И јас исто, за СДСМ, иако да бев во ИЕ 1 ќе гласав за Левица. За жал во мојата ИЕ 2 секој глас е битен за СДСМ, доста е изедначено. Да не спомнувам пак дека има и многу фантомски гласачи Sorry Левица, следниот пат. Сега е битно да се тргнат овие
Какви анкети луѓе кога повеќе има од оние што не кажуваат или нема да гласаат од оние што се изјасниле. Збирот на овие две категории е повеќе од тие што одговориле.
Вчера на митингот во Струмица колку авотбуси отидоа од другите градови Од Крива Паланка, Кратово и од многу други градови. Јас мислам дека не е убаво од други градови да одат само за да има повеќе народ, треба да одат само тие што се од тој град.
Суд во Грција денеска донесе одлука да го одбие барањето за екстрадиција на тројца од осумтемина турски воени офицери, кои со хеликоптер побегнаа од Турција на грчка територија во текот на ноќта на неуспешниот обид за преврат во земјата во јули годинава. - Многу сум задоволна од одлуката на Судот, тие да не бидат екстрадирани. Судот беше објективен, изјави адвокатката на турските офицери Ставрула Томара. извор: http://sitel.com.mk/trojca-od-prebeganite-turski-oficeri-ostanuvaat-vo-grcija
Според анкетата на Телма во ИЕ 1 Левица има 3.6%, до изборите сигурно ќе биде околу 5 - 6 %, голем дел од неопределените ќе гласаат за Левица. Со тие 5 % можат да освојат пратеник доколку во ИЕ 1 гласаат вкупно 195.000 избирачи.
Само јас ли мислам дека тоа платеното политичко рекламирање треба да е бесплатно?! Вака уште во старт поголемите партии се ставени во поповолна положба затоа што тие можат да си купат време на тв, што не е случај со посиромашните партии. Да имаа и другите партии време за реклами како и овие поголемите, анкетите многу поинаку ќе изгледаа. Вака парите можат да се искористат на алтернативен начин, сите ќе добијат еднакво време, а ние граѓаните би биле информирани за програмите на сите партии
Во ИЕ 5 секогаш е мала излезеноста поради етничката припадност, таму и со 5000 гласови би можеле да освојат пратеник освен во ИЕ 1. Битола како најголем град од ИЕ 5 секогаш гласала ,,шарено" по 10.000 - 12.000 гласови за помалите партии.
Од страна на гледач тоа мислење е оправдано, но од страна на телевизиите никако, ппп даваат постојано, згора на тоа уште ако е без пари, ниту еден медиум нема да ги емитува кога за тоа време може да пушти реклама за која компаниите им плаќаат
Го разбирам тоа, ама што е со нашето право на информирање?! Ако не подобро на приватните тв воопшто да нема ппп. Да има само на МРТВ и онака ја плаќаме со радиодифузната такса, заслужуваме еднаков пристап до информациите! Плус што 20-40 милиони е огромна цифра за 1/2 предизборие...
Колку што гледам темава не е крстена обожавателите на Заев или следбениците на Сдсм !? Зошто човек со поинакво мислење не смее да напиши свој став. Одма е нападнат, просто очи ќе му ископате. А, ви сметал режимот, немало демократија ? Па, вие ќе барате демократија кога не почитувате туѓ став ? Гледам и нагоре луѓе факти пишуваат (а, не измислени работи), па за брзо и се откажуваат од темава зошто сфаќаат дека не вреди овде да се пишува. Јас 2-3 пораки напишав, и одма добив пораки во инбокс да не пишувам во темава дека не вредело, дека ќе ме напаѓале и слично. А, што напишав ? Дека Сдсм ја продаде Македонија, почнувајќи од државните ресурси (па со повисоките сметки, пр. за струја, нагло осиромашивме), па до цели градови, итн. Колку наши браќа загинаа, го заборавивте ли Куманово, тоа беше последно, а сега со албански знамиња гордо да одам на митинзи ? Не ги бранам Вмро, ама Сдсм за мене лично се дефинитивно најлоша опција за државава. И порано читав сите баравте трета опција, демек ни едните, ни другите, а еве сега пред избори никој не ја бара таа трета опција. Повеќе не реплицирам и не коментирам за избориве овде, ниту вреди, ниту ништо. Поззз.
За сите оние кои мислев дека стварно им е преку глава од партиите во оваа земја и дека се загрижени за иднината на оваа земја, како и за мафијата со криминалот кој вирее, сега ги гледам по како се сликаат и се влечат по митинзи на СДСМ. Испаднаа дека им смета ВМРО само затоа што се СДСМ, а јас сум толку наивна. Едно е да гласаш, ама чим се влечеш по митинзи се знае дека почнуваш да им го лижеш газот. Ми се згади: што го прави едно партиски глувче поразлично од другото партиски глувче? Почнаа веќе да се вртат како сончогледи...