Заев дури се глупира така џабе му е се. Пак губат избори, и пак умот нема да му дојде...Ај да видиме на митингот на сдсм може ќе донесе Мухамед Зекири автобуси од Лојане, Слупчане, Групче, Арачиново и така ќе се направи гужва, секако на нив се надеваат. Со овој ум уште многу ќе губат.
Зошто мислиш дека ќе изгуби само заради мала посетеност на митинг и тоа наводна? Се сеќавам во 2014 на изборите во Струмица вмро имаше премалку луѓе, имаше една слика беше ептен смешна 90% од плоштадот беше празен, а само 100-200 луѓе околу “преродбениците“ за да на крај пак вмро издејствува добар резултат. Поентата ми е посетеноста на митингот не е мерило, меѓутоа ако е - вмро ќе ги изгуби овие избори убедливооооу! Сега МВР и палката се кај Заев, ќе маваат ако има лажење и крадење избори. Кој и да победи ќе победи со мала разлика до 5-6 пратеника максимум што значи пак ќе одиме на избори за година-две. Треба време додека да се исчисти криминалното дувло во сите пори на општеството, што значи тек на следните избори ќе се расчисти со мафијата до крај, иако овие избори ќе бидат одличен почеток!!! Наредни избори се за 3-4 месеци ќе гласаме локално. И тоа е тоа... на западу ништа ново! Кој си лажел и си крадел 10 год. ќе го прави тоа до последниот ден. Нема менување на тактиката. Кога возиш 200км на саат не можеш да ја пристинеш кочницата нагло туку додаваш уште гас и удираш во бандера и така биваш инстантно стопиран, сакал или нејќел. Се' ми се чини дека овој филм го фура вмро из дпмне.
Секако дека ќе победи ВМРО само знаеш што, веќе што немаме интелегентна и паметна опозиција, немаме туку како немаме некоја трета опција и тоа силна и надежна. Па тогаш и двете други да се замислат.
Јас не знам како не им е досадно на луѓево за да 10 години една иста партија да е на власт. Зар не сакаат промена? Застанал на митинг и кажува вака ќе напраам, така ќе напраам... Ало, 10 години си на власт, зошто досега не си нправил така? Пола од тие луѓе на сликите од инат нема да гласаат. Во недела навечер, ги тераат со сила да одат... Инат ги фаќа бе инат...
Ќе видиме кој ќе победи не знам. На 11-ти декември до 23:59:59 ќе се знае. Без разлика на исходот од изборите ќе се оди со концентрирана влада од сите 4 партии, ќе се смени знаме, име и устав и ќе влеземе во НАТО и така ќе се намали руското влијание на Балканот. Ова предвидување на Мирка беше па ќе видиме колку е точно. Нема сигурно вака да биде, ама ќе биде интересно. А ти за вмро навиваш, а? Е јас навивам за другата страна, ама нема врска, исто како на утакмица едната страна мора да победи. Нерешено нема т.е. може да има ама ептен ретко. Досега не се случило 2 најголеми партии да освојат ист број на пратеници. Е сега ако овие избори ги “наместат“ вмро и сдсм да освојат по 48 пратеника, што правиме тогаш? Од инат нека гласаат спротивно од онаа партија за која им сугерираат да гласаат. И готово решен проблем, извојуваме огромна победа.
Јас сум одсекогаш за вмро, ама ги почитувам и тие што се за сдсм, секој си има свое право и секој си ги гледа своите интереси. На пример политиката со албанците не ми се допаѓа во кампањата на сдсм ама ич. А Мирка со нејзините сценарија не ја следам многу, за да не ме боли глава. Мислам ист број на пратеници нема да излезе никако само мене појако ќе ми биде коалицирањето со дуи или дпа, што ќе бараат за да коалицираат со една од двете наши поголеми партии.. Тоа ме плаши повеќе од се.
Повеќе изгледа луѓето не дошле на митинг него дошле да си купат нови работи во Џамбо. http://a1on.mk/wordpress/archives/674102 Друго на сликите ако има 80 илјади народ, тогаш јас ќе идам да си ја тужам учителката и да барам по математика да ми стави петка и да не се понаша дека заслужувам тројка.
Сликата од Џамбо стврно ова се дешавало? Па не е тајна дека со сила ги носат. Ете доказ... Се кладам дека пола на кафе си заминале, а пола по трговски центри му ја летнале Па инаку оние од по селата кога би дошле во скопје? Без пари те носат да си шеташ cooollll
Замисли, оваа маса на народ пред собрание и плус еден дел што замнал до Џамбо хахахха сето тоа "принуден народ " хаххаха да бе, така е. Атмосферата беше ЕКСТРА !!!
Јас мислам оти ги имаат влечено со јажиња, оти со сила. Само вмровците одат со сила а оние од сдсм кога ги носат на митинзи одат од љубов за заев, многу го сакаат и едвај чекаат да отидат на митинг.
И јас така мислам како не ќе го сакаат, он сега е цурица са села од мотика стана милионер за неколку години ама не заборавај бате Мице е до него ако затреба нешто, и сите викаат, плаќа гарант и за митинзи. А бе љубав е тоа.
И едните и другите носат луѓе со сила. Не се правите будали. Но, од целата ситуација мене највеќе ме интересира дали Диме Спасов конечно го збрца? Толку да те брка полиција, алфи, обични луѓе, ИСИС, албанска мафија, а на крајот да не го брцнеш треба под хитно да си ставен на ѕид на срамот. Под претпоставка дека не брцнал, но со неговото бејби фејс и тужни очи верувам дека 98% од девојките го доживуваат како best gay friend.
А таа рекламата на вмро ја видовте со овците? Кај што трча еден млд дечко и се искачува на врв? Епа таа истата реклама е превземена од елем се исто е буквално, само што знамето на крај е сменето. Овие од сдсм одма пронашле и објавиле видео. Секако ја крадете државава, па кога немате идеја слободно украдете идеја... Не е чудно за вас... 10 години ви ја крадеме државата, 10 години сме на врвот од вашите пари- Вмро Дпмне.
Ние се смеевме, не се правевме будали Не е баш дека е со сила барем во ВМРО тоа да не се лажеме, точно кампањите се напорни ама кампања си е кампања, ни во СДСМ сигурно не е лагано,а не им е ни лесно народ да соберат "волонтерски" посебно што одат на се или ништо, опасна игра и со државата и со партијата. А за Диме Спасов, искрено не знаев ни дека е женет човекот, мн млад ми изгледа, ни за таа некоја бркотница знаев, некако немам време за да сум во тек со жолт печат последниве месеци.
Можеби хаххаха јас за себе знам, никогаш не ми било на листа да знам за приватниот живот на функционер, важно ми е што работел, што работи и кој однос го има со луѓето. Ова др. некако е ко 3 од карти
Зошто трошите нерви на овие гнаси и лигуши од луѓе? И едните и другите фрлаат стотици илјади евра на пропаганда, автобуси, партиски војници за да догураат до власта и уште повеќе да го полнат џебот. Ниту гласам, а ниту некогаш ќе гласам во иднина. Наместо стотиците илјади евра на партиска пропаганда донирајте ги парите тука и помогнете на сиротиња која ја има во многу голем број, а е желна за живот и среќа како и сите други. http://www.donacii.mk/ Тука деца молат за ебани 10.000 евра да живеат среќен живот како сите други, а толку Бонева и останата стока од ДПМНЕ и СДСМ троши на јадење и пат на државен грб. Додека не се скине глава на некој политичар во Македонија нема да има просперитет никогаш. Само што ќе ги видам тие партиски лигуши ми се креваат цревата од нивната лицемерност и лажна љубезност. Живеат како богови, буквално како богови. Нема закон за нив, нема сметки за нив, се им е бесплатно, тендери, софри, курви, дрога. Се, буквално се.