се партии, а државни интереси се заедничка работа на сите не само на ВМРО и ВМРО здрави живи па, видели се надевам тој закон ќе го донесе па, нека дојде после и Заев и такви како Заев нека продава што не е негово од тате и нек се пазари за федерализација.
Ти мене ме зезаш ??? На Никола Груевски мн капа му симнуваат душо. Зошто да не потпише, во која одлука, во која кампања Никола Груевски ги загрози државните интереси ??? Во ниедна. И не мислам туку знам дека ВМРО ќе победи па, кој нормален што не се надева на дел од колачот што му го нуди Заев ќе гласа за распад на држава ? КОЈ ??? Кој Македонец ќе гласа за двојазичност ??? КОЈ ??? Не задоволни од ВМРО ? Секогаш ќе има и вакви и такви ама за вакво нешто, за федерализација, за двојазичност Заев сам е свесен дека Макеонското гласачко тело го изгубил, апртијата му се распаѓа на мн места, луѓето си одат од СДСМ затоа што СДСМ е срам за Македонците мене ако ме прашуваш.
Јас ја бранам Македонија, јас не пишувам за спречување или подигање на криминал. АКо е за тоа од ова што Заев го прави и СЈО поголем криминал, здравје. И искрено не знам кого го браниш ниту кој став го имаш по овие прашања, ова се сериозни работи, не се швалерки на овој на оној.
Е така, прашај ме, не само шпекулирај. Имаш право, ептен сум станала сеирџија. За среќа го имам тој луксуз во денешно време да сум веќе вработена на неопределено, и тоа во јавна администрација, ништо во животов не ми зависи од тоа кој е на власт, така да со политика се занимавам чисто рекреативно, па можеби и затоа од посеирџиски аспект. Интересно ми е што и едните и другите појма немаат за идеолошка определба, и левицата има десничарски елементи, а и десницата игра левичарски и популистички. И едни и други си ја поистоветуваат партијата со лидерите наместо да земат да ја исчистат таа криминална багра од први редови и навистина да си делуваат идеолошки а не тендерашки. Така да и јас сум од оние "сите се исти" , само за разлика од нив не паѓам во апатија туку критикувам се што е за критика и нормално, фаќам сеири.Многу нормално дека периодов тоа е вмро затоа што тие се на власт и тие донесуваат извршни одлуки, ако дојдат другиве, и нив ќе ги критикувам кога ќе прават глупости.
Се е тоа добро што си го средила својот работен статус, на кој начин еве културни ќе бидеме не прашуваме хахха се шалам немој да се навредиш.Ова што си го пишала го разбирам во целост, мн често се гледа тоа кај луѓе што се држат на страна од се, што значи не носат одговорност за никого и за ништо и ретко кога даваат придонес дури и со критика. Јас немам ништо против критика ама да критикуваш она што е за критикување, зш ти лично да си во првите редови на ВМРО би видела дали носењето одлуки и одговорност е така лесно затоа што прво пред себе имаш одговорност па, пред луѓето кои ти верувале и тн., не би да те ставам во СДСМ зш ова нивново последниве години е национален срам. И не се сите исти тоа сама можеш да го видиш не ти треба сугестија, слушај ги само изјавите и на едните и на другите. Толку доволно е, не ти треба др нешто.Извршната власт е на ВМРО не викам дека се е суперишка ниту можеме да се надеваме дека ите желби со магично стапче ќе се остварат ниту проблемите да се решат преку ноќ. Во Македонија не можеш да одредиш строга десница од левица, ние уште се бориме како народ за ова парче слобода и држава што ја имаме, страшно ама реално така е.
Ај да не се навредам, ама зошто веднаш морало да има некој начин или нешто во позадина? Сакаш вака јавно да кажеш дека во нашава држава не можеш да се вработиш исклучиво ради професионални компетенции и квалификации?
хахах не, таман работа ама нели сеир им бркаше за швалекрки и на оние по штабови ама за нив се знае како стасале некаде хаххаха се нашалив ти пишав веќе дека е шала.