Оние пак оние, што ќе гласале за Вмро бидејќи се против Заев оти ќе вовел двојазичност, би сакала да ги прашам во која Македонија до сега живееле и живеаат? И јас сакам ....Idiots Инаку ако може линк од видеото со Тешкото? Мерси
Не го задевајте Иванов...за сите овие години најбитното нешто што направил е дека си намиглане со Обама Вие мислите тоа шала е...
Двојазичност си имаше и во времето на тековната власт (ВМРО). Кога пред оваа власт имало онолку двојазични табли и натписи во Скопје? И кога пред оваа власт премиерот назначил министер за одбрана, поранешен командант на УЧК, кој од таа позиција имал најдоверливи информации за нашата одбрана и можел да ги пренесе во Албанија, Косово...?
Сдсм први направија реклама со Тешкото, и сега овие вмро гледам направиле контра реклама со цитирање на Молитва од Блаже Конески Мислам се има граница, ама овие ја претераа малку срам и осет бе
За колку го шиткате гзот бе, гревови ниедни... https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/10154889526869260/?pnref=story
@Jason123 Јас мислам, реално коментаторите под видеото, со се нека си одат да се дружат и тешат со нивниот Господ зад решетки Еј свету каде отиде?
3 дена се расправам со газдата на работа(вмровец) дека се исплашил, како и зошто тој ќе треба да учи албански Па добро бе,мајка му стара,да земам да му обајснувам на некој прост(макар шо бесцелно е), ќе разберам,ама на интелектуалец бе? На кое ниво паѓаат луѓето?! За вакви работи,се лажат мали деца,(стари) луѓе без пристап до информации, луѓе со IQ колку бројот на нивните чевли,ама од разумни луѓе-не очекувам вакви смешни размислувања. Дал да плачам ил да пеам?! П.С. Се надевам ќе пеам понеделник
ако се вратите едно 200 страни наназад на оваа тема,ќе сретнете ликови и мислења (добро афирмирани на форумов) кои жареа и палеа за власта (не сакам ни името на фирерот и партијата да им ја спомнам). Сега ги нема,да не убедуваат,да не судат за спротивно мислење и да ни "продаваат магла без пари"...освен некој очаен обид со исти аватар и дупли профил. Или трчкаат до недоглед по митинзи ...или од 12.12.2016 ко независни ќе се декларираат?!
Затоа значи годинава спотовите им делуваат некако евтино. Инаку дечки каква е вашата прогноза за изборите во недела по изборни единици? Еве според мене како ќе се движат бројките: ИЕ1 СДСМ 10-12 ВМРО 6-7 БЕСА 1-2 ДУИ 1 ЛЕВИЦА 0-1 ИЕ 2 СДСМ 8-10 ВМРО 7-8 ДУИ 2 ДПА 0-1 БЕСА 0-1 ИЕ3 ВМРО 10-11 СДСМ 8-9 ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА 1-2 ИЕ4 СДСМ 9-11 ВМРО 9-10 ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА 0-1 ИЕ5 ВМРО 8-9 СДСМ 8-9 ДУИ 2 ДПА 0-1 БЕСА 0-1 ИЕ 6 ДУИ 6-7 БЕСА 4-6 ДПА 4-5 СДСМ 3-4 ВМРО 2-3 АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ (0-2) Значи сума сумарум СДСМ (46-55), ВМРО (42-47), ДУИ (11-12), БЕСА (5-10), ДПА (4-7), ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА (1-3), АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ (0-2), ЛЕВИЦА(0-1) Повелете и вие
Молкот на вмровците кажува доволно. Мислам дека чекаат недела да видат што пост да пишат. Ако победат тогаш ќе биде спамување како народот ги избрал и остало. Ако изгубат ќе биде нешто од типот "абее ние знаевме дека Грујо е криминалец , затоа и не го гласавме... " или нешто како сега Македонија ќе била албанска.... Ќе се види за 3-4 дена.
@Yipman2 Б.Ц. пред неколку години рече: Секој месец се негде некаде се слави, ден на дрвото, ден на улица Македонија, ден на ова на она...се земаат/трошат огромни суми на пари за се и сешто, како да се собрале луѓе-средношколци на 10 години полуматура во некој ресторан нарачуваат јадење, пиења, слават до сабајле, но на крајот доаѓа Келнерот (ММФ и Светска банка) и вика ДЕЧКИ СМЕТКАТА ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТИ!
Say what? Доволно е! Гасете интернет, го имаме победникот. Се сложувам. Реално она што до сега е направено ќе биде многу тешко да се прати..уште потешко да се опраи. Реално, образованието треба да се дига од рушевини, исто како што реално на здравството му требаат нови темели со оглед на тоа што моменталниве се срамнети со земја. Реално, економијата ни се дави во жив песок, а најреално е тоа што правниот систем и судството се одамна удавени..А она исто така многу реално е културата.. е таа најдлабоко е потоната. Треба цел еден систем реално да се издига од пепел и прашина. Да се гради се одново. Богами пред следните стојат опасни предизвици, зошто реално никаква црна платформа ниту црни стандарди или реформи функционираат во државава. Во случај овие да продолжат.. реално само Господ нека ни е на помош на сите нас. Амин!
Црева ми се превртуваат од повраќање кога го слушам онај наказата Ахмети како зборува само Албански. Поодбивно створење незнам дали сум видела во живот!! Згрозена сум од тоа колку моќ му се даде,а гнасата еден единствен збор нема изговорено на Македонски,па и какви покварени фаци прави додека зборува албански,да ти е мерак да го отепаш Без никаков морал гостува во Македонски емисии и телевизии,а нас овците од граѓани Македонски не "удостојуваат "со преведувач.
Луѓе бмбро пак ке победи тоа е факт. Крена пензии ( пензионерите ке го гласаат), напика партиски војничиња во новите фабрики ( ке го гласаат). Цела администрација живи од нишај врата- земај плата ( ке го гласаат). Еве последниве денови актуелни се само изборите. Знаете колку од гв се вработени во Леар? А тоа се сигурни гласови за гвујо. Зајко нема што да помуди и само во поголема кал влага. Јас ке гласам за Стево муња ( кој бр е ?) Него сериозно размислувам да му ја опалам некаде по светов. Дај некој од странциве што ни се на форумов нека ме повлече, не можам веке срања да трпам. Зајко и Гвујо ко јатрви од затуцано село се.