Јас се извинувам господине, ама никој нема право да ми каже што да правам со мојот глас! Ќе излезам и ќе гласам за кој ЈАС сакам! Мое право е!!! И која е поентата да имаме 11 партии на гласачко ливче а постојано да гласаме само за 2 ?! Верувам во Левица и верувам дека имаат потенцијал!!! Ти гласај за кој сакаш, јас ќе гласам за кој сакам - ДЕМОКРАТИЈА!!!
Па ОК, јас само кажав дека според мене е залудно да се гласа за овие две партии, а твое право е да гласаш за кој сакаш. И кој рече дека морате да гласате само за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, има тука и други македонски коалиции за кои може да гласате, еве тука е ВМРО за Македонија и Коалицијата за Промени и Правда, овие се многу посериозни и ќе освојат добар број на гласови, за разлика од Левица, за која не е ниту сигурно дали ќе учествува на изборите, бидејќи допрва судот ќе треба да одлучува за тоа.
Прво промени па после нови партии. Во моментов системот е таков да се што е за мала партија е за вмро. се согласувам целосно дека треба да се напушто ова гледиште. Исто сметам дека не сме на тоа ниво на зрелост за ова да се остври. На жал.
Нека се појаве некој човек што не е гладен за пари нека ја спасе оваа сиромашна земја и малдите да не бегаaт.Старите ги лажат со некои игралишта или патишта ама после ние трпиме немаме више ни права, ова не е земја ова е веќе робијаа!
И Јас да се пријавам за Левица Инаку мислам дека Левица би можела да освои 6000-7000 гласови во ИЕ 1 и да добие пратеник, тоа ќе зависи од одзивот на гласањето. Знам дека ЛИЛЕ ОД ДОМ во 2006-та имаше 6000 гласови во ИЕ 1 и стана пратеник, исто и Цаноски со 5500 гласови стана пратник од ИЕ 5, но тоа најмногу зависи од одзивот на гласањето, па се останато со ред. Се согласувам за Апасиев, дечкото е ЛЕГЕНДА, и сите останати од Левица. Во последно време многу коментари предизвикуваат на социјалните мрежи и си ја зголемуваат поддршката. Знам многу неопределени или кои никогаш не излегле да гласат, сега ќе гласаат за ЛЕВИЦА.
Od kade znaat levichari da vodat drzhava vo kapitalistichki svet... Jas nema da glasam, nitu edna opcija ne mi se dopagja. A i verojatno nema da bidam tuka na 11-ti.
Грујчо некако слабо предизборнава кампања, гледам Заев доста поангажиран.Капа му симнувам за реченото, ама прибидејќи кај нас нема чесен политичар некако не ми е за верување дека се ќе биде баш така како што кажува.Во секој случај било кој е подобра опција од дпмне.
Не постојат “левичари и десничари“ во капиталистички и робовладетелски систем. Тие изрази и квалификации се само продавање муда за бубрези на коишто наседнува проста маса. Сите работат и служат на истиот господар. Зборувам за таканаречени левичарски политичари и партии. Сите тие таканаречени левичарски политичари се всушност мулти милионери и дел од црвената буржоазија. Земи ги за пример сите бивши југословенски држави. Кој се најбогатите луѓе? Истите тие што 70 години успешно се кријат позади социјализмот и работничките права.
@Artista Не можам да се соземам што ми изнакажа. Јас не знаев какви елитисти се политичарите, дека лажат и крадат, фала ти многу. Ако кај тебе преовладуваат сфаќања категоризирани во десната страна од политичкиот спектар на размислување, тогаш тебе слободно можат да те наречат десно-ориентиран. Ако твојот светоглед се совпаѓа со повеќето ставови сместени у лево, тогаш луѓето ќе те препознаваат како левичар. Не мора да припаѓаш на некоја партија. Поделбата е груба, ама што да ти правам кога постои. Тој господар се Хазарите, или рептилите што живеат во внатрешноста под Земјината кора? Сега спореди животни услови на обичен народ, со условите на обичен народ во развиени капиталистички држави без историја на социјалистичко уредување, па врати се во моментот пред да го цитираш мојот претходен коментар.
Оние партии кои што претставуваат некоја трета опција ќе биде добро за народот на овие избори да освојат некој пратеник, но посериозна улога ќе имаат на наредните избори, редовни или предвремени, значи негде послем 2019-2020година реалност би било да овие две најголеми партии и коалиции што ги спомна да бидат во опозиција, сметам дека треба да се формира сосем нова трета опција од луѓе кои немаат коруптивни минато, млади луѓе свеж кадар кои ќе се вложат себеси со труд и работа со чесно работење да се направи едно перспективно напредно општество.
Абе тоа цела ситуација политичка овие 2 години последни е апсурдна и мизерна...едвај чекам да се заврши се тоа со крајот на избориве.
Барајте го Апасиев на јутјуб, стара снимка од неговите студентски денови. Само укуцајте Димитар Апасиев ќе излезе само видеото, за оние кои не го слушнале. Има исто на јутјуб од пред некоја година кај што беше гостин кај онаа Ана во Пулс, и таму многу убави работи кажуваше.
Отворив да видам кој е во Левица. Сите што ги препознав, сите се дупло попаметни од оние на власт. Да ги собереш, на еден не му се рамни. Ама прилично мала партија која на следниве избори ако се промени власта би дошла како опција. Сега само СДСМ може да ги симне од власт ВМРО. Инаку случајно се најдов во просторија каде што имаше активисти на СДСМ. Зборуваа, едната и вели на другава, во недела е митингот во Ск, ако можете дојдете. АКО МОЖЕТЕ!!! Сите онаму кои ќе се најдат во недела ќе бидат по сопствена волја, а не како ВМРО, со што се не ги принудува да одат. @Bender Rodriguez ти ќе гласаш за левица?
Тоа да, трета опција. Ама мора прво овие да си одат. На следни јас би гласала за нив секако. Нудат многу и реално пред се. Плус ни треба нешто ново, доста е овие ликови. Ама тоа дури за следни избори.
Гледаше некој од вас Топ Тема на Телма?! Артан Груби vs Шилегов, Ангелов +2 Жими се црева ми се превртуваа додека го слушав Груби!!! Типот без срам рече дека ДУИ е УЧК, дека цело Скопје е албанизирано, дека има луѓе кои седат дома а земаат плата!!! Не е дека не бев свесна за ова, ама ужасно иритантно и навредливо е некој на Македонска Национална Телевизија да го тресне ова!!! Па уште прашува што сме загубиле од отварањето на 2 нови универзитети и од 25000 вработени во администрацијата... ?! Освен достоинството го загубивме квалитетот и во образованието и во услугите во администрација!!! И најбитно од се ја изгубивме можноста во сопствената држава да се разбереме на мајчиниот јазик!!! Го прашуваат дали смета дека сите државјани на Македонија треба да го знаат Македонскиот јазик... типот не одговара ама затоа ние етничките Македонци морало да го знаеме Албанскиот ради напредок у кариера!!! Жими се типов го разбуди националистот во мене, толку многу сум бесна што онаа другата Вмро на Љубчо и Ангелов ми изгледа како супер опција
http://tvnova.mk/ Ако некого го интересира да гледа дуел во живо помеѓу Апасиев од Левица и Зоран Илиоски, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ. Редактирам- Да не ве буни што моментално има митинг и зборува Груевски или Заев- се вклучуваат во живо на митинзи, па пак ќе продолжат со дискусијата во студио.
Па Груби во оваа кампања само си го покажува вистинското лице, човекот пред некој ден како луд викаше УЧК, УЧК. Што би рекла Гордана Јанкулоска, гадура, сигурно има некои органи од овца.