Нее, сеа ќе викаме „А бе, уште се тазе овие Левица, немаат баш шанса, ај прво да ги гласаме СДСМ у наредниве 10 години, додека да се етаблира Левица на политичката сцена. Е, ама после тоа, крајно време е да се менува нешто“.
Нешто трето, а да не е Сдсм или Вмро, е beyond менталниот склоп на народот Некако, спремен е за промена, ама не до толку Народот ти е, и вика дечкото цело време: Кога на кафе, кога на кафе? Таа му вели: Ајде, утре во 6, и он гаси Интернет Едноставно и тој си блефира
Со пропаганда платена од корпорации кои уво не ги боли дали овде нешто на подобро ќе се смени или не, туку нивните интереси си ги штитат, (што е нормално и јас да сум исто би играла кога веќе сум нашла играчи) искрено мислиш дека ќе тргнеме на подобро ? Па, дечково во прва прилика ќе се спои со СДСМ и ќе ја урниса државава, тие работат за тоа, сите го знаеме тоа и каква трета опција,па со кого тој одеше за шарена револуција? Ако искрено веруваш во таа пропаганда твое си е.
@Outlook, зашто ме цитираш, кога не ти се обратив тебе? Ете, те просветлив дека Левица = Ленка = Сорос = Илуминати и антихристот, ми се заблагодари, ти реков - нема проблем. Не паѓам ја на никакви пропаганди, си кажав мое мислење за Апасиев, пошто го познавам дечкото. Дали ти познаваш лично некој од кандидатите што овде ги браниш од петни жили - ако не лично, ти пружиле ли рака барем на некој од митинзите? Или ги браниш на невидено? Што е тоа, ако не пропаганда?
Хахахах Прво одиш со - ми мириса на калкулации. После ова цитираново - sounds too good to be true a? Не може за човекови права да се интересира човекот. Кој го инвестира? Инвестира? После ти текна -СОРОС! Да беее! Ај бе не се глупирајте вака. Си слушнала некои од аргументите на човеков? Ете видеото ти е достапно на темава ако те мрзи да бараш. Па кажи нешто поврзано со тоа, ок?
Ау извини, не знаев дека е приватен разговор туку форум ти да не се исплаши случајно мн прашања да не ти се видоа хаххаха Знаеш дека сега се налутив, баш ме потсети, не ми пружиле рака уххх што сега се на невидено, не се гледа ВМРО, партија, не само еден човек. Јас не го познавам, едно знам сите услуги кои ги нудела Ленка ги нуди и државата бесплатно, не битно кој е на власт, тоа си го работат вработени по службите. Најлошата варијанта е ако човекот реално верува во тоа што го пропагира, човекови права и несвесно да работи за друга цел, чистите идеалисти загазуваат така, макар што не ми стои така по тоа малку што го видов. Времето ќе каже се, а ситно е.
А извини за Ленка јавно се знае дека е спонзорирана од Сорос, а не знаев дека тој ја водел Ленка, грев е што не знаев ? Немаше ни да прашам ама мн галама и ме интересираше кој е ако ?
Толку значај им се дава овде на Левица. што некој кој не се разбира од политика ќе помисли дека се борат за власт .
Што се мачиш да објаснуваш.Знаеме што сакаш да кажеш.Се што не е подржувач на власта е финансирано од Сорос. Така нека ви биде.
Ако имате некои дилеми кога некој ќе ве демантира (а и ако немате), заинтересирајте се и посетете го профилот на Апасиев или страната на Левица и све ќе ви се разјасни. Ниту се соросоиди, ниту се "огранок" на СДСМ. Ниту дечките се милионери или потекнуваат од такви семејства. Тоа ми се допаѓа. Се' си пишува на нивните страници, отворено. И не се плашат да дискутираат со оние кои им коментираат. Отворете малце на фејсбук, да ве огрее сонце, да ви се влее надеж дека не е све загубено. За промена. Зашто се испотрувме и од плави и од црвени. Мозоците ни ги испраа и сомлеа. Отворете видици.
Логиката на размислување е следнава - ако јас и „моите“ се продаваме за пари и си го даваме газето под кирија, мора и сите останати на светов да се такви. Готово е, ме разоружа и разоткри целосно со твоите проникливи прашања. Да го биваше и Груевски за вака издржани дискусии како тебе, можда и ќе се појавеше на некој дуел или соочување. Стварно е штета ваков талент и борец за каузата како тебе да биде осуден да пишува само во рамките на Фемина, ти си створена за многу поголеми работи. Се надевам некој од началството чита овде и ќе ја земе мојава препорака сериозно за да ти дадат некоја позначајна функција, надвор од форумов. П.С. Навистина се надевам дека имаш некаков ќар од поддржувањето на ВМРО (и на форумов и надвор од него), затоа што, во спротивно, тоа би значело дека ги пишуваш ствариве за беспари и дека навистина веруваш во нив - а одбивам да поверувам во тоа, пошто имам впечаток дека си паметна девојка. Поздрав!
А зошто не сакаш да ја изгледаш дебатата, оваа или било која друга? Да видиш барем за што се работи, па да дадеш свој коментар. Свој, од своја глава, се сеќаваш како се правеше тоа? Ви кажаа од штаб дека дебати не се интересни?
Еве ја ги гледав дебатите и според мене дечкиве од Левица се добри да се борат за некои права, да протестираат и тн., ама за политика уште не се созреани, едноставно кога ги гледам не ми личат на политичари.
Дечкото прогнозира исто како што прогнозираат ВМРО. Имаат веќе статистики кои ги прават преку анкетирање на граѓаните и опипување на интересот. А дебатите на дечките од Левица се далеку од „шуљо у празно“. Според мене.
Дечко, ти и таквите како тебе што коментираат на празно се тие што не се разбираат од политика. Баравме нешто различно. Нешто ново. Младо и потковано. Сега кога ни дојде како опција, се плашиме и наоѓаме причини да ги срамниме со нула. Ете затоа не не бива.
Да, така ни кажаа во штаб, во право си Видов за што се работи и не ја прифаќам таа опција, смеам ли ? може ли така ?
Имаш право под кирија сме ама многу сме благодарност ли се викаше, верба уште ли се викаше не знам Јас имам нешто сега што Грувески не знам дали го има, тоа се вика време да се насмеам на форумовов и од време на време сериозно да пишувам. А дали сум паметна и тн. тоа не знам дали на форум може да се процени и не навлегувам во тоа. А за функции хаххаха уживај ти )
Јас ништо не коментирам на празно, и не викам дека сум некој експерт за политика, ама имам доволно познавање за да кажам некои работи, а еве овде јавно кажувам дека Левица нема да освои ниту еден пратеник. Што мислиш ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе дозволат да изгубат некој пратеник заради една партија која се формирала пред 1 месец?, кој ќе им ја гарантира регуларноста на нивните гласови?, ќе имаат ли набљудувачи на изборите?, едноставно немаат никаква моќ, затоа и никој не се замара со нив, инаку досега поголемите партии ќе ги изедеа.