Си кажав јас. Ми се допаѓаат како опција, ама за следни избори. Ме зачуди мислев дека си подржувач на власта.
Браво за Димитар Апасиев! Го избриша подот со Зоран од дпмНЕ.Тој, некомпетентниот соговорник,т.е. пратеник во парламентот,ама врска немаше од ништо.Лесно е да се седи во собрание,да се стиска тастер и да се зема плата.
Па кога ниеден од вмро-дпмне незнае да зборува, а камоли на дуел со некого се губат одма. Затоа и не прифаќаат...како вчера Пендаровски кога го затна оној Поповски кој незнаеше каде тера
Апасиев своевремено беше најдобар студент мислам во историјата на УКИМ, право ми се чини има завршено.
Шо знам од каде ваљда со друг сум те помешала. Дури ко те читав по други теми не ми се веруваше дека си вмровец. Сега ми е полесно.
Не ја гледав емисијата,ама овај извадокот,СЕ' кажува https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/1472457176101076/
Толку беше очаен Поповски само Заев во главата и СДСМ. Како тие преслушкувале не биле странски служби, абе брука невидена...на ниедно прашање (не) даде конкретен одговор...
Човекот се познава по делата, а не по зборовите. Така да ако некој размислува про десно или про лево тоа не го прави по дифолт левичар или десничар, туку неговиот начин на живот. Што е тоа левичарско во овие девојки на темава коишто се декларираат како левичарки? Ништо, буквално ништо. Тешки материјалистки и конзумеристки опседнати со мода и хедонистички живот. Моето мислење дека во капиталистички систем и мајндсет не постојат левичари и десничари не беше во врска со некои рандом ликови од твојот комшилук, туку за политичарите и политичките партии. Што е тоа лево кај Заев, а десно кај Груевски? И двајцата се мулти милионери. Тоа се однесува за сите повисоки функционери во партиите. Сите се богати и тоа многу. Земи ги сите таканаречени левичарски партии во Европа и прочешлај дека позади нив стојат и ги финансираат големи корпорации. Во кој свет живеете вие со тие лажни поделби? Парата е темелот на секој политичар, а се друго е продавање магла. Тие се истите приказни коишто ги сервираат идиоти дека Трамп ќе се бори против банкарите и светските глобални играчи. Никаде не споредував социјалистички и капиталистички држави, туку поентата ми беше дека луѓето коишто беа најголеми борци за социјализмот во СФРЈ преку ноќ станаа најбогати капиталисти и демократи. Ретки се луѓето што не можеш да ги купиш за пари. Многу ретки. Земјите коишто имаат најголем стандарт имаат и најголема шанса во иднина дека природата ќе ги избрише од карта (како што и гледаме во реалност).
odlicno.toa e poentata na MVRO DUI igra za DPMNE, trudejki se da go razbudi vo nas nacionalistickoto, demek samo DPMNE mozat da ne spasat od UCK. a slusnavme Mijalkov kako ne spasuva od UCK`25 sudii, apelacija,osnoven 1,itn...` tie 90 novorodencinja pocinati se 75% mkd 20% albanski i 5% ostanati. tie 1200 novozaboleni od rak sekoja godina se 75% mkd,20% albanci i 5% ostanati tie 500 000 sto ziveat vo siromastija, 75% se mkd, 20% se albanci i 5% ostanati. sto pobrzo kje go sfatat ova gragjanite na mkd, pobrzo kje si zaminat mvro i dui zrak nadez e koga Artan se derese UCK UCK,a lugjevo go gledaa kako da e mrdnat. nemozes da jades krusumi i nacionalizam
Зошто мислиш дека би гласале пак за Дпмне кога сиот овој хаос се случува во "нивно" време?! Единствени кои можат да победат на национализам во моментов е старо новото Вмро на Љубчо и Ангелов.
2011 pred izborite,okorelite vmrovci vikaa.morame da imame 61 pratenik da ne ne ucenuvaat ukcite. i den denes go vikaat istoto.nema pamet
Јас споредував социјалистички и капиталистички држави, а твојата поента и твоето мислење се несврзани со коментарот што „мораше“ да ми го цитираш. Лева идеологија не опфаќа само размислувања околу уништување на капитализмот. Остави ги девојките, за нив знаеш само тоа што си читал на овој форум, а нели човек се познава по делата, не по зборовите Да прочешлаш ти дека стандардно, многудетни семејства пропагираат десни партии, или дека најгласни поборници за правото на абортус се активисти од левиот блок, па после да се вратиш на темава да прашуваш која била разлика помеѓу леви и десни, може така? Лажни поделби... Луѓето се реално поделени по разни основи. Тоа што сите знаеме дека политичките елити манипулираат преку тие поделби, не ги прави поделбите лажни и нема да ги избрише. А-ха. Поскоро од карта ќе исчезнат Македонија и Украина со мизерниот стандард, отколку Велика Британија.
Исто така јасно изјави дека да, Албанци седат дома и земаат државни плати. Не само што не одрече, туку го оправда тоа затоа што биле репресирани порано па сега заслужуваат плата на грб на народот, без да работат. Досега беше јавна тајна, сега е јавна изјава. Колку сум гневна за ова и се' друго што се кажа на дебатата, не можам да најдам зборови да кажам колку мизерно се чувствувам што живеам овде. Едит: сега гледам дека и ти си го спомнала тоа, испуштив. За хашките случаи... Немаше доблест да одговори дали тој како човек мисли дека требало да бидат ослободени.
Ете го решението за политичката криза за век и векова. Се додека нечија глава не летне, ама буквално да му биде скината и исечена како во ненормалните арапски земја, кој и да дојде ќе си краде, ќе си товари брод за 10 генерации од сега и никому ништо на крај. Ќе му се суди, ќе биде осуден, ќе добие пратенички мандат и имунитет и пу пу не важи. И покрај бомбите и покрај аболицијата пак никому не летна глава. Еве не мора во буквална смисла да летне глава и да има крв, ама да се најде одреден политичар опкружен од народот во Гадафи стил и добар страв во коски да има да не знае дали ќе извлече жива глава или народот ќе му пресуди. До сега ниеден политичар го немал овој страв па затоа кој и да дојде на власт си краде, а да имаме пример кај што летнала нечија глава тој што ќе дојде на власт добро ќе помисли пред да брка во народниот мед. Што се однесува до изборите... Левица е освежување ама е некако осакатена партија, левица без десница т.е. двајца без тројца. Џабе фрлен глас ви е ако гласате за нив, го помагате само режимот. Како и да е би било интересно да влезат 1-2 пратеника од Левица па да биде интересно во парламентот. Реално 3 партии од македонскиот блок сигурно влегуваат во параламентот: СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и “вистинското“ ВМРО за Македонија предводено од војводата Љубчо Георгиевски, генералот Стојанче Ангелов и братот Љубе Бошковски. Ова е стварно убиствен тандем кој ќе го растури лажното ВМРО. Некогаш си мислам дека Љубчо Георгиевски е кралот кој ги изигра сите од 90-та па наваму. Го креираше ВМРО ДПМНЕ при што брутално го присвои светото име ВМРО и зад тој параван оваа партија краде од првиот до денешниот ден. Го остави Бранко да владее сам во 90-тите години со тоа што не учествуваше на изборите и транзицијата и мрачното време му се препиша на Бранко, нели Бранко е крив. После во 2001 имаше војна и доста лесно се извлече без да одговара политички и кривично, а и многу се збогати после таа војна. Он е еден од потписниците на рамковниот договор, а никој не му замерува заради тоа. После во 2004 или 2005 не се сеќавам добро го постави Груевски на чело на ДПМНЕ што значи Грујо е негова креација и творба кој ги надмина очекувањата на учителот. Љубчо си мислел ќе го пушти Грујо 4 години да владее и да изгуби катастрофално пошто нели дотогаш на 4 години се менуваа властите и пак ќе си дојде на чело на ВМРО, ама гледаме што се случи на овој 10 години не му се пушта фотелјата. Бранко се повлече од политиката и ужива во пензијата, ама Љубчо е активен од 90-та наваму, па дури и од сенка. Владетели од сенка се секогаш најопасни. Права војвода и легенда. На некои им се чини налудничав и како да е печен за Бардовци, ама човекот е многу интелигентен и ги дрибла сите од 90-та па наваму. Еве јас во овој пост го пробив и докажав кој е најопасната фигура во македонската шаховска политика. Љубчо е кралот, жена му е кралицата, сите останати се пиуни, коњи и ловци, а обичниот народ е (глуво)нема публика.