Јас викам да се вратиме во првобитно општество и да живееме во пештера. Тоа е сиромаштија, не ми се верува дека е богат некој кој користи интернет. Смешни сте.
A зошто моите тогаш немаат кола, и куќа градат на кредит?? не е така како што мислиш! да баба ми му се радува на грујо, ќе го гласа грујо, лејди-гага е, ама јас ништо не видов, искрено, овие 4 години само под кредити сме! и кога одат во продавница основни продукти купуваат! извинете на офф,малце натака забегав едит- лукс интернетот ми е од најефтиниот 500 денари
Епа срце и Грујо во последните 13 години цели 9 години е на власт и што направи, ама искрено? Салички, канти, јавни тоалети? Што?
Е јас баш преска видов едни до врв бе, до врв ја наполнија кошницата, пакети синалко, кожувчанка, пилешки прсти. Со кредит можеш се да купеш. Колку луѓе познавам кои се обични смртници, со плата од 12 илјади, а возат скапа кола. Ама се за чал‘м. Јас како што знам Груевски е на власт 5-6 год. Имам пред неколку страни напишано некои работи,ама не си ги прочитала,оти нели не ти одговарат.
Не ми е јасно од кај ги вадите цифриве?? СДСМ владееле 15 години?? Слабо математика, слабо...затоа и слаби генерации има тука
]Опозицијата сакаше избори, тој прв повика, па се повлече, ете ја неговата храброст . А со што ќе се докаже државноста според тебе, кажи ти со твојот интелект и твое мислење слободно ?, Ова што го пишувам е САМО МОЕ МИСЛЕЊЕ, не застапувам никого нити некој утре ќе ме вработи за ова што го пишувам овде. Ако спомениците не се доказ дека нешто постоело порано, што бараа во Охрид Кирил и Методиј, Климен и Наум и многу други споменици во светот и во ЕВРОПА. Лично на едно интервју на А1 ексклузив слушнав како учесник на БАСКЕРФЕСТ, вика дека бил на секој баскерфест до сега, му било убаво тука кај нас, го донесол и семејството и во секоја наредна година Македонија се РАЗУБАВУВА и заличува на нешто.[/quote] Па цело време јас си го кажува само и само моето слободно мислење. Ај да се повикам на моето слободоумие и интелект па да ти одговотам Споменици се Гоце, Даме, Крсте Мисирков и останатите Македонски дејци кои работеле за доброто на оваа држава и со нивно поставување ги чествуваме. Тоа беше за тие оправданите, е сеа според тебе што ќе докажуваме со градење Барокни зданија во 21 век и ако баш имаше потрба за РАЗУБАВУВАЊЕ како што си пишала на градот можеле за таа цел да ангажираат млади и надежни МАКЕДОНСКИ архитекти кои би конструирале модерни, нови и својствени за овој век градби со што можеби и би ја добиле толку посакуваната туристичка посетеност во однос на таа која ја има регионот. Кој доказ и за што се гради ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА во време на најголема криза финансиска и економска, во период на докажана нај голема стапка на невработеност. Кој триумф Влез во НАТО и ЕУ во период на најлоши дипломатски односи на Македонија со соседите најпрво па со развиените земји, ТРИУМФ за воспоставената МУГАБЕ ПОЛИТИКА И што се фатиле за Б.Ц. и неговото време, во време на предвремени избори кои ги побарал незадоволниот народ важно е да се согледа сегашната состојба, добрата и грешките кои се направени од оваа влада на која народот сака да и го скрати мандатот.
Па и компјутерот ми е во времето на СДСМ купен,а и колата.И станот,и повеќето некретнини.Како и на поголем дел од населениево. Само што,луѓето се повеќе ги губат во времето на Вмро.Продаваат ,ги губат на хипотеки,лизинзи,зошто немаат веќе да се прехранат.Свој стан,кола,се е тоа веќе луксуз. Освен нормално,ако не си функционер на Вмро,нелиии
Каде одеше, во ТУШ? Знаеш таму пазаруваат оние од високата нога. Ајде те молам. Зошто сите не ги полниме кошниците до врв? Извинете за офф топик.
Лудо, па сега сите имаат кредити , верувам ќе имаа и да беа другиве. Барем нешто изградил и има јасни, долгорочни планови и цели за кои се надевам дека ќе ги исполни, затоа и се поддржува да се види колку ќе го исполни она што го ветил. Ги губат, а зошто ги губат ? Што дека купиле и стан и кола во нивно време, зошто не изгради тој згради за сите социјални случаеви и загрозени семејства?
зашто да не ми одговараат?? Jас си кажувам за мене, јас како живеам, и ова живеење не ми одговара! јас самата за себе си зборам, дека ништо убаво не сум видела од оваа влада! Eпа доста им беше, редно време е некој друг да дојде на власт, да смениме малце, може подобро ќе биде! без разлика која партија да дојде, само нешто ново! доста беше од монотонија
да а сега најново во маркетите па и во аптека те прашуваат на колку рати сакате молим вас? штооо на рати! каде било порано тоа бе у маркет на рати да зимаш намирници па и лекови одма у кеш плаќаш, тоа ептен ако е некој огромен цех, а сега за основни продукти и лекови на рецепт зимаш на рати и верувајте секој втор прифаќа што значи куповната моќ на граѓаните е слаба.
caroline.costa одев во кит-го во Бабите, таму пазарува и мама,и комшиката и сите, а не те разбирам што мислиш со тоа во Туш одат оние со висока нога, еве јас имам одено, а ни малку не живеам на висока нога. ludoto19 не беше претходниот коментар за тебе. Јас одам од овде, само ќе кажам утре и Вмро и Сдсм ќе се радуват до полноќ, а после полноќ на оние кои не им одговара ќе кажуваат дека било местено. И ова јас искрено живеам подобар живот сега,отколку пред 5-6 години.
Што искористивме со тоа што се намалил данокот за 1% ако притоа струјата поскапела за 300% и воопшто сите намирници се во постојан пораст, а ние како граѓани со исклучок на сметките сме најзасегнати за храната која останува со 5% оданочена. Намалени се даноците за странски инвестиции бај д веј никој нема интерес да инвестира во оваа попара од држава , но зголемени даноците на имот токму она што мава по џебот на обичниот граѓанин. Пензиите се финансираат со заеми од различни извори, истото е и со законот за трето дете кој е дискриминирачки до срж - еден вид легализирање на проституција ќе и плаќаме на некоја за континуирана сексуална репродукција и легачење во остатокот од времето на сметка на работниот народ експлоатиран до максимум по фабрики за минимални примања?! И за крај тешко дека со ова темпо ќе има многу пензионери во иднина што ќе искористат бенефиции од овој тип. Навистина само слеп човек не гледа вакви колосални РЕФОРМИ, !
Кој планови Лукс? Тие планови ги имаше и кога ја побара довербата во 2006, па после во 2008. И што оствари од тие долгорочни планови? Не внесе во ЕУ и НАТО? Ни ја подобри ли економијата? Ни го реформираше ли здравството? Што направи во образованието? ХАОС. Само еден голем хаос. Не е само да планираш, треба и ги остваруваш тие планови. А од ветеното оваа влада речиси па ништо не исполни!
Не секој трет вози кола, него секој трет е сиромашен. Таа сиромаштија, која и секој кој ќе отвори статистички податоци ќе ги види. Погледнете малку преку прозор кај контејнерите. Ако едно време само цигани се заприметуваа сега има и наши. И наши веќе гледам по улиците како просат, само што не седат со ливче „дајте пари“. Да возат коли, ама тоа се еден дел само, мал дел од граѓаните, кои си имаат добри конекции кај што си имаат и затоа и ќе возат коли. Ако ние дома живееме и сите заработуваме, пак едвам парите не ни стигаат за до крај на месец за нормални работи, бидејќи се исплаќаат рати за кредити, за што не, те за извршители три пати поголеми суми, па едно си исплатил наредно стигнало... јас искрено не знам како живеат оние со 10.000 или оние со само социјална помош. Сиромаштија да секогаш ќе има, ама сега ја има прилично... поприлично. И не може на податоци од завод да речам не е така, кога и самата јас така се осеќам. Што да кажам дека имам пари. Кога не можам да си дозволам секој викенд да излезам. Кога не можам да си дозволам кога сакам до некој друг град да појдам и да ги посетам пријателите, за надвор од земјава да не збориме.. и секој пат си викаш, ај наредна плата. Да беше проектот градење само оние згради од левата страна, помалку ќе го болеше главата. За споменици можеше да се ангажира, откако ќе средеше другиве работи. Е, тогаш немаше да го има ова незадоволство. Тогаш и јас ќе го гласав и тука ќе го бранев, со маичка ќе се шетав наоколу и химната ќе ја пеев.
Тогаш зошто не ја полниш кошницата до врв? Секој трет е богат велиш. Еве јас не спаѓам во тие третите.
Се раскрекале еден куп деца тука, што утре немаат ни право на глас... Ама не се они криви, така ги задоиле, затруле, и нека им биде...се си чинам дека повеќе ние сме криви што им објаснуваме, и ако нешто е јасно е дека сите овие што го бранат овде вмро, кажаа вака или онака, намерно или ненамерно, се излетаа дека мора да гласаат, на кој мајка, на кој братучед е вработен партиски и мора да гласа... Ја кажаа целата вистина многу подобро отколку што ние можеме да им ја предочиме... Не им се замарајте и не им одговарајте...јасно им е се, можеби и повеќе отколку на нас, ама тоа е...мораат вака...диктатор е не е шала... Кој не агитирал некаде, може и голи оток го чека после избориве, па да им помогнеме да се спасат...прифаќаме се што кажаа, еве точно е, не убедија, мисијата им е успешна, утре сите за вмро ќе гласаме.......
Лукс муабетов слабо вода држење. Тоа што ги стекнале за време на Сдсм а за време на Вмро ги губат ,нема везе а? Ај ќе им мижиме,ќе се уверуваме сами себе дека не е така ,дека Вмро се најдобри.Да изградил за социјални случаи а им гидели на свои луѓе и + две навистина социјални семејства за да замачка очи.Не ми е јасно како може да дозволувате некој да ве прави луди во здрав мозок,озбилно.