На Вмро главен адут со кое го пали членството е да ја заштитат државата. Не било битно како живеело населението, битно била да се спаси од Заев, да не ја федерализира. Мали деца денес на лулашките го кометираат истото. Ќе учеле албански. Дечки вие овие за нормални ги сметате? Дали гледат малку подалеку, ок, работни места, јас сфаќам убаво немање работа и сиромаштија, ама со останување на власт на Вмро ќе биде уште победно. Не знам Заев колку е добра опција, ама секако подобра од Грујо. Јас сум за сосема нови личности, ама реалноста е дека тоа сега не може да се случи. Мојот град е град на духови, нема луѓе, се е иселено. Сигурно не од проектите на Вмро.
Ако сдсм укажува на 101 причина да не гласате за вмро, вмро веднаш со контра 1001 причини да не гласате за сдсм
Не сум член на ниту една партија ама кога ги гледам рекламите на сите партии одма ме исполнуваат со некоја позитивна енергија дека се што кажуваат ке направат. Ама вервајте кога ке си го видам градот Бт како го испустија и едните и другите па овие третите помалите партии да не зборуваме нив дур му помини меракот за земаење пари уште толку ке пропадни градот, се што правеа беше само за Ск а ние како втор поголем град во Мк ни остана Гомното нивно арам нека му е на сите
Јас денеска не го пуштив телевизорот.....ми се гади веќе,кога ќе дојде крај од овие политички препукувања
Мене само не ми е јасно зошто упорно се траќаат по 63 пратеници? За да била подобра Македонија? Па го слушам И. Димовски како вели луѓето што претходно гласале за СДСМ барем сега да го дале гласот за ДПМНЕ за да имале 63 пратеници.... Кажете подобро, дај те ни да си спасиме гз, та за вас не боли, како што не боли последните 10 години и затоа што повторуваме исти срања во секоја програма дека немавме време да ги оствариме во декадава... 63 нема да земат на овие избори па и цело Пустец да го донесат пак. Фала Богу полека народов почна да се свестува во каква држава живееме 10 години.
Многу ми се смешни кога ке одат по селата кај земјоделците со она Камерите Сител, Канал5, Нова ТВ демек LIVE COVERAGE на терен и ке најдат некој нивен наводно "неопределен гласач НО МНОГУ ЗАДОВОЛЕН од владата" за да ја фали владата и ке почне: "Имам солиден пласман на родот голема благодарност до премиеро на Република Македонија господино' Никола Груевски, голема благодарност до владата на Република Македонија, голема благодарност до министеро' за финансии господино' Кирил Миноски, Голема благодарност до вице премиеро' Владимир Пешевски...голема благодарност до Мерцедесо' од 6.000.000 Евра на Република Македонија... абе циркус
И во тие 1001 причини зошто да гласаш против Сдсм од кампањата на Вмро,ударна вест е онаа изјава на Заев кога во Валандово пред неколку год рекол дека штом дојдат на власт ќе ги избркаат луѓето од вмро Сдсм ми се појаки со нивните 101 причина да не гласаш за вмро "пореални"ми се некако(ама не и доволно убедливи,да им верувам дека би можеле да сменат нешто и да помогнат на обичниот граѓанин). Искрено да не беше смешно,ќе беше трагично,а демек па Груевски и компанија да победат нема да им бидат приоритетни нивните луѓе и нема да ги бркаат луѓето на Заев Гледаме еве 10 год кој се вработува приоритетно,не сме слепи А од друга страна,ми се повраќа и кога ги гледам оние Албанците како изјавуваат дека договарале со Заев федерализација,ма гонете се бре,во која земја ќе ми правите федерализација!!! Сума сумарум,на никој не му се препушта фотеља така лесно,па ќе се борат за победа со сите сили. А ние кога сме овци од народ,арно ни е,да си молчиме како и досега и најарно ќе ни биде Да не знае што да рече човек,ама па и срце не ми дава да речам дека ќе го изберам помалото зло..јас овде не гледам помало зло сеуште,за жал.
Воведување двојазичност на долги стази ќе има негативни последици за македонското население. Дали всушност знаете што значи двојазичност? Целата администрација да мора да знае и македонски и албански. А кога вие како странка ќе отидете во некоја државна установа, пример да извадите нова лична карта и доколку службеникот е албанец, ваш проблем ќе биде што не знаете албански, бидејќи тој може да ви се обрати на еден од двата јазика во државата. За жал ова е само еден пример, не би да навлегувам во детали, бидејќи тогаш фактите би биле премногу...
ti dali imas gledano parlament vo poslednive 14 godini? parlamentarna komisija? sednica na vlada? dvojazicnost vekje ima, toa sto grujo probuva da prodade magla,negov problem kje bide nas problem ako dovolno lujge ja kupat negovata magla.
IMA dvojazicnost ama tamu kade I koga treba, preslusaj s Gi kognitivnite kjelii, I borbata za vlast treba da znae za nekoi merila.
Тука бистриме политика, а на партиите влогот во овие избори им е многу голем - власт или затвор. Победи ли вмро, заев го чека ова. Победи сдсм, се знае што ги чека вмро. Е затоа кампањава е толку прљава, се зборува за противникот место за програма. На врата ми дојдоа од вмро и ми продаваат филм за албански јазик, што ќе направел Заев. Пишале книга од 500 страни, а главен адут им е ова. Ко што кажа Апасиев, на оваа држава доста и е од елитизмот на Сдсм и сељанчизмот на Вмро
Грешка си девојче. Двојазичност има секаде, ама баш секаде. Ама... ти ќе ни продаваш филмови дека има каде што треба. Жити се! Ако јас се прашувам, никаде не треба, ама да не убедувате тука дека Зајко ја продава државава со двојазичноста, кога всушност истото и вие го правите е дволичност. Знаете вие и подобар начин на перење мозок, ама овој пат играте на погрешната карта. Ова нема да ви пројде кога дури и мајка ми и свекрва ми кои беа заслепени по Грујо, прогледаа. Алелуја!!!
Трета опција е скроз небитна фигура во парламент. Насекаде во светот изборот се сведува на две најголеми политички партии и мислам дека тоа уште долго нема да се смени. Ја сум од Гостивар, а слободно можам да зборам и за соседно Тетово, Кичево, Дебар. Кај нас скоро и да нема двојазичност, се е албански. Така да.. дај размислувајте малку и надвор од кутијата.