Не сакам да ве разочарам и да испадне еве зборувам однапред, може дечково си е ок ама пишаново со 7 илјади гласови и сл. некако ми мириса на веќе направена калкулација. Ај, да не грешам ... ова со реметов не ми е јасно баш, кого планира да ремети ? А ако за дебати и од шуљо у празно се зема плата во парламент, добро бе, а нас кој ќе не плати на форумов, а ?
Па, сега и ние од празно у шупљо тераме, дебати до бесвест хаххах а сметки празни. Е, не може така ни за дечково хаххахах
Левицата не е проблем. Проблем се оние 30% неутрални што не гласаат , шкртаат ливчиња , цртаат бетмени , харамбиња и чуда...И после се жалат како не чинела државата. Тие се проблемот.
Аман бе, само 5 ? не знам ништо за дечкото затоа и не зборувам ништо, полека ќе дојде време и тој да се испука, ќе видиме како ќе се пазари, трпение.
А не, Aпасиев е друго, не претура од шупло во празно туку знае да дебатира, знае да постави вистински прашањa во вистинско време. Е сега, тоа што некоj се плаши од незгодни прашања е негов проблем, нам како грагани пратениците се должни да ни го образложат секоj потег и секоja донесена одлука
Се те разбирам ама тој човек до сега има ли некаква одговорност носено, донел ли некоја одлука или само поставува прашања? Кој е човеков ? Што направил до сега, каде бил до сега ?
Едно знам политичар кој често се повикува на народот бегај од него. Така пред 17 години се повикуваше на народот еден политичар од една соседна земја, па народот му се собра и со багер го симна од власт. Премиере дали возите мерцедес од 6.000.000 € ? - Народот на избори ќе каже дали се возам или не. Премиере дали сте прислушувале голем број граѓани? - Народот на избори ќе каже дали сум прислушувал или не. Премиере дали во Македонија има демократија - Народот на избори ке каже дали има демократија или нема. Премиере дали од државата нелегално се изнесени огромен број пари? - Народот на избори ке каже дали се изнесени парите нелегално или не Премиере дали кога излегувате од вц го исклчувате светлото? Народот на избори ке каже дали го исклучувам или не.
Кои беа Николче Тодоров, Димче Спасов, па и целата гарнитура на Груевски (вклучувајќи го и него) пред да дојдат на власт? Кое искуство го имаа тие пред да ги стават не за пратеници, него за министри? Немој со вакви аргументи, те молам. Апасиев е иначе доцент на универзитетот „Гоце Делчев“ на катедрата за граѓанско право. А за неговата академска и научно-истражувачка дејност можеш да се информираш тука.
Фала, за инфото чекај малку, ако се критикува ВМРО за Димче и тн. да не те повторувам, која е логиката за нападот, а со цел да се направи истото ?
Поентата ми беше дека низ годините на нашата политичка сцена поминале многу шупелки и недоделкани дрва, па никому ништо. Многу луѓе без никаков кредибилитет и некаква стручна позадина, па пак никому ништо. Никој не праша, „Чекај бе, од кај се појави овој, што има направено у животот и дали е соодветен за позицијава што му се дава?“ Епа ете - конечно се појави човек со знаења, познавања, идеи, идеали и академска позадина и минато како активист за човекови права и слободи.
Уф кога ќе прочитам активист за човекови права и слободи одма ми доаѓа прашањето, кој го инвестира? Јас немам ништо против човекот, апсолутно ништо меѓутоа тргни од Лилјана ДОМ, Павле Трајанов и тн. тоа се се пазарџии. По математиката на дечково тој веројатно ќе оди во опозиција за да ремети. Со која цел ??? За човекови права? Искрено и чисто ... дај те молам не сме деца
Немој да го заборавиш и Спиро ристовски, со генијалната мисла на милениумот, дека работа има, само младите нејќат да работат, незнае во што е проблемот, излегуваш на улица и наоѓаш работа. Он по завршувањето на факултетот така, излегол на улица и си најде работа како заменик министер за незнам што. Потоа стана министер за труд и социјала. За Тодоров речено е одамна, а за Грујо сите знаеме дека стана магистер откако стана премиер, со сомнителна диплома од Економскиот факултет во Прилеп.
Дечкото е покадарен и образован од цела власт и опозиција со се партали заедно. Мене дури и жал ми паѓа за него, такви умови не се за во Македонија да гнијат. Греота е.
Организацијата „Ленка“, чиј основач беше Апасиев, беше непрофитно здружение кое нудеше бесплатна правна помош за социјално загрозени лица. И да, никој не ги плаќаше. И да, не заработуваа ништо од тоа. Организацијата беше група од неколку студенти и дипломирани правници кои имаа иделистички поглед на светот и желба да помогнат некому. А за тоа дека навистина помагаа на луѓе, без никаков надомест за тоа, од никој, можам лично да ти потврдам. Е, од таа организација настана денешнава Левица. А ти, сакаш верувај, сакаш не верувај. И ако сакаш, слободно и понатака гласај си за ВМРО или за СДСМ.
Нема проблем, у секое време. Не знам само зашто воопшто се распрашуваш, кога и така све си знаеш - и кој е соросоид, и кој е предавник, и за кого ќе си гласаш.
Според мене треба да прашаш ако сакаш да знаеш кој на рамена се качува како бог и батина ххаха кога тоа платеник бесплатен де хахахха извини ако ти беше мака да го откриеш типот кој е, лошо е вмровка да напаѓа и да зборува ќе биде еве тера кампања хахах вака ти си кажа се, за борбата за човекови права де
АпасиевЈас кренав раце, ми дојде who cares период, ама дечково покажа дека не е се така црно и дека не заминале сите асални луѓе од земјава. Елоквентен, поткован со знаење и факти, не со листа од штаб што треба да каже, што му е наредено, враќа верба човеков. И те како им треба размрдување на двете партии, имаат огромен потенцијал. Сите баравме трета опција, колку време кукавме, нема избор, нема луѓе, сите исти... Епа еве трета опција, свежина малку, немојте веќе се истото да го користите како аргумент. Уште еднаш браво ќе кажам, кога го слушам човеков не ми се верува дека некој конечно го кажува она што сите (оние што сакаа трета опција) го мислиме. Дебатата не беше дебата, беше очаен обид на Зоран некојси Илиоски да спаси малку образ. Е такво нешто требаше, а сега и се виде зашто бегаат од дебата секогаш. Елетроинженер пратиле да дебатира за правен систем и реформи. Е такви ни ја водат земјата, неписмени, сите ставени на позиција од која немаат поим, затоа сме и каде што сме. Пред распад и во долгови до гуша.